Search This Blog

Monday, July 05, 2010

Фејкирање на артефакти … значи фејкирање на историјата

http://sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs268.snc1/9525_1168102214232_1578251142_432681_6567416_n.jpg
На интернет наидов на оваа фотографија, со наслов Faud in Govrlevo 8.000 years old ... се работи демек за новото Македонско знаме кое ете било впишано во кодот на Говрлево ...
Повеќе »..... more ».....
Се сметам себеси за човек кој ја прати археологијата, ги пратев и ископувањата во и околу Говрлево - стално велев дека многу малку е документиран овој важен археолошки локалитет. Умре главниот истражувач на Говрлево а истражувањата останаа мистерии, нема научни трудови за пронајдените артефакти ... Но ваков артефакт - т.е. фејкирање на артефакт не бев сретнал. Во одсуство на официјални документирани истражувања ова е подигнато од некој кој се обидува со помош на вакви фејк артефакти да се докажува со Грците чив симбол е сонцето ... Macedonian symbol the SUN Macedonia culture,history,civilization,land of the sun 2 ...
Во видеото кое погоре е линкано имаме и колоритен приказ:

Фејкирање на артефакти значи фејкирање на историјата ... Клик на сликата или тука да го одгледаш изворното видео - каде е фејкиран овој артефакт ...
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/-3Medium-1.jpg?t=1278341309
*** Едит, благодарение на gocajаska која во коментар на овој пост ми прати линк од каде дефакто потекнува артефактот. Колку разбрав од видеото кое во линк го наведе gocajаska артефактов потекнува од истична Македонија и е дел од Карпестата уметност - чив промотор е Душко Аледксовски ... Клик тука за да го одгледаш видеото ...
*** Према изјавата на д-р Душко Алексовски, претседател на Македонскиот и Светскиот центар за карпеста уметност апликацијата на денешното Македонско знаме е откриена во заедничка Македонско Италијанска мисија во село Трновец, во месноста викана Орлов Камен, општина Кратово. Според анализата на Светската федерација за карпеста уметност, вршена во Мелбурн Австралија артефактот со знамето е стар 5 милениуми, односно изработен е во третиот милениум пред нашата ера. Вистинска штета е што нема публикација за овој артефакт. Ако некој најде нека ми прати линк.

2 comments:

Anonymous said...

ima vistina vo toa deka nema potreba istorijata da se uvelicuva so nesta sto ne se, ama golem problem mi e isto i koga koristis angliski zborovi kako "fejkiranje" pri temi kako sto se identitet i istoriija na MK :)

imame nas zbor: laziranje

Anonymous said...

А мене пак ми е проблем што коментарот ти е на латиница!

Blog Archive

Site Meter