Откако го уништи малото стопанство кое некојпат броеше респектибилна бројка со концепт на самовработување (едно време бројките говореа дека успешно работеа повеќе од 40 иљади мали фирми со концепт на самовработување), – државата постепено во последните десетина години го гуши малото стопанство и се сврти кон домашната и странската олигархија, за на крај сега да се одлучи на последниот чекор да бара пари уште еднаш од 7250 живи мртви души. Се работи за фамозната реформа на концептот на бруто плата која исфрли на површина дека во моментот цирка 13.000 мали фирми неможат да го следат коракот на давачките према државата, бидејки немаат бизнис кој може да ги издржи трошоците на работење. На живите мртви души „се сетија“ и локолните самоуправи – само во Скопје зарди неплатена фирмарина блокирани се повеќе од 20.000 живи мртви души.
Search This Blog
Wednesday, June 30, 2010
Кој ќе го следи МВР – Се разбира Големиот Брат
Tuesday, June 29, 2010
Маж и Жена - низ заедничките години ... Зошто никој не линкува извор на испирација за својот текст ?!
Маж и Жена - низ заедничките години ...
Маефиев закон е дека (го имам слушнато во Багдад пред скоро 30 години од мој постар пријател со кого заедно работевме во Ирак, тогаш бев тазе женет едвај неколку години и се насмејав - но сега гледам дека бил во право): Повеќе »..... moor ».....
МОТИВ - ација ... Motivation
Груевски и Црвенковски си го измерија на улица (рејтингот де) ...
Spank Me !!!! – Државата го е*е, цица и тепа граѓанинот … граѓанинот ја ведне главата и вика удриииииииии, уштееееееееееее !!!!
Spank Me !!!! – Државата го е*е, цица и тепа ѓанинот … граѓанинот ја ведне главата (демек наведната глава не ја сечела сабјата…) и вика удриииииииии, уштееееееееееее !!!!
Monday, June 28, 2010
Вети ли граѓанинот Црвенковски дека нема да се кандидира за државна функција - воколку на следните избори ја добие подршката ??
Sunday, June 27, 2010
МЕНАДА - та запленета во операцијата „Фаланга“ оригинал или копија ??!
Ова е сликано во Музеј на Македонија кеде се продаваат реплики на вредни и позначајни археолошки артефакти пронајдени на тлото на Македонија
Повеќе »..... moor ».....
Повеќе »..... moor ».....
Македонија да ги понуди некои од селата на интернет продажба ... ако можат другите можеме и ние
Македонија има 1,645 прекрасни села. Во некои од нив има едвај по неколку жители а некои се тотално раселени. Економист би рекол она што не ни треба или никој не го сака треба да се продаде. По углед на другите да ја пробаме и ние среќата - да огласиме интернет продажба на некои од нашите напуштени/запуштени села. Ене горе на средната слика некои такви купци едвај чекаат. :) Повеќе »..... moor ».....
НЕ СУМ ДОМА ! ... ама нема да бидам ни на митинг кој го предводи Бранко Црвенковски !!
НЕ СУМ ДОМА ! ... ама нема да бидам ни на митинг кој го предводи Бранко Црвенковски !!
Повеќе »..... moor ».....
Повеќе »..... moor ».....
Saturday, June 26, 2010
Од кој антички локалитет е Phallus-ов ?! :) ... Дали збирката на крстови на Трифун Костовски е легална ?!
Од кој антички локалитет е Phallus-ов ?! :)
Полициската операцијата „Фаланга“ во каја година дена се следеле и оперативно со сите техники на полицијата се обработувале педесетина Диви копачи и нивните пајташи од полицијата и дел од археолошката фела, вчера имаше кулминација. Ни се покажаа фотографии и видео записи од запленетите артефакти. Изјави имаа најповиканите Министерките за полиција и култура. Повеќе »..... moor ».....
Friday, June 25, 2010
Македонската Архео Мафија под удар на полициска акција ...
Медиумите од сношти брујат за акцијата која се спроведува во полицијата под име “Фаланга“. Се работи за полициска акција во која се извршени педесетина претреси кај познати Диви копачи и нивни соработници во археофелата, властите и полицијата. Приведени биле педесетина луѓе од кои многумина се актуелни политичари и бизнисмени. Одавна тврдам дека Архео мафијата не може да работи ако нема податоци од оние кои тоа најдобро го знаат – Археолозите. Има ли луѓе од фелата приведени во оваа акција? Имиња сеуште не се откриваат. Повеќе »..... moor ».....
