Search This Blog

Monday, July 26, 2010

И Пензискиот фонд – блокира голем број на фирми … малото стопанство е осудено на пропаст

http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/903050D1985E6E4FBFF17AF27D18E633.jpg
Се чини дека на концептот на малото стопанство му доаѓа крајот иако  никојпат не било лесно да се впуштиш во пазарот и такмичењето со големото стопанство и фирми. Големите имаат свои заштитници и подржувачи во врвовите на власта и политиката. Така не е само кај нас – така е и во светот, токну најголемите светски фирми и мултинационални компании владеат со светот, поставуваат и уриваат влади, започнуваат војни во името на божемна демократија, прават клима која одговара од утре да се уште побогати. Кај нас особено поволни играчи се странските инвеститори кои се ставија на пиедесталот на Македонската економија. Тие добија највеќе привилегии. Власта притисната од економските ветувања дека ке донесе голем број на странски инвеститори, во промоција потроши огромен буџет – а резултатите се помалку од слаби. Економските зони се скоро готови, вогламном се мисли дека се заградени и до нив се доведени струја, вода и останати комуналии – но во нив има едвај три четири компании кои вработуваат едвај иљада МК граѓани. На пола од нив на разни начини плата во почетните неколку години им исплатува буџетот на државата ни.
Повеќе »..... more ».....

Концептот на малото стопанство во кој преку самовработување и вработување на делови од фамилијата е нападнат со огромни трошкови за неговото работење. Тој напад трае веќе седум осум години. Нема година кога не се донесува нов намет на малото стопанство кое плаќа исти трошкови како да е и големо. Пример за тоа се фирмарините. Работи неработи фирмата, таа ке ти биде блокирана ако не платиш фирмарина.  Годишно поради фирмарина се блокираат преку 20-тина ињади мали фирми. Таксата за гледање телевизија и слушање радио е истотака причина за блокирање на фирми. Кон ваквите такси и намети се додаваат трошковите за извршителите, кои додаваат уште трипати поголема сума. Не ми е позната бројката но еве ке шпекулирам преку 5 иљади мали фирми годишно се блокираат поради неплатена радиодифузна такса.
Концептот на малото стопанство го напаѓаат сите државни фондови и УЈП. Тие се секојдневни творци на нови закони кои наметнуваат нова такса, давачка која ја немало во минатото. Буѓетот од година во година е погладен – треба да се хранат државните усти и партијските желби да остваруваат преку трошење на буџетот. Малите фирми во Македонија плаќаат најголем вкупен данок во просек по вработен, споредено со било која друга држава. Веќе подзаборавивме дека заради нив се измисли концепт на плаќање на Данок на вкупен приход – данок кој не е познат во ниедна светска економија. На сето ова мора да се додадат огромните глоби кои во секој нов закон или измена на закон се правдаат демек заради усогласување на законите со ЕУ регулативата.

Концептот на бруто плата се чини е кланица на малите фирми т.е малото стопанство. Зошто не ги сврстам тука и средните. Фондот за здравство во минатите две години изготви решенија за неплатени здравствени придонеси на малите фирми кои не ни работеле, но заборавиле да се одјават дека се невработени. Многумина не ни можеа да се одјават и да се впишат во списокот на невработените додека не ги затворат фирмите. Фондот за здравство се врати наназад до 2001-вата година и испорача преку 30.000 предмети на судот во таканречена забрзана и скратена постапка, со пресметка за се што не е платено плус дневна камата. Судовите се затрупаа со работа. Веќе две години се во судска процедура преку 20.000 судски случаи. Се бараат пари без разлика на тоа што тие луѓе во тоа време не се лечеле бидејки немале ни зелени картони. Слично како во вицот каде рецепционерот ти наплаќа за услуга што ти стоела на располагање иако не си ја користел. Се бараат пари дури и од мртви души. Имено многумина од малостопанствените во меѓувреме починаа – но сеедно во судот веројатно се водат преку 500 предмети против малостопанствениците кои се сега на оној свет и имаат работа со Свети Петар.

