Search This Blog

Saturday, June 30, 2007

СКУПИ ... SKUPI ... SCUPI ... најнови архео-истражувања

Оваа година како никојпат до сега имаме бројни археолошки истражувања. Кале - Скопје и Плаошник се фундаментални истражувања со бројни археолошки екипи и со огромна подршка од државни пари ...

Паралелно се копа и оваа година на продолжување на архелошките истражувања по разни основи во: Стоби ... Скупи ... Цареви Кули - Струмица ... Таор - Скопско ... Вардарски рид ... Брзо ке почнат повторните истражувања во Маркови кули – Скопје и на Подводната населба во Охридско езеро ...

На Кале - Скопје одам често ... сликам на дваесетина дена ... на Таор бев и со археолозите го пиев чајот на Теодора ... Во Стоби бев - заради концертот на Синтезис ... а деновиве ке пишам и пост за форумот во Стоби ...

Од Утрински од написот на Катарина Богоева дознав дека се почнати овогодишните истражуања во Скупи:

Сликата “http://www.utrinskivesnik.com.mk/WBStorage/Articles/061901D9A5D3C64E88F9981835E6D3E9.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

- Иако температурите на воздухот се високи, сепак археолозите од Музејот на град Скопје, работат на терен веќе десеттина дена, реализирајќи два проекти, за кои добија 500 илјади денари од Министерството за култура и Град Скопје.
- До крајот на јуни, во централното градско подрачје ќе се истражува инфраструктурата на улицата Кардо и две, на неа попречни улици- декумани.
- Во текот на септември и октомври, ќе се истражува западната некропола на Скупи.
- „Со финансиските средства кои ги добиваме може да дефинирате само еден до два ѕида, во текот на истражувањата. Од тие причини, и поради тоа што конзервацијата доцни зад ископувањата, ориентирани сме кон дефинирање на стратиграфијата и инфраструктурата на уличната мрежа и користиме сондажно истражување, по кое земјата се враќа назад. Сакаме да ја додефинираме и доистражиме улицата Кардо, за да може идната година таа и да се конзервира. Тоа е улица со импозантни димензии, со широчина од осум и пол метри и западен и источен тротоар со димензија од два и пол до три метри, со колонада која ги дели тротоарите од улицата. Ги имаме сите елементи за реконструкција и тоа дури во две фази. Кога би се реконструирала во должина од 150 метри, може да биде и поатрактивна и поубава од улицата во Ефес, на кој сите и се воодушевуваат. Таква улица може да добиеме за неколку години“ - вели археологот Ленче Јовановска.

- Скупи е навистина атрактивен локалитет. Додека се очекуваат одобрените средства од италијанската влада со кои истиот треба да се уреди за културен туризам, неговиот сегашен пријатен амбиент го прават и зелената трева, насадените цвеќиња, уредените бараки, што е реткост на археолошките локалитети во Македонија. Атрактивноста лежи во неговвата површина и напластената историја. Во обѕидието има 43 хектари, но поради малиот обем на истражувачките работи на Скупи, досега археолозите отвориле, само 2- 3% од просторот, датиран од 4-6 век.
- „Од 1- 4 век имаме откриено само нешто малку од театарот, значи ниту еден процент од тој период“ - потенцира Јовановска, која, во оваа прилика, го истакна и задоволството од покажаниот интерес на британската група археолози, кои пролетва држеа семинар во Скопје, а од сите локалитети во земјава, го одбраа Скупи за есенва на него да реализираат пилот - проект, кој подразбира површинско истражување на теренот со геомагнетни сонди за лоцирање и утврдување на обзидието на градот и евентуално лоцирање на објекти во него. Се очекува тоа да овозможи во иднина, британските археолози во соработка со Музејот на град Скопје да реализираат и заеднички истражувања.

