Ова е главното прашање на новинарката Елена Оровчанец Спироска (скулптор и етнолог) во едно интрервју со археологот Кирил Трајковски, онјавено во весникот Вест, сабота 18/недела 19 ноември 2000, стр. 10-11 со тема: како ке се одрази идејата на Министерот Груевски да се легализираат дивите ископувања ?!
Во светло на најновата операзија на полицијата Фаланга, со која спектакуларно се запленија иљадници археолошки диво ископани артефакти и се притворија педесетина луѓе (многумина од списокот на Дивите копачи - уште тогаш имало список на Диви копачи, кои биле евидентирани во Владата во 2000-дита година) - вреди да се прочита ова инспиративно интервју и да се извлечат паралели, како размислувала Владата во 2000-дита година и сегашната Влада во 2010 година, се разбира на тема Диви копачи. Тогаш очито Владата размислувала и донела одлука да се легализираат Дивите ископувања, со процент на поделба на пленот 30 % за Дивите копачи 70 % за државата - за сега дијаментрално спротивно да ги оцрни Дивите копачи како крадци и уништувачи на културното богатство на Македонија.
За среќа на ова се спротивставила стручната археолошка и останата научна фела и со Законот за заштита на културното наследство не е овозможена легализација на Дивите копачи - иако тие се до скоро си работеле на случајот, диво копајки по археолошките локалитети - за потоа да тргуваат со домашните антикварници, купците од Грција и други белосветски купци и антикварници. Јавна тајна е дека Грција оформи црн фонд за откуп на овие артефакти, особено од античкиот период и времето на династијата на Македонските кралеви особено на Филип 2 и Александар Македонски. Тој грчки држевен таен фонд стана главен потикнувач на дивите ископувања, главен купувач - за потоа артефактите да се најдат во трезорите на грчките музеи. Дел од полицијата и царината и тогаш соработувала и ја координирала акцијата на диво копање и нелегална трговија со археолошки артефакти. Во овие нелегални дејанија извесно е дека археолошката фела била само проценител и валоризатор на вредноста на диво ископаното богатство. Можно е дел од археолошката фела да давала и информации кои се интересни локации и локалитети за диво копање. Самите археолози не верувам дека се поблиску сврзани со Дивите копачи - бидејки влогот би им бил преголем, тие уште од школски клупи се учени што представува артефактот за земјата каде е пронајден.
Сепак преовладеал стравот на стучната јавност и во новиот Закон за заштита на културното наследство - не е дозволена легализација на дивите ископувања. Во продолжение прочитајте го изворно интерјуто на новинарката Елена Оровчанец Спироска (скулптор и етнолог) со археологот Кирил Трајковски, во весникот Вест, сабота 18/недела 19 ноември 2000, стр. 10-11 со тема: како ке се одрази идејата на Министерот Груевски да се легализираат дивите ископувања ?!
Клик на сликата за поголема ...
Клик на сликата за поголема ...
Клик на сликата за поголема ...
Клик на сликата за поголема ...
- ПИТОСИ - дел од националното културно наследство или украс по дворови и балкони ...
- МЕНАДА – та запленета во операцијата „Фаланга“ оригинал или копија ??!
- Од кој антички локалитет е Phallus-ов ?! … Дали збирката на крстови на Трифун Костовски е легална ?!
- Македонската Архео Мафија под удар на полициска акција …
- АРХЕОМАФИЈА - МК
- ДИВИ КОПАЧИ = ДИВИ ИСТРАЖУВАЧИ = РОМАНТИЧАРИ
- АРХЕО – ***ИЈА ?!
- АРХЕОЛОШКА МАФИЈА ВО МК (ИМА-НЕМА)
- АРХЕОМАФИЈА – МК
- АРХЕО – ***ИЈА ?! – втор дел
- Паразитско однесување на државните институции во заштитата на културното наследство …
- ИНТЕРНЕТ ПРОДАЖБА - НА МК АРТЕФАКТИ
- ГОСПОД …се грижи за нашите артефакти
- Што се е одземено од нашите цркви
- ТУЃИ ПЕРЈА
- ВРАЌАЊЕ НА АРТЕФАКТИТЕ - дома
- Разнесено културно богатство
- ДИВИ КОПАЧИ И ГРЧКИ НОВИНАРИ
- МАКЕДОНСКИТЕ БРОНЗИ - КОНЕЧНО се вратија дома
No comments:
Post a Comment