Search This Blog

Sunday, May 31, 2009

Топографски карти на Македонија ...

http://www.pollitecon.com/html/reprints/assets/Detailed_Topographical_Map_of_Macedonia_And_Surrounds_Skopje_Region.jpg
Топографска карта на Скопје и околината ... 1:100.000 (3261 x 4134 - 3433k - jpg) ... ако сакате поголема кликните со десен клик на сликата, одберете ја првата опција и потоа кликните на сликата ...
http://lazarus.elte.hu/hun/digkonyv/topo/200e/40-42.jpg
Топографска карта на Крива Паланка и околината ... 1:100.000 (3261 x 4134 - 3433k - jpg) ... ако сакате поголема кликните со десен клик на сликата, одберете ја првата опција и потоа кликните на сликата ...
http://lazarus.elte.hu/hun/digkonyv/topo/200e/38-42.jpg
Топографска карта на Дебар и околината ... 1:100.000 (3261 x 4134 - 3433k - jpg) ... ако сакате поголема кликните со десен клик на сликата, одберете ја првата опција и потоа кликните на сликата ...
http://www.pollitecon.com/html/reprints/assets/Detailed_Topographical_Map_of_Macedonia_And_Surrounds_Bitola_Region.jpg
Топографска карта на Битола и околината ... 1:200.000 (3261 x 4134 - 3433k - jpg) ... ако сакате поголема кликните со десен клик на сликата, одберете ја првата опција и потоа кликните на сликата ...
http://lazarus.elte.hu/hun/digkonyv/topo/200e/38-41.jpg
Топографска карта на Охрид и околината ... 1:100.000 (3261 x 4134 - 3433k - jpg) ... ако сакате поголема кликните со десен клик на сликата, одберете ја првата опција и потоа кликните на сликата ...
http://lazarus.elte.hu/hun/digkonyv/topo/200e/41-42.jpg
Топографска карта на и Берово околината ... 1:100.000 (3261 x 4134 - 3433k - jpg) ... ако сакате поголема кликните со десен клик на сликата, одберете ја првата опција и потоа кликните на сликата ...
http://lazarus.elte.hu/hun/digkonyv/topo/200e/41-41.jpg
Топографска карта на и Солун околината ... 1:100.000 (3261 x 4134 - 3433k - jpg) ... ако сакате поголема кликните со десен клик на сликата, одберете ја првата опција и потоа кликните на сликата ...

Скоје и Македонија се сиви зони на интернет мапите ...

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/Large.jpg?t=1243762858
Интернет мапа на Македоија, од која ке помислиме дека е во ред интернет мапирањето ...
Македонија одвојува не така мали средства за економската и туристичката промоција во светот. Македонија се представува како напредна земја и во компјутерските и интернет технологиите. Се одвојуваат огромни средства во проекти како компјутер за секое дете во образованието и слични проекти. Македонија се представи како земја со комплетна интернет покриеност.

Од друга страна Македонија е сива зона на интернет мапите. Има премалку содржини на Македонски јазик. Особено малку содржини има на англиски јазик. Македонскиот јазик го нема ни во Гоогле машината за преводи (иако сите околни земји се сврстени во таа машина ...).

Во денешно време никој не оди во земја или територија ако за тоа предходно не се информира на интернет. Патувањата се планираат до детали. Предходно се читаат приказните за краевите што се посетуваат, за нивната историја ... се прегледуваат видеата. Се прелистуваат туристичките понуди. Во тој поглед Македоија е хендикепирана. Посетителот на Скопје на пример кога ке посака на интернет да побара некоја улица во Скопје ке наиде на сива зона на интернет картите. Веројатно на сличен начин и инвеститорите што сакаат да инвестираат се информираат од независни интернет извори каде би вложиле.

Редно е некој во владата и во невладините организации, како и оние луѓе кои се бават со промоција на Македонија - да ја стават Македонија на интернет мапите. Јас би почнал со такво поставување на Гоогле мапите.

Во соседството релативно добро се представени Солун, Софија, Загреб и Љубљана ... Со сличен статус како Скопје се Тирана, Београд, Сарајево, Подгорица ...
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/2Large.jpg?t=1243763047
Интернет мапа на Македонија каде граѓани подигаат фото и видео како и Википедија написи ... за жал сето тоа е на Македонски јазик, Англискиот скоро да го нема ...
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/Large-1.jpg?t=1243763122
Интернет Мапа на Скопје ... се насетува дека Скопје е во сивата зона на интернет представувањето ...
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/2Large-1.jpg?t=1243763181
Благодарејки на граѓаните има по некоја фотка, видео и Википедија напис ...
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/3Small.jpg?t=1243763232
Гоогле мапа на Скопје. На прв поглед изгледа се во ред, се гледаат зградите и улиците ...
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/4Large.jpg?t=1243763301
Колку е големо интернет слепилото за Скопје ке видите од оваа Гогле Мапа ... Скоје и неговиот центар се сива зона ...

