Нависитна се изненадив со написот на денешен Дневник - ТИМЈАНИЧКА ЦУЦКА КАЈ НЕГОТИНО КРИЕ НАОЃАЛИШТЕ НА ЈАГЛЕН - Проект за нов рудник јагленисува 50 години ... И само дел да има вистина во него е срамота за нашата држава која е пред огромна електроенергетска криза веќе сега - а за некоја година ке се продлабочи уште повеќе - кога ке се исцрпи јагленокопот во Битола ...
- Месноста Тимјаничка Цуцка кај Неготино крие околу 200 милиони тони јаглен, а проектите за отворање рудник и термоцентрала покрај автопатот Скопје - Атина половина век јагленисуваат во некоја фиока, тврдат експерти.
- Според нив, количествата се доволни за една електроцентрала, од типот на ТЕЦ „Осломеј“ - со моќност од 120 мегавати, да работи околу 200 години.
- Рударскиот инженер Перо Јовановски, кој ги водел истражните работи на наоѓалиштето, вели дека тоа е второ по големина по битолското, а квалитетот на јагленот бил подобар од тој во рудникот Суводол.
- Од 1956 до 1962 година тој раководел со истражувањата на неготинското наоѓалиште. Тоа се протега кон селата Дисан, Тремник и Тимјаник, а од едната страна и кон градот Неготино.
- Испитани се околу 1.500 метри во јамски тунели и направени се околу 1.000 дупчења. Јагленот се наоѓа на длабочина од 10 до 100 метри, поради што може да се експлоатира површински и јамски.
- Се проценува дека околу 100 милиони тони се површински јаглен. Истражувањата покажале дека во рудникот дебелината на јагленот е од пет до осум метри, а чистотата од 1.000 до 3.500 калории.
- За јагленот се интересирале и странските фирми што конкурираат на повикот за продажба на ТЕЦ „Неготино“. Според Јовановски, ако проработи рудникот кај Неготино, би вработил околу 600 рудари
Сличен ваков напис за јагленот од Неготино Дневник има напишано и пред повеќе од година дена ... Во написот се споменува дека Неготино треба да се пренамени да користи природен гас како енергија ... (Руски се разбира ...) но со една реченица се спомнува дека во непосредна близина на Термоцентралата има неискористено наоѓалиште на јаглен ... сметаат неколку стручњаци од Рударскиот институт од Скопје и ЕСМ. ...
Некој упорно турка идеја за увоз на јаглен - заради производство на струја ... Тоа како варијата можеби е интересно само за Битолската термоцентрала - која наскоро ке остане без резерви на јаглен а јаглен има во блиските падини во Грција ... Грција турка таков проект (јаглен за струја) - бидејки јагленот од тие наоѓалишта е со многу сулфур и производството со ваков јаглен е еколошки неоправфано ... Ваква идеја туркаше и Топурковски на времето ...