Search This Blog

Saturday, March 31, 2007

АНТИМАКЕДОНИЗАМ

Овој израз кој го сретнав во написот на денешен Утрински - Антимакедонизмот е основното мерило на патриотизам во Бугарија ...

Антимакедонизам во буквална смисла на зборот би означувал оној кој е против “Македонизмот“ ... или со други зборови против Македонската нација ...

Кој е во основа на линија на антимакедонизмот и зошто ... За ова пишував во моите постови за :

ОБЕЗЛИЧУВАЊЕТО НА НАЦИЈАТА - како светски процес ... Со посебен осврт на обезличувањето на Македонската Нација - 26 Јануари, 2007 - 13:41 и

УРИВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ - 3 Март, 2007 - 11:40

Во основа сите четири соседни држави имат некаков елемент на антимакедонизам во својата политика према Македонецот и Македонија:

- Грција не ни го признава името и правото да се повикуваме на Античка Македонија и Античките Македонци – како дел од Македонскиот национален идентитет ...

- Бугарија не ни го признава Јазикот и голем дел од Историјата и историските личности ...

- Србија не ја признава самостојноста на МПЦ ...

- Албанија има јавни и тајни претензии кон дел од македонската територија ... Призренската лига

Антимакедонизам јасно искажуваат и македонските граѓани од Албанското национално малциство ... Не гласаа за самостојнста на Македонија кога одеше референдумот за самостојност ... Не гласаа за уствот ... Спроведоа референдум за Илирида ... Направија војна во Македонија под изговор за барае на човекови права ... Ја држат Македонија во визно гето во ЕУ ... Од петни жили се борат за федерализација на Македонија ...

МОЌНИЦИТЕ - во бизнисот со лекови во Македонија

За наслов одбрав многу благ израз “Моќници“ - иако некои по медиумите во Македонија ги нарекуваат “Фармацевска Мафија“ - која е поврзана со “Белата мафија“ ... Бела мафија се демек лекарите ... Што јас подразбирам под Мафија воопшто - видите го мојот пост МАФИЈА – која си има своја држава. Стручно што е мафија видете тука ...

Јас незнам дали ние имаме “Фармацевска мафија“ ... тоа е работа на надлежните во РМ ... полиција ... истражните органи и судството ... Но загрижуваат и бодат очи податоците кои ги дава денешен Дневник во написот ... ДВЕ ГОДИНИ НЕМА НОВ ТЕНДЕР ЗА ЛЕКОВИ-Три фирми држат пазар од 30 милиони евра ...

Народот одамна ги подредил приоритетите за македонските потреби ... Приоритети на трошење кога имаш пари во раката ... Прво леб - потоа лекови ... потоа се друго ако останат пари ... Затоа и толку добро цвета бизнисот со лекови ... како и во светот воопшто ... Поготово што во Македонија се ствараат монополи во бизнисот со лекови ...

Не случајно се вели дека е можно во Македонија моќните фармацеутски компаниии да се врзани со белите мантили - лекарите де ... Имено за да некој лек биде препишан на пациентот - тој треба да биде препишан - препорачан од лекар ... Секој лек има неколку варијанти т.е. неколк производители го произведуваат во светот ... Имено ако погледнете секој лек на кутијата има име напишано на латински ... кое е исто за сите фирми кои го произведуваат под различни трговски имиња ... значи во основа лековите се со ист состав - само имаат различни бренд трговски имиња ...

Е сега лекот за да го препишуваат лекарите баш од таа компанија - фармацевските фабрики т.е. нивните застапници тука се трудат на секаков начин да се додворат на лекарите ... Ги канат по разни семинари ... им даваат ситни и покрупни поклони ... А се шпекулира дека кај скапите лекови фармацевските компании даваат процент на лекарот кој ги препишал ... Еве во тек е сериозно обвинување на СДСМ дека др.Кедев е “подмитуван“ со донација од фирма која произведува стентови ... Имено фирмата производител која го добила тендерот за набавка на стентови - каде др.Кедев имал некаква значајна улога - препорака или незнам што ... му уплатила на др.Кедев средства за семинар во износ од нешто повеќе од 8.000 евра ...