Бидејки беше многу топло а температурата во Скопје се движеше деновиве околу 40 ... не се одлучив да појдам во Скупи ... Дури вчера се охрабрив од послаботро сонце и со фотоапаратот се упатив во Скупи ... На локалитетот не најдов археолози ... веројатно избегале од топлото сонце ... имено стигнав на локалитетот во 14.00 (у право пладне што би рекол дедоми ...). Реков кога сум тука ај ке направам неколку фотки од локалитетот и ке го прошетам малку ... па во друга прилика ке поразговарам со археолозите ...

** Археолошкиот локалитет Скупи се наоѓаа на 5 км. северозападно од Скопје во непосредна близина на с. Злокуќани, лево од утоката на р. Лепенец во Вардар во подножјето на Зајчев Рид. Приградските објекти и некрополите се простираат на поширок простор.

Локалитетот е познат уште од крајот на XIX век. Во 1883 год. англискиот истражувач Артур Еванс престојувал во Скопје и ги регистрирал римските бедеми на Зајчев Рид, кој ги објаснил како остатоци од акрополата на Скупи. Со археолошки ископувања на локалитетот Скупи отпочнато е инцидентно пред Втората светска војна. Музејот на град Скопје, како имател на локалитетот, со систематските археолошки истражувања отпочнал во 1966 год. кои со помали прекини, континуирано се извршуваат до денес. Досега се целосно или делумно истражувани: бедемите, театарот, цивилната базилика, градската вила, градската бања, улицата - кардо, христијанската базилика, делови од источната и западната некропола.

Почетоците на римскиот град Скупи се поврзани со римската војска, односно стационирањето на 5-тата Македонска и 4-тата Скитска легија на теронот на новосвоената Дарданија во времето на Тибериј (14 г. п.н.е.-37 г. н.е.), веројатно во 13-11 год. пр. н.е. Поинтензивна колонизација и урбанизација на градот веројатно се случила после 15-та год. од н.е., по формирањето на провинцијата Мезија. Според положбата, големината, четвртестата основа, маркантните фортификациски елементи и др. постои голема веројатност дека градот се развил од легиски логор (каструм). Во време на царот Домицијан (84-85год.) Стоби добил статус на колонија и неговото полно име било Цолониа Флавиа Сцупиорум и во него биле сместени дедуцираните ветерани од 7-та Клавдиева легија. Во градот имало и домашни староседелци со пајонско и дарданско потекло.

Во текот на ИИ век, Скупи добива особено репрезентативен лик, при што централно место зазема монументалниот театар. Во ИИИ век искористувајќи ги битките за превласт на царскиот трон, во Македонија се пробиваат Сарматите, а потоа Готите и Херкулите.

Во ИВ век, градот е забележано зголемување на градежната дејност. Тогаш е изградена и најрепрезантативната градба, Базиликата 1, а кон крајот на ИВ или во почетокот на В век, во градот била издигната уште една ранохристијанска црква. Царот Теодосиј И при своите престојувања во Скупи во 379 и 388 г. издал два царски указа. Во ИВ век станал седиште на епископија, а покасно и на архиепископија. Познати христијански свештеници на Скупи биле: епископот Дакиј (концил во Никеја, 325 г.) епископот Парегоријсобор во Сердика /Софија/, 343 година), митрополитскиот епископ Карос (во писмото на папата Леон, 458 г.) митрополитит ЈованДарданија - Скупи, 493 г.); архиепископот на Јустинијана Прима - Бененат (Не учествувал на 5 екуменски концил во Цариград, 553 г.). ( (синод во главниот град на провинцијата

Градот Скупи најверојатно не бил поштеден од страодните разурнувачки напади на Хуните во 447 год., а во 518 г. Скупи настрадал во катастрофален земјотрес, забележан во Хрониката на Марцелин Комес. По 518 г. престанува урбаното живеење на римскиот град Скупи, иако постојат индиции дека животот во форма на помала словенска рурална населба продолжил се до Џ- ЏИ век од н.е.

Интересно и воедно зачудувачки е што нема англиска верзија на страницата на Википедија ??!.

Први посериозни Археолошки истражувања на Скупи се правени по земјотресот 1966 година ... Микулчиќ И. ... утврдено е дека јадрото на градската населба е со повешина од 40 хектари ... а бедеми има со димензии 738 х 590 м ... По должината на северната, североисточната и југоисточната страна постоеле одбранбени рововои, а на северозападната страна имало мочуриште ...

