Повеќе »..... more ».....
- Тагата е отсуство/спротивност на среќа.
- Тагата е чувство. Тоа е еден од четирите меѓусебно поврзани чувства - заедно со стравот, лутината, и радоста.
- Тага е емоција која се карактеризира со чувства на загуба, и беспомошност.
- Кога се тажни луѓето често стануваат: тивки, повлечени, осамени, имаат осет на недостаток на енергија ...
- Тагата најчесто предизвикува намалување на расположението, депресијата. Депресијата е состојба на ниско расположение и аверзија на активност. Депресивно лице има постојано чувство на тага, вознемиреност, чувство на празнина, безнадежност, беспомошност и/или песимизам, безвредност или вина. Депресивните лица имаат проблеми со концентрација, помнење детали и донесување на одлуки, имаат осет на губење на енергија. Депресивците се будат рано, или прекумерно спијат, се прејадуваат или губат апетитот. Депресивците губат на интерес за активностите кои некогаш за нив биле пријатни (на пример, хоби, полова активност/секс, социјална активности, итн).
- Тагата често допринесува да се пројави страдање. Под страдање понекогаш се подразбира во потесна смисла физичка болка, но почесто се однесува на ментална или емотивна болка.
- Тагата е психолошки одговор на загуба, особено на загубата на некого или нешто.
- Заради тага, жал, болка - често те обземаат: летаргија, осаменост, страв, сожалување, загриженост, депресија.
- Причина за тага, жал, болка - може да биде се што е спротивно од среќа.
- Се чини дека секојпат е најголема тагата, жалот и болката - кога ке го изгубиме ближниот и саканиот. Тогаш на пример и парите не ти значат ништо.
- Во моменти на тага, жал, болка човек размислува за смислата на животот - може ли да се продолжи без ближниот и саканиот. По доживеаната загуба на ближниот и саканиот - вистинска уметност е да се дојде до патот како да се надмине тагата, жалота и болката.
- Поради силна тага, жал, болка - често се ствара гнев према себе и према други. Гневот према себе е најчесто поради немоќ ништо да сториш, немоќта да се смени судмината која веќе се случила ...
- Сериозни реакции на загубата на ближниот може да се случат во семејните односи - најчесто во такви случаи имаме трауми за децата, сопружници и сите други членови на семејството.
- Жалење е негативена, емоционалната реакција и однесување. Жалење се чувствува кога некој чувствува тага, срам, непријатност, депресија, навреденост или вина по сторена акција.
- Жалењето најчесто се однесува на состојбата на загуба, тага и е реакција на загубата. Загубите може да варира од губење на вработување, миленичиња , статус, чувство на сигурност, редот, губење имот, до губење на саканите.
- Се вели: исплачи се кога си тажен, побарај пријател/ка и сподели ја тагата. Дали плачењето и споделувањето на тагата се вистинскиот лек за да се надмине тага, жал, болка.
- Како да се соочиш со тегата, жалота и болката е вистински предизвик во натамошниот живот ...
- Оние кои подолг период неможат да најдат самостојно начин како да се справат со тагата, најдобро е да побараат помош од професионален психихатар. Во светот постојат групи во кои преку групна сеанса се надминува тагата - тоа во наши услови е непознаница.
- Тага
- Тага
- СОБА ЗА ТАГА
- Soba Za Taga - youtube Тоше Проески
- Љубовна тага
- ОПИУМ ОД ТАГА
1 comment:
Ви благодарам, одличен пост
Post a Comment