Башка на сето ова - овие фармацевски компании кои ги добиваат тендерите за набавка на лекови - се и едни од поглавните спонзори во едната или другата наша поголема партија ... И тука кругот се затвара ... Затоа сега едната голема партија напаѓа само еден дел од фармацевските моќници а другата бранејки го својот пулен ја нашаѓа другата група од фармацевските моќници ...

Но да видиме кои се моќнците во фармацевскиот бизнис во Македонија ...

Околу 60 отсто од набавката на лекови вредна околу 67 милиони евра годишно, се' уште држат три веледрогерии
- „Реплек“,
- „Д-р Пановски“ и
- „Промедика“ -
поради тоа што од 2004 година до денес не е распишан нов јавен оглас за лекови.


** Извештајот за работата на Клиничкиот центар, кој го подготви ревизорската куќа „Гранд Тортон“, предизвика лавина од меѓупартиски обвинувања за незаконски набавки на лекови.
** Во извештајот се вели дека Клинички центар потрошил повеќе од 50 милиони евра за 388 договори за набавки до 3.000 евра во 2004 година и за 170 договори во 2005 година. Најмногу набавки до 3.000 евра во Клинички биле од ист доставувач - фирмата „Д-р Пановски“ - и тоа повеќепати во текот на годината, а најчести корисници биле Институтот за радиологија и Клиниката за детски болести. Нарачките ги вршела Клиничката аптека, со согласност од директорот на Клинички, д-р Андреа Арсовски.
** Најголеми доставувачи на лекови од позитивната болничка и аптекарска листа, според последниот конкурс од 2004 година, кој го распиша Фондот за здравство, се:

- „Реплек“, кој набавил лекови во вредност од 11,5 милиони евра,
- „Д-р Пановски“ - 11 милиони,
- „Промедика“ - 8,5 милиони ,
- „Алкалоид“ - 5,4 милиони,
- „Зегин“ - 4,7 милиони,
- „Кемофарм“ - 4,3 милиони,
- „Крка“ - 3,2 милиони и
- „Фарматрејд“ - 2,4 милиони евра.

** За цитостатици се трошат повеќе од 7 милиони евра годишно. Институтот за радиологија во 2006 година потрошил за цитостатици и за други лекови 480 милиони денари.
** Според извештајот на Светската здравствена организација, Македонија, со 2 милиона жители, за цитостатици троши околу 12 милиони евра годишно, а Србија, со 8 милиони жители - 10 милиони евра. Разликата е голема, не затоа што во Србија има помалку болни од рак на цитостатска терапија, туку затоа што кај нас овие препарати се поскапи.

ДОЖД СО ПЕСОК - кисели дождови

Често се случува во Скопје да врне дожд со примеси на жолта смеса ... песок ... Особено со песок се првите капки на дожд (кога не врнело дожд подолго време) ... тие секојпат се непријатели на облеката ... но пријатели на хемиските чистења - на кои потоа дождот им отвора работа ...

Така и вчера те ... Завчеравечер над Скопје врнеше жолт дожд ...
**
Ништо необично не забележав додека не влегов дома. Палтото ми беше целиот калосан, а жолта земја имаше и на чадорот. Сопругата пак, забележа дека на возилата остануваат жолти дамки од капките. Искрено се исплашивме со оглед на тоа што знаеме каква се опасност демне од фабриките, па прво што помисливме е дека се работи за некоја отровна материја испуштена од фабриките, ...
** Вчера имаше прилив на воздух од југ и југоисток. Иако не е честа појава и порано се случувало кога врне дожд измешан со песок да падне на земјата.