Досега вршеле истражувашња:

- И с т о ч н а н е к р о п о л а ... Истражувана е во 1970/71 и 1973 година од И. Микулчиќ.
- Т е а т а р … Истражуван е во 1928 и 1935-37 година од страна на Н. Вулиќ и во 1959/60 година од Д. Рен­диќ Миочевиќ.
- Х р и с т и ј а н с к а б а з и л и к а …
Ис­тражувана е во 1975-1979 година од М. Гарашанин и Д. Корачевиќ.
-
П а л а т а ... Истражувана е во 1973 година од М. Гарашанин и Д. Корачевиќ.
-
Т е р м и ... Истра­жувани се од 1983 до 1989 година од Д. Корачевиќ .
- У л и ц а ... Ис­тражувана е од 1990 до 1994 година од Л. Јо­ва­но­ва.

Еванс А., 1885, 79-167; Вули¢ Н., 1926, 1-5; Трухел­ка ›., 1929, 71-86; Груји¢ Р., 1935, 5-64; Вули¢ Н., 1961, 2; Моцсѕ А., 1970; Микулчиќ И., 1971, 269-285; Ми­кул­чиќ И., 1971а, 166-173; Микулчиќ И., 1973, 262-272; Микул­чиќ И., 1973а, 29-35; Микулчиќ И., 1974, 109-143; Микул­чиќ И., 1975, 127-151; Микулчиќ И., 1975а, 89-102; Мику­л­чиќ И., 1976б, 191-210; Га­рашанин М., Корачевиќ Д., 1978, 31-46; Ренди¢ Миочеви¢ Д., 1981, 45-51; Јосифов­ска Драго­јевиќ Б., 1982; Га­рашанин М., Кора­чевиќ Д., 1987, 79-96; Со­коловска В., 1987; Корачевиќ Д., 1988, 155-165; Ива­новски М., Вин­чиќ Ж., 1988, 169-175; Корачевиќ Д., 1989, 101-107

Преземено од Археолошката карта на Македонија ...

Не се сеќавам (не сум видел...) дали за Скупи има одпечатена брошура за туристи ... Ако нема тоа е голем срам за Македонското туристичко представување ...

http://www.finance.gov.mk/mk/telekom/8/81/large/large-05.jpg

Топографски план на Скупи ...

Gogle snimka - obelezena namalena skratena.jpg

Од топографскиот план на Скупи и од Гоогле мапата на Скупи ... се гледа импозантната големина на Скупи ... она што денеска го гледаме и она што се предпостаува дека го има на локалитетот ...

1.- Срцето на локалитетот Скупи ... од кое до сега светло на ден има само 1 процент од локалитетот ... а најграндиозна е главната учица која со широшина од осум метри со тротоари и со евидентна поврзаност со споредни улици ... импозантно ...
2.- Мене ми личи на Базилика ... има големи димензии ...
3.- Театарот - најголемиот антички театар во Македонија со капацитет од 9.000 публика ...
4.- Гробишта кои се добро уредени од локалното население ... но за жал се во средина локалитет ... и кога тогаш тие ке мора да се дислоцираат ... иако рака на срце за локални гробишта се сјајно уредени и оградени ...
5.- Огромно пространство од срцето на локалитетот кое археолошки воопшто не е пипнато ...
6.- Највисокиот врв на брдото - кое сега е окупирано со базна станица на Космофон ... Како ли доби дозвола за градба среде локалитет ... ??!!
7.- Ораница таква има и од другата страна на гробиштата ... карактеристично е што додека шетав низ неа полна е со крупна керамика и камен ... се гледа дека е обработуван од човечка рака ...
8.- Зашумен дел со едно специфично растение за нашиве краишта ... мириса силно кога ке скршиш гранка ... но расте во близина на извори ...
9.- Барака изградена од археолозите во која вршат “теренски ипитувања под сенка“ ... Одлично средена а во продолжетокот дури има и бавча со фолијско производство на зеленчук ...
10.- Сум го рипнал бројот ... :)
11.- Бараки од некаков сервис ...
12.- Старачки дом Бардовци ... изграден на сред локалитет ...
13.- Базилика со релативно големи димензии
14.- Западна некропола ...
15.- Раскрсница на која има Автосервис - со подигната кола на столб ...
16.- Разни објекти кои се веројатно приватни ...
17.- Дел од населбата Злокуќани ...
18.- Улица Ацо Шопов ...
19.- Улица према Бардовци ...

