Search This Blog

Friday, February 29, 2008

Норвешка ... Norway ... Noreg ...

Толку не затуцаа со затварањето во МК гето - што иако сакав, не успеав да прошетам по одредени ЕУ држави ... Норвешка, Шведска, Данска, Финска ... Денеска нешто ми светна во глава за Норвешка ... Последен пат сериозно читав за неа во времето на средна школа - тоа било пред 35 години ... многу де ... некојпат кога на ТВ ке имаше добра емисија за Норвешка - ке ја изгледав ... Сега е лесно интернет време е ... пишеш на пребарувач Норвешка и од линк до линк се ке научиш за релативно кратко време ...

Норвешка и Швајцарија се единствените држави кои територијално припаѓаат на Европа а не се членки на ЕУ ... На двапати Норвешка имаше неуспешен референдум за влегување во ЕУ во 1972 и 1994 ... фино им е иако не се членки на ЕУ ... тоа е веројатно бидејки се пребогата земја со енергенси нафта и природен гас ... а и со многу електрични централи во безбројните фјордови ...

Норвешка е со копнена теиторија 307.860 km² (скоро колку некогашна ЈУ ...) но со многу помалку жители 4.574.560 ... (петпати помалку од бивша ЈУ ...) ... нема неписмени ... нема невработени ... социјалната сигурност и просперитет е на светскиот врв ... има скоро 50.000 острови ... и многу многу фјордови (над иљада ...)...

Норвешка е Уставна Монархија ... со која моментално владее Харалд V ... Главен град е Осло ... со 548,617 жители (отприлика колку и нашето Скопје ...) ... Историјата на норвешка е врзана со Викинзите и нивните освојувања ... Скоро четири века Норвешка има заедничка држава со Данска (унија ... од 1397 до 1814 - одприлика во време кога ние сме под Османлиите ... ) ... потоа Шведска воено ја има окупирано Норвешка - но им било дозволено да имаат свој Устав и во тоа време во унија со Шведска ... 1905 Норвешка се осамостојува ( во време на нашиот прв илинден ...) ... се осамостојува со мирен референдум ... Норвешка се прогласува за неутрална и во првиата и во втората светска војна ... но во втората е окупирана од Германија ... Од 49 година сепак станува членка на НАТО ...

Најголем пресврт за економскиот подем на Норвешка е пронаоѓањето на нафта и природен гас во шеесетите години од минатиот век ... се проценува дека нафта имаат за уште седумдесетина години а природен гас за повеќе од стотина години ... Во последно време со северното море се пронаоѓаат и многу нови извори на нафта и гас ... Нафтените платформи се честа слика во Северното море покрај Норвешката обала ...

Норвешка е земја на Лапнците ... (Saami) ... кои се нели изворниот народ на приказната за Дедо мраз ... Лапонци живеат и во Шведска, Финска и Русија ...

Норвешка е нордијска држава ... во која во ова време царува мирот и благосостојбата ... единствен недостаток како да е сонцето ...

Косово и демаркацијата на границата ...

Косово ја продолжува традицијата на - оставање на барем едно важно прашање, кое ке биде незатворено ... а е од важност за МК ... во случајот на Косово тоа е демаркацијата на граничната линија со Косово ...

Македонија го подржа планот на Ахтисари меѓу другото бидејки тој предвидуваше итно затварање на ова незатворено прашање со Косово ... На Македонската јавност и беше предочено дека тоа ке се случи пред да се пристапи кон признавање на Косово ... Но косоварите од ова прават проблем ... велат прво признајте не - па потоа ке го решаваме ова техничко прашање ... кон овој нивен став се придодаваат и нашите представници од ДУИ а зошто да не кажам и ДПА ... Во која држава живее ДУИ и ДПА ... зошто се приклонуваат кон интересите на Косово ... ако живеат и егзистираат во Македонија ...

Од авион се гледа дека уште во старт со Косово ке имаме многу проблеми ...

Албанците на Енвер Оџа беа повеќе од еден век наизолирана нација во Европа - но со паметното бирање на една светска сила за свој пријател - САД ... тие си ги остваруваат своите зацртани цели на обединување на сите територии во кои живеат мнозинство Албанци ...

Thursday, February 28, 2008

НАТО и Србија ...

