Повеќе »..... more ».....
- Течението на Серава ...
- Старото течение на Серава ... Имено до земјотресот, црвениот дел од сликата беше старото течение на Серава, која (каналси...) преку Чаир и Стара Чаршија - одеше до МАНУ и тука се вливаше во Вардар ... Проектантите на Скопје го изменија течението на Серава ... тој дел стана колекторски систем за атмосферска и канализациона мрежа ... така да новото течение оди према Аквадуктот , ја обиколува Касарната Илинден, и покрај стовариштата во Момин Поток се влива во Вардар ...
- Населба Радишани ...
- Обиколницата ...
- Градски Гробишта Бутел ...
- Село Бутел ...
- Населба Бутел 1 ...
- Чаир ...
- Касарна Илинден ... бовша Маршал Тито ...
- Булевар Словенечка ...
- Аквадуктот ...
- Вардар ... местото каде сега се влева Серава ...
На Мапата се гледа каде е денешнототечение на реката Серава, која извира на падините на Скопска Црна Гора, некаде над Побожје и Бродец ... Всушност се работи за низа од повеќе потоци кои ја формираат реката Серава ...
- Извори на Серава се наоѓаат на скопското подрачје, односно на југозападните падини на Скопска Црна Гора. Но, тоа не е еден извор, туку дури пет.
- Најполноводна е Побушка река чии извори се и најдалеку во планината, а потоа минува крај селото Побожје.
- На исток од неа е рекичката Турчевска,
- а уште понаисток Љубанска рака, во која се влева Мала Река, во самото село Љубанци,
- а некаде под селото се соединуваат сите наброени реки и така ја сочинуваат Радишка река, така наречена зашто подолу минува низ селото Радишани.
- Овој букет од планински рекички ќе го надополни уште една мала река, а тоа е Љуботенска река, која минува низ истоименото село.
- Не многу по напуштањето на селото Радишани и неговата клисура, Радишка река ќе навлезе во рамното и плодно бутелско поле, ќе го промени името во Серава и така, сечејќи го уште и Топанско поле и Скопје, се влевала во Вардар, кај Новиот мост, близу хотелот Скопје, сега Холидеј Ин.
- Љубанци
- Љуботен
- Женски Манастир Св. Никола
- Пат кон Радишани и Скопје
- Бродец
- Побожје и подолу Кучевиште
- Изворни подрачја на серавскиот слив
- Сртот на Скопска Црна Гора
Вака изгледаат дел од потоците од кои во горниот дел е составена Серава, конкретно ова е во Љубанци ...
Оваа фотка е сликана малку погоре од предходната ...
Изворите за водата за познатиот Скопски аквадукт, кој ја хранел со питка вода старото јадро на Скопје се истотака на подножјето на падините на Скопска Црна Гора: - според англискиот археолог Артур Џон Еванс, е изворот "Лавовац" кај селото Глуха (Глувово) на планината Карадаг (Скопска Црна Гора)
- според Светозар Томиќ, е изворот наречен "Лаоац" или "Лавовец," во селото Глуово или Глуво во Скопска Црна Гора
- според Данило КОЦЕВСКИ селата Глуво и Бразда (под селото Бањани и црквата Свети Никита). Местото од каде што извирала водата се нарекувало Лаовец, а во турскиот период постоела и мала зградичка (каптажа) која го заштитувала изворот. Ако и денес поминете низ селата Бразда и Глуво, ќе забележите интересна хидрографија, рекички од кои некои се спојуваат и продолжуваат долу, кон низината.
- според Надежда Катаниќ и инж. Милан Гојковиќ се протега во должина од околу 7,5 км од Бразда до Касарната,
- Реката Серава е една од тие реки што низ милениумите давала посебен акцент на роматичноста на Скопје, зашто е прва која го делела на два дела. Таа е прва, зашто некогаш, не толку одамна, Скопје лежел само на левиот брег на Вардар. Со префрлувањето на десниот брег, Серава ќе го загуби приматот на најскопска река. Сепак, нејзините извори се наоѓаат на скопското подрачје, односно на југозападните падини на Скопска Црна Гора. Но, тоа не е еден извор, туку дури пет. Најполноводна е Побушка река чии извори се и најдалеку во планината, а потоа минува крај селото Побожје. На исток од неа е рекичката Турчевска, а уште понаисток Љубанска рака, во која се влева Мала Река, во самото село Љубанци, а некаде под селото се соединуваат сите наброени реки и така ја сочинуваат Радишка река, така наречена зашто подолу минува низ селото Радишани. Овој букет од планински рекички ќе го надополни уште една мала река, а тоа е Љуботенска река, која минува низ истоименото село. Не многу по напуштањето на селото Радишани и неговата клисура, Радишка река ќе навлезе во рамното и плодно бутелско поле, ќе го промени името во Серава и така, сечејќи го уште и Топанско поле и Скопје, се влевала во Вардар, кај Новиот мост, близу хотелот Скопје, сега Холидеј Ин.