Saturday, May 30, 2009

Урбанистичко слепило - Скопје ... за урбанистичките џебови

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/51Small-1.jpg?t=1243695205
Урбанистичко слепило - Скопје
- Скопје има градски татковци, градски советници и урбанисти кои се слепи. Урбанистичко слепило ги има фатено сите оние кои одлучуваат како треба Скопје да изгледа - во кој правец да се развива. Скопје имаше несреќа да преживее неколку катастрофални земјотреи во текот на својата историја, но секојпат повторно никнувал. Од последниот земјотрес во 1963-та година поминаа 46 години. Скопје се рашири на сите страни (35 километри по течението на Вардар и до 12 километри во другиот смер). Ги зафати плодните полиња од некогашната скопска котлина од двете страни на Вардар - но останаа безброј “празни урбанистички џебови“ во непосредна близина на центар.
- Во случајов ке ви представам како површина од скоро 20 хектари, стои урбанистички празна иако се наоѓа само на еден километар од централниот градски плоштад. Се работи за површини кои меѓу народот се попознати како “Подкале“, кои почнуваат од неколкуте сега веќе руинирани спортски сали за Ракомет, Хокеј и Отворениот базен, одат преку истотака запуштениот полигон за обука на возачи, понатака претворајки се во запуштени бавчи и ливади во центарот на Скопје. Должината на овој потег покрај Вардар е нешто повеќе од еден километар, ширината се движи седумдесетина до 200 метри ...
- Во центарот се збутуваат згради преку згради меѓу кои едвај можеш да се разминеш а просторов е урбанистички негибнат.
2.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/52Small-1.jpg?t=1243697036
3.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/53Small-1.jpg?t=1243697067
4.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/517Small.jpg?t=1243697093
  1. Простор во кој нема ништо, голем колку петнаесетина фудбалски игралишта ... тука како по земјотресот да имало шаторска населба, болница или што ...
  2. Простор на кој скопјани се обучуваат да возат. Вакви простари неможе да има во најскапите делови на Скопје. Простор на кој се организира најголемиот див пазар, едно време беше и автопазар ...
  3. Резинденцијата на Поглаварот на МПЦ.
  4. Ќошот на Руска плажа, колку гледам и на вака регулиран Вардар тука повторно се прави полуостровце од песок ...
  5. Америчка амбасада - колку се сеќавам се работи за некои 5 хектари површина.
  6. Француски Гробишта, некогашното омилено излетничко место на скопјани - денеска подзаборавено и со запуштена околина.
  7. Градски стадион
  8. Најголемиот урбанистички промашај на градските татковци на Скопје (кинескиот зид) ... најголемата од бројните флеки на урбанистичката мафија, која урбанистички ги деградира скопските површини.
  9. Луна парк, со играчки од 65-та.
5.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/55Small-1.jpg?t=1243697781
6.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/56Small-1.jpg?t=1243697827
7.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/57Small-1.jpg?t=1243697856
8.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/58Small-1.jpg?t=1243698131
9.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/59Small-1.jpg?t=1243697951
10.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/510Small-1.jpg?t=1243697993
11.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/511Small.jpg?t=1243698017
12.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/512Small.jpg?t=1243698040
13.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/513Small.jpg?t=1243698062
14.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/514Small.jpg?t=1243698084
15.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/515Small.jpg?t=1243698110
Недозволиво е вакви огромни површини да останат толку време урбанистички недопрени. Првин затоа што оваа површина е на само еден километар од градскиот плоштад. Покрај Вардар има уште неколку огромни површини кои стојат урбанистички недопрени. Секаде во светот површините покрај реките се урбанистички најуредени.

Да не зборувам дека Скопје е единствена европска престолнина која не ги прочистува фекалните води пред да стигнат во Вардар. Иако има започнато со градба на неколку колектора - канализацијата на скопјани слободно и нефилтрирано се влива во Вардар. Со такви води се очекува дека ке се мелиоризираат сите плодни полиња низ течението на Вардар. Има ли Скопје еко култура и екологисти. Кој овој хаос да ни го среди. Да подсетам над 30 процети од скопјани сеуште користат септички јами, некои квартови се во самиот центар.

Четири мускетара од нашето време ... муабетат за нивното време ... петиот и шестиот им се смешкаат ...

