Search This Blog

Monday, November 30, 2009

ВИЗИТЕ КОНЕЧНО ПАДНАА

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/zivotbezgraniciangliskiLarge.jpg?t=1223116510
Македонците по 20 години изолација од невидливиот шенгенски зид, конечно го добија она што некојпат го имаа - безвизно да ја шетаат Европа. Советот на министри за внатрешни работи и за правда на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел донесе одлука за симнување на шенгенската визна бариера за Македонија, Црна Гора и Србија - која важи од 19 декември годинава. Голем ден и заслуга на сите што допринесоа да се исполнат техничките и политичките критериуми да падне невидливиот шенгенски зид.    Повеќе ».....

МАКЕДОНИЈА има територијални претензии, присвојува историја, не гаи добрососедски односи, творба е на коминтерната и ТИТО, ...


Има ли Македонија територијални претензии, присвојува ли туѓа историја, гаи ли добрососедски односи, присвојува ли историски личности, дали е творба на коминтерната и ТИТО, ... На сите овие прашања мораме да дадеме јасни одговори, за да го одстраниме сомнежот на демократскиот свет во нашите “скриени“ намери ... Мора јавно да ги поставиме сите наши црвени линии.     Повеќе ».....

Sunday, November 29, 2009

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

http://promacedonia.com/pdf/ivanov_severna_makedonija_1.jpg

Северна Македония
Исторически издирванья
отъ Йорданъ Ивановъ
лекторъ въ Университета
Съ образи и карти
 София  1906
Повеќе ».....

Saturday, November 28, 2009

Груевски гордо ја накриви капата ... рејтингот веројатно повторно му расте


Средбата со Папандреу не донесе ништо ново - дваицата лидери останаа на своите позиции. Груевски е горд на себе што не попушти и го обрани македонското достоинство. Рабортите на внатрешно политички план повторно добро одат во полза на рејтингот на Груевски.

Капо ди тути капи ...

Студентски протести во Београд се во информативен молк во МК медиуми





Во Београд веќе неколку дена се случуваат студентски протести ... дел од нивните барања Владата на Србија ги усвои. Во нашите медиуми се случува информативен молк во врска со овие протести, скоро да не се присутни на тикерите на нашите медиуми. Дали е ова политика со која се сака да не се пренесат слични барања и во Македонија. Иако Македонија веќе имаше студентски протест кој имаше слични барања - но владата го оцени како провокација на опозицијата и вооптшто не ги разгледа барањата на нашите студенти.        Повеќе ».....

Friday, November 27, 2009

Тонењето на индустријата продолжува ... кој лаже рогот или козата


Наспроти оптимизмот на Ставревски дека економијата заздравува, на база на што повторно испрограмира оптимстички буџет за 2010 година - Заводот за статисика искочи со нови бројки врзани со индустриското производство:        Повеќе ».....

Државна лотарија за вадење на ЛК ... Бизнис план за актуелен мал бизнис ... закажување термин за Лична Карта, Пасош и Возачка

http://www.mvr.gov.mk/images/Image/plakatWebLK___.jpg
Едно време беше актуелно чекање во ред пред грчка амбасада за вадење на визи. Досетливи граѓани стоеа за паричен надоместок во редот за друг граѓанин. Но грците го секнаа овој бизнис, сега термин за виза се закажува со меил апликација.           Повеќе ».....

Thursday, November 26, 2009

Блогерски молк на блогерите со десна провинциенција ... Карл Билд долетува во Скопје - дали е тоа шател дипломатот на ЕУ ??

Во последните десетина дена има вистински молк на блогерите со десна провинциенција. Не дека немаат за што да пишуваат но како да добија „молба“ од одредени центри деновиве да не брануваат. Како да им пресушија блогерските пера. Со душа го дочекаа појавувањето на сведочењето на Бошковски на сајтот на ЈуТјуб, за да го исфрлат бесот во новиот кривец/предавник, истиот оној кој до вчера беше херој и паталец, сега е сестра Љубе. Деновиве интензивно ни соопштуваат дека опозицијата спрема црни сценарија. Писмото на Премиерот не беше доволно. денеска портпаролот на ВмроДпмне ни ги соопшти црните сценарија на нивните политички противници. Се релативизира средбата Груевски Папандреу во Мала Преспа и ни се соопштува дека ништо спектакуларно не треба да очекуваме.         Повеќе ».....