- Почнувајќи од нејзиното устие, па нагоре кон изворите, кога во 518 г. со силниот земјотрес бил наполно разурнат античкиот град Скупи, со уште други 24 градови, тој се преселил на Скопското кале и околу него, а со тоа и на бреговите на Серава. Тој град според античкиот историчар Прокопиј, го изградил големиот Византиски император Јустинијан Први, кој според историчарот е роден во денешното село Бадар, тогаш Бадеријана. Јустинијан наредил брзо да се изгради нов и убав град со водовод, плоштади, раскошни згради и христијански храмови. Тие доминирале на Калето, но и преку Серава на малото брдо Саат Кула. Така значењето на малата Серава пораснало. Заедно со модерно урбанизираната метропола таа придонесувала тој да стане град достоен за Императорот. Меѓу многуте храмови, мошне богати по својата архитектура и живопис, кој не е сочуван, се споменуваат Св. Богородица на Калето, Св. Ѓорги Горгонос на Саат Кула. Во 7век Скопје го зазеле Словените, и се до доаѓањето на Османлиите, градот на Серава доживеал и падови и растеж. По двете востанија на Петар Дељан и Ѓорги Војтех, Скопје станал и престолнина на Душановото царство, а при неговите наследници царството ќе се распадне под притисок на Османското царство. Тогаш Скопје ќе се нарекува Усќуб, а неговата важност нема да престане. Затоа пак ќе настанат големи промени, како за градот, но и за малата Серава. Така, меѓу другото, на урнатините на црквата (манастирот). Св. Ѓорги Горгонос на ритчето Саат Кула, ќе се изгради исламскиот храм "Султан Муратовата џамија" или Хјунќар, по заповед на самиот султан Мурат Втори, во 1436 г. За неа велат дека е најубавата џамија на целиот Балкански полуостров. Џамијата двапати страдала во пожар, но ја обновувале пак самите султани: Сулејман Величествениот, а потоа и Ахмет Трети. Колку Серава била значана и важна во овој период говори и фактот што на нејзините брегови биле изградени важни објекти и комплекси: Старата чаршија, од двете страни, Безистенот, Сули ан, Капан ан, Чифте амам, Саат кулата, Алаџа џамија и др. Растежот на градот ги присилил градските турски власти уште во 14 век Серава да ја скротат претворајќи ја во отворен канал. Тој бил најважниот, бидејќи постоеле и други. Како отворен канал Серава се протегала уште од нејзиното влетување во градот, таму некаде кај сегашното ОУ "Даме Груев". Така Серава веќе не била украс за градот, туку во неа, од споменатите јавни објекти и од дуќаните блиски до неа се фрлале отпадокот и ѓубрето, особено од кожарските работилници, што претставувало 4,5 вековно загадување. Тоа, според пишани документи, предизвикало чести заразни болести, па и епидемии на колера. Таква била во времето на навлегувањето на австриските војски во Скопје на чело со војсководалот Пиколомини, кој поради тоа и го запалил Скопје. За да се отстрани делумно таквата опасност, но дури во 1897 година, градоначалникот на Скопје Хафис паша наложил каналот Серава да се покрие и тоа од Бит Пазар до вливањето во Вардар во должина од 1.200 метри, а со димензии 3,5х1,70 метри. Тоа претставувало и првата покриена канализација во Скопје, а со тоа се создале услови Серава да ја има и улогата на фекален колектор, зашто кон неа имало и каналски приклучоци од имотите што се наоѓале во нејзина близина. За тоа време, тоа било модерен комунален објект, а ќе служи се до прекинувањето на текот на Серава во седумдесетите години на 20 век. Иако подалеку, и фекалиите од Куршумли ан преку сопствен канал, изграден заедно со анот во 16 век се вливале во Серава. Тој водел по денешната улица "114". Улицата под која се наоѓаше каналот по ослободувањето го носеше името на народниот херој Стив Наумов. Таа улица се до земјотресот, беше една од најромантичните во тој дел на градот и со згради чиј изглед беше "европски".
