Search This Blog

Friday, May 25, 2007

АРХЕО-ЦРКОВЕН туризам - МАКЕДОНИЈА

Повеќепати до сега се имам изјаснето дека Македонија бидејки нема море ... ака сака да развива туризам треба да развива една спеифична гранка на туризам која е во подем во светот ... Грција и Италија се сведски велесили во ваков туризам и од нив треба да учиме ... доволно е да го ископираме нивниот модел - за да не бараме топла вода ...

Под АРХЕО-ЦРКОВЕН туризам подразбирам оформување на специфична туристичка понуда која би би ги обфатила нашите најпознати и истражени Археолошки локалитети ... најбитните цркви и манастири ... сето комбинирано со соодветни приказни и легенди кои треба да ги примамат туристите да дојдат ... а комбинирано со:

- Понуда на бањски туризам за што има и понуда и традиција во Македонија ...
-
Селски туризам за што постојат огромни можности но нема доволно квалитетна понуда ...
- Планински туризам во лето и во зима - истотака има огромни можности но нема соодветно доволни капацитети ...
- Поврзано со планинскиот туризам е секако промоцијата на Пештерите во Македонија ... секако и многуте Лековити билки и Тревки од МК планини ...
- Да не ги заборавиме природните езера кои имаат и своја специфична понуда и
- Неколкуте прекрасни вештачки езера ...

Бидејки во Македонија се злоупотреби поимот “Стратегија за развој ...“ (за се и сешто се прави стратегија за ...), неможам да го употребам правилно поимот тука .... но секако горенаведената туристичка понуда - би влегнала во некоја таква Стратегија ...

Во некоја таква “Стратегија за развој на туризмот во Македонија“ ... целна група би били милионите светски пензионери - кои имаат време, пари и желба да прошетаат и запознаат земји и краишта за кои слушнале прикани но никојпат немале шанса да ги посетат заради немање на време ... Што е најчудно Владата веќе иницирала ваква Стратегија за развој на туризмот во Македонија ... а има и слични други документи ... но Владата повеќе верува на странски консултански куќи кои треба да ни направат ваква Стратегија ...

Се пробуваше со туристичка промоција преку Си-Ен-Ен ... Самиот во еден друг текст укажував дека со промоција на нашето културно наследство може и да се заработува ... Новинарите често укажуваат на нелогичноста што не се користат потенцијалите на Македонија во Туризмот - Весна Ивановска во Дневник има нов убав напис:
ЗОШТО КУЛТУРНИОТ ТУРИЗАМ ВО ЗЕМЈАВА СЛАБО СЕ РАЗВИВА - Туристичка Македонија поскапа од Дубаи ...

- Македонија ниту има средени археолошки локалитети, атрактивни за да привлечат гости од странство, ...
-
Ниту има туристички понуди што може да ги намамат странците да дојдат и да го видат нашето културно богатство ...
- Имаме само три недоистражени археолошки локалитети, кои не нудат ништо ново за гостите од странство. Тоа се Стоби, кај Градско, централниот дел на Хераклеја Линкестис кај Битола и Плаошник над Охрид.
- За да се развива културен туризам во земјава, прво треба да се истражат археолошките локалитети. Во Македонија ниту еден локалитет не е целосно истражен. Што ако имаме стотици локалитети кога немаме приказна?!
- Домашните туристи малку се заинтересирани за овој вид туризам, дури многу од нив не се информирани каде се наоѓа Стоби.
- Нашите партнери од странство бегаат кога ќе ги слушнат цените. Општо сме скапи како туристичка дестинација. Се' е скапо - превозот, хотелското сместување, туристичките водичи ...
- Од 737 до 898 евра чини деветдневна тура низ Македонија, а на интернет ја нуди нашиот национален туристички портал „Експлоринг Маседонија“.
- Четиридневна „културолошка“ тура до Грција, со три ноќевања и посета на манастирските комплекси Метеори, Света Гора и локалитетите Пела и Вергина чини околу 5.000 денари. Слична тура во Македонија, со посета на Охрид, Хераклеја, Стоби и некој од манастирите би чинела околу 12.000 денари ...

- Го имаме само брендот „Македонија“

- arheologija ... crkvi ... manastiri ...
- Makedonija ... Македония ... Makedonien ... Μακεδονία ... Makedonie ... Macedonia ... Macédoine ... Makedonya ...
- legenda ... selski turizam ... planinski turizam ... ezerski turizam ... banjski turizam ..

3 comments:

HAEMUS said...
This comment has been removed by a blog administrator.
HAEMUS said...

И јас кај мене на блог дадов коментар за соодветниов напис во Дневник. Повеќа пати имам пишувано на темата ,,културен туризам во Македонија", чија база се нормално туристичките агенции. Но со исклучок на неколку сериозни туристички агенции (за жал претежно лоцирани во Скопје), останатите не се дораснати да ја сносат одговорноста за културната понуда во Македонија.


Македонија е без стратегија за заштита на културното наследството, а за туризмот и да не зборуваме, бидејќи тој се базира токму на тоа материјално и духовно наследство. Не постојат соодветни туристичи водичи, брошури, информатори или популарни книги во кои граѓаните на Македонија можат на свој јазик да прочитаат за културно историските споменици во некои од градовите или за одделни региони.

Зборуваме за реални работи Волане. Промоцијата на она што ти го нарекуваш архео-црковен туризам, треба да почне многу време пред да биде изнесена на пазарот понудата со крајните цени. Многу од локалитетите значајни за Македонија со години чекаат да станат културните споменици. Навистина не ми е јасна ваквата пасивност на институциите кон нашето наследство, за која сме сведоци секојдневно, а одбраната се крие за зборовите ,,немаме доволно пари".


Воглавном имаме се што ни треба. Тогаш кој е проблемот што не спречува to do something about it. :)

Археолошки дневник vol.

Photo Volan said...

проба

Blog Archive

Site Meter