........................................................................

**** Главната улица во - СКУПИ ... SKUPI ... SCUPI ... SCVPI ... Кардо - Cardo ... (прво продолжение ...)

Главната улица во Скупи - ова е прво продолжение од започнатиот пост од вчера ... СКУПИ ... SKUPI ... SCUPI ... најнови архео-истражувања ... Ке излезе како нов пост ... но ке се едитира и во почетниот ...

** Улица (Кардо) ... Една од главните градски комуникации со орјентација С/И - Ј/З, карактеристична за сите градежни комплекси во градот. Коловозот е широк 8.50м. поплочен со со големи камени плочи и одделен од тротоарите со колонада. Од двете страни на коловозот се наоѓаат тротоари, широки од 2.6о до 3 м. поплочени со тули. Датирана е по 268 г. односно се поврзува со обновата на градот по продорот на Готите.

** УЛИЦА(КАРДО) - Една од главните градски комуникации со орјентација С/И - Ј/З, карактеристична за сите градежни комплекси во градот. Коловозот е широк 8.50м. поплочен со со големи камени плочи и одделен од тротоарите со колонада. Од двете страни на коловозот се наоѓаат тротоари, широки од 2.6о до 3 м. поплочени со тули. Датирана е по 268 г. односно се поврзува со обновата на градот по продорот на Готите.

Сликата “http://www.utrinskivesnik.com.mk/WBStorage/Articles/061901D9A5D3C64E88F9981835E6D3E9.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

** Улицата Кардо како улицата во Ефес „Во текот на оваа година продолживме со истражување на една од главните улици, наречена Кардо, откриена во минатите години, долга околу 150 метра. Структурата на римските градови, урбанистичката мрежа обично има еден првоаголен систем во кој, прво се поставуваат две главни улици, кардо - максимус и кардо - декуманус, поставени под прав агол. Паралелно на нив се поставуваат помошни улици, кои формираат градски квартови. Скупи не е исклучок, но ние сеуште не можеме да кажеме дали овој римски град има некоја специфика, затоа што, само врз основа на аналогии претпоставуваме каде би се наоѓал неговиот форум. Токму од тие причини, со својата местоположба, не' изненадуваат улиците кои сега ги откривме и димензиите на квартовите.
- Годинава се откри уште една попречна улица на улицата Кардо, која од неа е оддалечена околу 65 метра, така што сега ја знаеме должината на еден од градските квартови кој се протегал во правец исток- запад. Би требало понатаму да се открие уште една улица, со што би се дефинирал еден цел градски кварт и објектите што се наоѓале во него.
- Сакаме да ја додефинираме и доистражиме улицата Кардо, за да може идната година таа и да се конзервира. Тоа е улица со импозантни димензии, со широчина од осум и пол метри и западен и источен тротоар со димензија од два и пол до три метри, со колонада која ги дели тротоарите од улицата. Ги имаме сите елементи за реконструкција и тоа дури во две фази. Кога би се реконструирала во должина од 150 метри, може да биде и поатрактивна и поубава од улицата во Ефес, на кој сите и се воодушевуваат. Таква улица може да добиеме за неколку години“ - вели археологот Ленче Јовановска.