НАТО ја бомбардираше Србија ... урна многу мостови ... доста фабрики ... возови беа мета ... почна да го распаѓа и електроенергетскиот систем на Србија ... се беше тоа “легитимна цел“ на бомбардирање ... колатерална штета беа многу цивиллни објекти и населени места ... многу цивилни животи ... со децении Србите ке страдаат од канцерогени заболувања - кои се директна последица на таканаречените паметни бомби обогатени со сиромашен ураниум ... НАТО фрлаше и касетни бомби ... многу од нив сеуште не се деактивирани ...

Оној кој даде директна наредба за старт на НАТО бомбардирање Хавиер Солана ... тогашен предводник на НАТО ... сега е ЕУ миротворец кој преговара со Србија ... Чест гостин ни е и во Македонија ...

Србија во поново време повторно ги зајакнува врските со сега веќе многу помоќната Русија ... подпиша многу договори за влез на руски капитал во Србија ... Го подпиша и енергетскиот договор со Русија ...

НАТО гледајки го сето ова како да се спрема на Србија да и понуди членство во НАТО во замена за прекин на договорите со Русија - особено на оние во кои се предвидува разместување на “рускиот ракетен штит“ ... во ова светло не е случајно градењето на супер модерна воена база во близината на МК и Косовска граница - таканаречен Србски Бонстил ...

Не е случајно и тоа што ЕУ со Србија најпрв почна со преговори за укинување на визниот режим ... На Србија се повеќе и се пружа морков ...

Кои се нашите пријатели ?? ... што е нашата цел ??

Во време кога Македонија е на историски крстопат добро е да се запрашаме самите себе: Кои се нашите пријатели ??

Да почнеме од соседите, сеедно по кој редослед:

- Грција ... од Ацета навака грците не не сакаат ... не сметаат за варвари ... ни блокираат граници ... ни блокираат пристап до меѓународни организации ... до НАТО ... до ЕУ ... го тероризираат и не го признаваат МК малцинство ...
- Бугарија ... не ни го признаваат јазикот и националниот идентитет ... ни оспоруваат историски личности ... ни ја оспоруваат нацијата ... не признаа први како држава под мотото - “еден народ две држави ...“ ... исто како и Грција не го признаваат МК малцинство - вршат терор на оние кои се изјаснуваат како такви ...
- Србија ... не ја признаваат црквата ... и велат дека сме “Срби со говорна мана“ ...
- Косово ... да го земеме како “стварен сосед“ - но како “условна држава“ ... ни ја оспорува границата ... често од нејзината територија се уфрлаат криминогени добро наоружани групи ... кои по правење бељи низ МК се враќаат во Косово ...
- Албанија ... е држава која е творец на големонационалната идеја за “Голема Албанија“ ... која предвидува едне третина од МК да влезе во таа Голема Албанија ...

Да одиме кон глобалните сили:

- Турција ... е држава на која сеуште не можеме да и го заборавиме петвековното робство ... и зулумите ...
- Германија ... е нели окупатор ...
- Русија ... тоа е комуњарска држава ... која во многу пресудни за нас историски моменти нема застанато на наша страна ...
- Франција ... никојпат не застанала на наша страна во одредени спорови ... и моментално само фигурира како светска сила ...
- Англија ... исто ко и Франција ... тие две држави беа пресудни да се подели Македонија на три дела ... и сеуште не не гледаат како способни да бидеме држава ...
- Кина ... мислам дека за нив не сме интересни ... осем во случајот со Тајван ...

- САД ... е вистинска енигма ... се осеќаат дека дуваат поволни ветрови за нас од нивната страна ... но некако не се доволно јаки ... во одредени моменти како намерно да го успоруваат ветерот ... како да сакаат преку нас да остварат некоја своја ситна цел ...

Се покажа дека политиката на Глигоров на еквидистанца доживува пораз ... за 18 години не решивме ниеден спор со соседите ... ниту видно мрднавме во еквидистанцата ... Се покажува и дека ЕУ интегративните процеси не ни одат најдобро особено затоа што имаме толку многу конфликти меѓу соседите а имаме и безброј внатрешни конфликти ...

Е, излезот кај е ?? ...

Се виде дека нема излез преку позиционирање на МК во идејата за обединување на Македонија ... од таа идеја профитираа само малкумина ...

Излезот мора да се бара во решавањето на историските спорови со сите соседи - во духот на соработката и толеранцијата ... взаемното признавање на интересите ... и особено добрата економска соработка ... најпрвин мора да се решават гладните стомаци ... да се прават нови работни места ...

