Search This Blog
Monday, August 17, 2009
Friday, August 14, 2009
Thursday, August 13, 2009
Срамно простување со Артим Шаќири ...
На пријателскиот меч со Шпанија кој ФФМ го организираше по повод 100 години фудбал во Македонија (на кој се посрамоти со влезниците), осем што свечено се предаде во употреба северната трибина - се предвидуваше и свечено простување со Артим Шаќири. Намеско како што е редот да заигра десетина минути на почетокот на средбата на Шаќири му предадоа само плакета. Бурно беше испратен од навивачите на стдионот, но на лицето на Шакири кој вели дека ке игра барем уште две години фудбал во некој домашен клуб немаше радост - тој одби да го изведе почетниот удар на натпреварот (последната понуда од ФФМ), бидејки очекувал дека ке заигра некоја минута ...
Куќата на фудбалот во Македонија уште еднаш се избрука и се покажа неспособна ...
Шаќири во 13 години има одиграно 75 настапи за Македонија, постигна 15 гола за Македонија, беше и нејзин капитен ... секогаш беспрекорен борец ... ке го памтиме по голот од корнер против Англија во Саутхемптон, кога го посрамоти голманот на Англија Дејвид Симан ... Настапувал за 14 клубови во Македонија и странство ... кратко играше и во англиското првенство, играше и во Бугарија ...
Дали неговата желба да стане селектор на МК репрезентација го доведе до срамено простување со државниот дрес без да заигра некоја минута како што е редот ... На интернет страната на ФФМ нема страници за великаните на фудбалскиот спорт на Македонија ...
Блогови кои ми недостасуваат ... зошто блогерите блогираат ...
Повеќе »
Зошто луѓето блогираат и што на нив им представува блогот?. На оваа тема се испишани многу постови, пишував и јас. Ако секој си одговори на прашањето зошто блогира се дојде до сознание зошто и другите блогираат.
- Можеби најточна причина зошто се блогира е потребата непречено да се искаже став за нештото за кое се пишува во постот. Од друга страна луѓето имаат потреба и да прочитаат дознаат туѓи ставови за да го оформат или дооформат својот став за истото. Така интерактивно се врши едно општествено корисно дејание.
- Некои луѓе блогираат за да прочитаат вест (граѓанско новинарство ...), тука твитер го презема бајракот - како најбрз пренесувач на миро веста.
- Некои луѓе блогираат за да преку блогот остварат дружење со други луѓе. Блогот не се покажа како најпогодна алатка за дружење (иако преку коментарите има и таква фунција). Социјалните мрежи (особено фејсбук) ја преземаа оваа функција и фала им бидејки го расчистија просторот на блогирањето.
- Некои луѓе блогираат за да направат свое CV. Блогот навистина е одлична алатка за да се направи вистинско CV. Читајки повеќе постови од одреден блогер имаш точна претстава што мисли блогерот кој го читаш и кој е неговиот став за нештата.
- Неко луѓе пробаа од блогот да направат политичко пропагандна машина. Се покажа дека ако блогот не го пишува политичарот лично таквите блогови се залудно потрошено време, колку содржајно и естетски на орв поглед да се интересни. Последен пример е блогот на сега веќе Претседателот Иванов. Ако Иванов сам си отвореше блог ке беше вистинска атракција и ке имаше бројна посетеност. Вака е само негативна реклама. Претседателот по функција треба да се дружи со својот народ. Тој е Претседател на сите, тој има потреба да слушне што народот мисли директно и да го дознае тоа мислење. Некојпат претседателите/владарите за таа намена шетаа прикриено или откриено по пазарите и дуќаните, сетете се на нашиот Претседател Трајковски. Сега ја имаат можноста на блогот но не ја користат иако декларативно сите велат дека се представници на сите граѓани. Блогови треба да имаат и пратениците. Еден ден тоа и ке се случи. Но се додека пратениците се под директна контрола на партијата која ги предложила нема да има такви блогови. Пратениците се само гласачка машина на власта и неми букви за јавноста.
- Блог VS Дневен весник ... дневните весници се барем десетпати повлијателни од блоговите ...
- Рецесија и на блог посетите ...
- Самопрочистување на МК блогерски простор ...
- БЛОГ ПРИЈАТЕЛ - виртуелен секс
- Блог Пријатели
- БЛОГ - граѓанско новинарство
- Изјава за А1 ... Интернет, блог, содржина ... МИСЛЕЊЕ/СТАВ ...
- Блог - мрчатори VS. Блог - тинтратори
- Релевантноста на МК Блог полека се зголемува ...
- ПОМОШ - на Блог-е-рај
- Персона блог-нонграта ...
- “Дишење“ на блог ... “блог-позери“ ... модерирање на коментари ...
- БЛОГ еб**ање-тинкање-какање
- БЛОГ - цензура ... МК модел ...
- ХАКЕРИ НА БЛОГЕРАЈ
- „ЗАКАНИ“ по МК блогерскиот простор ...
- Блог Градоначалници ВмроДпмне ... Најдобар изборен блог ...
- На Ѓорѓе Иванов му отворија блог ... или си отвори блог ...
- Слаба посетеност на политичките блогови ...
- Изборни блогови ...
- Macedonian Blogs ...
- МОЈА БЛОГ СТАТИСТИКА
- И Виктор Трифуновски - го гледаме како повремен колумниста ...
- Фемка - фемка како колумнистка во Дневник ...
- Бугарски блогери - водат дебатни емисии на БГ телевизија ... “Видео Блог“
- Блогерска солидарност ...
- За “црните овци“ ...
- БЛОГ - конференција (ни мама на тате не дава за џабе ...)
- МК БЛОГ СРЕДБА/Конфереренција - трета
- Блогот и Јавното Мнение во Македонија
- Блоговите и Би-Би-Си ...
- БЛОГ на МК Политичари
- Ивица Боцевски ... Од блогер до ВицеПремиер ..
- Политичарите и интернет просторот ...
- МАКЕДОНСКИ БЛОГ ПРИКАЗНИ
- БЛОГ - Janez Drnovšek
- Кралот Абдула коментира на блогови/сајтови ...
- На блогот на францускиот министер за европски прашања ...
- Face 2 Face - бидна
- ФОКУС - огорчен од некои МК блогови ...
- Вечер ем здиплил напис од блогер - ем ке заслужи пријава за клевета и тоа во изборна кампања ...
- Александар Македонски јаде прав во Атина ... Кој ако не блогер ...
- Блогот и меинстрим медиумите (весниците) - во светот и кај нас ...
- Дали новинарите можат да имаат став - политички став ??! ... Геровски е зрел да стане и блогер ...
- ЛИНКУВАЊЕ ВО ВЕСНИЦИТЕ
- БЛОГЕРИ vs. МК НОВИНАРИ ... трет дел
- „Вашиот сосед“ ... Фокус ... Блог ...
- Се надевам дека Деди (Гроздан Попов) ги лади нозете на некоја плажа во Турција ...
- CV - Resume, Cover Letter, & БЛОГ
- БЛОГОВИ - БОГОВИ
- БЛОГ - зошто блогирам



















































