** Првите сознанија за овој атрактивен локалитет потекнуваат уште од 1884 година кога на овие простори поминува англискиот патеписец Артур Еванс, вели Ленче Алексова, археолог од Музеј на град Скопје.Тој споменува дека на подрачјето каде што денес се истражува Скупи се забележани урнатини на некој римски град од кои најзабележливи се остатоците од римскиот театар за кој се претпоставувало дека е од северниот бедем на градот Скупи. Подоцна во почетокот на ЏЏ век со создавањето на Музејот на Јужна Србија почнуваат првите археолошки истражувачки работи при што е откриена една помала христијанска базилика на подрачјето на денешното село Бардовци и една приградска вила со термален дел којшто се наоѓа надвор од бедемите, што значи во непосредна близина на западиот бедем на градот Скупи.
- Скупи како еден урбан римски град, високоцивилизиран, опстојувал цели шест века, односно од И до ВИ век по Христа и во текот на тој период тој постојано се развивал, се менувале градбите, луѓето, комуникацијата, начинот на живот.
- Во последните две-три години истражувачките работи добија на интензитет, така што онаму каде што се решени имотно-правните односи во должина од околу 170 метри е истражена една од главните комуникации - улицата Кардо која се протега во правец север - југ со сите пратечки објекти како што се тротоари, инфраструктурата, канализационата - водоводна мрежа, објаснува археолог Алексова.

** Поплочена улица од римско време "светна" во Скупи ... сабота, 18 март 2006 ...
- Повеќе од 170 метри поплочена улица од римскиот град Скупи, импозантни влезови од градби, столбови, бази и капители се откриени во најновите ископувања на екипата од десетина експерти - археолози, архитекти, конзерватори и околу 20 работници.
- Главната античка градска улица - "кардо", била широка околу осум метри и поплочена со големи камени плочи. Од двете страни имала тротоари од тули, широки два и пол метри. Тротоарите биле покриени со тремови, кои се потпирале на фасадите на куќите, изградени во должината на главната улица - вели Јовановска од Музејот на град Скопје.
- Импресионира канализациската мрежа, од двете страни на улицата. Чистата вода дотекувала во градот преку довод од оловни и глинени цевки. Преку одводот - ѕидани канали, отпадните води се излевале во Вардар. Тоа е само еден од доказите за цивилизираноста на населението што живеело така во првите векови од новата ера. Во тоа време, на целиот Балкан, единствено Скупи бил прогласен за Римска колонија - највисок самоуправен статус што воопшто можел да добие еден град - објаснува Јовановска.

- Во земјата, кај античката улица, археолозите пронашле полуксузна керамика - глазирана, сива-македонска, керамика со втиснати печати, стакло, метал, монети од 4-ти до 6 век.

** У л и ц а - една од главните комуникации во градот, со ориентација североисток-југозапад, как­ва што имаат сите градежни комплекси во град­овите. Коловозот е широк 8,50 м и е поплочен со го­ле­ми камени плочи, а тротоарите се широки од 2,60 до 3 м. Се датира по 286 година, по пробивот на Го­ти­те. Истражувана е во 1976 и 1980-1989 година од Д. Корачевиќ.
- Преземено од археолошка карта вол-2.

** Cardo ... In ancient Roman city planning, a cardo or cardus was a north-south-oriented street in cities, military camps, and coloniae. Sometimes called the cardus maximus, the cardo served as the center of economic life. The street was lined with shops, merchants, and vendors.
- Most Roman cities also had a Decumanus Maximus, an east-west street that served as a secondary main street. Due to varying geography, in some cities the decumanus is the main street and the cardo is secondary, but in general the cardus maximus served as the primary road. The Forum was normally located at the intersection of the Decumanus and the Cardo.
- The cardo was the "hinge" or axis of the city, derived from the same root as cardinal. The term 'cardus' is derived from the north-south line the augurs would draw when making the auspices.


*** Да ја видиме сега мојата приказна за улицата Кардо во Скупи ...

Glavna ulica vo Skupi - kolaz.jpg

Од Фотките што ги едитирав може да се види фрапантната сличност на улицата Кардо - цо Скупи и во Ефес па и во Ерусалим ... Самиот назив на имато е поврзан со зборот “кардиологија“ - крвототк ... The term cardiology is derived from the Greek word καρδιά (transliterated as kardia and meaning heart or inner self).