За светската политичка сцена да се одберат неколку држави ... во нашиот случај САД и нивните сателити и да се завршат интегративните процеси ...

Решавајки ги крупните внатрешни меѓунационални проблеми - си помагаме себе во севкупното глобализациско интегрирање ...

Нашата цел е да бидеме просперитетна држава на сите граѓани кои живеат во МК без разлика на верата и нацијата ...

Wednesday, February 27, 2008

Караџаферис организира контра митинг во Солун ...

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/535700A1FE39BE4E894AED182DC3FFDA.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Денеска и во Солун ке се митингува ... овојпат во организација на националистичката партија ЛАОС Јоргос Караџаферис ... На балканот повторно станува “време на митинзи...“ ке се бара:

- да се реафирмира барањето на ЛАОС за организирање на референдум на кој народот би се изјаснил за решавање на грчко македонскиот сопр околу името.
- ниеден од предлозите на посредникот Метју Нимиц не може да биде прифатен од атинските власти доколку не добие најширока поддршка од јавноста,која според последните истражувањња на јавносто мислење, во огромен процент (67) е против употребата на терминот Македонија во името на северниот сосед.
- се потенцира дека по името - следното барање на Македонците од Република Македонија ке биде барањето за обединување на сите Македонии ...
- НАТО интегрирањето на РМ да се блокира со вето ...

Сега ако нашите браќа во Егејска Македонија сакаат да ни помогнат - би било одлично да излезат барем едно стотина мажи и мирно да контрапротестираат во Солун и да си ги бараат своите права ...

Република Македонија е заложник на Егејска Македонија ...

Знам дека заради овој напис ке ми се наљутат браќата егејци ... 18 години од осамостојувањето - Република Македонија гордо ја бие битката за своето уставно име ... истовремено трпејки последици и понижувања од Грција на сите меѓународни средби и собири ... дури и во обединетите нации ... Грците го издигнаа проблемот на национален приоритет - и се борат со сите сили да ни оневозможат да се нарекуваме Македонија и Македонци ...

Македонија иако мала и мирољубива земја неможе ни педа да се помрдне во ЕУ интеграциските процеси иако ги исполнува сите барања на ЕУ, кои може да ги исполни ... Сите ја паметиме Грција и Солун во времето од пред 30 години да речеме ... Солун беше паланка ... селата во Егејска Македонија беа заостанати ... Благодарение на влегувањето на Грција во ЕУ и користење на солидарнитре фондови - Солун и Егејска Македонија не само што не престигнаа во развојот и стандардот ... туку сега се за неколку должини пред нас ...

Нашите браќа кои останаа во Егејска Македонија - разрушена по граѓанската војна во северна Грција (Егејска Македонија де ...) како полека да се откажуваат од националните атрибути на Македонецот (Грците си велат ако успеавме со нив зошто не би успеале и со овие ...) ... многу малку говорат Македонски ... и оние кои знаат се плашат да го говорат ... Ги користат современите економски токови и живеат пристојно ... Сакам да кажам осем Виножито и Царкњас ... други национални таласања во врска со македонскиот идентитет како да нема ... Грција како да успеа во текот на овие 50 години да ги асимилира ... особено младите ... тие сега навиваат во спортот за Грција ... служат војска во Грчката армија ... онаа истата која национално не понижува во своите песни ...

Последицата на непромислеата големонационална стратегија на војводата од ДПМНЕ (ЉуБчо ...) дека наредниот конгрес по оној оснивачкиот ке го одржат во Солун ... исцртаните карти на Голема Македонија ... ги чуствуваме долго ... а господинот на база на такви големи идеали - влезе во сите власти во МК ... добро профитираше и сега ни се смешка завален од некоја фотеља во Софија - сеуште земајки плата на грб на Македонецот ...

Република Македонија го бара својот пат на меѓународно етаблирање ... патот во кој мора да го сочува својот идентитет ... за името несакам ни да зборувам ...

Tuesday, February 26, 2008

Сезонска работа ... во странство ...

