Светските мејнстрим медиуми веќе десетина година се во процес на перманентно паѓање на продадениот тираж. Читателската публика се повеќе се информира и забавува на виртуелниот т.е. интернет простор. Мејнстрим светските медиуми сите овие десетина години се обидуваат да го најдат патот како да дојдат до читаност на своите написи, а притоа да заработат. Се обидуваат со рекламирање – но не им успева. Големите електронски мрежи од типот на www.google.com, www.yahoo.com или социјалните мрежи како www.facebook.com се победници и добитници на рекламен простор – сите останати електронски издавачи се губитници.
Гледајки дека тука ја губат битката познатите светски мејстрим изданија се обидуваат со крајна мерка која се вика плати (претплати се) ако сакаш да не читаш. Тоа веројатно се обидуваат и најстариот британски дневен весник „Тајмс“ и неделникот „Сандеј тајмс“ почнаа да го наплатуваат читањето на нивните текстови и прилози преку Интернет. Одкако одат со претплата на интернет за да бидат читани нивната интернет посета е падната за цели 60 проценти и веројатно уште ке паѓа.
Најчести досегашни обиди за интернет претплата се делумично интернет издавање, најдобрите написи и колумни може да се читаат само преку претплата или ако купиш печатено издание. Такви обиди има многу и кај нас. Колку и дали се успешни – веројатно говори фактот дека сите медиуми се во криза и се под секојдневна закана на затварање поради малите продадени тиражи и неисплатливост. Дури и ВАЦ изданијата се во криза – ВАЦ се повлекува од Србија.
- Медиумите бараат спас во наплата за користење на нивните интернет содржини.
- Крај на печатените медиуми – за десетина години …
- Рекламните агенци и медиумите тријата раце … се подценува ли нетот … избори се во тек …
- Кој го креира јавното мнение во Македонија – во услови на избори ?? …
- “СЛОБОДА“ на медиумите
- Државата на нос им ги вади парите што им ги дава … на електронските медиуми …
- “Фабрика 3“ … „Манифестот за европска Македонија“ … „Граѓани за европска Македонија“
- Интернет – читатели …
No comments:
Post a Comment