blog.mk е на 76 место на листата на посетоеност на Македонски интернет сајтови …
На предходниот пост Што е моментално „ин“ на интернет ?! – се обидов општо да добијам слика што е интерес на интернет публиката во светот и кај нас. Овдека ке се обидам да соопштам некои мои мислења – дали може да се подобри платформата на blog.mk, за да таа оди на повисоко место на интернет посетеноста. Кои беа а кои се сега проблемите на корисниците и посетителите на оваа платформа, која како блог МК платформа е единствена. Секако дека постојат МК блогери кои блогираат на некоја од светските платформи или на своја лична платформа. Тие блогери се блогери со специфични потреби кои не ги прифатија стегите и предизвиците на платформата на blog.mk.
Старата платформа на blog.com.mk, имаше свои недостатоци – но очито е дека посетеноста беше поголема. И во моментот на blog.com.mk има цирка 970 онлајн посетители а на новата само скромни 106. Во подобри времиња колку се сеќавам на старата платфома имаше дневна посетеност и до дваесетина ињади посетители или претерав малку (не ми се бара низ постовите каде тоа го забележував), но факт е дека на старата платформа посета беше многу поголема од сега. Каде и зошто се изгубија тие посетители мора сопствениците на платформата да истражат за да ја унапредат сегашната платформа. Голема е веројатноста дека платформата загуби многу од своите посетители бидејки се затвори за анонимните коментатори – сега секој блогер за себе одлучува кој кај него може да коментира, има можност за банирање на несаканите коментатори. Што се однесува до мене јас ја подржав таа промена – од таквите зли и погани јазици немавме мира.
По преселбата на новата платформа имам осет како да спласна интересот на сопствениците на платформата за унапредување на истата. Да подсетиме дека истиот тим ја работи и платформата на On on.net.mk – која е на високо десето место на посетеност, согласно листата на alexa.com за “The top 100 sites in Macedonia“. Значи тимот знае како треба, но не наоѓа мотив да ја унапреди посетеноста на blog.mk.
Каде може да се унапреди посетеноста на blog.mk? Секако во чистењето на баговите на платформата и креирањето на што подобра насловна страница – преку која лесно ке може да се пронаоѓаат содржини кои те интересираат, да се пратат содржините …
Тука настанува проблем – тоа кошта, а очито е дека моментално не носи пари, ниту во моментот, ниту има изгледи за брзо време да се смени ситуацијата. Нема комерцијални огласувачи кои се заинтересирани да огласуваат на овој сајт со што би се подобрила посетеноста.
Без разлика на тоа корисниците на платформата е добро одвреме навреме да си кажуваат што им смета највеќе додека ја користат платформата а што им се допаѓа. Мене на пример ми смеќа насловна на која не може да пратам нови содржини, нови блогери. Не постои место каде може да се видат редоследно објавените содржини на платформата. Тоа на старата платформа го имаше. Така дознавав за многу нови блогери. Старата платформа го имаше подобро решено пратењето на коментарите. На новата тоа е загушено и воопшто не одговара на потребите на корисниците на платформата. Можеби може да биде интересно ако има неколку подстрани на главната страна, каде би се прателе блогови кои пишуваат на слична проблематика. Да се одвојат блогери кои пишуваат поезија, ги интересира уметност и слични области – од оние кои ги интересира политика на пример … љубениците на спорт, музика или незнам што – да имаат свои поднаслови на главна страница …
На alexa.com за blog.mk ке приметиме дека посетеноста во последниот месец е зголемена за 15 проценти – но за предходните три е падната за цели 33 проценти.
Еве како паѓа месечно …
alexa.com вреди да се анализира – но се највеќе зависи од сопствениците на платформата …
No comments:
Post a Comment