Search This Blog

Friday, July 23, 2010

СРЕДНОШКОЛСКА СРЕДБА - генерација 1969-`73 ... Светот и животот го движат жените

1. СРЕДНОШКОЛСКА СРЕДБА - генерација 1969-`73
Завршив Средно економско школо „МОША ПИЈАДЕ“ - генерација 1969-`73. Вообичаено не одам на годишнини на средношколски средби, осем на една - 15 години од матура, се одржуваше во ресторан некаде на Водно, имаше можеби повеќе од стотина генерациски другари. Тогаш тоа ми заличе ко на свадба да одам и такви средби не ме привлекуваа. Ме покануваа повеќе пати потоа, но ете не одев. Една од средношколсите другарки живее во моја зграда, неколку пати ме прашуваше зошто не одам на средбите - потоа и таа престана да ме прашува.


Оваа средбава од сношти, беше сосема случајна средба, ме повика другарка од клас која сега живее на Тенерифе, која неколку години се обидува да се сретне со старите другари од средно школо. На мини средбата од сношти бевме седумина од два класа. Воколку се сложат да ги ставам имињата ке ги едитирам подоцна.
2. Мојот најдобар средношколски другар Трајче Стојанов (Зеко)
Од по матурирањето со Трајче се видов само еднаш на кратко, сосема случајно седевме заедно на една дешаванка во Универзална. Тогаш ветивме да се видиме повторно но ете не бидна. Сношти се изнамуабетивме, за одењето до школо и назад ... пешки под подвожњакот. За школските денови и разните догодовштини. За некои од професорите, за многу од другарите/.ките од клас, за некои од професорите, за средношколката екскурзија низ дел од Европа ... Ми кажа со што се бавел во меѓувреме и каде се работел ... Ми кажа дека има син и керка, сопруга. За патот од првото вработување во трговска фирма, за сегашната приватна фирма која му оди добро.
2.
 3.
4.
5.
6.
7.
 
8.
9.
10.
11.
12.
13.
Имиња на седумте учесници од средношколската средба од сношти ке ги едитирам ако тие тоа го дозволат ...
14. Како тоа некогаш изгледавме, ке се обидам со неколку слики од домашната архива. Оваа слика е со класниот раководител Анка Депинова, сликана во 1971 или `72 година ... , можеби и грешам
15. Сликано на 5 мај 1972 година, III/8 клас. Таа година бевме на средношколска екскурзија. Сношти екскурзијата беше тема за неколку случки кои се раскажуваа. За журката во Црквеница, капењето истотака во Цркценица, вечерата во Венеција - каде брзо баравме екстра леб, Виена, Братислава, Будимпешта, Палиќ, Београд ...
16. Сликано на ист датум на 5 мај 1972 година, III/8 клас. На позадината на сликата ги имам забележано сите имиња, подолу ке ги едитирам почнуваат одоздола од десно према лево:
  1. Колева Викторија (Вики)
  2. Попов Мицко (Пикси)
  3. Рашиќ Сабахета (Бети)
  4. Николова Стојанка (Нојка)
  5. Тодоровска Ѓурѓа (Алисон)
  6. Стојменовска Благица (Бац)
  7. Димитријевиќ Александар (Педагог)
  8. Стојановска Љуба (Љубче)
  9. Јовановиќ Верица (Верче)
  10. Ибраимовиќ Зекира (Зеки)
  11. Чобанова Дора (Доки)
  12. Шорев Ташко (Дикси)
  13. Димитровски Зоран (Зоки)
  14. Мартиновска Славица (Цаци)
  15. Зафировска Момица (Мими)
  16. Павлоска Нада (Наде)
  17. Ивановска Ели (Силвана)
  18. Крстевска Зорица (Зоци)
  19. Костов Боро (Шверцер)
  20. Узелац Сава (Дуња)
  21. Здравков Ламбро (Слон)
  22. Белшевски Благоја (Бела)
  23. Коцев Благоја (Коцкар)
  24. Игњатов Драган (Бугар)
  25. Бошевска Благица (Далиборка)
  26. Радичевска Драгица (Даци)
  27. Стојменовска Снежана (Жане)
  28. Трповска Убававка (Новинарка)
  29. Милошевска Златка (Жаки)
  30. Пижевски Русе (Пиже)
  31. Ванчо Трајковски (Пипин)
  32. Софрониев Младен (Лун)
  33. Тасевска Искра (Ице)
  34. Ѓорѓиевска Перса (Пепи)
  35. Тапарчевска Лепа (Тапа)
  36. Арсовски Драгољуб (Драгче)
  37. Чупиќ Суфица (Софија)
  38. Милевски Драган (Силеџија)
  39. Игњатовска Јагода (Јац)
  40. Стојанов Трајче (Зек)
 17. Сликано во Венеција на 23.Септември 1971-ва година, од споменатата средношколска екскурзија која траеше десетина дена - појдовме на 21.Септември 1971 година.
18. Со партнерката од матурска. Чинам дека се викаше Ели ... може и грешам.

Ке едитирам уште некоја слика, кога ке ги добијам од другите кои сношти сликаа со свои фотоапарати и мобилни телефони ...

Најпрвин сакав и сношти да не појдам на средбата, но ете појдов ... Три од четирте другарки кои беа сношти ке одат деновиве на заеднички одмор. Кога ке се вратат ветија ке организираат поголема средба. Светот и животот го движат жените.

Со другарите од клас одевме заедно и на корзо. Тунелчето кај Ванила ни беше најчеста постојка ... 

No comments:

Blog Archive

Site Meter