
Секојпат по ветер и дожд има услови за прекрасна далечинска фотографија ... особено ако имаш добра фото опрема т.е. зум ... денеска и мојата опрема иако е среден накај лош квалитет даде резултати ... ми ги доближи некои од планините наоколу ...





Секојпат по ветер и дожд има услови за прекрасна далечинска фотографија ... особено ако имаш добра фото опрема т.е. зум ... денеска и мојата опрема иако е среден накај лош квалитет даде резултати ... ми ги доближи некои од планините наоколу ...




За Гуските и Шатките кај Езерце во Гратскиот парк на двапати имав постови ... Горната слика беше дел од мојот пост Шатки - Градски парк рана есен 2008 ...
 Оваа слика е дел од мојот втор пост Гуски ... Градски парк зима 2008/9-та ...
 Оваа слика е дел од мојот втор пост Гуски ... Градски парк зима 2008/9-та ...
Пред извесно време повторно прошетав низ тој дел на паркот ... наминав кај кафеаната Езерце ... Гуските и шатките ги немаше, кафеаната беше срамнета со земја поради надградената дивоградба ... Помислив дека поради тоа некој ги собрал и ги однел во блиската зоолошка градина иако се растажнив ... птиците во ова езерце беа симбиоза на природата и луѓето кои си ги одмараа очите гледајки ги и неретко хранејки ги ... особено се радуваа дечињата и заљубениците на добрата фотографија ...
Денеска додатно сево ова ме растажи, поточно написот во Време: ОМИЛЕНИТЕ ПТИЦИ НА СКОПЈАНИ ИСЧЕЗНАА ОД ЕЗЕРЦЕТО-Гуските од паркот завршија во најлонски кеси ...
Подоцна ке едитирам некои од сликите од срушената надоградба на кафеаната Езерце ... Се прашувам што е судбината на јатото шатки и гуски во новиот дел на градскиот парк и таму летно време имаше стотина птици, во зимската фото сесија не ги најдов ?? ... еве две фотки од шатките и гуските вотој дел - кои се дел од мојата сторија Скопје - Градски парк ... рана есен ... Skopje Gradski park - rana esen ...
Подолу фотките од срушената кафеана Езерце ...





Млекопроизводителите ограбени во Сведмилк приказната се препуштени сами на себе ... осем ограбени сега се и „тепани“ ... маргинализирани ... против нив се води специјална војна на заплашување и медиумско игнорирање ...
Млекопроизводителите на вчерашните најавени протести во Битола (каде побараа да се расчистат матните работи во Свидмилк и да им се плати сработеното ...), повторно беа „третирани“ од полицијата со методи на заплашување - овојпат не беа тепани ... туркани, попречувани и заплашувани да ... Осем со специјален третман на полицијата, која неколку дена пред ова шеташе по домовите на битолските фармери обидувајки се да ги одврати од протестот - сега имаме специјална војна која се води на медиумите контролирани од државата ... протестот на млекопроизводителите се минимализира и игнорира ... Во Битола не ги прими Градоначалникот, ниту локалниот претставник на Министерството за земјоделие ...
Во повеќето медиуми кои од утрово ги отворив нема ништо за вчерашниот протест во Битола ... За Макфакс, МИА, NetPress, Вечер, Дневник, вчерашните протести во Битола не беа ВЕСТ која треба да се одбележи - за нив настанот не се случил вчера, тој е маргинарилизиран. Ова е веќе специјална војна кон вистината која ни се случува сега и денес.
Сведмилк приказната ја пратам уште додека таа за оваа Влада беше ДОБРА ПРИКАЗНА - на база на која темелеше развој на еден важен сектор во аграрот, млекопроизводството ... на база на која добија симпатии кај земјоделците, особено кај сточарите, кои во огромен број гласаа за оваа и за ваква Влада.
Млекото како сировина е важна за цела една гранка во аграрот ... важна е за секторот на преработката на млеко и млечни производи. Млекото и млечните производи се важен можеби најважен елемент во човековата исхрана. И самиот сметав дека Владата со правењето клима околу производелите на млеко прави добар потек за реанимирање на МК земјоделије - полека претворајки го сето ова во мала но значајна гранка во нашето заостанато земјоделие.
Цел еден синџир на производители (неколку иљади ...) се втурнаа во оваа УСПЕШНА ПРИКАЗНА која ја промовираше владата ... зедоа кредити купија механизација и специјални вискомлечни крави ... изградија објекти ... закупија или купија земјиште каде произведуваа добиточна храна ...
Сведмилк стартуваше фуриозно - со одличен квалитет. На рафтовите во маркетите почна да доминираат производите на Сведмилк. Сведмилк доби бројче за извоз во ЕУ. Сведмилк направи ексклузивен договор со Косово ... И токму кога сево ова требаше да продолжи во одлична многугодишна приказна, „кулата од карти наречена Сведмилк“ почна да паѓа. Веќе девет месеци сточарите даваат млеко за откуп но никој не им го плаќа. Тие направија неколку протести.
Владата која во тоа време беше со изборна реторика почна да ги одбегнува сточарите, изјаснувајки се дека е тоа нивна привата работа ... ги измија рацете од приказната која ја раскажуваа околу Сведмилк ... рекоа дека единствено може да ПОСРЕДУВААТ ... Го пронајдоа Моше Баум кој требаше да биде спас за млекарата. Тој ја купи млекарата за едно евро и газдува веќе неколку месеци ... нови пари во млекарата не внесе ... старите долгови кон млекопроизводителите се зголемија ... Пред месец дена во Млекарата конечно влегоа сите надлежни инспекции ... Што пронајдоа таму уште не ни се соопштува ... На крај банкарите ги активираа хипотеките ... Сведмилк од ДОБРА И УСПЕШНА ПРИКАЗНА се претвори во приказна за која владата не сака да слуша ...
Св. Петка Црниче - Скопје ... Sv. Petka Crniče - Skopje ... фото и видео сторија ...
1.
Храмот посветен на „Света Петка Параскева“ се наоѓа на подножјето на Водно - во Црниче Скопје.  Црквата е изградена во 1923 година, иконописан и осветен во 1924 година. Во изработката на иконите учествувал и познатиот иконописец/зограф од тоа време Димитар Папрадишки.
Црквата е градена на подарен имот од извесен Божин (други извори велат дека земјиштето е подарно од фамилијата на Антон и Горица Петрови-Дерибабови ...) кој сонил дека во дворот има закопано нешто свето - копајки нашол икона од Преподобната Света Петка Параскева. Божин имотот го подарил на Црквата за да се игради Храм на Преподобната Света Петка Параскева. Црквата е градена со донации од граѓаните кои живееле во околината. Изградбата почнала некаде 1904 година со осветување на темелите на Црквата. Градбата траела невобичаено долго цели 20 години.
Во земјотресот 1963 година црквата претрпува оштетувања. Санирана е - доградена е камбанерија ... на јужната и северната страна доградени се два параклиса (мали цркви ...), едниот посветен на Царевите Константин и Елена (кои се прогласени за рамноапостоли ...) а другиот посветен на Света Великомаченичка Недела.
Моментално црквата блеска со сиот сјај - има убава ограда, дворот е поплочен со павер елементи и целата зрачи во чистотата на околината. Многу скопјании од тој дел на Скопје сите потреби од црковниот живот (молитвени активности, венчавки, крштевки, парастоси и сл. ги обавуваат во оваа црква ...).
2.
3.
4.
5.
6.
7.
8.
9.
10.
11.
12.
13.
14.
15.
16.
17.
18.
19.
20.
21.
22.
23.
24.
25.
26.