Thursday, June 24, 2010
ВРАБОТЕНИ - НЕВРАБОТЕНИ - ПЕНЗИОНЕРИ - СОЦИЈАЛА ... ОСТАНАТИ
| |||||||||||||||||||||
Кој е соодносот во Македонија меѓу Вработените, невработените, пензионерите, социјалата и останатите лица ?. Може ли моментално вработените да го издржи теретот на останатите – невработените, социјалците, пензионерите, сиромаштијата … Често ги пратам овие бројки и движења заедно со процесот на иселување на Македонците. Сите надлежни институции кои треба да ги евидентираат движењата на работната сила во Македонија како да се задолжени да ги штимаат бројките, кои треба да покажат дека сегашната власт е подобра од минатата и дека процестие се движат во ветената насока. Повеќе »..... moor ».....
Tuesday, June 22, 2010
Законот за домување уште еден кабинтески закон ...
Законот за домување донесен во август минатата година е уште еден закон кој е донесен кабинетски. Истиот не води сметка за реалноста и како и многу други закони пред него - државата се обидува спроведувајки ред во дејноста да зафати нови давачки за граѓаните. Повеќе »..... moor ».....
Само што не ни тргнало … Фабрикува ли економски податоци нашата власт ??
Сегашната власт суверено и апсолутно владее четири години. Влада на Македонија од 2006 … Влада на Македонија од 2008. Да не беа предвремените избори пред две години сега ке бевме на прагот на нови редовни избори. Четири години се доволно време да се направи пресек што ветуваше власта кога доаѓаше на власт а што оствари. Повеќе »..... moor ».....
Monday, June 21, 2010
Продуктивна инвестиција
Некојпат кога учев економија за продуктивна инвестиција се сметаше онаа инвестиција што се вложува во во производните процеси - таму каде што се создава нова вредност. Пример не се вложува во административни згради туку во производни хали, во машини и нова технологија, во знаење за напредни технологии. Повеќе »..... moor ».....
Sunday, June 20, 2010
Морско прасе (Guinea pig) - се разладува на терасата
Морско прасе (Guinea pig) - се разладува на терасата ...
Поминаа скоро две ипол години како синот го внесе на нашиот дом. Неговиот интерес брзо заврши и сега е моја обврска. Никојпат не сум сакал животни кои не се во природна средина. Повеќе »..... moor ».....
Сардели од мојата тераса ...
1. Сардели од мојата тераса
Сарделите на мојата тераса дојдоа како наследство од терасата на мајками. Сарделите се можеби најраспространето саксијско домашно цвеќе на нашите подрачја. Бабами во кумановско ги викаше Сардонти. Во Србија популарно ги викаат Мушкатли а кај комшиите Бугари познати се како Здравецови. Англискот назив им е Geraniaceae. Бараат доста вода, не се пребирливи во однос на квалитетот на земјата, сакаат доста светли простории, иако приметувам дека подобро успеваат на површини кои не се предолго на прејака сончева светлост. Многу македонски тераси, прозорци и дворови се со повеќето прекрасни видови кои бујно и долго цветаат во различни бои. Повеќе »..... moor ».....
Saturday, June 19, 2010
Македонија конечно спремна ја дочекува сезоната на пожари
Македонија конечно спремна ја дочекува сезоната на пожари. Одлуката за борбата со шумските пожари преку набавка на опрема за гаснење на пожари е паметна политика на оваа Влада, која потпомогната со политиката на садење на нови садници (Ден на дрвото) - доби подршка и симпатии од широката јавност. Повеќе »..... moor ».....
Friday, June 18, 2010
Граѓанска „војна/бојкот“ заради ТВ претплата – Зашто некој би плаќал партијски мегафон ??!! – За парите се работи !!!
Државата им објави војна на сите неплаќачи на ТВ претплата. Ги намали давачките на дури на сто денари месечно (чинам дека беше ветено со стоте чекори) – но повторно никој не плаќа претплата. Оваа е единствената неорганизирана а сепак војна/бојкот на браѓанинот кон државата. Кој прв ке попушти ?? Државата се заканува со присулно наплатување на претплатата од граѓаните преку системот на извршители (изум Маневски). Многу им е важно некој да ја плати нивната партијска пропаганда пласирана преку јавниот медиум. За парите се работи !!!
Зашто некој би плаќал партијски мегафон ??!! Не благодарам е одговорот на граѓанинот – дури и под присилна закана.
