Search This Blog

Sunday, August 31, 2008

Фотошопиран Тепих ...

1.

читај повеќе »

2.

3.

4.

5.

6.

7.

8.

9.

10.

11.

12.

Како да се состави домашниот буџет ...

Во саботните изданија на Нова Македонија и Вест - имаме два написа кои се бават со слична тематика - зголемените цени на потребите на граѓанинот и вечната математика како да се состави домашниот буџет :

читај повеќе »

  • Списокот на производи што ќе треба да ги платат по нови повисоки цени е долг. Генерално за храна, струја, вода, огрев, бензин, превоз, парно, телефон, ѓубрарина, училиштен прибор - за сето ова треба да се издвојат повеќе пари од лани или да се земат кредити со повисоки банкарски камати.
  • Според извештаите на Државниот завод за статистика, цените на мало на земјоделските производи оваа година во однос на истиот период од 2007 година (јануари-јуни) пораснале за 30,5 отсто, а на другите прехранбени производи за 19,3 отсто.
  • Најголем скок на цените на зелените пазари бил забележано кај оризот, гравот, млечните производи и јајцата, чија малопродажна цена пораснала од 20 до 32 отсто.
  • Извесно стабилизирање на цените имало кај доматот, краставиците и пиперот, но се очекува и овие производи да поскапат во септември поради повисоката побарувачка за приготвување на зимницата.
  • Повисоките цени на земјоделските производи имале одраз кај порастот на вредноста на потрошувачката кошница, која во однос на лани „пораснала“ за две илјади денари. Лани за набавка на основните прехранбени производи биле потребни 10.346 денари, а годинава треба да се платат 12.332 денари.
  • Поскапување се очекува и кај струјата, кое долго време се најавува од ЕВН - ЕСМ. Најверојатно компанијата ќе го актуализира ова прашање со донесувањето на Законот за енергетика, со кој се предвидува намалување на делот на загубата на 11 проценти, а која сега Австријците ќе се обидат да ја вкалкулираат во новата повисока цена на струјата.
  • Рекордот во поскапувањето има кај сметките за вода, кои во однос на лани пораснале за 97 отсто.
  • На овие цени, од септември треба да се додадат и поскапувањето на ѓубрарината, за кое има поднесено барање за поскапување од 25 отсто.
  • Одобрување чека и новиот ценовник за јавниот превоз и, доколку биде прифатен, автобускиот билет во Скопје би поскапел во просек за 5 денари.
  • Значајна ставка во семејниот буџет за септември претставуваат и трошоците за опремување на децата за новата учебна година. Грубите пресметки се дека едно дете во просек „чини“ 12.000 денари.
  • Македонците од година во година купуваат се помалку храна. Статистиката покажува дека како што скокаат цените, народот се помалку јаде.
  • Помалку се јаде леб, месо, јајца, млеко, овошје и зеленчук.
  • Македонците најголем апетит имале во 2005 година. Одредени производи добро се трошеле и во 2006 година. Но за лани, резултатите се поразителни.
  • Зејтинот поскапел за 111%, млекото 60% а лебот 45%.
  • Храната учествува со 71% во инфлацијата.
- Периодот на водење „висока“ политика, по предвремените парламентарни избори и решавањето на судбинското прашање на името на државата, како-така помина.
- Расправиите за влегувањето во НАТО и за датумот за преговорите со ЕУ полека бледнеат и
- нашиот сограѓанин набргу ќе се соочи со реалноста и со минусните салда на банкарските сметки и на кредитните картички што ги направиле во текот на летото. .
- Септември секогаш бил најтешкиот месец за македонските граѓани. Но оваа година, покрај редовните трошоци за набавка на училиштен прибор, за приготвување на националната гастрономска „гордост“ ајварот и лутеницата и за набавка на огревот и купот заостанати сметки за струја и други комунални услуги, македонскиот граѓанин 1 септември ги дочекува со нови повисоки цени.

