Search This Blog

Wednesday, July 14, 2010

Позиција – Опозиција (политичка арена)

http://vesti.mt.net.mk/images/zabraneto5.jpg
Борбата на позицијата и опозицијата во нашата политичката арена личи на дворски игри, на театарска представа каде улогите одвреме навреме се менуваат, море на циркус често личи. Не е случаен изразот политичка арена,  арените историски доаѓаат во римскиот период и им служеле за забава на владетелите и моќниците околу нив каде во арената се одвивала борба на жиот или смрт – често таа одлука зависела дали ке биде живот или смрт од позицијата на палецот на владетелот. Борба во која главната цел е кој ке има подобра позиција да лапа од „бананата“ … Едно време најзабавна програма на луѓето беше пратење на седнниците на Собранието.
Повеќе »..... more ».....

Чуди играта на нашите главни актери во позицијата – опозицијата. Првите додека се на власт забораваат дека можеби од следните избори ке бидат опозиција и законите ги прават без да вградуваат права за опозицијата. Тоа потоа длабоко им се свети. Пример – цело време јакне улогата на полицијата, заборавајки дека тоа што сега го озаконуваш како позиција ке ти се мавне по сопствена глава кога ке станеш Опозиција.

Има и места каде тие се сложуваат. Позицијата и опозицијата (главните играчи) имаат едно непишано правило – здушно се борат проти трети и нови субјекти во политиката. Законски ја ограничуваат таа можност, правејки превисоки прагови за влез во друштвото, во Собранието како носител на власта или сеедно во Општинските одбори како локални носители на власта.
Уште една карактеристика им е заедничка што стално го спуштаат потребниот праг на излезноста – за да изборите бидат успешни. Така се борат со малодушните на бирачите и оние кои евентуално неизлегувајки на избори сакаат да пратат порака на власта и опозицијата дека не се сложуваат на начинот на кој се води државата. Така во пракса имаме ситуаци каде апсолутно се владее само со 25 до 30 проценти подршка на вкупното гласачко тело – но сеедно власта е апсолутна и легална.

Во театарот, циркусот де на Позицијата и Опозицијата за наши услови имаме трет многу важен играч – таканаречениот странски фактор олицетворен во представниците на јаките светски сили и групации … затоа и толку често се оди на бацирака кај нив. Без нивна подршка скоро сигурно на наредните избори се губи власт а често пакуваат случаи со кои те држат во позиција да молчиш – бидејки имаш договор со нив да молчиш за да не ти откријат нешто. Затоа се и изненадните тргнувања на моќни политичари од политичкиот живот. Случаи за кои ние знаеме и сме ги следеле, современици сме, имаме во изненадното напуштање на политичкиот живот на Љуп(Б)чо Георгиевски, Санадер во Хрватака, ако сакате и Караџиќ во Босна … договорот никојпат не е пишан, но најчесто се почитува.

Сеуште е млада и недоволно јака улогата на нашата новопечена олигархија, но не е и неприсутна во политичкиот живот. Криминалните структури секојпат се задскриени во политиката – присутни се, сите ги знаат но никој кога е на власт не се закача со нив. Судската власт како трета власт е во рацете на оние кои ги предложиле кога биле на власт. Новинарската фела е во процеп на зависноста од сопствениците на медиумите кои се итекако влијателни политички играчи.

No comments:

Blog Archive

Site Meter