Повеќе »
Оваа година дојде време да кречам по дома. Се одлучив со кречењето да ја празнам просторијата која се кречи со се од неа и во неа да враќам само она што навистина го употребувам, Независно дали е тоа облека или некој друг предмет кој некојпат сум го употребувал. Пронаоѓав предмети кои се сосема исправни, пример електрична мелница за кафе, некој миксер на кого му прошло времето но работеше, неколку телефонски апарати кои работат ама нема место за нив сега. Се одлучив по принципот се што не е во употреба повеќе од три години да оди или во контејнер или на листа за подарување на оние на кои им е потребен тој предмет или облека. Не не фрлав се - спомените не се фрлаат. Примерно сеуште го чувам првиот толчник за пиперки кој го правел таткоми за неговото прво домаќинство, го чувам стариот столарски алат на таткоми, некои плетени работи од мајките ни, го чувам звоникот за крупен добиток којго пронајдов во дворот на деноми ... чувам фотографии, записи ...
- Дел од облеката спакував и чекам да се видам со тие луѓе за да ги прашам дали им е потребена ... дел од облеката отиде во контејнер ... дел спакував во кутии и ке ги носам во мојот роден крај да ги подарам на некоја сиромаштија ... истото се случи и со многуте кондури што летни што зимски ... се насобрале цел еден регал беше полн со нив.
- Правевме некој размештај на намештајот - испадна дека еден дел и тој е вишок. Се прашував како да се ослободам од него. Повикав дваица луѓе од „службата“ старо купујем - но залудно земаа само она што беше од метал за останатото немаа интерес. Се прашував како легално да се ослободам од еден кревет да речеме кој е сеуште во функција но ете немаме потреба од него, од два душека кои ги сменивме ... Знам дека вакви предмети во европските и светските градови се оставаат на одреден ден во месецот на обележени места. Поминуваат заинтересирани граѓани и ги прибираат за своето домаќинство - она што при крајот на денот ке остане го собира служба за крупен смет. Кај нас такво нешто нема. Луѓето имаат проблем да ги одстранат бидејки нема места каде може да се одложат - така е и со шутот од градежните интервенции. Така се ствараат мали депонии низ градот кои потоа стануваат големи. Зарем на ниеден градски татко општински или оној градскиот не му текнува на неколку места во градот во текот на летото еднаш месечно да се дозволи легално одлагање на вакви крупни предмети од домаќинството и градежниот шут.
- Но тие имаат поважна работа во своите програми ... сечат столетни дрвореди по Скопје и чекаат соодветно време да го направат стариот сат да пропее ... да ги вратат двоспратните кои еднаш сме ги напуштиле ...
Прашање кое заслужува вниманите е зошто некој сосила ги натрапува двократните автобуси, кои еднашка се напуштени. Зарем само заради тоа што некој ги ставил во партијската изборна програма на ВмроДпмне ... Програмата не е устав, за да не се менува ... Враќањето на традициите е уште едната причина за ваков потег. Кога сме кај превозот некојпат низ Скопје највеќе имало превоз со пајтони ... си велам - добро е кога не му текна на некого да ги врати пајтоните како изворна традиција за Скопје.
- Двоспратни автобуси - пропадна тендерот по трет-пат ...
- Двоспратните автобуси ... експертите ... “пази семафор - навали главите ...“
- Двоспратни автобуси - повторно во Скопје ...
- РИКША за Скопје му е мајката ...
- Цената на нафтата ... точак му е мајката ...
No comments:
Post a Comment