“Битката за Нерези“ е најновата во низа на случки кои се поврзуваат со бранење на својот национализам - напаѓајки го туѓиот. Екстремниот национализам лесно прераснува во ШОВИНИЗАМ. Шовинизмот е екстремен вид на национализам. Негови карактеристики се:
- Ширење на национална омраза
- Преувеличување на својата нација и потценување на другите нации и народи
- Пројавување на национална супериорност и исклучивост
- Реакционерна политика на прогонување
- Истребување и угнетување на другите народи
Мајсторите за претварање на очит шовинизам и етничко чистење во “Битката за Нерези“ - препознаа угнетување на својата нација и „застанаа во одбрана на истата“, со закани дека сето ова ке доведе до забрзување на делбите во МК политичко и државно ткиво. Демек они сега се на линијата на Македонија како целокупна држава па заради ова тие ке преминат во другите редови - во редовите на оние кои се за поделба на Македонија преку правење на бинационална рамковна Македонија ...
Албанските политички партии многу лесно ја минуваат границата на национализам во шовинизам. Последиците на таквата активност се гледаат во западна Македонија која триесетина години па и повеќе забрзано етнички се чисти со разни видови на методи и тактики ... се до одтворено барање за поделба и приклучување кон матицата на Албанија. Бериша пред некој ден повторно отворено се залага за севкупноста на албанското национално ткиво. Меѓународната во таа отворена националистичка порака не препозна ништо лошо - нема јавни пораки дека со такви изјави се поткопува мирот и стабилноста во регионот. Сите молчат, што во превод значи одобруваат сценарио кое се спроведува педесетина па и повеќе години, почнато со Призренската лига. Во нашиот случај на историјата на екстерниот национализам до шовинизам карактеристично е дека таквите струи во сите нации како да соработуваат - слично на принципот на соработката на криминалот и мафијата.
Јас не се сеќавам дека некој албански политичар, новинар или колумниста јавно застанал на критика на албанскиот екстремен национализам до шовинизам, кој завршува со етничко чистење некојпат тивко некојпат воинствено ... Некогашните осуди на албанските шовинисти (балистите на пример ...) сега се поистоветуваат со нивно големо херојство (во западна Македонија дури и во школските дворови никнаа споменици на балистите и шовинистите ...). Нивните шовинистички дејанија вешто ги вртат кон демек борба за рамноправноста на својот народ ... Во новата транзициона Македонија немаме ни еден случај на осуда на шовинизмите, ниту на албанскиот кој беше амнестиран со Охридскиот рамковен договор и од него беше направена реална бинационална Македонија, ниту на македонскиот кој мораме да признаеме дека го има ... Екстремниот национализам до шовинизам е многу опасна играчка во балканското буре на барут.
- Призренска лига ... под тепих ...
- АЛБАНСКА КАУЗА
- ЕТНИЧКО ЧИСТЕЊЕ ... Ethnic cleansing
- Балканските национализми и ЕУ перспективите ... Балканизација на ЕУ - или европеизација на балканот ...
- Кантонизација и федерализација на Македонија ... КАДЕ ОДИШ МАКЕДОНИЈО - втор дел ...
- Патот на Македонија ... во деновите потоа ...
- Делби ...
- УЧЕТЕ АЛБАНСКИ
- Во предлогот на новиот Кривичен законик се предвидуваат измени во однос на јавно изречени навреди на национален план. Се предлага да биде воведена затворска казна до една година за тие што јавно, преку интернет „ќе изложи друг на подбив поради негова припадност на група што се разликува според раса, боја на кожа, национална припадност и етничко потекло“.
No comments:
Post a Comment