Saturday, August 30, 2008

Пиринска Македонија ... фотки ...

http://img222.imageshack.us/img222/2038/dscf0099pw5.jpg

Врвот Вихрен (2914 метри), сликан од планинарскиот дом "Вихрен"

читај повеќе »

Ова е Соседски поздрав од Пиринска Македониjа за домакинот Волан и сите учесници и читатели ... пратен од еден од читателите кој верувам или живее или е по потекла од Пиринска Македонија, како и да е Македонија му е во срцето ... кој се јавува со коментари со никот “Татар“ ...од секогаш сум велел дека на сите Вас кои доаѓате тука на МК блогерај, папучната врпца Ви е врзана со некој дел од Македонија ...

Порака до сите читатели од Бугарија - праќајте ми слики на мојот меил volanskopje@gmail.com - со мали/кратки појаснувања ... ке ги објавувам на мојот блог ... преку фотографија да ја запознаеме Бугарија а особено Пиринска Македонија ...

http://img83.imageshack.us/img83/1933/dscf0044ra8.jpg

Северниот дел на врвот Вихрен, сликан од Малкиjа казан

http://img337.imageshack.us/img337/1797/dscf0052qg7.jpg

Северната стена на Вихрен (300 метри) во Големиjа казан со снег во краjот на август

http://img296.imageshack.us/img296/3047/dscf0082wa4.jpg

Планинарскиот дом "Б'ндерица"

http://img244.imageshack.us/img244/6339/dscf0135ep6.jpg

Врвовите Вихрен (лево) и Кутело (2908)

http://img505.imageshack.us/img505/5827/dscf0146ss2.jpg

Б'ндеришкиот циркус

http://img505.imageshack.us/img505/8222/dscf0155bb7.jpg

Од лево на десно ридот Стражите и врвовите Полежан (2851) и Мал'к Полежан (2822)

http://img505.imageshack.us/img505/2055/dscf0168hr7.jpg

Од лево на десно врвовите Џенгал (2730), Момин двор (2723), Ваљавишки чукар (2664), Каменица (2822) и Jаловарника (2763)

http://img54.imageshack.us/img54/415/dscf0204sq1.jpg

Врвот Каменица со Мала Каменица од лево и Каменишка кукла од десно, сликан од планинарскиот дом "Тевно езеро"

http://img242.imageshack.us/img242/1103/dscf0207yw6.jpg

Планинарскиот дом "Тевно езеро" (2512)

http://img526.imageshack.us/img526/1515/dscf0225yl2.jpg

Еден пирински Salamandra salamandra

http://img222.imageshack.us/img222/3807/dscf0250uf5.jpg

Параклисот Свети Илиjа (843) до Мелник

http://img222.imageshack.us/img222/8544/dscf0248pv2.jpg

Гробот на Тодор Александров во дворот на параклисот

http://img257.imageshack.us/img257/5476/dscf0241te6.jpg

Гробот на Тодор Александров во дворот на параклисот

http://img222.imageshack.us/img222/4571/dscf0253tt9.jpg

Патот од параклисот кон селото К'рланово со К'рлановските пирамиди

http://img257.imageshack.us/img257/9339/dscf0255ug7.jpg

Патот од параклисот кон селото К'рланово со К'рлановските пирамиди

Утро 2 ...

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Utro2Large.jpg?t=1220030102
Утро 2 ...

Friday, August 29, 2008

Утро ...

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/UtroLarge.jpg?t=1220018657
Утро ...

Интернет забава ... замена за реалниот живот ??! ...

Младиве имаат потреба од малку акција пред компјутер ... седејки пред компјутер се забавуаат со непознати од интернет ... муабетат за се и сешто, но и за секс ... така занесени се покажуваат на интернет партнерот во разни пози ... е некоj ербап го снимал сето тоа и одкако го дознал идентитетот почнал да уценува некоја скопска девојka дека ке го објави видеото ако девојката не плати ни помалку ни повеќе 100 евра ... девојката случајот го пријавува во полиција, која го фаќа уценувачот, но и неговата 22 годишна сопруга која во сето ова му помагала ... бизнис нема што ...

читај повеќе »

Скајп користам од пред некое време заради комуникација со фамилијата ... но барем еднашка дневно изрипува некоја девојка од било кој дел на светот сакајки да се забавува ... толку ли им е досадно на луѓето во реалниот живот, па го користат имагинарниот како замена ...

Blog Archive

Site Meter