Еднашка прашав еден адвокат кој е нивниот интерес да водат вакви предмети во име на Фондот за здравство. Дали се свесни дека тужат фирми кои се Друшта со ограничена одговорност и во правниот промет одговараат само со оснивачкиот влог. Преќута, не ми одговори. После дознав во што е работата. Тие трошковите си ги наплаќаат од фондот. Ако е навистина така ова е огромна дубара на празнење на фондовите, каде приватните адвокати работејки предмети кои не можат да се наплатат всушност го празнат фондот.
Да не ги заборавиме луѓето кои работат по пазарите. Ова се појави како масовна појава во време кога се уништија големите државни/тогаш општествени де компании. Во времето на приватизација кога група од дваесетина големи загубари се затвори и на улица отидоа преку 120.000 вработени. Многумина од нив од немајкаде побрзаа и ги употребија своите заштеди и отвараа мали фирми или закупуваа тезга по пазарите. Со целодневна работа на сонце, дожед, ветер и студ носеа дома свежи пари за прехрана на семејството. Пред година и нешто повеќе државата почна да затвара пазар по пазар и ги тераше луѓето да регистрираат фирми за да го легализираат бизнисот. Логиката на државата е со секоја нова фирма се зголемуваат парите во легалниот оптек и се полнат државните фондови. Тогаш пазарџиите се побунија, благодарејки на големиот нивен број во албанската популација и се постигна договор да не се дираат додека не стапиме во ЕУ.

Секое побарување према државата во однос на земјоделските стимулации и кредити е врзано за регистрација на земјоделците – што всушност представува отварање на нивни фирми. Целта како држава е подскриена – да им дадеш еднашка пари но потоа да ги вјармиш во фондовите …
Најново во низата на блокирање на фирми е Фондот за пензиско. Тие направиле контрола за предходните неколку години и веќе блокирале преку 20.000 мали фирми.
Што останува за обичниот смртник – граѓанинот.
  • Да се вработи во државна фирма која плата прима од буџетот. За тоа е потребно претходно да си партијски активен и тоа во партијата на власт. Моментално по разни основи од државниот буџет плата примаат преку 150.000 Македонци. Навистина повеќето плати се мали и не се доволни – но барем се сигурни. Да не заборавиме дури и банките го знат тоа – тие прифаќаат жиранти за кредити само ако си вработен во државната администрација.
  • Да фатиш света и да се иселиш. Да побараш работа некаде усвет – таму барем за платата ке можеш да го живееш месецот и нешто да ти остане – да пратиш нешто и на тие што останаа во жална Македонија. Во Македонија по разни вакви основи се вливаат годишно скоро милијарда долари. Овие дознаки се главната причина за стабилноста на нашата платно биласна позиција према странство, каде покриеноста на увозот со извоз е катастрофално лоша.
  1. Душевадници на малото стопанство
  2. Државата бара пари од 7250 живи мртви души … Од жива мртва душа може да му земеш само она што останало – душата.
  3. Криза и казни – лакома власт казната ја стига на избори
  4. Чиштилиште за малото стопанство – 4600 фирми блокирани од УЈП, припремени решенија за блокада на уште 6.500 …
  5. Фирмарина блокира 20.000 мали фирми
  6. Фирмарина … Комунална такса за фирма …
  7. Да му умере козата на земјоделецот – даночна социјална правда
  8. Самовработување – економски и психолошки аспекти …
  9. Еден ден “магарето(народот) што власта го учи да не јаде“ – ке мора да цркне … или
  10. КАДЕ ОДИ МАКЕДОИЈА … Работно време … прегледи … нов данок /такаса … што е целта на сето ова …
  11. Годинава дефинитивно погребување на малото стопанство … Граѓанинот, малите фирми со опростување станаа ем еб*ни им должни …
  12. Големото и Малото стопанство – транзиционен историјат …
  13. Стопанството по мерка на големите – особено странските инвеститори …
  14. Лихварски концепт на држава … Државата поради својата лакомост сама ке предизвика социјални немири …
  15. Ке ни тргне ли ?? … Кога ке ни тргне ?! … Ни треба некој наш Лех Валенса
Се чини дека власта заборави дека граѓаните се и гласачи. Полнејки го буџетот за да „остварува“ – таа „завојува“ со повеќето граѓани во Македонија. Лути на власта не се само оние кои не се нивни партијски членови и активисти. Лути на власта се и поголем дел од нивното членство – кое не се офајди од власта а секојдневно му се зголемува наметот.
Сите почнаа да гледаат ЗА ШТО ТУКА СЕ РАБОТИ.

No comments:

Blog Archive

Site Meter