Држава по мерка на богатите и моќните ... транзицијата продолжува

Економијата ни е на колена, буџетот ни е главен двигател на стварањето на БДП. Трансформацијата отиде во правец на затварање на големите и моќни компании кои вработуваа ... Скоро сите компании и претпријатија кои беа со над неколку иљади вработени преку стечај отидоа во минатото. Новиот капитал однос влезе на отворените врати и расчистениот простор. Правата на сопствениците се зголемуваат правата на работниците се намалуваат тоа се два процеса кои ги карактеризираат сиве овие 20 години транзиција.          Повеќе ».....

Wednesday, November 25, 2009

ВАНКОВСКА сношти ја направи најголемата реклама за вредноста, тежината и можностите блогирањето ...



Сношти во дебатната емисија на А1 “Студио 2 во 20“ - Професор Ванковска ја направи најголемата промоција на блогирањето во Македонија. Имено за се` што водителот Биљана Секуловска ја запраша Ванковска се повика цитирајки го нејзиниот блог. Многу е важно за развојот на блогирањето во Македонија блогот да стане место каде ке се прочита личното мислење и ставот на јавните личности од македонскиот политички и јавен живот. За жал премалку јавни личности од политичкиот, јавниот и особено новинарскиот свет ја сваќаат можноста преку блогот да останат јавно напишани и на сите достапни нивните искажани мислења на одредени теми.      Повеќе ».....

ОХРИД - Изворите во Св.Наум ... OHRID - Water sources in St. Naum

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/7-12Small.jpg?t=1259140127
1. ОХРИД - Изворите во Св.Наум
Едно од најмистичните и воедно најубавите места се изворите во Св.Наум. Кој не бил на тивка прошетка со кајче низ траткиот тек на Црн Дрим од ресторанот до изворите пропуштил ретка можност да ја слушне тишината и мирот. Познато е дека на овој дел се најголемите извори кои го хранат Охридско езеро со вода од блиското и повисокото за стотина метри Преспанско езеро.    Повеќе ».....

Tuesday, November 24, 2009

Кодошење - национален спорт ... во друштво на троица Македонци дваица се кодоши ...


Оние кои Брат Љубе го дигаа на пиедестал на борбата за националното, за макидонизмот, ... од времето кога се спротивстави на водството на ВмроДпмне, обелеоденувајки ја кандидатурата на Претседател на РМ и особено откога формира своја партија - истите тие од сношти маваат со дрвја и камења по Брат Љубе разочарани од сведоштвата на Бошковски пред хашкиот трибунал.         Повеќе ».....

Скопје, есенски залез во Ново Лисиче

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-1Medium.jpg?t=1259062944
1. Скопје, есенски залез во Ново Лисиче ...
Овие ноемвриски денови изобилуваат со сонце и ги бојат скопските паркови со убави бои на есента, а залезите на сонце се преубави ... очито е зошто нашето знаме е обоено со боите на црвената и жолтата боја ...  Повеќе ».....

Monday, November 23, 2009

Груевски Папандреу - средба во петок во Мала Преспа, уште една шпекулација или ...


А1 стана место преку кое ни се соопштуваат одредени вести кои се до тогаш се само шпекулации. Најновото соопштение или шпекулација е дека во овој петок Папандреу и Груевски ке се сретнат во Мала Преспа ... А1 ни соопшти за Писмото на Груевски до своите членови, ни соопшти па го повлече соопштението на наводната оставка на Груевски и да не набројувам ... Дали А1 е всушност параван од кој власта ги соопштува своите размислувања за да ја види реакцијата на јавноста ??.    Повеќе ».....

Зошто Министерството за внатрешни работи не воведува меил апликација за добивање на Лична карта и Пасош, има ли неуставност во оваа постапка ...

 http://www.mvr.gov.mk/images/Image/plakatWebLK___.jpg
Ова е трет мој пост каде јавно го прашувам Министерството за Внатрешни работи зошто не воведува можност меил апликација за вадење на лични карти и пасошти.  Повеќе ».....