Можете да замислите како им е на оние кои живеат близу до Сахара ... кога ке заврне дожд ... прво врне кал ... :) ... Неколку пати имав такво искуство во Багдад ... Ништо потоа не може да те испере ... Ми остана и друго во сеќавање ... Нели и тука жените пред да ги стават алиштата на жица за сушење - предходно со мокра крпа ги бришат жиците ... Истото тоа јас го сторив во Багдад ... И што - жицата се истенчи за една третина од калта што се беше налепила на жицата ... Добра работа кога сушиш веш на блискиот исток е тоа кога го пружиш вешот на жица т.е. кога доаѓаш до крајот на жицата се враќаш назад да го собереш вешот ... сув е веќе ... :)

Но во Скопје е друго знае да има често и “кисели дождови“ ...

Големата концентрација на сулфур во горивата е МНОГУ голем проблем ...

Friday, March 30, 2007

СЕ БАРА

Заради издржување на правосилни пресуди во Македонија - Македонската полиција има список од скоро илјада луѓе кои се бараат со полициска потерница ...

Меѓу нив од скоро се и Ексдиректорката на скопскиот Катастар, Татјана Митровска, и поранешниот прв човек на ЕСМ, Ламбе Арнаудов ...

Денешен Утрински има напис - Полицијата бара помош од граѓаните за да ги уапси Митровска и Арнаудов ...

**
Нивното неапсење немало никаква политичка заднина, тврдат во МВР.
** За тоа време Арнаудов се шета и пие кафе во центарот на Скопје, а Митровска културно одбива да и' влезе во очи на јавноста.
** „Митровска и Арнаудов се само двајца од илјадата на листата на барани со потерница и ние воопшто не правиме класификација околу редоследот на постапувањето. За нас сите се исти и штом ќе ги лоцираме, веднаш ќе ги уапсиме, без разлика дали се бараат за убиство, кражби или нешто трето“
** Ламбе Арнаудов често може да се види и во Скопје и во неговиот Охрид, а наводно минатата недела во едно од кафулињата во центарот на Скопје пиел кафе со еден од главните луѓе во МВР?! ...
** „Ако некој ги види Арнаудов или Митровска, нека ни сигнализира веднаш“, велат во МВР ...
** ... Агим Красниќи, кој беше достапен за сите, освен за полицијата ...

Ова е сериозно обвинување на македонски медиум дека има луѓе во Македонија кои се бараат по потерници но на мистериозни начини не се достапни на полицијата ...

Скокнав на сајтот на МВР за да видам кој се е баран со потерница ... На листата има само шеесетина луѓе кои се бараат со потерница ... Каде се оние до 1000 ?! ... Или оваа е само листа на најбарани криминалци ... Во листата ги нема ниту дваицата од написот на Утрински ...

Инаку од овие шеесетина луѓе кои се на листата на МВР нивната национална структура - судејки према имињата ... скоро 90 проценти се лица од албанска националност ...

ШЛАКАНИЦА

Ако се анализираат сите законски прописи кои на некој начин го допираат физичкото насилство како метод на воспитување и казнување - ке видиме дека секаков вид на физичко насилство е забранет ... врз жената ... врз детето ... врз било кого ... Дури и на полицијата и е ускратено - ограничено правото да се користи со физичко насилство ... Физичкиот контакт е најстрого забранет во образовниот процес ... наставник - ученик ...

Од друга страна имаме едно тврдење ... дека “ќотекот е излезен од рајот“ ... и дека без казнени мерки нема демократија ... Дојдовме до ситуација дека - ни најобична шлаканица никој на никого несме да упати ...

Дали шлаканицата е физичко насилство врз да речеме жената и детето ... Секако дека е физичко насилство ... Добро, исламот како да дозволува некои форми на физичка присила врз жената ... ако да речеме не се покорува на мажот ...

Постројат луѓе кои велат дека не е добро шлаканицата да се смета за физичко насилство ...

** Неколку илјади родители во Нов Зеланд побарале да не се донесува новиот закон со кој се казнува секаков физички облик на насилство врз децата, вклучувајќи и удирање шлаканици. Против тој предлог-закон се изјасниле и неколку стотици дедовци, како и многу ученици. Во главниот град Велингтон биле организирани и масовни протести, а организаторот смета дека новиот закон и' овозможува на државата да се меша во правата на родителите и во односите во семејството.