Зашто некој би плаќал партијски мегафон ??!! Не благодарам е одговорот на граѓанинот – дури и под присилна закана.
Лифтовите ке доживеат струен удар – Колку убави реформи, кој ги смисли „алал да му е“.
Доаѓа комшијата од куќниот совет пред некој ден на врата и вели: сто денари за куќниот совет и нови сто денари за заедничка струја. Велам аман бе комшија – нели тоа одеше во нашите сметки. Не вели, пак се вратија на старото решение ке мора некој да собира пари за да се плати таа сметка. Тоа му доаѓа исто како некој да собира пари за уличното осветлување и да им ги плати сметките на ЕВН. Законодавците пак утнаа, тие во новите промени за професионализација на куќните совети (демек така нови работни места ке се отвараат) предвиделе дека мора да има посебна сметка за струја. Повеќе »..... moor ».....
Биди кул, биди „Интернет сељак“ – Колку убаво смислено сценарио некој со државни пари да финасира селки ограноци на Младински клубови на ВмроДпмне.
Со вакво мото во 680 села во Македонија ке се овозможува бесплатен интернет за сите кои ке го ловат сигналот во радиус од 250 метра околу интернет точката (интернет селски трафики) која ке зрачи бесплатен предпоставувам ВиФи интернет. Тоа значи дека пред Кооперација со пивце во рака ке гледаме се повеќе лаптопи – каде селаните по напорниот ден и орање ке се информираат за новите успеси на државата Македонија т.е. нејзиното раководство. Повеќе »..... moor ».....
Thursday, June 17, 2010
По митингот на позицијата (ВмроДпмне) – на митинг повикува и опозицијата (СДСМ) ??
Ново Лисиче - некој ноќе не труе !?!
Ново Лисиче од мојата тераса
Веќе неколку ноќи после 24,00 часот со старт од околу два по полноќ или нешто порано некој нешто пали. Неснослива смрадеа се шири. Слично вака последен пат интензивно смрдеше пред да се затвори Вардариште како депонија за смет. Во вруќината мора да се затвараат прозорците. Дали повторно се користи Вардариште за палење на сметот. Колку знам таму сеуште постои претоварна станица за смет. Можеби некој погон на Металски завод, можеби Галванизација имаат некој производен процес кој испушта неснослива смрадеа. Слично смердење на времето имаше кога во Железара се топеше фероманганова руда. Повеќе »..... moor ».....
Wednesday, June 16, 2010
Полнети Тиквички
Полнети Тиквички
По Ѓувечот и Гравчето Тавче, денеска спремив слично јадење на Ѓувечот – Полнети Тиквички. На пазарче пред некој ден наидов на прекрасни и ефтини млади тиквички. Женами од нив правеше прекрасни јадења. Купив три парчиња, беа само по десет денари парче. Денеска повторно дојде ред јас да готвам, бев во теснец со време а и компјутерот го оправав, реинсталирав и немав интернет за да прашам пријател/ка за рецепта за полнети тиквички. Уште кога ги купував тиквичките планирав од две од нив да направам Полнети Тиквички а едната да ја пржам во презла во кругчиња т.е. рендани па пржени како ќофтиња. Повеќе »..... moor ».....
Македонија оди во погрешна насока
Македонија оди во погрешна насока. Ова е главната порака до власта од последната анкета на ИРИ, која ги налути ВмроДпмне бидејки првпат Груевски има помал рејтинг од Партијата ВмроДпмне. Груевски има подршка од 21 процент а ВмроДпмне 29. Институтот на ВмроДпмне изтрча со симулација дека ако утре се гласа према оваа анкета ВмроДпмне ке има 61 пратеник а СДСМ 30. Повеќе »..... moor ».....