- Серава до седумдесеттите години од минатиот век, мирно и тивко течеше низ некогашните Топанско поле и Бутел, меѓу ширните ниви и лозјата. Нејзиното коритце оддалеку се забележуваше, благодарејќи на дрвјата од двете страни. Навлегувајќи во градот една уличка беше нејзино корито обградено со камени блокови. Беше широко 3 метри, па од уличката имаше само тесни тротоари по 1,5 метар. На места реката ја прескокнуваа мали мостчиња. И од двете страни се редеа ниски ориентални куќи со мали пенџериња и високи sидови колку и куќите. Во тоа време, иако беше до Бит Пазар отворен канал, немаше осетлива загаденост зашто нејзините соседи имаа чувство на одговорност и срам ако пред нивниот простор има ѓубре. Таа каналска уличка, ги делеше маалата Топаана десно и Чаир лево, но и од двете страни имаше слепени дуќанчиња со кепенци. Таквиот амбиент секогаш влечеше да се мине и да се доживее ориенталниот амбиент и патина. Некаде околу педесеттите години на една лединка до самата река се изради основното училиште "Васил Главинов". Во пролет често можеше да се видат учениците кои своите часови по ликовно ги поминуваа во нивата со луцерка овековечувајќи го во своите блокчиња пејзажот на раззеленетите дрвја виснати над коритото на Серава.
- Минуваа годините, Скопје го зафати земјотресот во 1963 г. и градот почна да се шири и бргу ги јадеше плодните ниви од двете страни на реката. Постојната, некогаш економија "Топаанско поле", се претвори во населба "Топанско поле". Чаир не остана назад. Така Серава се најде приклештена меѓу населбите. Но не за долго. Набргу, Топаана и други блиски населби беа пресечени од таканаречената Јадранска магистрала. Со неа беше пресечена и коритото на Серава. Но не само од неа, туку и уште од други две, со што Серава стана неподобна за тој дел од градот. За да стигне до Вардар, одговорните измислија "генијално" решение - Серава да тече, наспроти сите логистичности, на северо-запад, над градот пак како отворен канал, низ Визбеговското поле. Така таа на својот нов пат ќе поминува под "Римскиот водовод" (споменик на културата), ќе го сече стариот Качанички пат - џаде, но и "Јадранската магистрала" и своите скромни води ќе му ги подарува на "Момин поток" и преку него во Вардар, спроти некогашната "Градска плажа". Ова неприродно свртување на Серава започнува некаде под Градските гробишта. Денес Серава односно нејзиното корито, претставува, не речно корито, туку колектор за разновиден отпад, почнувајќи од бела техника, па се до остатоци од леки коли. Значи, "широк асортиман" на еколошко загадување.
- За таквата нагрденост и навреда Серава како да се одлучи на одмазда. Имено, во времето кога беше лишена од својот природен пат до големата река, при изградбата на улицата "Џон Кенеди", кај основното училиште "Васил Главинов", која ги спојува Топаана и Чаир, се случи голема трагедија. Една ученичка од прво или второ одделение од спомнатото училиште едно попладне кога ежевите ја набиваа земјената подлога на улицата, заедно со свои другарчиња си играле качувајќи се на ежевите во движење. Во еден момент несреќното дете во занес во играта заборава да се отпушти и се најде под ежот прободено од боцките близу до срцето. Тоа не го забележал машинистот, поради брчењето на машината - булдужерот. На повици од луѓето насобрани, тој запрел кога детето веќе било под ежот, значи доцна! Тоа се уште беше живо кога пристигнаа дигалки, но тие место да го подигнат ежот и самите пропаѓаа во влажната земја. По половина час, детето издивна! Така Серава како да сакаше, скапо да го наплати своето понижување.
- Во административната поделба на Скопје од почетокот на дваесеттиот век постоеле квартови. Кои биле тие? Кои простори од градот опфаќале и какви биле нивните имиња? Во овој период, градот бил поделен на три квартови, и тоа: Градски, Турски и Вардарски кварт.