Вчера бевме сведоци дека таткото тренер на една пливачка - кој беше прикажан на ТВ како и удира шлаканица на својата керка беше приведен и затворен ...

Вака разоружани родителите сигурно се прашуваат - како ке успеат да ги воспитаат своите деца ако несмеат ни шлаканица да употребат ... кои се методите ... кога зборовите не помогнуваат ... кои се дозволените казни ...

Под шлаканица во текстов се подразбира физички удар со рака - дланка во образот на друга особа ... Поблага форма на шлаканица е кога родителот со рака - дланка го удира своето дете по газето да речеме ...

АВТОМОБИЛ НА ВОЗДУХ

Кога го прочитав насловот на написот во Шпиц - Верувале или не, автомобил на воздух! ... мислев дека се работи за некоја зезанција ... но читајјки го написот и покасно малку сурфајки на интернет се зачудив дека автомобили на воздух постојат ... и се произведуваат ...

Моторите трошеле само едно евро на 100 километри ... башка се еколошки ... побрзи се од колите на акумулатори ... можат да поминат 200 до 300 километри со едно полнење на компримиран воздух ... а башка што со нив се добива и ефтино разладување – бидејки издувниот систем произведува ладен воздух со температура од 0 до 15 степени ...

** На база на овој мотор, Тата-Индија ќе произведе четири модели на автомобили. Цената на најавениот модел ќе биде околу 5.500 британски фунти. Се планира производство на околу 3.000 автомобили годишно.

Негативности му се веројатно што мора да се полни на компресор три до четири часа ...

Thursday, March 29, 2007

РАБОТА – Македонски синдром ...

Никако да тргне од мртва точка со вработувањето во Македонија и со зголемувањето на платите на оние кои работат - за да можат со платата што ја заработуват да имаат сигурна егзистенција ... Бидејки денеска и оние кои работат со платата што ја заработуваат не можат да ги покријат сите трошоци ... храна ... облека ... комуналии ... и други трошоци да на ги набројувам - па мора да се “снаоѓаат“ ... Некои се снаоѓаат со тоа што бараат и примат мито ... пет до 300 евра мито е редовна пракса во јавните служби ... царина ... државна администрација ... судство ... здравство ... школство ... факултети ... ако не ке се скапеш од чекање ... некои работат по нивите ...

Од друга страна имаме ситуација кога оној кој работи има филозофија - никојпат неможе толку малку да ме платат колку што можам - малку да работам ... Кога ке се направи пресврт во процесите ... ??!

Порено јас кога бев дете - популарно беше - “учи сине - за да не работиш тешка работа“ ... Но џабе беше тоа .... Мамини и татини синови ги земаа најубавите работни места и никој ништо не им можеше на таквите “татини и мамини“ синови ... Но барем имаше повеќе работа - иако и тогаш дури со две плати некако се крпеше живеачката ... а стан сам да купиш беше мислена именка ... сонот завржуваше со купување на Фиќо и одење на таканаречен “патлиџан“ туризам во Грција, Бугарија и на “Наше море“ ... на Црногорското де ...

Денеска е нова мода кај младите - ке завршат со школтвото и велат - “... не само што нема работа - туку и несакам за работам за а речеме 10.000 денари ... тоа не ми е доволно ... и седат дома и чекаат родителите да ги ги финасираат ... а тие немаат во својата работна книшка ни ден стаж иако навлегуваат во 35 - тата година од живото ... Стварање фамилија - мисловна именка ... Се повеќе младите решението на проблемот го гледаат во бегање од Македонија ... Канада, Австралија, Нов Зеланд, работа на бродови, работа на платформи за нафта ... работа во кризните региони ... Ирак,Авганистан и незнам каде се ...

На Македонското стопанство никако да му тргне со зголемување на запослувањето - сеуште имаме негативен тренд во запослувањето се зголемува од година на година ... Платите на вработените оние кои успеваат да ги земат се “смрзнати“ а цените на парното , струјата, телефонот се флотирачки ... се зголемуваат ... Политичарите не замајуваат со разни ветувања кои после неможат да ги исполнат ... Меѓународната заедница ни врти грб и ни бара стандарди ... И така доаѓаме до ситуација која јас ја нареков “Затвор Македонија“ ...