На крајот на минатата година во Македоија имавме 357.000 регистрирани невработени ... Оној кој ке го реши прашањето на невработеноста ке биде МК херој ... Очито е дека во МК тешко се отвараат нови работни места и покрај сите заложби и на оваа Влада ... желбата да привлече неопходните странски инвеститори е голема - но резултатите се мали ... Од осамостојувањето навака имаме стален процес на трнсформација на капиалот и затварање на големите фабрички системи а и поголемите претпријатија воопшто во областа на Градежништво, Текстилна индустрија, Земјоделие ... Хемиската индустрија ... И оние што одат на работа често се без плати или без пензиско и здравствено осигурување ... А и платите што ги добиваат не се доволни за преживување ...

Младите кои се со соодветно образование - особено од компјутерската струка лесно наоѓаат добро платена работа во ЕУ државите и САД ... Канада прима мигранти во подрачјата кои се на север од нивната територија (богати со ресурси ...) ... Австралија е заинтересирана за земјоделци ... САД и ЕУ државите бараат специфични струки ...

Нашите невработени често излезот го гледаат во временото вработување ... во работата по нафтени платформи и бродови ...

Граежните работници се традиционално барани за работа во ЕУ државите ... Германија, Италија, Чешка, Словенија, Русија ... Хрватска, Грција и во последно време и Црна гора бара работници за Хотелиерството ... собарки, кувари, келнери, но и тука се барани градежни сезонски работници ... Плаќањето е далеку помало од очекуваното ... но бидејки е обезбеден смештај и исхрана - нашите луѓе се во ситуација на “дај шта даш“ и прифаќаат и вакви вработувања ... Во Англија традиционално се бараат беби ситерки и медицински сестри ... медицински сестри се бараат и во Германија ...

ПРОТЕСТ ...

Граѓани на Република Македонија, дојде време кога навистина треба еднаш засекогаш сплотени во едно тело, категорично да кажеме дека за нашиот милениумски идентитет - нема компромиси!

За таа цел, ве повикувам сите граѓани на мирен собир, каде ќе му покажеме на светот дека за нас името и идентитетот ни се свети работи, и не подлегнуваме на ниедна непријателска пропаганда, за тоа да исчезне!

Македонија е најстарото име на планетата Земја! Зарем ќе дозволиме некој да ни ја одземе?

Нека не ве интересира боја, нека не ве интересира политичка партија, Македонија ни е на сите најважна!

Среда, 27.02.2008 19.00h

Плоштад „Пела“ - Скопје

Ќе има обезбедено бесплатен превоз и за граѓаните кои сакаат да присуствуваат од другите градови на Македонија!

Искажи и поддршка на владата на Македонија, за да каже стоп за било какви компромиси во однос на нашето име и нашиот идентитет!

Нема компромис!

П.С. Шири ја веста. За тебе се работи!

Avtobuski prevoz:

Bitola 15:00 Hotel- Epinal

Prilep 15:30 Gradski stadion- Goce Delcev

Kavadarci 16:00 Stara avtobuska stanica

Stip 17:00 Gradski stadion.

Strumica 15:00 Spomenik-Goce Delcev

Kicevo 15:00 Avtobuska stanica

Ohrid 15:00 - Nova Avtobuska Stanica

Radovis 16:00 - pred Stokovna (inf: Alfa Radio 632 499)

Napomena:

Od pomalite gradovi sekoj sto ke ima grupa od nad 30 osobi da se prijavi na ovoj forum na ovaa tema najdocna do utre, Vtornik 26.02.2008 do 22 cas.so ostavanje na tel.broj za kontakt tuka:

Related topics:

Monday, February 25, 2008

Време за “чергари“ ... Ново Лисиче ...

Ново Лисиче и Аеродром е едно од омилените места на скопските “чергари“ ... кои преживуваат од собирање на стара хартија и од ПВЦ флаши ... а дечињата просат по блиските раскрсници ... коњите си пасат трева во зелените површини ...

Вчера се рашетав малку и направив неколку фотки:

Како се гледа во прашање се четири фамилии чергари ...

Една од импровизираните куќички одблизу ...

Има присаство и на механизација ... автомобил и мопед ...
во левото ќоше е една од балите со ПВЦ шишиња ...

и запрегата е тука ... мирно пасе ...

Оваа Чергарска населба - која во истовреме е и “бизнис центар“ за собирање на стара хартија и стари ПВЦ шишиња е близу до трафостаницата во Ново Лисиче ... веднаш до Вардар ... во една мала дупка за да не се гледа од патот ... Вакви чергарски населби никуваат секое лето ... на неколку месеци ги рушат ... но тие повторно се враќаат ... Има деца кои тука се родени а сега ствараат свои фамилии ...