Tuesday, June 15, 2010
Инвалидски колички и пелени за возрасни
Но да се вратам на темата. Сегашните транзициони реформатори во здравството забележале драстичен скок на издатоци во две области: доделување на инвалидски колички и распределба на пелени за возрасни. Што треба оние кои користат колички да направат - да оздрават преку ноќ, за да не ја трошат реформаторскава Влада. Знае ли некој како изгледа личност која е приморана да користи инвалидска количка - како е чувството на беспомошноста кога си оставен на милост на твоите, кои се што имаат даваат за тебе да ти биде полесно, поприфатливо. Да го живееш животот малку подостоинствено иако си осуден од господ остатокот од животот да го поминеш во количка. Прошетале ли надлежните по болниците во клинички центар да ја согледаат состојбата со какви колички се возат/транспортираат билните од клиника во клиника заради интерклинички прегледи ?! Да прошетале немаше да излегуваат со срамна констатација дека инвалидите го рушат здравствениот динар. СРАМОТА. Количка просечна кошта 200 евра. Во блиското минато имав потреба за користење на колички во две болници во Клинички центар Скопје. Болните ги возев на музејски експонати стари и до 30 години, дел од нив немаа ни гуми се возат на бандаши. СРАМОТА. Наместо да се појде од зграда до зграда, кај од и оние кои немаат услови за пристап за луѓе во инвалидски колички и да се изрекуваат краконски казни т.е. да се унапредува проблемот - администрацијата во здравството дига прашина - многу пари се потрошило за намена на издавање на нови инвалидски колички. СРАМОТА и ГРЕОТА. Луѓето кои користат инвалитски колички се најранивата група - зарем треба да се гази и по нивното достоинство.
Уште поголема срамота е да се каже дека ое огромно зголемени трошоците за пелени за возрасни. Да Ве подсетам тоа се пелени кои се предвидени повторно за тешките инвалиди кои неможат да станат од креветот да одат во ВЕ-ЦЕ, или го изгубиле осетот кога доаѓа нагонот за празнење на цревата. Бидејки и тука имав искуство во две болници - Ве информирам дека болните сами си купуваа пелени. Едно паковање кошта цирка 700 денари. И што треба сега да направат овие болни кои имаат потреба од пелени. Со опреоштење да престанат да се*рат. СРАМОТА и ГРЕОТА.
Е да, криминал имало и во издавање на боледувања и тука пораснале трошковите.
Monday, June 14, 2010
Пинк - Варијанта што ми можеш
Пинк - Варијанта што ми можеш
Скопје има микро клима - Изгор лето Кочан зима
Sunday, June 13, 2010
Фото Интермецо
1. Фото Интермецо Повеќе »..... moor ».....
Никој не брои колку вработени има во МК ... Дали пола од вработените се во администрацијата ... 1 вработен 1 невработен и 1 пензионер
Шеесет и пет проценти од буџетот се троши за плати на администрацијата, која брои неверојатни
- 150.000 редовно вработени и ангажирани со договор.
- 270.000 пензионери,
- 340.000 невработени и
- 100.000 лица што примаат социјална помош, Повеќе »..... moor ».....
Saturday, June 12, 2010
Мегафони на отпад
Политичките мегафони лесно одат на отпад. МРТ ја откажува „Отворено со народот“. Повеќе »..... moor ».....
Лажат ли портпаролите ?
За Портпарол вообичаено се поставува човек кој и кога ке каже нешто неможеш до крај да откриеш што сакаше да каже човекот. Ти зборува но не ти дава информација – врти како киша око Крагуевца. Заради потреба или мода сите наши министерства и јавни претпријатија имаат Портпароли. Повеќето од нив се голобради момчиња (како што се и поголем број на директорите на јавните претпријатија, (а и министерствата се преполни со бејби фаци во највисоките редови) на кои портпаролството им е прво вработување. Сетите се на Портпаролот на Министерството за надворешни. Повеќе »..... moor ».....
Како до 100 милиони евра на МК начин
Лесно стани Премиер, попат земиси пасош од друга држава за секој случај.
- Во наднасловот „Бизнис“ прашува: „Колкаво е семејното богатство на поранешниот премиер“, а во насловот наведува дека Љубчо Георгиевски „тежи“ близу 100 милиони евра. Во текстот, пак, меѓу другото се вели дека семејството Георгиевски, неофицијално, поседува куќи и станови во Благоевград, на брегот на Црното Море, на Флорида, Малдивите, а се споменува и Дубаи.
Friday, June 11, 2010
Хипокризија
Во процесот на кратење на Буџетот, Владата си ги скрати платите за десет посто. Од една страна со кратењето на своите плати признава дека згрешила, од друга страна кратејки си ја платата мислите дека нешто ке постигнат ? Ке им се осети ?