До кога ке моше да издржи Македонецот ...

Целта на постот ми беше да свртам внимание дека ... младиот македонец не е заинтересиран да си најде работа ... затоа што од платите кои би ги примал во Македонија не може да остварува егзистенција ...

А оние кои што работат ... работата не ја исвршуваат професионално ... туку да речеме понеделникот го користат за да раскажат како си поминале на викендот ... кафе мафе и слично ... а во петокот бегаат порано дома за да бидат одморни за вечерното излегување или спремање за очекуваниот викенд провод ...

Во една посета во Канада кај братучедми кој е забар и има своја забна ординација ... симптоматично ми беше што си легнуваше секојпат во 22 часот навечер ... ке се извинеше и ке отидеше да се одмори утре за да биде свеж за работа ... Го посетив на работа и бев присутен кога на својата вработена, која се прозеваше на работа и рече ... Оди дома да се одмориш ... а ако уште еднаш дојдеш ненаспана - немој воопшто повеќе да доаѓаш на работа ...

Македонецот несме ни да умре ... неговите нема да имат пари да го испратат соодветно ...

СКОПСКИТЕ БИЛБОРДИ

Скопје е преплавено од Билборди ... На времето знам дека имаше пропис на прометните раскрсници и сообраќајници - кој забрануваше поставување на реклами кои би можеле заради одвлекување внимание на возачите - да предизвикуваат сообраќајни незгоди ...

Тоа изгледа не важи сега за Скопје ... Скопје е украсено ко новогодишна елка со милион билборди кои се и со огромни димензии ... Ги има на секаде - а нивните површини не ретко се исполнети со поровокативни содржини и голотија - која го мами окото на возачот ... Верувам дека се имаат случено “Х“ сообраќајни незгоди - кои биле предизвикани заради одвлекување на вниманието на окото на возачот во блискиот билборд ...

Градските власти се сурови во поставување на билборди на секакви места ... Предходно чистејки ги сите поставени диви табли и огласи кои јавуваат каде се наоѓа некоја фирма ... а Фирмарини наплаќаат на секоја фирма - еднаков износ дали е 1 вработен или 3000 ... Но тоа е друг проблем - “калимеровски“ би рекол - кој го дозволи закон кој би требало да се собори на уставен суд ... ако веќе не е и соборен ...

Башка што во Скопје Билбордот е даден само на две фирми “Евролинија“ и “Акцент Медија“ .. што представува монополизирање на еден бизнис ...

Последното поставување на огромен билборд пред Соборниот Храм представува нова дрскост на градските татковци - кои со огромниот билборд ја го покриваат Соборниот Храм ... и веројатно ке повредат многу чувства на верниците ...

Заислете ситуација на луѓе кои одат во храмот со потреба да се помолат на Севишниот ... или одат на исповест ... или на неделна литургија ... ке мораат да поминуваат покрај разголените тела на девојки кои ке рекламираат било што ... да речеме сладолед ...

Или друга ситуација ... вообичаено сите се крстиме кога поминуваме покрај цркви, манастери и други божји храмови ... и така крстејки се во колата во од ... на сред крстење наместо погледот кон крстот ... погледот ти паѓа во разголените гради или ноги на некоја згодна манекенка од билбордот ... и веднаш се соблазнуваш ... и мислата наместо кон господ ти оди кон манекенката ...

Wednesday, March 28, 2007

Microsoft PowerToys for Windows XP

На линкот на - Microsoft PowerToys for Windows XP ... ке најдете неколку мали и бесплатни програми за Windows XP ...