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/61Large-4.jpg?t=1243680453
Четири мускетара од нашето време ... муабетат за нивното време ...
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/62Large-3.jpg?t=1243680605
Петиов мускетар им се смешка од високо ...
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/63Small-4.jpg?t=1243680665
Шестиот им се смешка уште од повисоко ... сега го мачат црвени теписи ... бонсаи градини ... авиончиња што високо летаат ...

Дрвото на моето детство ...

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/71Small-1.jpg?t=1243676271
Дрвото на моето детство ... Сите во нашето детство сме имале по едно вакво дрво, дрво кое ни било место каде ке се собереме, каде ке потрошиме дел од детската енергија ...

Friday, May 29, 2009

Белоградчик Бугарија ... Градот на црвените скали - интернет презентација ... Belogradchik

http://www.belogradchik-bg.net/templates/rhuk_solarflare_ii/images/header_short.jpg
http://media.snimka.bg/1732/009719471-big.jpg
Ме привлече еден напис за Црвените скали во Белоградчик, кои се предложени за едно од новите седум светски чуда. Интернетот ме однесе во една мала општина во Бугарија која благодарејки на својата интернет презентација преку фото и видео за неколку години од пасивен крај од местото прави туристичка атракција која е посетувана од сите страни на светот. Локалната самоуправа на Белоградчик направила чекор од седум миљи во промоцијата на ова навистина интересантна туристичка локација, која пред тоа била скоро непозната туристичка дестинација ...
Повеќе »
Кога ке се сетам дека нашите слични општини едвај кубурат со некави сајтови (каде нема ниту една фотографија - за видое ич да не зборувам), кои имаат по два три збора за својата општина ... си велам дека навистина треба да жалиме за никаквата инвентивност на нашите локални самоуправи. Не дека Македонија нема природни реткости и убавини, но и поголеми општини во Македонија треба да се научат од вонредните успеси на одличната интернет презентација на Белоградчик Бугарија.
http://media.snimka.bg/1732/009719472-big.jpg
Ајде некој нека даде линк за интернет мапа на било која помала општина во Македонија ... ич да не зборувам дека на англиски јазик на интернет нема да најдете скоро ништо за нашите природни убавини, за историјата, за митовите и локалните легенди, за локалната економија и туристичка понуда ... сето тоа на интернет ке го најдете во изобилие за Белоградчик Бугарија ...

Во продолжение ке Ви представам само некои фотографии од Белоградчик Бугарија ... ако кликнете на нив ке дојдете до изворните локации на интернет, каде секако има осем повеќе фотографии и пригодни стории ...

http://seen.evgenidinev.com/img/IMG_8124d.jpg

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/en/2/20/Belogradchik_rocks_galleryfull.jpg
Пределов многу подсетува на Кокино на пример ...
http://www.belogradchik.info/1/index2.php?option=com_datsogallery&func=wmark&mid=144

http://www.belogradchik.biz/imgs/banners/bg.jpg

http://wikitravel.org/upload/en/thumb/0/07/BelogradchikFortress1.JPG/800px-BelogradchikFortress1.JPG

http://gallery.belogradchik.biz/d/2084-4/CIMG2629.JPG

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/6b/Belogradchik_creeks.jpg/800px-Belogradchik_creeks.jpg
Belogradchik Rocks (Bulgarian: Белоградчишки скали, Belogradchishki skali) are a group of bizarre sandstone and limestone rock formations, reaching up to 200 m in height. They form a strip, which is 30 km long and up to 3 km wide, and are located north of the western slopes of Stara Planina, near the town of Belogradchik in Bulgaria.
http://www.wayfaring.info/wp-content/uploads/2007/03/bolgaria2.jpg

http://www.balkantravellers.com/images/stories/routes_less_traveled/belograchik/belograchikag-4.jpg

http://www.geocities.com/SiliconValley/Network/9276/mn/blgr/im005690.jpg

http://photography.plamenstoev.com/images/20090125132206_the-belogradchik-rocks.jpg

http://stock.evgenidinev.com/photo/IMG_8057d.jpg

http://stock.evgenidinev.com/photo/IMG_8090d.jpg

http://stock.evgenidinev.com/photo/IMG_8106d.jpg

http://stock.evgenidinev.com/photo/IMG_8138d.jpg

http://stock.evgenidinev.com/photo/IMG_8140d.jpg

Последните неколку фотографии се од Евгени Динев - кого веќе го преставив во еден предходен пост - Запознај ја Бугарија преку фотографиите на Евгени Динев ... Навистина во неговите фотографии има доста фотошоп, но јас би рекол не премногу. Со фотошоп може да се додаде само десетина проценти од она што е насликано ... да се акцентира нешто ...

Blog Archive

Site Meter