Скопје не си ги одбележува годишниците ... Сто години од првата светилка во Скопје и првата филмска проекција


Попрецизно би рекол дека Скопје не си ги одбележува сите позначајни годишници. На сајтот на www.kingmarkoland.com одбележани се позначајните датуми од историјата на Скопје. Од праисториската населба Тумба Маџари до денеска набројани се повеќе од стотина значајни години и датуми. Од сето тоа многу малку се одбележува во сегашноста. Има полно цивилизаторски придобивки кои заслужуваат посебно да се одбележуваат:         Повеќе ».....

Sunday, November 22, 2009

Груевски размислува за оставка - модел Санадер ...


А1 пренесува шпекулација за сценарио на оставка на Премиерот Груевски, но не и за оставка од претседателското место во ВмроДпмне. Времен премиер би бил Ставсевски а по промена на името наш Грујо пак ке се врати во фотељата на Премиер на РМ ...    Повеќе ».....

Saturday, November 21, 2009

Е-Документи за намалување на админстративните бариери - Е-ова, Е-она

 http://www.mvr.gov.mk/images/Image/plakatWebLK___.jpg

Кога го прочитав насловот на оваа вест - потајно си реков: конечно се сетија да воведат електронско пријавување за вадење на документи за лична карта и пасоши. Си велам срамота е во сите амбасади може електронски да конкурираш за термин кога да дојдеш на лице место да завршиш работа. Но не било тоа, граѓаните сеуше мазохистички ги малтретираат и им порачуваат дека требало до сега навреме да мислат и да си завршат работа ... сега нека пукнат нека вртат телефони ко луди на линии кои не постојат, а остануваат и заканите за казна ако не завршите работа - законот мора да се почитува ...       Повеќе ».....

ГРУЕВСКИ НА CNN - за невработеноста, трговскиот дефицит и кога очекува да ја види Македонија во ЕУ ...



Груевски на CNN гостуваше нешто помалку од 5 минути. Водителот Ричард Квест во овие неполни пет мимути сублимира дека Груевски кој е во посета на Ирска и Англија во промотивна мисија за обезбедување на подршка за приемот на Македонија во ЕУ, сублимирано соопшти неколку констатации, 32 процентна невработеност и голем трговски дефицит. Го праша Премиерот кога тој очекува дека ке влеземе во ЕУ. Груевски ладно одговори дека се надева за три до четири години највеќе Македонија да ја види во ЕУ. Ако до 2015 не влезе ке биде разочаран. За невработеноста рече дека таа била уште повисока, но одкога тој е на власт со зајакнатите економски реформи таа паднала и ке оди уште надолу.        Повеќе ».....

Friday, November 20, 2009

Претседателот Иванов порача - Работа има ама секој треба да си ја најде !!

 
Навикнавме на бисерите на Претседателот Иванов. Во низата, денеска слушнав уште еден, кога тој во посета на пензионерскиот дом Мајка Тереза на прашање на пензионерка - која обраќајки му се на Претседателот со Друже Претседателе (на што сите се изнасмејаа) не го праша каква помош ке им даде на пензинерите. туку го праша како да им помогне на младите да најдат работа ...   Повеќе ».....

КУМАНОВО приквечер - Куде тумбу и четири бандере, куде Батка Ѓорѓију, ... есен Ноември 2009 (втор дел)

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-56Medium.jpg?t=1258719638
1. КУМАНОВО - Куде тумбу и четири бандере, куде Батка Ѓорѓију, ... есен Ноември 2009   Повеќе ».....

Thursday, November 19, 2009

Wednesday, November 18, 2009

Историјата на историчарите - на политичарите сегашноста и иднината.

Горната изјава мора да се врами во секој кабинет на владеачката ВмроДпмне и да се додаде до сликата на лидерот и знамето и симболите на ВмроДпмне. Дадена е од нивниот лидер Груевски. И сите ние останати мораме да ја смениме нашата свест за историјата и сегашноста. Доста ни е од историја, неа нека ја третираат историчарите и академиците - ние бараме сегашност и леб за нас и нашите фамилии ...

Tuesday, November 17, 2009

ПИСМО на Груевски - уште едно ...

http://media.a1.com.mk/media/golemi/soopstenie-vmro.jpg
Груевски докажа дека одвреме навреме преферира писмена комуникација со членството на ВмроДпмне, со одредени институции школството на пример, со меѓународни институции и личности, писмата до оделни меѓународни авторитети и личности ...

