Search This Blog

Tuesday, August 04, 2009

Блог VS Дневен весник ... дневните весници се барем десетпати повлијателни од блоговите ...

Пред извесно време пратив меил до неколку дневни весници со предлог содржина која ја преземајв од блогот. Се работи за написот “Туристичка Влада ... Invest in Macedonia“ кој отиде на моите блогови на јули 06, 2009 ... Идејата ми беше ако го објават текстот да направам анализа на читаноста на блоговите версус читаноста на дневен весник - од каде би можело да се направи паралела на влијанието на блогот версус дневните весници ...
Повеќе »
Денеска приметив дека Утрински го објави писмото со интегрален текст но со сменет наслов Неуспех на „Грујо Њу Дил“ ...

На моите блогови читаноста на овој напис е релативно скромна - на двата паралелни блога има цирка 300 читања и 4 коментари. Моментално на електронското издание на Утрински написот е прочитан 787 пати и има девет коментари ... До крајот на денот написот веројатно ке доживее многу поголема читаност (ке следам ...). Ако се земе дека написот е прочитан и во печатеното издание - ке дојдеме до некаква бројка дека читаноста и влијанието на дневниот весник во слчајот е барем десет пати поголема ...

На истава/слична тема имам друг напис кој има голема читаност и на моите блогови. Написот „ГРУЈО-ЊУ ДИЛ“ - Осумте милијарди на Груевски ... илузионистички предизборни трикови ..., кој на моите блогови е прочитан над 1500 пати и има триесетина коментари ...

Напоменувам дека моите блогови имаат релативно голема читаност. Просечно дневно уникодната читаност се движи околу бројката 500 до 600 читања т.е. околу 1500 клика дневно.

Како и да е примеров покажува дека дневните весници се барем десетпати повлијателни од блоговите. Врв на влијателност секако се ТВ медиумите. Не е случајно што една мала Македонија има толку ТВ куќи, но и бројни изданија на дневни весници. Не е случајно што во наша Македонија - имавме случај на фабрика 1 и фабрика 2 во медиумите ...

2 comments:

Anonymous said...

Eve decko i jas te citam,ama cudno mi e kako ne uspevas da najdes ama bas nisto pozitivno kaj Grujo,sto i da napravi..... utka,sto i da procitam polno e so negativna energija,razbiram deka si od drugata strana na ogradata ama pak do tolku da se nema isaf .....

Anonymous said...

Samo edno nesto - kako ti izgleda severnata tribina na Gradski t.e. Filip 2 a dali si ja videl maketata,pa toa tvoite i ti zaedno so niv od drugata strana na ogradata uste 100 (sto -so bukvi)godini da ste na vlast nema da go napravite toa,vi teknuva aloooooo .........

Blog Archive

Site Meter