На скопската општина Центар воопшто не и смеќава тоа што сме насреде економска криза и рецесија која наесен се очекува да не удри со својата големина и моќ, не и смеќава што секојмесечно државата зајмува нови кредити за да ги полни буџетските дупки. Таа со измените на ДУП-от за најстрогиот центар на Скопје припрема и изградба на обелиск во паркот Жена борец во правец на влезот на Собранието на РМ.
- Огромен обелиск - камен зашилен столб, со четири страни, повисок од 20 метри, посветен на сите херои што се бореле за слободата на Македонија, наскоро ќе се постави во центарот на Паркот на жената-борец, паралелно со главниот влез на Собранието. Според членови на Одборот за подигање споменици во Општина Центар, ова монументално здание ќе чини околу 60 милиони денари и ќе биде едно од најграндиозните зданија во тој дел од градот.
- Споменикот ќе биде место каде што странски делегации, газејќи на црвен килим, ќе поставуваат цвеќе и ќе им оддаваат почит на сите херои што војувале за Македонија, без разлика на пол, вера или национална определба. Во околината на споменикот ќе има и придружни елементи што ќе зборуваат за историјата на Македонија. Обелискот ќе биде поставен на постамент, а со него ќе се дообликува централното градско подрачје ...
- На конкурсот за изградба на обелискот до вчера, кога беше последниот рок, пристигнале околу 20 труда. За триесетина дена ќе се знае точно како ќе изгледа овој споменик, а за победникот е предвидена награда од 400 илјади денари. Во најновите измени на детаљниот урбанистички план „Мал ринг“, Општина Центар предвидела градежна маркичка за овој споменик. Предлогот треба само да го изгласаат советниците на Општината.
- Обелиск е обележје што стоело до влезовите на пирамидите во Египет, а значењето е вечност. Поради пораката на ова обележје, во многу европски метрополи на плоштадите има поставено обелисци. Во светот има 29 обелисци од Египет поставени на најпознати локации во Вашингтон во Америка, Рим - Италија во Полска, Турција, Франција.
Владата на Груевски која е промотор на ваквата забрзана градба на споменици и мономенти е истата влада која за старите мономенти низ Скопје не му го бере гајлето. За неа се битни само спомениците кои таа планира да ги гради или веќе ги изградила.
Денеска вреди да бидеш само мртов Македонец, особено ако си со револуционерно минато - живите Македонци никој не ги есапи - тие се должни и од нив се очекува да си ќутат трпат и траат, данок да плаќаат и многу да не се бунтуваат са својот стандард ... е да - треба и да гласаат, секако за “нас/нашите“ ...
- Спомениците и фонтаните во Жена парк - Скопје
- Груевски - изјава за спомениците во центарот на Скопје ...
- Александар дупло повисок од новата црква и Ристиќева палата ...
- Шмизли, мизли и останат кичерај од скултури по скопјево ...
- Зошто токму сега ... се објавуваат проектите за спомениците во центарното подрачје ...
- Наместо буџетот да се користи за развој - парите се трошат за споменици и плоштади, за полиција и администрација ...
- Спомениците во стариот дел од паркот - Скопје ...
- СКОПЈЕ - ОБНОВУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ
- Уништување на националната меморија - случајност или процес ... хулиганска лустрација на историските имиња и личности ...
- Ѓубре на влезот на Француски гробишта ... има ли надлежни ...
- Бикот во Скопје - туристичка фото атракција ... “Фади му се на бикот“ - за да ти се посреќи ...
- “ВЛАДАТА ДОНИРАШЕ“ ... Може ли да се донира со државни пари ... со пари од буџетот кој го полнат сите граѓани ...
- Во борба за нови работни места - со нови скултури ... лопати со панделки ... продавање на “му*а за бубрези“ ... перење мезок ...
- Минатото или иднината ... изборна дилема ... немање/имање на демократски капацитет ...
- АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ - конкурс за споменик - Alexander the Great - Αλέξανδρος ο Μέγας
- Ке пропее ли стариот часовник ... проект на Коце Трајановски ... Море сокол пие ...
- Жален Вардар ...
- Транзиционен споменик/ци во Скопје ...
- Буџетот е за да се троши ... шминкерска изјава на Груевски ... ке се случи ли економско чудо ...
- АНТИЧКА ВЛАДА
No comments:
Post a Comment