Шетајки се по улицата зачудува дека архитектите на градот навистина одлично го замислиле градот ... веројатно по некој модел ... Ефес или Ерусалим ... Огромни блокови (некои со големина и од метар ипол на метар и дебелина од преку 40 сантиметри ...) кои овие две години излегуваат со целиот свој сјај ... Тротоари ... Во некои наши градови и ден денес нема тротоари но затоа значењето на тротоарот било познато за Скупи ... создаден е тротоар кој е оделен од улицата со “ивичњак“ ... (Кардо во Скупи мора да доживее конзервација и реконструкција ...

Би било убаво да се направи и три де анимација на улицата и градот (можеби некаков развоен проект на студентите на архитектура, археологија и 3 д аниматори ... машински ...)... Тоа колку и да е скапо - а не е ... сепак е само анимиран филм кој малтене секое дете знае да го направи - но се разбира ова е сериозен проект кој треба да се направи тимски меѓу археолози ... архитекти и стручњаци за три де анимации ...

На око ми паднаа неколку дупки во камењата низ улиците кои - или служеле за некави бајраци ... или служеле за тремови ... како што има предпоставка и од нашите археолози ... Улицата веројатно не завршува тука на делот на патот за Бардовци ... Таа оди под него и под Старачкиот дом Бардовци директно до големата Базилика ... за која ке пишувам посебен пост ...

Импозантно е овогодишното откривање на цевководот за питка вода ... за кое ке пишам посебен пост ... Тука на кратко се работи за некоја легура од оловно калајни цевки фи 2 цола по слободна проценка за довод на вода ... а има и поголеми ... и Одвод на вода преку прекрасно изработени керамички канали ...

На врвот на Кардо према Театарот постои нешто како плоштад ... со некаков округол камен кој многу личи на некаков жртвеник - или постоље за бина ... а во негова близина се и неколку големи мрамори за вода ... веројатно се за поење на коњите што се движат низ градот ... или имале некаква друга намена ... И за ова ке имам посебен пост ... Како и за можниот извор на питка вода кој го убицирав во близината ... истотака ке биде представен во посебен пост ... Ниеден град не се парви ако нема јак извор - кој ке го храни со питка вода ... Мада тука можело да се прават лесно и бунари ...

Имотно правните односи на сите Архео локалитети се очај ... толку години се знае дека е ова архео-локалитет и не се решаваат имотно правните односи ... т.е не се одкупуваат пацелите во оквир на локалитетот кои се приватна сопственост ... Од една страна сопствениците се на штета - затоа што неможат да градат ништо ... Од друга страна државата е на штета - бидејки неможе да го истражува комплетно археолокалитетот ... Мора да се бара решение кое ке го прифатат и двете страни ... Или да се плати или да се компензира со друго земјиште ... со слична атрактивна локација ...

Архео-локалитетите мора да се сфатат како мали фабрики за туризам - воколку се уредени ... истражени и конзервирани и рестврирани... Многу мали фабрики чинат цела гранка ... Ние немаме море - и затоа иљадниците архео локалитети се нашата шанса за специфичен туризам ... Ова го повторувам иљада пати ... а ке го повторам уште толку пати ... се додека не стане национална стратегија за туризам ... комбиниран со многуте преубави и уникатни Манастири и Цркви ... Легендите од МК ... Бањеите и селскиот туризам ... Ова го има Македонија и тоа треба да го развива и нуди ... Ги заборавив планините ... и тие де ... А за езерата приодни и вештаќки ич да не думаме ...

- Кардо - Cardo ... СКУПИ ... SKUPI ... SCUPI ... SCVPI ...

...............................................................

Утре ке наставам и со фотоприказната и со едитирање на нови продочженија ... а има подигнато и видео клип ... па на крај и тој ке го едитирам тука ...