Собирајки старо железо ... оваа група на “бизнисмени“ ... собра се што можеше да одкорне од шахтите и сливниците за вода ... па мораше да се ставаат нови шахти овојпат бетонски ...

Летно време покрај блиските чешми и фонтани - имаме ситуација на туш кабини за истиве групи на чергари ... често знаат да просат од врата до врата ... а и најбројна група на коледари се ...

Sunday, February 24, 2008

Нимиц пер ... го претера брат ...

Последниот предлог на Нимиц е понижувачки за Македонија ... особено пропратниот дел ... кој објаснува како и каде ке се употребува името Македонија и Македонец ...

Од оноа што излезе по весниците Нимиц дефинитивно дава “непристоен предлог“ за таканаречениот спор со името ... На Нимиц како да му ветија едно острово на егејот ... друго објаснување немам ... бидејки 95 проценти од последниот предлог - како да го пишувала Бакојани а не Нимиц ... дури сега ја разбирам широката насмевка на Бакојани по последната посета на УСА ...

Сите како да се здружени да не не биде ... се разбира највеќе мислам на комшиите и на многу од нашите “државници“ ... кои работат на наша штета ...

И Бугарија не фиромизира ...

На саемот за туризам кој деновиве се организира во Софија ... организаторот на саемот откако реагирале грчките представници на саемот - дека, ако не се одстранат таблите со написи “Република Македонија“, ке го напуштат саемот ... организаторот на саемот (значи бугарите) ги симнале таблите ... по кое МК представници го напуштиле саемот ...

Значи и Бугарија не фиромизира - со што фати страна ... дали е ова некој знак кој сака Бугарија да ни го прати во време кога спорот со името добива на драматика ... додуше знаат да не фиромизираат и домашните Албанци кога истотака сакаат да пратат некаква порака ... а тоа се има случено и во Србија ...

Saturday, February 23, 2008

Ми се мачи кога деновиве ке слушнам ... “Грк“ ... “Грчко“ ...

Деновиве кога ке ги слушнам или прочитам поимите Грк, Грчко ... имам осеќај на мачнина во стомакот ... ми се повраќа ... Како само успејаа да го убедат Нимиц да искочи со онаков предлог - за таканаречениот спор што се води околу името ... Така како е срочен исаѓа дека сите оние кои векови наназат умираа со умисла дека се родени Македонци биле во заблуда ... Грците толку не мрзат нас Македонците ... оние кои умираа на бојно поле со мисла дека се борат за слободна Македонија ... “Аце “ сигорно се превртува во гробот ... нели одсекојпат не сметале за “варвари“ ... не сакаат ниту да помислат дека од Македонија ке остане да опстојува некој дел - кој сеушто слободно ке се нарекува себеси Македонец а територијата ке ја нарекува Македонија ...

Во сето ова успеваат да ги убедат и ЕУ државите кои од Лисабон навака - Македонија ја направија наизолирана држава во светот ... генерации на Македонци се немаат прошетано во соседните ЕУ држави ... го немаат видено Париз, Лондон, Рим, Берлин ... Во 21 век држава која територијално припаѓа во ЕУ е островски изолирана држава ... бетер сме од Енвер-оџина Албанија ... ни фалат само бројните буккери и бодликава жица на границите ...

Грците покушаваат своето право на вето да го прошират и на ЕУ интеграциите ... еве се зборува дека ке дадат вето и за ослободувањето од визниот режим ...

Friday, February 22, 2008

“Младите“ ... знаат ...

Завчера беа организирани протеси од невладината „Младите знаат“ ... поводот беше барањето да го промениме името ... Требаше да се организираат мирни протести на плоштадот Македонија ... но за жал протестите ескалирале во два смера ... едниот смер е каменувањето на Грчката канцеларија за врски ... оштетени биле и неколку автомобили ... и другиот смер е извикување на погрдни пароли на сметка на Албанците ...

Еве како известуваа новинарите и дел од блоговите:
- Видовме колку знаат младите ...
-
„Младите знаат“ да оплескаат ...
- Протестите излегоа од контрола, каменувана грчката амбасада ...
- Најдобра одбрана на името е напад на амбасадата ...
- Обезбедувањето на СДСМ каменуваше ...
- Прекршочна пријава против организаторот на протестот ...
- Осуда за вандализмот на протестите во Скопје ...
- Грчките медиуми за вчерашниот протест ...
- Лоши млади лоши! ...
- Партиите го осудија каменувањето на грчката амбасада ...
- „Мирен“ протест веќе не ја гледа Феми!
** Едно име, едно име, Македонија, fuck greece, Бакојани Курва...
- Младите дефинитивно ништо не знаат ...
- Пред Грчка Амбасада ...
- ПРОТЕСТ - ФИЈАСКО ...