Color Control Panel Applet for Windows XP

DownloadDownload page
1472 KB

SyncToy PowerToy

DownloadDownload page
821 KB

RAW Image Thumbnailer and Viewer

DownloadDownload page
47.7 MB

ClearType Tuner PowerToy

Downloadsetup.exe
2 MB 5 min @ 28.8 Kbps

HTML Slide Show Wizard

DownloadHTMLSlideShowSetup.exe
416 KB 3 min @ 28.8 Kbps

Alt-Tab Replacement

DownloadTaskswitch.exe
534 KB 3 min @ 28.8 Kbps

Open Command Window Here

DownloadCmdHere.exe
514 KB 2 min @ 28.8 Kbps

Tweak UI

DownloadTweakUI.exe
147 KB 1 min @ 28.8 Kbps

Tweak UI for Itanium™-based systems

DownloadTweakUI.exe
224 KB 1 min @ 28.8 Kbps

Power Calculator

DownloadPowerCalc.exe
624 KB 3 min @ 28.8 Kbps

Image Resizer

DownloadImageResizer.exe
521 KB 2 min @ 28.8 Kbps

CD Slide Show Generator

DownloadSlideshow.exe
548 KB 3 min @ 28.8 Kbps

Virtual Desktop Manager

DownloadDeskman.exe
550 KB 3 min @ 28.8 Kbps

Taskbar Magnifier

DownloadMagnifier.exe
515 KB 2 min @ 28.8 Kbps

Webcam Timershot

DownloadTimershot.exe
610 KB 3 min @ 28.8 Kbps

Од сите горе наведени мали но моќни програми најкористен за мене до сега е - Image Resizer - ImageResizer.exe ... Со оглед на тоа што скоро сите фотоапарати од сегашна генерација даваат можност за големи резолуции од 4 и повеќе мегапиксели - а за интернет потреби размена на слики и правење на презентации и слај шоуа - нема потреба од големи резолуции ... Со ова мало но моќно програмче набрзина се прави одлично намалување на резолуцијата на сликите ...

Има еден Марфиев закон кој гласи: “Сите добри работи се кратки (мали) и прости ...“

Resize digital pictures quickly ... На овој линк се ви е објаснето ... прочитајте го и нема да зажалите ...
Resize Pictures dialog box

ПРИНУДНА УПРАВА за Скопје

Се погласни се најавите дека Скопје е пред финасиски колапс ... Водата ни е поскапена за сто посто затоа што Водовод покажа загуба ... Се блокира сметката на ЈСП за долгови од пред 10 години - а се ствараат и нови ... За некој ден автобусите на ГСП ке застанат ... без бензин, резервни делови и плати за работниците ... ке се распадне и ова јавно предпријатие ...

А Градоначелникот на Скопје - прави нови компании и амбициозни проекти за - Гасификација на Скопје ... за Трамвај во Скопје ... Нови спортски центри ... и незнам какви планови ...

Очито е дека на трифун му одат само приватните проекти и нека биде доблесен и предвреме нека си даде оставка од фунцијата - за да не се мачи себеси а и нас ...

ПОЛИТИКИН ЗАБАВНИК


23. март 2007, број 2876, година LXIX
Не сум приметил дали уште се продава овој весник за деца - кој може да го читаат и поголеми деца ... Мене во детството па и во младоста ми беше омилен ... Политикин Забавник и НИН ги купував и читаав од првиот до последниот ред ... а богами и ги собирав ... Што се деси со куповите весници незнам - верувам стојат некаде по подрум или таван кај мајками ...

Пред некој ден сурфајки случајно налетав на едена страна и се изненадив - Политикин Забавник ... се израдував и го споделувам линкот со вас ... Навистина не е целиот достапен на нет туку само по неколку статии - но и тоа е доволно ...

Tuesday, March 27, 2007

КОЦКАЊЕ и игри на среќа ...

Се радувам дека уште како мал ја научив лекцијата која секој коцкар кога тогаш ке научи - дека во кацкањето и игрите на среќа добиваат само оние кои ја организираат играта т.е. оние кои ја земаат “пикслата“ ...

Бидејки коцкањето е забрането - осем на строго определени места ... на времето луѓето кои ја љубеа коцката се собираа во некој стан а за возврат плаќаа на сопствениот на станот за “чистење на пикслата“ - пепељарата де ... отаму она што го зима позајмувачот на местото за коцкање се нарекува “пиксла“ ...

