Search This Blog

Sunday, July 18, 2010

ИНТЕРНЕТ ТАНТИЕМА … Зошто нема доволно добри содржини на интернет на македонски јазик … Нова Александријска библиотека

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/6/64/Ancientlibraryalex.jpg
Македонија се фали дека има се поголема интернет пенетрација. Но загрижуваат малите бројки на интернет контент/содржина на македонски јазик. Несразмерно поголеми интернет содржини по глава на жител имаат многу од нашите соседни држави а за светските да не муабетиме. Прашањето тука кое сакам да го наметнам е зошто нема доволно добри содржини на интернет на македонски јазик. Што треба да се направи да има доволно добври содржини на Македонски јазик? Пишано дело на Македонски јазик објавено на интернет, како, книжевно дело, напис, статија, прирачник, брошура, научен труд, расправа и слично …
Повеќе »..... more ».....

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/b0/Copyright.svg/200px-Copyright.svg.png
Секако тоа се авторските права. Авторите сеуште се обидуваат своите авторски права да ги остарат преку печатење на книги или пишување на колумни по весниците каде за тоа земаат хонорар. Видни се два процеса. Едниот е дека печатењето на книги во Македонија на МК јазик е во криза, како што е во криза и во постојан пад читањето на печатени изданија на весниците. Лекот е секако во достапноста на сериозни авторски трудови на интернет. Тоа пак може да се потикне со правилна политика и нов закон за интернет тантиеми.

Под интернет тантиема подразбирам дел од приходот (парична надокнада) што би им се исплатувало/а на авторите како награда за објавувањето на интернет на нивните авторизирани написи и други дела. Сето тоа може лесно да се мери преку бројачите на интернет посети. Секако во сето ова треба да се вклучи државата која на овој начин ке направи вистнско место за таканаречена нова Александријска библиотека.Нели сме земјата од каде потекнува Александар – би требало да ги следиме неговите идеии, како онаа за стварање на најголемата светска библиотека во Александрија.

Темата е добра основа за дискусија и скоро сум сигурен дека работите ке се одвиваат во правец на разни модалитети на интернет тантиеми – кои ке бидат подстрек квалитетни дела да се објавуват на интернет, кои пак ке значат од една страна зачувување на МК јазик кој е во групата на јазици кои се загрозени … и секако во  брзиот скок на општото културно и образовно ниво на Македонскиот граѓанин …

No comments:

Blog Archive

Site Meter