Search This Blog

Tuesday, July 17, 2007

СЦЕНАРИЈА

Незнам како да го започнам овој напис ... пост де ... Имам идеја во главата - која стандардно ја добив читајки весник ... но немам сценарио - како да пристапам кон приказната ...

Најдобро ке биде да удрам во глава меѓу рогови што викаше дедоми ... но тоа е тврд приод ... и можно е ептен да разлутам некои приврзаници на денешната власт ... Од друга страна сакам да ја сочувам позицијата на нзависен “мрчатор“ (титула која сам си ја доделив ...) на актуелните политичко економски состојби - во МК начин на практикување на власт ... кој верувам дека е уникат и некојпат ке се учи на овој модел кој се покажа тотално непродуктивен ... Несакам ни да ме обинат дека ја мазнам и и се умилкувам на опозицијата ... Па кој во светот се умилкува на опозицијата ... што корист од неа сега и веднаш ...

Но ај да почнам еднаш зошто воведувајки во темата осеќам дека станувам досаден ... Но си велам и за добар секс треба долга предигра и се тешам со тоа ...

Имено - многупати до сега пишував дека не ми се допаѓа начинот како актуелната власт јавно ги апси “криминалците“ и како се однесува со нив ... Не дека ги жалам - но си велам дали луѓево не се свесни дека само покажуваат како треба некој да се однесува према нив кога евентуално ке бидат опозиција ... башка што за непрописно апсење следува тужба кон државата со дебела одштета ... Реши ли тоа некој “политичките криминалци“ да ги направи уште побогати ...

Полицијата и судството особено треба да си ја работат работата малку подалеку од јавноста ... совесно и истрајно ... Пи-ар работење во полиција и во судство се навистина потребни ... но ако позади тоа останат само случаи на евентуални афери а нема судска развршница - кај народот само останува горчлив вкус во устите и сеќавање кој треба да биде казнет на следните избори ...


- Со спектакуларни апсења се кршат човековите права и Уставот
- Полицијата со начинот на приведување ги злоупотребува медиумите и врши притисок врз новинарството
-
Полицијата ги начекува „жртвите“ на семафори, пред врата на своите домови или по заминување од работа, на аеродром при пристигнување од странство или при преминување на границата на враќање во земјава.
- Ги крши ли полицијата законските процедури или спектакуларноста во апсењата е единствениот грев за кој може да им се забележи?



- „Има прекршување на човековите права особено во однос на почитување на прашањето на неповредливоста на личноста на пресумпцијата на невиност, бидејќи, според мене, лично се прави претходна атмосфера за една личност да се дискредитира“, вели скопскиот адвокат и поранешен јавен обвинител Стеван Павлески.
- Првиот човек на ОХИС, Јорго Ќука, беше приведен со лисици во моментот кога заминувал од работното место, иако немало никакви индиции дека ќе побегне или ќе се спротивстави.
-
Директорот на „Т-мобиле“ Рубинчо Зарески беше сопрен на семафори и однесен на информативен разговор повторно со лисици на рацете.
- Полицијата демонстрираше бруталност при приведувањето на заменик- министерот Саша Андоновски на аеродромот во моментот кога тој се враќаше во земјава.
- Спектакуларноста не беше избегната и при приведувањето на кардиологот Борче Петровски, кој беше фатен во истиот момент кога се обиде легално да ја премине границата.

- Законски на полицијата и' стојат две можности на располагање – да повикува или да приведува на информативен разговор.
- Повиканиот може присилно да биде доведен само со судска наредба и само тогаш кога одбегнува да се јави на поканата.
- Приведувањето, кривичарите укажуваат дека тоа може да биде сторено само со писмена наредба од судот, освен во случаи на флагрантно кршење на законот, односно доколку биде затекнато во извршување тешка кражба, убиство, насилство и слично.

Со спектакуларни апсења се кршат човековите права и Уставот

- „Судски налог задолжително е потребен во случај на претрес или при примена на посебни истражни мерки. Во случај на приведување, не мора да има налог од судот, но во секој случај полицијата не може да задржи никого повеќе од 24 часа. По истекот на овој рок, тој мора да биде изведен пред истражен судија, кој ја оценува законитоста на постапката“, велат извори во МВР.
- Лице, пак, кое го нарушува или загрозува јавниот ред и мир може да биде задржано во полициска станица најдолго 12 часа.

- Од Хелсиншкиот комитет за човекови права укажуваат дека има непочитување на процедурите во однос на задржувањето на лицата во полициска станица. Тие често се случува пред истекот на 24 часа од нивното задржување да се префрлаат во друга полициска станица, за да се пролонгира нивното пуштање на слобода.

- „Се прави претходна атмосфера за една личност да се дискредитира. Тоа оди според однапред подготвено сценарио. Се јавува одреден пратеник во Собранието, бидејќи таму е дозволено да се кажуваат многу работи и нема кривична одговорност, жестоко се напаѓа одредена личност и се создава атмосфера во јавноста, а тоа новинарите со задоволство го прифаќаат и го пренесуваат во медиумите. По неколку дена МВР стапува во акција и истражниот судија е доведен во ќор-сокак, бидејќи е невозможно само тој да биде објективен кон личноста која претходно е жигосана, по што и' се одредува притвор и започнува постапката“, вели Павлески.

Значи сценаристи колку сакаш ... Дали се талентирани ке видиме на следните избори ... кога можеме да очекуваме само други сценаристи ... Улогите се менуваат а сценаријата се слични ... Се разбира ако сегашните сценаристи се покажат добри ... ништо не се менува ...

- Scenarija ...

1 comment:

Anonymous said...

LOL, а знаеш кој ќе ја плати штетата по тужбите? Народот преку данокот. И баш им е гајле. ДОЛУ ВЛАДА!

Blog Archive

Site Meter