А1 ни ја открива содржината од последното писмо на Груевски до членството на ВмроДомне. Во него Груевски повикува на последна битка со транзиционите политичари : „Време е за последната битка со политичарите кои зад себе оставија пустош и беда и кои во нашата држава ја донесоа малодушноста, криминалот, лагата и искривените вредности. Време е да ги пресретнеме нивните обиди повторно да ги земат под заложништво македонските граѓани и нашата татковина“ ...

Некои од аналитичарите велат дека со маневра на нови избори по декемврискиот расплет - во пролет Груевски ке се обиде да се пресмета со Бранко Црвенковски и воедно ке побара нов мандат со нов предлог за решавање на спорот со Грција - но овојпат без референдум ... Опозицијата и многу од аналитичарите велат дека Груевски не преговара иако формално вели дека учествува во преговорите ... Груевски е втеран во ќоше да најде компромис (по историската шанса од позитивниот ЕУ извештај и визната либерализација) воедно да спроведе референдум кој треба да позитивистички да го брани ...

Некои од аналитичарите проценуваат дека сепак најверојатно за вкаво крупно прашање ке се створи некава нова влада (техничка или влада на голема коалиција - со учество на ВмроДпмне но без Груевски во таква влада ...). Игра која ја видовме во Хрватска со случајот на Санадер кој сега невестува дека сака да се врати повторно во политичкиот живот на Хрватска ...

На меѓународна сцена писмата на Груевски не донесоа резултати. Од кога му пиша на Баросо, Баросо веќе за Груевски е оф лајн ... не се сретна ни со Караманлис, ниту со Бан Ки Мун ... Очито е дека подобро му оди со писмата на внатрешен план до своите сопартијци - ВмроДпмне има стабилна власт на сите нивоа во Република Македонија ...

Куманово 490 години - Со почит кон неимарите


Куманово и кумановчани одбележувајки 65 години од ослободувањето и 490 години од првото споменување како населено место на 18 ноември 2009 (среда), во просториите на Кино Козјак приредуваат вечер посветена на петмината највпечатливи кумановци на 20-тиот век:       Повеќе ».....

Monday, November 16, 2009

Чиштилиште за малото стопанство - 4600 фирми блокирани од УЈП, припремени решенија за блокада на уште 6.500 ...

Како последица на “добрата“ економска клима што ја створи власта, УЈП деновиве издава решенија да се блокираат приближно 12.000 МК компании претежно мали компании во кои луѓето се самовработуваат. Во прва фаза блокирани се 5684 фирми, за остантите решенијата следат. Со ова ке се блокираат вкупно 30 проценти од бројот на регистрираните фирми во Македонија. Дефинитивно се закопуваат неуспешните обиди на македонските претприемачи кои ги вложија своите последни пари и надежи дека можеби ке им тргне - ако отворат свој приватен бизнис.     Повеќе ».....

Време е за планот “Б“ - ако го има

Откако Македонија доби условна можност да ги започне преговорите со ЕУ, т.е да добие датум за преговори, во првите дваесетина дена од краткиот рок не се случи ништо што можеше да се крсти доближување на ставовите - напротив црвените линии двете страни ги подигнаа повисоко. Сега на сите ни е јасно дека договор нема да има.      Повеќе ».....

Saturday, November 14, 2009

Блогерски пазар - Чаршиски муабет

Сношти на А2 гледав емисија каде троица а можеби и четворица реномирани блогери учествуваа на трибина, во која требаше да се говори за почитување на правата на различностите и маргинизираните групи ... Наместо искажување на ставови, гледав “чаршиски муабет“ кој обично жените го прават на пазар со непочитување на правото другите да се искажат ...

Friday, November 13, 2009

Демонстрирање на сила и страв - војна со својот народ, зошто нема меил апликација за промена на лична карта ??!.

http://www.mvr.gov.mk/images/Image/plakatWebLK___.jpg
Државата секојдневно демонстрира сила и сее страв меѓу своите жители. Спроведува ред и поредок со примена на сила. Секој нов закон е со некава екстремна казна од која ти се крева косата на главата. Народот е во чудо и незнае како да се однесува. Не ти се излегува ни на улица ... Испаѓа дека државата е во војна со својот народ. Своите обврски аминистрацијата ги крие преку дискретни права на администрацијата и потребата од тајност ...  Повеќе ».....