Триумфирање … секоја година за нас е историска … и ние Султан/и си имаме
Thursday, June 10, 2010
Вознесение на душата на четириесетиот ден
Каков-таков премиер
Каков-таков премиер – Билјана Јанкова. За какво ли кормило на брод раскажува нашиот премиер Груевски, повеќе од сигурна сум дека зборува за брод што тоне и што самиот ни го приреди за овие четири години мандат. … … За овие четири години успеа кај нас повторно да створи страв од уште едни конфликти, во овие четири години светската економска криза му беше крива за економското осиромашување, додека Албанија, Црна Гора и цело соседство се фалат за позитивен раст и наплив на инвеститори. … … И повеќе од страшно е тоа што премиер на една држава дава изјава од типот дека ние сме биле каков-таков народ. Има ли нешто пострашно од тоа да си го ставате патриотизмот на чело, а за народот да кажувате дека ви е каков – таков?! … … Секој вистински патриот работи за државата, патриотот не се самопрогласува за воин и борец на вистинските добра ако народот тоа реално не го почувствува. Ако некој ја види статистиката од пред неколку години и се спореди со денес, ќе видиме дека државата ни е на последно место на Балканот и тоа по сите параметри. Зарем тоа беше сонот на Груевски?
Wednesday, June 09, 2010
Се бара „Влада под закуп“ …
Пошто скоро 20 години во транзицијава не можеме да најдеме добра домашна Влада, а еве и последнава Влада признава неколку пати дека не ја бива – нема домашни решенија за своите добри намери (стоте чекори и преродбата) па бара под закуп странци за: Повеќе »..... moor ».....
Tuesday, June 08, 2010
Закачи иљадарка на точакот (слободната економска зона) ако сакаш некој да го земе ...
Вака почна приказната за слободните економски илимити царински зони во Македонија. Почна во владата на Георгиевски по идеја на Циле Топурковски. Тој тогаш идејата ја протурка на ниво на владина програма за да ја добие фамозната милијарда во буџетот и да го купи занаетот на Тајванѓаните со работа во слободните економски зони. Повеќе »..... moor ».....
Monday, June 07, 2010
Sunday, June 06, 2010
SKOPJE BRITISH CEMETERY - CARMELO CASSAR ... Англиски воени гробишта Скопје
SKOPJE BRITISH CEMETERY - CARMELO CASSAR ,,, Англиски воени гробишта Скопје Повеќе »..... moor ».....
Прва светска војна низ необични фотографии
Краток одмор Повеќе ».....
Saturday, June 05, 2010
Гравче тавче
Денеска пак дојде ред јас да направам ручек. Вообичаено синот го правеше досега тавче гравчето но сега се извади и редот падна на мене. Повеќе ».....
Friday, June 04, 2010
И Канал 5 ми украде фотографија
Во денешниот запис на електронската стрна на Канал 5 Старата скопска чаршија ќе „гори“ од културни настани здипли моја фотографија. Оваа фотографија ја имам подигнато на еден од моите блогови каде ја промовирам старата скопска чарпија, поточно во постот Стара скопска чаршија … Old Bazaar/Carsija – Skopje … фото сторија., слика 3. Повеќе ».....
На кого му служи државата … чии интереси штити
На кого му служи државата, на граѓанинот или на корпорациите. Нас граѓаните не убедуваат дека државата служи да ни обезбеди полесно да ги остваруваме нашите граѓански интереси во ситем (држава) каде преку почитувањето на нашите граѓански права и слободи се остваруваат нашите интереси. Но дали е тоа така. Се чини дека корпорациите зедоа се во свои раце – па и државата. Повеќе ».....
Thursday, June 03, 2010
Државата должи кај домашните кредитори 740 милиони евра а кај странските дожи 3,85 милијарди евра
Веќе на сите ни станува јасно дека државата е презадолжена. Тоа изгледа не им беше јасно само на актуелните МК власти кои до скора не признаваа дека сме презадолжени, проектирајки огромни ламја буџети, спас за енормниот буџет во услови на нереализација на приходите во буџетот бараа во перманентно задолжување кај домашни и особено кај странски кредитори, избегнувајки го ММФ - кој нели ако даде пари се меша во расходните страни на буџетот. Деновиве актуелната власт како да ја промени плочата која почна да се врти низ ЕУ земјите, сите ЕУ држави почнаа да штедат и да ги кратат буџетите, откако таканаречените “пигс“ држави се надвисија над еврото а еврото почна да паѓа ... Повеќе ».....
Wednesday, June 02, 2010
Бдп ни расте а ни паѓа индустриското производство ??
Државниот завод за статитика искочи со нови бројки во кои има голема нелогичност дека БДП ни пораснал во четвртиот квартал за 1.2 % а индустриското производство во април 2010 година, во однос на април 2009 година, изнесува 90.4, што значи негов пад за неполни десетина проценти. Повеќе ».....