Коцкање е заеднички назив на сите игри кои вклучуваат вложување на пари ... Играчот кој победува - го добива вложените пари ... Денеска коцкањето е цела една нова индустрија ... во која мафијата има не така мала улога ... со организирањето на коцкарници се случуваат и првите перење на парите на мафијашките структури во светот ...

Има многу видови на коцкарски игри ...

"Beatable" casino games

"Unbeatable" casino games
Non-casino gambling games
Fixed-odds gambling

Fixed-odds gambling and Parimutuel betting frequently occur at many types of sporting events. In addition many bookmakers offer fixed odds on a number of non-sports related outcomes, for example the direction and extent of movement of various financial indices, the winner of television competitions such as Big Brother, election results. Interactive prediction markets also offer trading on these outcomes, with "shares" of results trading on an open market.

Sports betting

Main article: sports betting

Betting on team sports has become an important service industry in many countries. For example, millions of Britons play the football pools every week.

Историјата на коцкање е доста долга и стара ... Коцкањето е “спорт “ кој се врзува заедно со другите пороци - како ... пушење ... алкохол ... проституција ... дрога ... Не познавам човек кој видел аир од коцкање ... Коцкањето е порок за секој човек, кој ако го совлада - тешко го напушта ... еднаш коцкар секојпат коцкар ... пу, пу, пу ...

Коцкањето е порок кој е омилен во западната култура ... не дека го нема во другите култури ... муслиманството колку знам го забранува ... незнам како христијанството се однесува кон коцкањето ... Погледнете како се посматра коцкањето во филмската индустрија на западот ...

Коцкањето во Македонија има долга традиција ... Фанта , Покер, Купчиња и некои други игри со карти се малските начини на коцкање на постарите Скопјани ... Органицирани коцкарници во Македонија веројатно немаат голема историја ... Коцкарниците на времето беа организирани само за странци - кои со полни новчаници влегуваа во казината и во друштво на алкохол и еден вид кабаре го поминуваа ноќите ...

Но коцкањето почна да се организира и за широките народни маси - за сиромаштијата ... во вид на лотарија ... лото ... и спортска прогноза ... бинго ... Постаирте скопјани се сеќаваат на времето кога пред триесетина години продавачите на лозови шетаа од кефена до кафеана и продаваа лозови ... половинки и цели ...

Немаше машко од мое време кое не играше спортска ... а богами и ЛОТО кое беше во подем со организирано извлекување директно на телевизија и појавата на згодни ЛОТО девојки ... Меѓу првите беше тогашната убавица на Југославија ... Сузана Манчиќ ...

Денеска некако најпопуларни се обложувалниците - кои ја упропастија фудбалската игра ... гледам меѓу младите е ептен популарна а на убави локации никнуваат секојденевно нови обложувалници ... Популарни се но - не како порано и сега Лотото и Бингото ... а полека е се популарно тканареченото обложување на интернет - таканаречено онлајн обложување на се и сешто ...
Против ваков вид на обложување - пред некој ден дигна глас и Министерот за финасии - кое ваквото онлајн коцкање и обложување го нарече незаконско ... нормално од причина што државата во ова нема корист ... оние кои ја собираат пикслата се некаде надвор ... далеку во некоја друга држава ...

За мене секое коцкање е незаконито дејание и недозволиво е да се рекламира коцкањето на домашните медиуми ... Секојдневно гледам реклами за казина ... игри на среќа и слични други начини на коцкање ...

Добро многу од земјите живеат од таканаречениот коцкарски туризам - како и нашите градови во близината на грчката ганица ... Гевгелија - Дојран - Битола ... но зошто се рекламираат коцкарниците за обичните граѓани на Македонија ...

Во постапка е донесување на нов закон за игри на среќа ...

Дали само адреналинот е виновен за толкавата популарност на коцкањето или тоа е начин-стил на живеење ...

Blog Archive

Site Meter