Ке има фото приказна за:

- Водоводните цевки на Скупи ... Разводот по главната улица од некаква смеса на Олово и некоја друг метал ... калај веројатно ...
- Можниот извор на питка изворска вода ... во непосредна близина на Скупи ...
- Централен плоштад со можен жртвеник и корита за вода ...
- Театар Скупи ...
- Панорама од Скупи ...
- Месни гробишта среде археолошки локалитет ...
- Базна станица на Космофон среде археолошки локалитет ...
- Старачки дом Бардовци среде локалитет ...
- Базиликите на Скупи ...
- Западната Некропола ...
- Движни наоди на Скупи ...
- Движни наоди по дворови на скопјани ...

РЕАЛНА СИРОМАШТИЈА ...

Таман кога Премиерот и ресорните Mинистри не израдуваа дека имаме историски раст на БДП - кој во голема мерка се должи и на растот во индустриското производство ... ладен туш од државната статистика ... Државниот завод за статистика во мај регистрира пад од 5,8 отсто во однос на истиот месец лани и од четири отсто во однос на април годинава. ...

- Намалување на производството на годишно ниво има во сите сектори, освен во рударството, каде што има пораст од 25 отсто.
- Производството на енергија е намалено за 37,2 отсто, а
-
Падот во преработувачката индустрија изнесува 4,6 отсто.
- За 25,6 отсто е намалено и производството на електрична енергија, гас и на вода.
-
Најлош е трендот во нафтената индустрија, каде што во мај има пад на производството на кокс и на нафтени деривати од 81,7 отсто.
- Големо намалување од 67,6 отсто има и кај производството на електрични машини и апарати.

Реалниот економски живот го прават - циклични движења на порасти и падови ... На порастите не треба така френетично да им кликаме ... како што и падовите не треба да не стават во депресија ... Секоја економија е подлежна на циклични движења ... Tоа не дава за право на надлежните министри да немаат коментар ниту изјава за падовите - кога ги имаме како сега ...

Треба да радуваат континуирани на долги периоди порасти ... а да не секирааат континуирани падови и стагнации во економските сектори кои се одразуваат на економската моќ и стандардот на населението ...

За жал ние сме во перманентна фаза на стагнација на економијата и огромен пад на вработеноста ... Сето ова доведе до значитално големо зголемување на реалната сиромаштија ... и пад на стандардот ...

- Siromastija ... bdp ... industrisko proizvodstvo ... statistika ...

Thursday, June 28, 2007

ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА - извртен модел на демократија во РМ ...

Веројатно никаде во законите каде што се спомнува работа на Парламентот на РМ - не стои дека пратениците од позицијата неможат да поставаат прашања до Владата (Владата од сопствените редови ...) ... Но она што се дешавало на последната седница каде се поставувале пратенички прашања - личи на парламентарна фарса каде се практикува демократија ...

Имено медиумите пренесоа дека пратениците на Опозицијата неможеле да дојдат до збор од бројните прашања на Пратениците од Позицијата ... кои користејки го правото на Парламентарната говорница да изнесуваат секаква теза и јавно да посочуваат на одговорност ... Парламентот го претвораат во судница ... Имено никој не може да повика Пратеник на одговорност - за јавно изнесен збор - мислење на парламентарната говорница ... Така говорницата се користи за пресметки со политичките противници ... Имено ке се изнесе теза ... таа потоа ја пренесуваат медиумите ... Вистна или не вистина стопати повторена станува вистина (во очите на народот ...) Не се почитува презумцијата на невиност ... Веројатно тоа ги заболе опозиционите партии и демонстративно ја напуштија седницата .... а позицијата мува не ја полази - си продолжи со работа ...

Господо парламентарци - договорете си ги правилата и џентелментски понашајте се во Парламентот ... Времињата се менуваат ... Воведувајки некаква пракса во сегашноста таа ке ви се удри по глава кога Вие повторно ке станете опозиција ...

По мене Парламентарните прашања - се пред се место каде опозицијата како коректив на власта поставува прашања кон позицијата ... Владата де ... Не велам дека позицијата не треба да поставува прашања ... но односот треба да биде 4 према 1 во однос на давање на простор и време на опозицијата - да постави прашања ...