Сите и партиите и новинарите ги критикуваат младите ... Но дали се младите криви ??! ... Како се организираат големи протести ... треба да учиме од соседството ... еве денеска протест има во Стбија ... сетите на протестите во Солун ...

Сакам да кажам дека партиите испраа раце од “Младите“ ... но дали се тие вистинските кривци ... може ли под млади да се сврстат четириесет годишњаци - кои даваат “упатства“ ...

Искрајно не бев на протестот ... едноставно за мене тој беше предвреме организиран ... аматерски ... башка што сеуште не знаеме кои се‘ опциите на маса ...

Се сеќавам на еден протест каде бев - кој истотака го организираа едни други млади ... Протестот за укунување на визите - “Виза ај батали“ ... тогаш младите ни тревка не згазија ... а по завршување на протестот собраа - евентуално расфрлениот пропаганден материјал и по упатеното протесно писмо до Фуере ... кој не ги удостои тогаш младите ... не ги прими ... Протестот почна пред Ввладата ... младите се обратија и на Владата ... и таа не ги удостои - да ги прими .... Немаше голема бројка на протестанти ... но пораката беше испратена и еве по година ипол има видливи резултати ... тогаш дел од младите на ВМРО-ДПМНЕ (оние што сега се во парламент ...) сакаа да профитираат ... но се заврши само на нивни изјави за медиумите ... во протестот не учествуваа ...

Како тоа тие млади тогаш знаеа - а овие “млади“ - незнаат ... ??!

- ПОСТЕРИ - ВИЗА, АЈ БАТАЛИ! - VISA, FORGET ABOUT IT!
- ВИЗА - ај батали! - Не играј пред амбасада, играј на подиум
- НЕ ЗА ВИЗИТЕ И ВИЗНОТО ГЕТО !! - Виза, ај батали!
- ВИЗА ПРОТЕСТИ - посета на организаторите
- Силата е во младите ...

Постот настана по револтот на мојот пријател Бидиков - кој на својот блог пиша пост: Што е новинарство? кивен на дел од новинарите кои не ја виделе целата вистина ...

За Референдумот ... околу името

Зошто Груевски сака референдум за името а опозицијата е против ... сосе партите на албанскиот блог ...

Власта која е во овој момент носи голема одговорност пред себе за било каков потег ... Ако го смени името ке биде окарактеризирана како предавник на народот и на избори ке изгуби катастрофално ... би ги спасило само осетно подобрувањето на стандардот и зголемувањето на вработувањето ... Ако пак не прифати ке ја обвинат дека не знаела да ја искористи шансата (историската шанса ...) да се реши проблемот на изилација на Македонија со влегувањето во НАТО и ЕУ ...

Опозицијата пак несака да има референдум за името ... за да може одлуката на власта да ја напаѓа на избори ... или како предавници ... или како неискористена шанса ... А албанците се посебна приказна .. тие не сакаат да се решава статусот на Македонија ... сакаат да ловат во матно и еден ден да си прогласат своја “Илирида“ пандан на Косово ... и т.н.

Мислам дека Грција нема да прифати ниеден од предлозите - кои се колку толку прифатливи за Македонија (не менување на уставното име ... туку менувањето на ФИРОМ ...)... а власта во никој случај нема да се согласи за име кое би го загрозувало националниот идетитет ... барем оваа Влада нема да попушти ... СДСМ попушти на времето на настанувањето на ФИРОМ ... тогаш имаа скоро две третинска подршка ...

Ако требало да се попушта за името требаше тоа во старт да се направи ... Политичариите треба да знаат и да умеат ... да антиципираат ... а не сега да мудруваат од сенка на опозицијата ...

Како и да е не бисакал да сум му во кожата на Груевски ... мислам дека по ова че изгуби дел од својот рејтинг - било како да се развие ситуацијата ...

Thursday, February 21, 2008

Стопанството по мерка на големите - особено странските инвеститори ...

