Search This Blog

Sunday, January 06, 2008

Бадниково гранче ...

Бадниковото гранче е неопходен декор за секој МК дом во овој предпразничен ден полн со митски и пагански - обичаии и традиции ...

За домашни потреби вообичаено носиме гранче кое бесплатно се дели пред соборниот храм ... но често и купуваме ...
- На Водно по бадниково гранче
- Скопјани го одбележаа денот на радоста - Бадник-
- Традиционално собирање бадникови гранчиња на Водно
- Кумата пресече бадникови гранчиња за здравје и среќа
- Бадник - предвесник на Христовото раѓање
- Бадник бил прославуван и на плоштадот, каде што се собирале многу луѓе, се палел голем оган од дабово дрво и од голем котел се пиела варена ракија. На плоштадот сите доаѓале со пајтони, а потоа се шетале низ градот. Пред поворката со пајтони оделе коњаници предводени од офицер со знаме. На Бадник сите православни меселе погача со паричка, посна сарма, грав, риба. Некои правеле баклава со паричка на Василица.

1 comment:

Anonymous said...

Каков Бадник?!
Коледа!
Е, ко сношчи, понапрет охриѓани
праеле питулици, посни-од тенка каша печени на посебни питуличар ници и сетне попарени со врена вода во која имат толчени орај!
( А покојната моја мајка со орајте , сол` и лук толчеше, та отко со та вода ќе попрскашесекоја питулица во форма на голема палачинка, истите `и редеше една на друга
во тафче, та со нож `и сечеше ко баклава и најсетне `и потпеквеше
в рерна! Прсти да изејш!)
Со дел од кашата цртале крсте на огнишчето, на прагот од п`тната врата, ношвите, бочките, амбарите... Така било некога!
А сеа-јадени прејадени најмрсно
за нова година и сите дни по неја
си играме верници во најтешките пости и пак за Бадник посни јадејна прајме, та ушче лепче со паричка.
К`де се чуло, видело?!
Невидено лицемерие...
Нејсе, дел`ми коледа је-та рекетарите од зори бифтет по вратите, пеет кој `сива, сива голобице`, кој `коледа, бабо , коледа`
И завршфет со закана-ќе дајте, али не?
И наместо со посно-орај, костени ал јаболко...жена ми им дават чукалада, разноразни бонбони, киви, мандарини ...и по десетденарка!
Адет било!
Чиј?
А да го опитам Славета плаушки, одн.Тимотеј кичефско-дебарски, гла` не ти вртит а камоли да ти прогорит!
Аџиба тој `и знајт адетите,
и аку је тука еден черек век, добрутроникому не рекол а камоли нешчо да научит ал прифатит
од старите обичаи
на Охридската ни цркоф!
Е,сеа да спомениме и за тој Бадник и огнојте до небеси, та кум бадникарски, та пијајне ракија..
и какви не ти работи.
Се знајт оту на Бадник , вечерта спроти Рожџеството Ристозово
си се собират саде фамилијата
дома,се јајт посна вечера- споменаф питул`ици посни
и в огон- огнишче
се фрл`ет ветки смрекои
ал пенушки,
а смреката фрл`ат искри, наоколуи
та зато не се спијат, се сејт буден
дан се запалиит нешчо наоколу.
Зато оттука мојт да је и
Името Бадник-будник!
Сабајлината се ојт цркоф
имат служба, пеејне
та се честитвит со Ристоз се роди Навистина се роди, људите се причествет , си `и прошчет греојте и завршфит постот строг!
И каква паричка во лепче, комат ал глупости...се знајт паришката се клават во тепејнзца за Стара Нова година, кој ќе је најдит
тој ќе имат к`смет целата година.
А сеа прајме сфе испревртено.
Зато и гдин гдин Стефан денеска
не дошол на Бадник!

Blog Archive

Site Meter