Search This Blog

Monday, July 19, 2010

Надвозник/Подвозник … Натпатник/Подпатник

Почнавме и ние ко Хрватите, да смислуваме нови зборови. Каналот на реката Серава, последна пречка за изградбата на натпатникот. Знае ли некој кој е англискиот израз за Надвозник/Подвозник > Натпатник/Подпатник … веројатно има и Хрватски изрази за ова, можеби Бугарски или Србски … ако некој ги знае нека ме просветли. Признавам тапа сум за граматика, ама изразиве Натпатник/Подпатник првпат ги сретнувам. Индексирав и на интернет:
Ова ме упатува дека изразите Натпатник/Подпатник се со скорешен датум. Ако знае некој повеќе за ова нека допише некој ред во коментар.

4 comments:

Anonymous said...

И тоа како скорешен. Неможам да тврдам, бидејќи сега ги немам пред мене, но сигурно овие зборови се дадени во ТОЛКОВНИКОТ. Тоа се оние кои веќе неколку години ги работат во Институтот за македонски јазик. Платени да ни измислат скроз нов јазик, како што спомна и ти, слично на хрватите.
п.с. знам дека сеуште не се довршени, беа стигнати до некоја буква, но во продажба се веќе два или три од вкупно, не знам колку ќе бидат.

Anonymous said...

Заборавив, тоа е само еден од многуте нови зборови, често кога ќе наидам на некои од нив, не знам ниту што значат. Тоа ти е, новокомпониран македонски јазик.
Поздрав Волан.

Anonymous said...

Волан, еве објаснувања:

1. Подпатник е градежен објект со кој се проведува некоја траса под друга постоечка траса за автомобилски сообраќај.

2. Надпатник е градежен објект со кој се проведува некоја траса над друга постоечка траса за автомобилски сообраќај.

3. Подвозник е градежен објект со кој се проведува некоја траса под друга постоечка траса за железнички сообраќај.

4. Надвозник е градежен објект со кој се проведува некоја траса над друга постоечка траса за железнички сообраќај.

5. Мост е градежен објект со кој се премостува водена пречка (река, канал, езеро...)

6. Вијадукт е радежен објект со кој се премостува сува пречка (увала, долина...)

Anonymous said...

Ова се термини што кај нас и во околината се користат воочичаено во градежништвото. Не е ништо ново, ниту се измислува нешто ново.

Ах и да, во англискиот јазик постојат следниве термини за посочените проблеми: Overpass и Underpass.

Blog Archive

Site Meter