Вистината секако ке излезе во јавноста ... Во денешно време на мноштво на медиуми и интернет (кој скоро да не може да се контролира - ако го има де ... можеби и затоа толку малку го има ...).

Во поитичката борба со политичкиот противник треба да се користат сите дозволени средства и методи ... но џентелмество во борбата мора да има ... кон во моментот послабиот противник а тоа е секојпат опозицијата ... Инаку демократијата, ако нема џентелменско однесување на опозицијта ке се претвори во суров ринг на борба до коски ... каде појакит секојпат победува ... А тоа верувам не е идејата и целта на демократијата ...

МОНИКА МАКОВЕЈ - стручњак за крупни риби ...

Ке видиме ли конечно крупна риба во корупциската мрежа на Груевски ... мрежата која до сега фаќаше ситни рибчиња од 5 до 200 евра ... Како и што вети, тој е на пат да ја ангажира Госпоѓа Моника Маковеј, поранешната министерка за правда на Романија - која се прослави со успешната борба со корупцијата и организираниот криминал во својата држава ... изнесе пред суд неколку министри, судии и други корумпирани лица ... направи нов систем на доделување на предмети кај судиите по случаен избор ...

- Моника Маковеј, поранешната министерка за правда на Романија, дефинитивно ќе почне со работа во Македонската Влада на 1 јули.
- … советникот на премиерот Груевски за борба против организираниот криминал и корупцијата ќе биде промовирана на 6 јули.
- … ангажирање
то одеше преку меѓународен конкурс објавен од британската Влада, која и ја финансира, во меѓувреме ќе добие и личен асистент за чиј ангажман е објавен идентичен конкурс.
- Засега е договорено Маковеј да живее и работи во Македонија две години, со канцеларија во Владата, и пред се да извршува советодавна функција.
- Ќе го советува Премиерот во борбата против организираниот криминал, антикорупциските мерки и натамошните реформи што треба да се спроведат во обвинителството и судството, а тесно ќе се соработува и со министрите за правда и внатрешни работи.
- Маковеј во моментов доаѓа од редовите на бриселската администрација.

** Monica Luisa Macovei (/mo'ni.ka lu'i.za OR lu'i.sa ma.ko'vei/), born 4 February 1959, was the Minister of Justice of Romania in the cabinet of Prime Minister Călin Popescu-Tăriceanu. She was widely credited with implementing justice reforms that allowed Romania to enter the European Union (EU) on January 1, 2007. Macovei's efforts against high-level corruption also earned her many political enemies in Romania, which ranks as the most corrupt country in the EU according to the Transparency International Corruption Perception Index.

Prime Minister Popescu-Tăriceanu dismissed Macovei on April 2, 2007, when he reshuffled his cabinet primarily to exclude the Democratic Party (PD) of President Traian Băsescu, with whom he remained engaged in a prolonged and heated public feud.

Импресивен напис на Википедија - од кој секој ке дознае каков е патот на Макавеј ... За мене поинтересна информација е дека се изјаснува како непартиска личност ... Можеи е тоа вистинскиот клуч на успехот ... во борба против организираниот криминал и корупција ...

- Судии ја крадат државата ...
- Романија подготвува рецепт за борба против корупцијата ... „За прв пат во историјата на оваа земја, никој не е над законот“. ... 47-годишната Маковеј поранешна обвинителка која стана борец за човекови права, се соочи со силен отпор од судскиот естаблишмент со силни врски од комунистичкото минато. Сепак, таа успеа да го реформира тоа судство, користејќи „лекови“ како транспарентност, одговорност и конкуренција за врвните позиции. Нејзини најефикасни техники се: јавни и детални пријави за имотот и формирање на Антикорупциска комисија (ДНА).
- Маковеј доаѓа? ...
Моника Маковеј е 48-годишна правничка од Букурешт. Во периодот 1983-1997 работи како обвинител. Од 1997 година до 2004 е адвокат, а од крајот на 2004 е назначена за министер за правда во владата на Попеску. Таа не припаѓа на ниту една партија во Романија ...

scalemoney stopcorruption

Blog Archive

Site Meter