Малите фирми повеќе не се во мода ... економските закони се носат по мерка на големите - особено странските инвеститори ... Малите инвеститори - како да ја не се веќе интересни за државата ... со најновите измени на Законот за Данок на Вкупен промет - државата (преку контето ...) ни соопшти дека ако не се успешни нека се затворат ...

Во Македонија единствени странски инвестиции се големите супермаркети ... Веро, Тинекс, трговскиот центари во сите поголеми населби, Трговскиот центар “Коч ...“ ... словенечкиот трговски центар МЕРКАТОР... кај Скопски саем ERA City ... Хубо маркет ... и уште два во најва еден од србска “Делта“ и еден од грчка провинциенција ... го заборавив Енерготуш ...

Е на овие големи трговски центри вода им матат малите гранапчиња и продавниците отворени на тезгите во зелените пазари ... Големите ја притискаат државата да им ги отежне условите за работа на малите (еве нов данок им воведе ... за да им остапи простор бргу да си ги вратат инвесициите ...

Слична судбина треба да доживеат и скопските таксисти кои возат со разновиден возен парк ... помоќните издејствуваа закон со стандарди во такси превозот ... со што такси превозот се очекува дека значително ке поскапи ...

Кога веќе го спомнав новиот данок на вкупен приход - конечно искочи упатството кое го преоиша Министерот за финасии - образецот РДО-ВП ... но образецот иако излезен во Службен весник е грешен и сега се преправа ... а до крајот на рокот за завршните сметки има само уште недела дена ...

Уставниот суд се нема сеуште произнесено за евентуалната неуставност на Законот за Данок на вкупен приход ...

Над стандардот на народот се нависна и многу големиот пораст на цени во Јаноар и Феброар ... што ке предизвика последици за ребаланс на буџетот ... за домашниот буџет никој одавна и не се интересира ..

Wednesday, February 20, 2008

Од сите страни Ѓорѓи сардисан ...

Во овие денови Македонија е сардисана од сите страни ... Косово нова држава и нејзиното признавање ... како и контрамерките од Србија ...

Спорот со Грција во врска со нашето име - а во светло на НАТО и ЕУ интеграциите ... Актуелната власт-Влада е на вистински маки по кој пат да појде ... ??

Tuesday, February 19, 2008

Судбина ... борба за егзистенција ...

Утрово во дуќан влезе муштерика за да надополни кредит на мобилниот ... Ме изненади бидејки се осмели да ме праша за совет ... на кратко ми ја раскажа својата приказна ...

Госпоѓата е на возраст од 37 години (предпоставка ...) мажена ... и дваицата потекнуваат од источна Македонија ... Во битката за егзистеција се доселуваат во Скопје и во целиот свој брак се под кирија ... 150 евра ... Имаат две прекрасни дечиња на возраст ко од приказната за Ивица и Марица ... (која им ја раскажав во еден момент) ... често дечињата знаат да ми го разубават денот ...

Госпоѓата економист по вокација работела низ Скопје секакви работи ... сендвичара ... ресторанти и незнам што ... Господинот е гимназијалец кој се повеќе се наоѓа во професијата молер ... И дваицата таму каде што работат, работат само за плата без пензиско и здравствено осигурување ... значи на полу-диво ... Бидејки ги притиска киријата бараат излез за легална работа ... за самовработување ... но свесни се затоа дека неможе бизнис да се започне без десетина иљади евра ... на мое големо изненадување ме замоли да и кажам дали можам да најдам човек кој дава пари на заем ... со тоа да како залог стави стан од свекорот - кој не живее во Скоје ... Најпрвин се изненадив што ме прашува ... но видов дека е упорна ... реков и да знам таков човек нема да ти го препорачам - бидејки тоа е криминално дејание ... лихварство ... и многу често таквите “бизниси“ не завршуваат убаво ...

Откога се обидов да ја разубедам во идејата дека е тоа многу голем ризик во овие турбулентни денови ... видов дека очајот да си најде свој бизнис е голем ... и посочив дека владата дава кредити за самовработување ... ме убедуваше дека условите биле такви да прво парите не и се доволни (3000 евра) за да одпочне бизнис ... и дека сеуште мисли дека е најдобро да земе пари на заем од лихвар ...

