Search This Blog

Saturday, July 10, 2010

Припадност … подобност …

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/98/Fuzzy_crisp-mk.svg/476px-Fuzzy_crisp-mk.svg.png
За секое множество X, функцијата на припадност на X е секоја функција на X за реалниот интервал [0,1]. Функциите на припадност добиваат вредности во произволна утврдена алгебра или структура L; обично се бара L да биде барем делумно подредено множество или решетка. Вообичаените функции на припадност со вредности [0, 1] тогаш се нарекуваат [0, 1]-вредносни функции на припадност.
Не нема да Ве давам со математика, алгебра и статистика – нив ги оставам на стручните лица. Мене припадноста ме аосцира на филозофска категорија – таа некако ми е поблиска. На крај веројатно ке испадне дека има корелација не дефинициите за припадност во математичка и филозофска смисла. Поради моето неразбирање на математичката теорија на припадност, корелација помеѓу математичката теорија и филозофската теорија на припадност неможам да посочам иако ја осеќам ….
Кога ке го слушнеме зборот “припадност“ најчесто се асоцира на следното:
Детето кога ке се роди припаѓа на фамилијата, на мажот и жената од кои ги добил гените и во природана врска/мачин се создал нов живот. Но природната припадноста на детето кон своите родители е неопходност само додека тоа не се оспособи само да опстојува. Затоа и позитивните законски прописи ја забрануват секаква дискриминација по основ на припадност на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална и телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба или било која друга основа која е предвидена со закон.

Од друга страна човекот полесно се прилагодува на животот, неговите проблеми и предизвици кога припаѓа кон одредена група која со него се солидаризира. Веројатно отаму и се створила потреба луѓето да се групираат заради остварување на своите интереси и права. Од друга страна сите позитивни закони велат дека правото на поединецот/индивидуата е посилно од правото на групата … дали ?

Како е во природата кај другите животински родови/видови? Очито е дека и таму има природна припадност кон одредени групи и чопори – кои делуваат за остварување на своите приодни потреби. Рој на пчели или мравки сеедно, чопор на лавови и така натаму.
Човекот потребата да ја штити својата група каде има колективно чувствона припадност ја развил во разни правци, особено во правец на духовната и националната припадност … но ке повторам се е тоа во ред додека нема дискриминација по основ на таква духовна или национална припадност.

Да се запрашаме дали може да постои недискриминација во услови кога луѓето се здружуваат за остварување на правата на своите припаднички групи. Во заблуда ке бидеме ако тврдиме дека таква недискриминација постои.

Македонија како држава има проблем со неколку соседни држави, кои ни ги оспоруваат нашите индивидуални права на чувство на припадност. Грците не ни даваат право да се нарекуваме Македонци со што го повредуваат нашето право определување на припадност. Бугарите ни го осоруваат јазикот и историјата – сосе историските личности за кои ние мислиме дека припаѓаат на нашата културна баштина и историја, србите ни го оспоруваат правото слободно да ја изразуваме верската припадност во наша Македонска црква … албанците не ни признаваат право на делови од територија, кои за нив припаѓаат на албанците … Сето ова го успожнува нашето право да припаѓаме во здруженијата како НАТО и ЕУ.

Заради сето тоа, заради тоа што не тераат да се откажеме од чувството на приподност кон самите себеси, ние имаме проблем и живееме изолирани или најмалку речено делумно изолирани во едно опкружување на соседните држави, кои такви проблеми кај себе немаат … Од оваа состојба онака како сега е поставена нема излез и перспективи – од нешто ке мораме да се одкажеме, од дел од нашето чувство на припадност или од желбата и потребата за припадноста кон клубовите/здужувањата на ЕУ и НАТО … Очито е дека и едното и другото неможеме да го имаме – проблемот е во тоа што тоа јасно не ни се соппштува – туку се` се остава да биде отворено … Испаѓа дека ние не сме ПОДОБНИ да припаѓаме кон клубот на НАТО и ЕУ – а во тоа највеќе ни смета нашето чувство на припадност кое не сакаме да го изгубиме …

Од друга страна партиите претераа во заштитата на нивните партијски членови. Денеска во Македонија човек скоро да мора да биде припадник кон одредена партија од неколкуте поголеми за да биде заштитен … да му се овозможи да опстојува како индивидуа … Здосадува од зачестените повици, дојдете и придуружете ни се – заедно сме појаки и слични пораки … Позади сето тоа се крие всушност озаконета кражба на потесен круг на партијски членови и активисти  …
Правата на неподобните – т.е. на оние кои не припаѓаат на ниедна од поголемите партии нема кој да ги штити иако тие како група се најбројни. Имено во моментов според анкетите над 55 проценти од МК гласачи не подржуваат ниедна партија – но сеедно со Македонија апсолутно владеат партиите кои имаат подршка само од 25 до 30 проценти од вкупното гласачко тело.

No comments:

Blog Archive

Site Meter