Search This Blog

Wednesday, July 07, 2010

Ново Лисиче – некој ноќе не труе !?! … репринт

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/8-1Large-2.jpg?t=1276757806
Ново Лисиче од мојата тераса
Веќе неколку ноќи после 24,00 часот со старт од околу два по полноќ или нешто порано некој нешто пали. Неснослива смрадеа се шири. Слично вака последен пат интензивно смрдеше пред да се затвори Вардариште како депонија за смет. Во вруќината мора да се затвараат прозорците. Дали повторно се користи Вардариште за палење на сметот. Колку знам таму сеуште постои претоварна станица за смет. Можеби некој погон на Металски завод, можеби Галванизација имаат некој производен процес кој испушта неснослива смрадеа. Слично смердење на времето имаше кога во Железара се топеше фероманганова руда.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/8-2Large-2.jpg?t=1276758476
Ке престане ли некој да не труе. Ново Лисиче стана прекрасна населба, спална соба на Скопје. Урбанистички најуредена, по сите светски стандарди за урбанизам, со големи паркови кои сега се зашумени, со големи тревни површини. Можеш дете да пратиш во градинка или школо а да не помине улица на која се одвива брз сообраќај, да го прошеташ по парковите кои се полни со урбана опрема клупи и лулашки, како и игралишта за помлади и малку постари. Парковите дневно се средуваат и одржуваат. Не случајно населбата доби на цена. Пензионерите се користат со клупите за одмор и читање на весници разменувајки муабет. Детската улица во средина на населбата е посетувано катче од младите и постарите. Во ек е изградбата на спомен одбележјето на Тоше Проески. Во населбата фали пазарче, фали црква и поголем маркет. Е да, ке заборавев покрај Вардар се градат неколку спортски објекти а патеката покрај Вардар за велосипеди и рекреативци стана едно од најпосетените места.
И сето ова некој го труе !!!  Инспекциите очито не работат ноќе,  смрдејата тешко се докажува утредента – преку ден нема доказ. Очито некој ке мора ноќе да поработи.
Постов е репринт. Првпат е објавен на јуни 17, 2010.
Во коментарите многумина се сложија со мене дека несмее никој да ја труе спалната соба на Скопје. Други велеа да се организираме и да пријавиме на инспекциите.
Јас реков дека мојот пост е највеќе упатен до меинстрим медиумите кои треба да го истражат случајот и да го објават.
Така и бидна.
Вест од денска има напис:
** ГРАДСКИТЕ ВЛАСТИ ДОЗВОЛУВААТ ПАЛЕЊЕ НА ЃУБРЕТО НА ПОРАНЕШНАТА ДЕПОНИЈА – Коце, нe отру со Вардариште!


- Скопје завчеравечер и вчераутро смрдеше на изгорено, бидејќи за само десетина дена по втор пат гореше поранешната депонија Вар­да­риш­те. Во смрдеата од изгорените ѓубре и трева се задушуваа жителите на Но­во Лисиче, Аеродром, Маџари и на Автокоманда, а градските власти и вчера не ка­жаа што ќе преземат за да не се случи нов пожар на Вардариште.
- “Гра­дот е информиран за пожарот на Вардариште. Се работи за помал по­жар кој навремено е локализиран и не предизвикал никаква штета. Ис­клу­че­ни се секакви шпекулации за евентуално палење отпад и пре­диз­ви­ку­ва­ње опасност за животната средина”, велат од одделението за од­но­си со јавност на Градот.
Пред десетина дена, кога гореше поголема површина на Вар­да­риш­те, од Градот рекоа дека ќе направат проект за ревитализација на депонијата и де­ка откако тој ќе биде готов, ќе пристапат кон изнаоѓање пари за негова ре­а­ли­за­ци­ја. Ваков одговор од Градот добивме и лани во август, кога не­ко­гаш­на­та депонија неколкупати беше опожарена.
- Според Законот за отпад, градоначалникот на Скопје и градските власти се директно одговорни за одржување на Вардариште, а со тоа и за спречување на пожарите.
- Од градското јавно претпријатие “Комунална хигиена” вчера се обидоа да го скријат пожарот на Вардариште. Од таму ни беше речено дека на не­ко­гаш­на­та депонија немало пожар, и не дозволија наши екипи да направат фо­тог­ра­фии.
“Кај нас ништо не горело. Ниту некој од вработените видел ниту пријавил не­кој граѓанин. Денес не може да фотографирате, бидејќи нема слободен чо­век за да ве пречека. Но утре, ако сакате, нема проблем”, рече Ка­те­ри­на Лаова, портпарол на ЈП “Комунална Хигиена”.
- Од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје вчера информираа де­ка завчера во 14.35 часот добиле пријава за пожар на булевар АСНОМ б.б., односно на некогашната депонија Вардариште, во делот на Аеродром.
“Ин­тер­ве­ни­ра­но е со две противпожарни возила. Станува збор за пожар на ѓуб­риш­те на отворен простор на површина од 900 квадратни метри. По­жа­рот е веднаш локализиран и изгаснат”, вели Благоја Менковски, ко­ман­дант на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје.
- И од Општина Аеродром потврдија дека завчера и вчераутро имало по­жар на поранешната депонија и оти во моментов подготвуваат тендерска до­ку­мен­та­ци­ја за избор на фирма која треба да го уреди делот од Вар­да­риш­те кој се наоѓа во нивната Општина.
………………….
*** сите се прават на луди – не трујат и истовремено велат – не бе не сме ние ??!!

No comments:

Blog Archive

Site Meter