Се до пред крајот на 2005-та година во Македонија царуваше царуваше dial up интернет (Dial up пристап преку PSTN со брзина од 56кb/s;), тогашните корисници се сеќаваат на звукот кој се појавуваше при конекцијата …, broadband интернетот беше во повои. Во тоа време се појави понуда на ADSL конекција на Македонскиот телеком, кој привлече огомен интерес. Понудата беше толку примамлива и прифатлива што имаше за тоа време огромна навалица за склучување на договори за ADSL конекција со МТ. МТ тогаш беше веќе приватизирана компанија и борејки се за лесен профит еднострано ги раскина договорите за ADSL конекција. Корисниците се побунија и имаше вистинска интернет револуција предводена од блогот р-Еволуција.
Интернетот во тоа време како и денес е со право на слободен пристап на било кој корисник. Брзо се сврста во основните човекови права. И Македонија прифати во една од стратегиите за интернет пенетрација dial up интернет да биде основно човеково право. Уште тогаш многумина велевме дека брзо ке дојде времето на broadband интернетот и дека треба ова право на човекот да се насочи кон broadband пристап како основно човеково право. Финска и предходно Естонија брзиот broadband интернетот веќе го сврстаа во основните човекови права во нивните држави. Се очекува набрзо и други земји да се приклучат. Се разбира и Македонија треба да го следи трендот.
Истовремено цело време се води друга дебата – за интернет без граници, каде се вклучени неколку предизвици:
- ТЕМА 1: Интернет пристап за сите луѓе
- ТЕМА 2: Слободата на изразување и здружување
- ТЕМА 3: Пристап до знаење
- ТЕМА 4: Заедничко знаење и творештво – слободен софтвер и софтвер со отворен код и развој на технологија
- ТЕМА 5: Приватност, надзор и енкрипција
- ТЕМА 6: Управување со интернет
- ТЕМА 7: Свест за правата, нивна заштита и остварување
Во март 2006-та и кај нас беше актуелна темата Интернет без граници!. Тогаш се појавија неколку написи од тогашни блогери кои подржаа заедничка иницијатива за Интернет без граници!, од тогаш потекнува и горното банерче. Свои постови имаа повеќе блогери:
- Интернет без граници! Блогот на Јован
- Интернет без граници Развигор
- Интернет без граници бее! Software (MKD)
- Интернет без граници! – волан предлози
- Имаше и други предлози …
- Поефтина интернет понуда од сите ИСП компании … … сведоци сме дека конкуренцијата го направи своето, ако во тоа време добар интернет кошташе стотина марки мисечно, сега веќе добар интернет се нуди и за сто денари месечно …
- Специјална понуда за интернет за „ученици и студенти“ со таргет 500 денари со ДДВ, неограничен интернет со мали брзини, 24 ч … … за да се оствари ова право државата требаше да партиципира дел од цената – таа тоа не го прифати и ова барање сеуште не е остварено
- Бесплатна диал-ап конекција на Интернет, да се плаќа само телефонски импулс и тоа како локален разговор за цела Македонија … … во тоа време имаше земји кои ова го правеа, сега кога диал ап интернетот е минато, ова барање е депласирано
- Бесплатно ВиФи по одредени точки како Студенски домови, хотели, одделни ресторани, библиотеки, државни установи каде граѓаните имаат потреба да се обраќаат на државните органи … … ова барање е долумно остварено но со огромни закаснувања …
- Таргетирање на Интернет пенетрација на државно ниво и доколку не се остварува таргетирањето, да следи интервенција од државата со буџетски средства … … ова барање не е прктика во Македонија иако таа се фали дека има огромен напредок во интернет пенетрацијата
- Бесплатно пристап на Интернет на сите изданија на Државниот завод за статистика … … ова барање е делумно остварено преку сајтот на Државниот завод за статистика
- Бесплатна можност за читање на сите закони и прописи а се преку бесплатно следење на Интернат на сите изданија на Службен весник на РМ … … на моја голема радост ова мое барање е услушано, законите можат да се преземаат и од тука www.pravo.org.mk.
- Промовирање на бродбенд интернет како нов стандард и таргет на државата РМ … … се касни со тајмингот но ова е веќе усоена политика
- Донесување закон во врска со штетните нејонизирачки зрачења а во врска со ВиФи-уредите а поготово за базните станици на мобилните оператори. … … секаде во светот ова е актуелна тема, кај нас сеуште не е …
- Продуктивна употреба на Интернетот – „аутсорсинг“ потпомогната од сите факултети кои имаат допирна точка со ова, па зошто не и од државни извори (буџет) и донации … … делумно остварено по заслуга на сегашната влада
- Јавни дебати за подобрување на Интернетот во Македонија … … улогата ја преземаа невладините организации
- Сакам вистинска е-Банка, е-Влада, е-Парламент, е-Општина … … за жал тука само декларативно се работи, најдалеку отидо сепак банките – останатите каскаат … од сето тоа е остварено само правото на бесплатен лаптп за секој пратеник и советник во општините …
- Воведување на Интернетот како човеково право … … колку сум бил далековид …
- Дефинитивно да има флет понуда за Интернет … … сега е незамисливо ако не е флет интернет, но во тоа време тешко се нудеше ваква понуда – ИСП-јата се плашеа од оние кои сакаат многу да “цицаат“ …
- А ако се мери Интернет сообраќајот ИСП компаните да имаат стандардизиран мерач на сообраќај кој ке подложи на контрола од надлежна државна институција … … ова требаше да го обезбеди АЕК, незнам до каде е …
- Бесплатен локален сообраќај (тоа е веќе предлог и на Јован) …
- АДСЛ со диал-ап брзини се неспоиливи понуди кои сега за сега лесно поминуваат кај нас … … сега ова е смешно, но не и во тоа време МТ упорно сакаше да продава АДСЛ со диал ап брзини …
- Либерализација на локалната јамка – последната миља (и ова го потенцира Јован) Заради ова неспроведување на АЕК – Директорот на АЕК и целата агенција се ставени под лупа на антикорупциска … … АЕК тука конечно ја заврши својато обврска од која во тоа време бегаше …
- Контрола на цените на оператори со значителна моќ (обврска на АЕК) према законот за ЕК, сега таков е прогласен МТ-нет а близу до прогласување треба да биде и ОнНет … … АЕК и тука делумно ја завршува својата обврска
- Државата да одвојува буџетски средства средства за спроведување на НСРИО … … во стратегијата за пристап на интернет беше усвоено да за ова се троши одреден процент од буџетот – ова државата никојпат не го изврши како обврска која произлегува од закон …
- Проект за дигитализација на сите предвоени весници кои се издадени во македонија – по угледот на УСА … … за жал пропаднаа четири години од нешто кое е многу корисно а не бара премногу средства …
- Јавна достапност на сите наслови, на книги во сите библиотеки во Македонија, заедно со останатите генералии кои обично се наоѓаат во картотеката на библиотеките. … … чинам дека е остварено
- Дигитализирана авто карка на Македонија и поголемите градови и нејзино слободно користење на сите интернет корисници. … … се остварува но не по наша заслуга
- Детален „гугл ерт“ за цела Македонија и ставање на слободно користење … … ова се остварува но пак не по залуга на македонските државни институции … клик на maps.google.com за да проверите колку е сега лесно …
- Интернет Автопат … ова барање беше подоцна, но сеуште не е остварено …
No comments:
Post a Comment