Thursday, November 12, 2009

Македонецот веќе се научи ништо да не очекува, следна фаза е како да се научи да не јаде, последна фаза е да се види колку ке издржи пред да умре.

Македонскиот граѓанин транзиционите МК власти го научија ништо да не очекува ... веројатно до сега македонецот се подначи и да не јаде ... Следната фаза се знае, откога ке го научите “магарето“ да не јаде следи негова природна смрт од глад. Македонецот е горд на сето тоа - ке умре гордо ако треба, ама барем ке биде “ошишан“ ...

Wednesday, November 11, 2009

Буџетот во 2010 ке продолжи да го јаде приватниот сектор и заштедите на граѓаните ...

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/LizgalicaLarge.jpg?t=1247307245
е да, сликата на Славевски треба да се замени со слика на Ставревски ... пораката е дека кога ке падне буџетскиот авион на тенкиот мраз - сите ке се исподавиме во ладната вода ...

Ништо ново во буџетската 2010 година. Бужетот и во 2010 година е одново нереално висок. БДП-то и понатаму ке го ствараат вработени во државниот сектор (над 50 проценти). Од вкупно вработените над 35 проценти се во државниот сектор. Спасот повторно нема да биде во нултото ниво на странски инвестиции (кои повторно нема да дојдат, иако нели имаме “најдобра“ бизнис клима во ЕУ и бројни кампањи “дојдете да инвестирате во нашиот економски рај“ ...).         Повеќе ».....

Monday, November 09, 2009

Блогерска “демократска“ есен ...

Некои од блогерите кои пишуваат и за политички теми чудно си ја замислуваат демократијата на своите блогови:
  • најпрвин ке пуштат пост со сосема испревтени и недокажани тези
  • потоа кога на блогот ке бидат бомбардирани со издржани коментари и контратези се решаваат за
  • бришење на постот
  • бришење на сите кометари
  • а некои радикално бришат цели блогови
 Навистина чудна блогерска “демократска“ есен  ...

Паразитско однесување на државните институции во заштитата на културното наследство ...

http://volanskopje.blog.com.mk/system/files?file=%D0%90%D0%BA%D0%B2%D0%B0%D0%B4%D1%83%D0%BA%D1%82%20%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B0%205%20%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D1%86%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%BE%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%B4%D1%80%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B0%20%D1%81%D0%BE%20%D0%BF%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B5%D0%B4%20%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B0%20%D1%81%D0%B5%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B0.jpg
На сите усти се фалиме дека сме библиска земја со историја од предисторијата до денеска. Дека каде и да копнеме имаме историја и ретки раритетни артефакти. Градиме политики и стратегија за развој на специфичен вид на туризам, кој ке се ослонува на богатството на градбите од минатото, светите и старите места црквите, манастирите, џамиите, на бројните и богати со артефакти археолошки локалитети, на музеите ...          Повеќе ».....

Sunday, November 08, 2009

Митровден ... Митровдан ... Димитровден ... Св.Великомаченик Димитриј - репринт

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/e6/Michael_of_salonica.jpg/200px-Michael_of_salonica.jpg http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/6d/Dymitr_z_Salonik.jpg/200px-Dymitr_z_Salonik.jpg http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/0e/Relics_of_Saint_Demetrius.jpg/200px-Relics_of_Saint_Demetrius.jpg http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/51/Zemen-monastery-st-nestor.jpg/180px-Zemen-monastery-st-nestor.jpg
Ѓурѓовден и Митровден се денови меѓници ... всадени во обичаите и верувањата на нашиот народ ...
Додека со Ѓурѓовден 6.Мај се празнува времето кога човекот излегува во природа ... на сонце што би се рекло ... Со Ѓурѓовден започнува летната половина од годината што трае до Митровден, период кога оживува природата а на луѓето им претстои многу работа. ...      Повеќе ».....

