Такво непотребн трошење на пари и енергија на овој народ се и проектите Скопје 2014, каде некој сакаше да го „замоча“ Скопје, со цел понатака да се слика пред нив и да вели е ова ЈАС го изградив додека бев на власт, без притоа да каже дека не го изградил сето тоа со свои лични пари, со донација – притоа секако не спомнува дека оставил иљадници други приоритети, нерешени социјални случаеви, нерешено вработување и да не набројувам кои се приоритети во моментот биле важни.
Кој ке одговара што одлуката за градба на Тријумфалната капија (на кого ли му ја треба и која е нејзината цел), за мостот „Око“ (на кого ли му го треба и со каква цел се гради) и неколку други покрупни и поситни објекти од таканареченото Скопје 2014. Одлуката за градба е донесена во нелегална правна постапка. Тука преродбениците заборавиле прво да го сменат законот како што им одговара, така направија за претходните проекти на Скопје 2014 пред да ги донесат тие решенија во брза постапка го прилагодија закнот. Е тука промашиле и сега ке плачат дека ете Уставен суд пак ги кочи – го кочи планот на оние кои легално добија 30 проценти од гласачкото тело во Македонија и сега апсолутно владејат со Македонија, ги тошат легитимно парите кои им стојат на располагање од заедничката каса. Забораваат да кажат дека Уставниот суд ја штити само законитоста на постапката и не навлегува во неговата суштина.
- Триумфирање … секоја година за нас е историска … и ние Султан/и си имаме
- Се подготвува теренот за триумфалната порта
- Триумфирање на власта … Чуму дебата за нешто што е веќе започнато со реализација
- Мостот Око влегува во опасна зона на големи води на Вардар
- Мостови на Вардар … егзебиционизам на власта … Жален Вардар …
- Ако нема работа за народот – дајте му мостови и ветувања …
- Ѕидот на кичот
- За вкусевите/невкусовите не се дискутира, но … соновите на Груевски коштаат бајаги
- Општина на споменици и мономенти, триумфални капии, обелисци …
- Како мали Ѓокица го замислува центарот на Скопје
- Буџетот е за да се троши … шминкерска изјава на Груевски … ке се случи ли економско чудо …
- “ВЛАДАТА ДОНИРАШЕ“ … Може ли да се донира со државни пари … со пари од буџетот кој го полнат сите граѓани …
No comments:
Post a Comment