- Градскиот кварт се простирал меѓу реките Вардар и Серава. Значи, на просторот кој денес го означуваме како стар дел на градот или Чаршија во поширока смисла. Во записите кои постојат, правецот според кој се одредувал квартот се ширел на следниов начин: се тргнувало од левиот кеј на реката Вардар и се одело по течението на реката Серава. Тука, всушност, некогаш се наоѓале душата и срцето на старо Скопје. Од малиот парк во близината, се излегувало на Сули ан, а натаму правецот водел кон Исак-бег џамија и Чаир. Неслучајно овој простор бил означен како “градски” кварт. Поимот за град и урбан простор потекнувал токму оттука бидејќи самото Скопје како градско јадро се формирало на левиот брег на Вардар. Долго време низ својата историја, сè до пред крајот на деветнаесеттиот век, кога градот започнал да се шири, овој урбан простор бил синоним за Скопје. Но, да не ја заборавиме и средновековната историја и традиција: честопати во документите од овој период, под Град се означува тврдината, а просторот под неа - Подградие. Тврдината како топоним го добива името “Кале” дури по доаѓањето на Турците.
- Турскиот кварт, пак, се простирал меѓу левиот брег на Вардар (од утоката на Серава) и левиот брег на Серава, до подножјето на Гази Баба. Ако сето ова се обидеме да го лоцираме во тогашните, но и сегашните простори, би изгледало вака: утоката на Серава се наоѓаше веднаш до денешниот Нов мост, на левиот брег на Вардар.
- Што значело лев и десен брег на Серава? Заради подобра ориентација, треба да се каже дека катедралната црква Света Богородица се наоѓаше на левата, а црквата Света Мина на десната страна од течението на Серава. Приближно, тоа значи дека десниот брег на Серава гравитирал кон денешната зграда на МНТ, а левиот кон денешната МАНУ. Така, во тоа време, Турскиот кварт, од левиот брег на оваа река, гравитирал кон Гази Баба опфаќајќи делови или цели маала: Пајко маало, Крњево, Карадак маало и други. Во тогашната топонимија се покажува дека реката Серава го делела старо Скопје на Турски и Градски кварт, кои имале и најбројно население бидејќи десниот брег на Вардар се развил подоцна.
Тука на овој линк ке ја видите локасијата на улицата Сетава, која всушност го обележува стариот ток на реката Серава ...
Ваквите важни места, нашите реки кои се исвор на животот (без вода нема живот) - со фодини наназад ги труеме и запуштаме, претвараме во депонии, со што си ја сечеме гранката на која седиме. Еве некои написи каде се гледа како се однесуваме према Серава:
- Се чисти коритото на Серава
- Се бетонира дел од коритото на Серава
- Серава повторно затрупана со смет
- Ѓубрето го изместува текот на Серава
- По реката Серава пливаат фекалии
- Дива канализација го одложи уредувањето на кејот на Серава
- На Бит-пазар откриен дел од каналот на реката Серава?
- Серава ... ке се исчисти ... ке добие пешачка патека ... 17 Декември, 2007
- Побожје - Pobožje ... фото запис
- ЉУБАНЦИ - Скопска Црна Гора ... Меѓник ... Фото приказна ... (прв дел)
- ЉУБАНЦИ - Скопска Црна Гора ... Меѓник ... Фото приказна ... (втор дел)
- Св. Никола Љубанци ... Sv. Nikola Ljubanci ... фото и видео ...
- Св. Богородица Љубанци - фото и видео ... Sv. Bogorodica Ljubanci
- Св. Наум Охрдски (Чудотворец) - Радишани, Скопје ... Sv. Naum Ohridski (Čudotvorec) - Radišani, Skopje ...
- Св. Богородица, Радишани - скопско ... Sv. Bogorodica, Radišani - skopsko ...
- Св. Ѓорѓи, Радишани - скопско ... Sv. Đorđi, Radišani - skopsko ...
- Аквaдукт Скопје ... Akvadukt Skopje ... Aqueduct Skopje
- Барата кај Аквaдуктот во Скопје ... (Моја проширена фото сторија 03.Април.2007) ... 9 Февруари, 2009
- Аквaдукт Скопје ... Akvadukt Skopje ... Aqueduct Skopje (Моја фото сторија 03.Април.2007) ... 8 Февруари, 2009
- Аквaдукт Скопје ... Akvadukt Skopje ... Aqueduct Skopje ... 8 Февруари, 2009
- АКВАДУКТ - Aqueduct ... како да го пронајдеш ... мај 09, 2007
- АКВАДУКТ - негрижа на надлежните (Фото досие “Бара“ ...)... 7 Мај, 2007
- Аквадукт & Синтезис ... 5 Мај, 2007
- Аквадуктот го чуваат овците, пастирот и војската ... Барата е на старо место ...
- Виргинскиот Манастир св. Ѓорѓи сеуште мистерија
исто Ќортошев
No comments:
Post a Comment