Втора идеја што ми падна во мометот на очајот на госпоѓата беше да ја посоветувам да побара работа во странство, ако веќе тука се и изгледа безнадежно ... ми рече дека е страшно исплашена дека многу од агенциите се всушност измамници ... ке ти ги земат парите па потоа ја гаснат агенцијата ... се сетив дека тоа е вистина .... и пак се запрашав зошто државната агенција за вработување нема одел кој би вработувал вакви млади и здрави луѓе кои не можат да се снајдат во МК - за работа во традиционалните земји кои примаат ваков кадар: Канада, Америка, Австралија, Нов Зеланд ... земјите од ЕУ ...

Незнаејки како да и помогнам на госпоѓата и реков најпрвин да преспие неколку ноќи и воколку потоа сеуште стои на мислење дека треба да се иселува во Македонија - дека ке побарам на интернет се што може да се најде како информација за ваква работа и ке и дадам телефони и меил адреси за да аплицира самата ...

Навистина жалосно што поштените луѓе родени во МК неможат да си најдат работа во својата држава ...

Косово ... Kosovo ... Kosova

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/57FFC878F1E1D54597E95EAFB16366C0.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
Интересна е оваа карта на Косово која ја направил за свои потреби Ројтерерс ... Погледнете само како се исцртани етничките граници на албанците ... зафатен е дел и од МК ...

Бидејки викаме дека добивме нов петти сосед - да видиме кои се бројките за Косово ...

** Kosovo (Albanian: Kosova or Kosovë, Serbian: Косово, Kosovo; see: Names of Kosovo) is a self-proclaimed and partially recognized landlocked country in southeastern Europe, disputed by Serbia. It borders Serbia proper to the north and east, Montenegro to the west, and Albania and the Republic of Macedonia to the south. It has a population of just over two million people, predominantly ethnic Albanians, with smaller populations of Serbs, Turks, Romani people, Goranis, Bosniaks, and other ethnic communities. Priština is the capital and largest city.

- Ethnic groups (2007)

- According to the Kosovo in Figures 2005 Survey of the Statistical Office of Kosovo, Kosovo's total population is estimated between 1.9 and 2.2 million in the following ethnic proportions (but many pre-1999 Kosovar Serbs and individuals from other ethnic groups originally from Kosovo now live in Central Serbia, about 250.000-350.000). The estimate from 2000-2002-2003 goes (a 1,900,000 strong population):

- Area 10,887 km²
- Official languages - Albanian, Serbian
- Recognised regional languages - Turkish, Gorani, Romani, Bosnian

- Kosova was known in antiquity and up to the 19th century as Dardania (from Albanian word dardhë = pear; literally Pearland) after the Illyrian tribe Dardani. Historical sources mention a Kingdom of Dardania as early as 4th century B.C., while Greek and Roman historians describe its people as hardworking, hospitable, and of an advanced civilization. Prominent kings include Longarus, Monunius, and Bato, who engaged in frequent wars against Macedon and achieved numerous successful victories. There is also an account of wars with the Celts. Dardania was well-known for its gold resources and ancient writings describe the Dardani as fine producers of jewels. Major cities included Damastion, Naissus (Nis), Scupi (Skopje), and Ulpiana.

** Косово и Метохија (скраћено: Космет или КиМ, алб. Kosovë/Kosova) је аутономна покрајина Републике Србије.

- Назив Косово потиче од словенске речи кос - црна птица. Име Метохија долази од речи метох, којом су називана црквена имања (земљиште у тој регији је било у власништву Пећке Патријаршије).

- У античко доба простор данашњег Косова и Метохије се називао Дарданија. У трећем и другом веку пре нове ере, овим регионом су владали дардански краљеви: Лонгарус, Бато и Монуниус, као и Етута, Монуниусова ћерка. Косово и Метохија затим долази под власт Македонаца, Римљана, Византинаца и Бугара, да би од дванаестог века било у саставу српске државе (између 1190. и 1459. године).

- Приближна демографска слика Косова и Метохије према процени УН из 2002. године. Укупно становника: између 1,7 и 1,9 милиона.

- Историјата на Косово заслужува да се прочита .. бидејки тоа ни е “соседна држава/територија“ ... има доста испретплетена историја ... Интересно е да се анализира бројот на Стбите и Албанците а Косово ... ке се дојде до слични проценти на постепено иселување на Србите како и на Македонците од западна Македонија ...

- Многу интересен податок е состојбата со Гораните кои према Енг.вики. говорат “Горански јазик“ ... незнаев дека има таков ...

Blog Archive

Site Meter