Friday, November 06, 2009

И Психолозите/Психијатрите пукаат/убиваат ... нов менгеле во Форт Худ во Тексас

http://assets.nydailynews.com/img/2009/11/06/amd_hasan_headshot.jpg
Mајорot Малик Надал Хасан (Maj. Nidal Malik Hasan) кој работел како воен психолог во базата Форт Худ во Тексас, која е најголема американска воена база на територијата на САД 45.000 војници, во моменти на “жолта минута“ со два пиштола убил 12 американски војници ... изгледа му пукнал филмот ...       Повеќе ».....

Куманово - Покана за “ВЕЧЕР ЗА СПОМЕНУВАЊЕ И ДЕРТ“

 
Кумановското друштвото за наука и култура “Парадигма“ на 7 ноември 2009 (сабота) со почеток во 19.00 ч. во просторииите на Спомен домот на АСНОМ во Пелинце:         Повеќе ».....

Thursday, November 05, 2009

Пирамидално државно задолжување ?


Државата деновиве повторно се задолжи кај домашните банки и компании за цирка 40 милиони евра - од кои 2 милиона за да врати поранешни слични кредити. По некои проценки ваквите задолжувања се движат околу 200 милиони евра. Мене ова веќе ми личи на пирамидално задолжување, со оглед дека не се очекува брзо заздравување на стопанството и зголемување на редовните приходи во буџетот. Вонредните приходи преку казни и нови намети кон фирми и граѓани очито не ја покрива буџетската дупка. Сето тоа го умртвува претприемачкиот дух, нови бизниси се вистинска реткост не само во странските туку и во домашните инвестиции ...   Повеќе ».....

Wednesday, November 04, 2009

Универзален валутен корвертор ... Universal Currency Converter


Универзален валутен корвертор
Некогаш имавме мака кога требаше заради различни потреби да направиме конверзија на некоја домицилна валута во нашата или во некоја валута која ни е блиска (во долар или евро). За таа потреба во миатото се обраќавме на специјална служба на Народна Банка која телефонски ни ги даваше односите. Сега е сето тоа лесно - има толку многу интернет онлајн валутни конвертори што се е сведено на вистинска леснотија . Со само неколку притиснувања на тастерите на онлајн сајтовите на валутните конерери, ние ја имаме потребната информација - колку кошта хотелот во Хрватска или Танзанија да речеме. Можеме да споредуваме и да планираме.       Повеќе ».....

Tuesday, November 03, 2009

Транзиција во криза - подлабока и продолжена рецесија


Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) во последниот извештај за Македонија како дел од годишниот Транзициски извештај 2009 - насловен како „Транзиција во криза?“ предупредува дека Македонија може да загази подлабоко во рецесија бидејќи паѓаат:        Повеќе ».....

Monday, November 02, 2009

Медиумите бараат спас во наплата за користење на нивните интернет содржини.

Медиумите воопшто со во економска криза. Процесот на намалување на продадените печатени тиражи е евидентен светски процес кој одавна ги зафати и нашите простори. На сето ова медиумите се притегнати од се побогатите бесплатни интернет содржини. Светските медиуми одговараат со зголемување на квалитетот на понудените написи и со освојување на интернет просторот во кој се обидуваат соодветно да наплатен рекламен простор.       Повеќе ».....

Референдум, зошто за прашањето на името не треба/смее да има референдум

 
Одавна ја застапувам тезата дека за прашањето на името не треба/смее  да има референдум. Наместо да пишувам нов пост само ке ги линкувам моите написи во врска со прашањето на референдумот за нашето име.          Повеќе ».....

Sunday, November 01, 2009

Есен Градски Парк Скопје - 1.Октомври.2009

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-11-1.jpg?t=1257100454
сл.1    Есен Градски Парк Скопје - 1.Октомври.2009
И оваа година како и минатата поминав во Градски Парк Скопје, во потрага по фотографија. Денот беше како од богаа даден за фотографија. Жолтата, зелената, кафената, плавата (нивните нијански) се бои на есента.                 Повеќе ».....

Македонска поддршка ... Конверзија на постоечки документи во Македонска поддршка

http://www.vestel.com.mk/unicode/LSkonvert3.gif

Многумина имаат мака со инсталирање на Македонска подршка на своите компјутери и со конверзија на постоечките стари докумети во Македонска подршка.         Повеќе ».....

Blog Archive

Site Meter