Вчера на сите телевизии одеше честитката на белгијскиот Премиер Ив Летерм, која одприлика одеше вака:
Повеќе »..... more ».....
- Летерм и честита на Груевски и на Владата, за импресивната работа што ја направија. За него особено импресивни биле реформите од областа на правосудството, економијата и образованието.
Кој му го издиктира ова на Летерм, има ли тој дипломати во Македонија или зборува на слепо. Како тоа тој го виде напредокот и со што го измери. Со процентот на невработеноста, со процентот на сиромаштијата, со отворените нови работни места, со големината на инвестиции, со структурата на платнобилансната позиција. Како тоа Летерм гледа и знае – а ние како граѓани не го гледаме тоа, не ги осеќаме добрите дела и посветеноста на нашата кожа и особено нашите стомаци. Можеби до вакви заклучоци дојде кога ги посети селата низ Кумановско од каде на гости му дојдоа азиланти кои бараа
економски азил … па ги врати дома плаќајки им автобус, честејки ги притоа со сендвичи за по пат до дома …
Доволно ке беше некој негов дипломат да прошеташе по местата каде по контејнерите низ Скопје на пример – се повеќе има гужва на заинтересирани граѓани кои чекаат некој нешто да фрли за да тие од тоа состават ручек во денот …
No comments:
Post a Comment