Fаcеbооk - My Friend Block
Кога се појави Fаcеbооk, мислам кога помасовно почна да се употребува кај нас (одприлика во 2006-та година) иако брзо отворив свој профил на Fаcеbооk не му предвидував голема иднина. Стално велев дека е тоа алатка само за дружење. Но Fаcеbооk се надмина од она за што беше проектиран. Тој во моментот е еден од најпрофитабилните интернет бизниси. Секое дете, секоја личност што има достап до интернет отвара/и профил. Дури и сите компании отвараат свои профили таму. Ако приметивте сите наши медиуми имаат свој профил на Fаcеbооk. Секоја ТВ емисија осем меил има и свој профил на Fаcеbооk. Секоја партија и секој политичар отвори свој профил на Fаcеbооk. Фејсбук заработува огромна сума на пари од рекламирање. Погледнете реклами на интернет на Македонски јазик има само на Фејзбук, Мислам има и на други места но Fаcеbооk го освои најголемиот колач.
Блогот и блогирањето во Македонија доживеа криза на напуштање на блог платформите одкако луѓето масовно поминаа на Fаcеbооk, каде брзината на пристап е задоволителна а читаноста на напишаното е за многупати поголема. На Fаcеbооk најпрвин отидоа оние блогери кои блогот го имаа како своевидна социјална мрежа особено вмрежени во платформата. Оние кои блогираа на старата платформа на blog.com.mk паметат колкава беше попларноста на таа платформа особено поради можноста за анонимно коментирање. Едно време недостаток на Fаcеbооk беше што не беше индексирана на пребарувачите, но сега и тоа е надминато.
Во мојот случај се до скоро не наоѓав причина зошто да бидам активен на Fаcеbооk. Од пред десетина дена кога почнав поактивно да ја користам платформата на Fаcеbооk, најдов свој интерес зошто да го користам Fаcеbооk. Секој кој е таму присутен има своја причина.
Овдека Ви го представувам мојот Friend Block.
No comments:
Post a Comment