Македонија е сеуште црна дупка не само на Балканот, туку и во Европа во смисла на презентирање и откривање на сопственото културно наследство
Македонија е сеуште црна дупка не само на Балканот, туку и во Европа во смисла на презентирање и откривање на сопственото културно наследство - ова во денишниот напис на Утрински Доцноантички шлемови откриени на Таор го вели Магистер археолог Кире Ристов долгогодишен раководител на архео истражувањата во Таор, место за кое МК археологија предпоставува дека е можниот лохалитет на сеуште неубицираниот град Јустинијана Прима, град кој према историските извори како благодарност према крајот од кој потекнува го изградил Јустинијан I. Повеќе ».....
Tuesday, June 01, 2010
Нешто убаво – момент на среќа … Богатството на духот/душата е она што ти треба.
Осем детството кое затоа е најубавиот период во животот, животот се претвара во исполнување/завршување на обврски, поврзани со твојот живот, животот на твоите блиски, фамилијата, околината, општеството … Убавите нешта (среќата) се секојпат кратки, често не ги приметуваме, се случуваат но можат да не одминат ако во тој момент не сме свесни за нив.
Затоа трудите се секој момент на случување на убавите нешта да не ве одмине, забележите ги.
Повеќе ».....
Затоа трудите се секој момент на случување на убавите нешта да не ве одмине, забележите ги.
Повеќе ».....
Subscribe to:
Posts (Atom)
Blog Archive
-
▼
2010
(239)
-
▼
June
(50)
- Државата бара пари од 7250 живи мртви души … Од жи...
- Кој ќе го следи МВР – Се разбира Големиот Брат
- Маж и Жена - низ заедничките години ... Зошто нико...
- МОТИВ - ација ... Motivation
- Груевски и Црвенковски си го измерија на улица (ре...
- Spank Me !!!! – Државата го е*е, цица и тепа граѓа...
- Вети ли граѓанинот Црвенковски дека нема да се кан...
- МЕНАДА - та запленета во операцијата „Фаланга“ ори...
- Македонија да ги понуди некои од селата на интерне...
- НЕ СУМ ДОМА ! ... ама нема да бидам ни на митинг к...
- Од кој антички локалитет е Phallus-ов ?! :) ... Да...
- Македонската Архео Мафија под удар на полициска ак...
- ВРАБОТЕНИ - НЕВРАБОТЕНИ - ПЕНЗИОНЕРИ - СОЦИЈАЛА .....
- Законот за домување уште еден кабинтески закон ...
- Само што не ни тргнало … Фабрикува ли економски по...
- Продуктивна инвестиција
- Морско прасе (Guinea pig) - се разладува на терасата
- Сардели од мојата тераса ...
- Македонија конечно спремна ја дочекува сезоната на...
- Граѓанска „војна/бојкот“ заради ТВ претплата – Заш...
- Лифтовите ке доживеат струен удар – Колку убави ре...
- Биди кул, биди „Интернет сељак“ – Колку убаво смис...
- По митингот на позицијата (ВмроДпмне) – на митинг ...
- Ново Лисиче - некој ноќе не труе !?!
- Полнети Тиквички
- Македонија оди во погрешна насока
- Инвалидски колички и пелени за возрасни
- Пинк - Варијанта што ми можеш
- Скопје има микро клима - Изгор лето Кочан зима
- Фото Интермецо
- Никој не брои колку вработени има во МК ... Дали п...
- Мегафони на отпад
- Лажат ли портпаролите ?
- Како до 100 милиони евра на МК начин
- Хипокризија
- Триумфирање … секоја година за нас е историска … и...
- Вознесение на душата на четириесетиот ден
- Каков-таков премиер
- Се бара „Влада под закуп“ …
- Закачи иљадарка на точакот (слободната економска з...
- Транзиционери – удавете се во ….а
- SKOPJE BRITISH CEMETERY - CARMELO CASSAR ... Англи...
- Прва светска војна низ необични фотографии
- Гравче тавче
- И Канал 5 ми украде фотографија
- На кого му служи државата … чии интереси штити
- Државата должи кај домашните кредитори 740 милиони...
- Бдп ни расте а ни паѓа индустриското производство ??
- Македонија е сеуште црна дупка не само на Балканот...
- Нешто убаво – момент на среќа … Богатството на дух...
-
▼
June
(50)