Search This Blog

Monday, April 30, 2007

МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ

Малите хидроцентрали се модерни во Македонија ... но само на хартија и во плановите на политичарите ... Мислев дека во Македонија не постоат вакви хидроенергетски објекти ... Малку истражував - се разбира на интернет и еве до што дојдов ...

Малите хидроцентрали се најзначаен обновлив извор на електрична енергија. Секаде во светот ваквите енергии се сметаат за чисти, обновливи и затоа државите ги стимулираат изградбата на вакви постројки и производството на енергија со давање разни бенефиции: грантови, многу поволни кредити, даночни олеснувања, зголемена откупна цена на производената струја и друго.




Малите хидроцентрали во светот, па и кај нас, стануваат се' поактуелни заради предностите што ги имаат - претставуваат еден од најчистите и најзначајните обновливи извори на електрична енергија, искористуваат мнагубројни, некогаш и занемарени хидроенергетски ресурси, не ја загадуваат животната средина, со своите акумулации често ја облагородуваат околината. Со секој производен киловат-час електрична енергија се штедат 1,5 до два килограма лигнит или 0,25 килограми мазут. Тие се водечки извор на обновлива енергија во ЕУ.

Во Македонија, заради изградба на поголеми хидроцентрали, во шеесеттите години од минатиот век е прекинато со градење мали. Во 1982 година се вратил интересот, кога, од тогашниот Комитет за енергетика, е изработена Студија за можни мали и мини-хидроцентрали во Македонија, во која се согледани можности за изградба на 406 објекти со вкупна инсталирана моќност од 258 мегавати и вкупно средно годишно производство на струја од 1.094 гигават-часови. До денеска не е изградена ниедна мала хидроцентрала на река, предвидена во студијата ...

Во првите 15 членки на ЕУ има околу 14.000 мали хидроцентрали. Во новопримените членки има уште околу 3.200. Во Италија има околу 2.500, во Франција речиси 2.000, во Норвешка 1.000. Во Македонија има 21 мала хидроцентрала. Најстарата е на реката Пена кај Тетово, пуштена во погон во 1927 година. Околу половина од овие објекти се изградени до 1953 година, а последните четири, на системот за водоснабдување во Кавадарци, се пуштени во погон во 2003 година. Малите хидроцентрали во земјава се само шест отсто од вкупната инсталирана моќност во хидроелектрани. Сите се приклучени на електродистрибутивна мрежа и се сопственост на ЕВН (Пена, Матка, Зрновци, Песочани, Сапучница, Дошница) и на јавни претпријатија (Турија, Стрежево, Систем Попова Шапка, Лукар-Кавадарци).

Покрај недоволната соработка и наводната политичка конотација на проблемот, познавачите се поделени и во поглед на техничката документација за овој сектор. Покрај Студијата за енергетскиот сектор изработена во 1982 г., постои и Национална стратегија за енергетски развој на РМ - Развој и модернизација, изработена од МАНУ (1997 г.), потоа Развој на мини-хидроцентрали - проект на GEF, како и Рехабилитација на мали хидроцентрали во РМ, проект на ECOLINKS (2001г. ). Исто така, во студии на Светска банка и ЕБОР се обработени потенцијалите и можностите за инвестиции во овој сектор.

Просечните водотеци на поголемите реки во Македонија во м3/сек се:
- Вардар 144.9
- Треска 24.2
- Пчиња 12.54
- Брегалница 1.21
- Црна Река 23.44
- Црн Дрим 47.7
- Струмица 4.18

Читајки го денешниот Дневник - Со една турбина свети цела шума - пријатно се изненадив дека

** Длабоко во малешевските шуми, на нецели 100 метри од изворот на Брегалница, бизнисменот од Пехчево Стојан Поповски ја изградил првата приватна мала хидроцентрала во Македонија.
**Инсталираната моќност на малата „френсисова“ турбина е 10,7 киловати, кои се доволни да ги снабдат со струја неговиот хотел и рибникот со придружните објекти.
** Поповски со струја го снабдува и предавателот на „Македонски телекомуникации“, со што им овозможи на стотици жители во околните села да имаат мобилен телефон. За возврат, од телекомот добил бесплатен фиксен телефон во хотелот.
** Првите киловат-часови електрична енергија хидроцентралата ги дала во летото 2003 година ...

Поповски ги поминал сите пречки што му ги правела МК администрација ... за на крај среќно да заврши приказната - со свеќено пуштање во употреба на објектите - кои ги осветува лично, неговото блаженство господин господин Стефан,

** Објектот произведува 90 мегават-часови електрична енергија годишно, што изразено во пари е околу 600.000 евра, и е сосема доволно за потребите на хотелот, на пумпите за рибникот и на базната станица на телекомот. Во целиот објект се вклучени сите можни грејни тела. Грејалките, бојлерите, печките на струја, светилките, се' што може да троши струја е вклучено, без оглед дали е ден или ноќ.
** Струјата варира од 220 вати до 380 вати. Кога поради зголемен доток на вода производството ќе дојде до критичната граница, тајмерите и регулаторите автоматски ги вклучуваат сите можни потрошувачи за да се избалансираат производството и потрошувачката.
** Сопственикот вели дека целата инвестиција за изградбата на малата хидроелектрана и градежните работи го чинела 50.000 евра, а за две-три години целосно ќе му се исплати се' што вложил за да ја изгради. Експертите велат дека оваа хидроцентрала спаѓа во групата на најмалите, таканаречени „пико електрани“.

Пребарав на интернет и не неајдов друг напис за малата хидроцентрала на бизнисменот од Пехчево Стојан Поповски. Но затоа се изначитав за воспевувањето на малите хидроцентрали во Македонија индексирајки “мали хидроцентрали“ - на пребарувачот Најди ... и на Google “мали хидроцентрали“ ...

Издвојувам неколку интересни написи:

- Бизнисот со мали хидроцентрали се по атрактивен ... Капитал, Број 386, 12.04.2007
- За мали хидроцентрали се пријавиле 120 компании ... Утрински ... Брoj 2336 сабота, 17 март 2007
- Малите хидроцентрали голем предизвик за инвеститорите ... Дневник- вторник, 27 февруари 2007
-
Објавен првиот тендер за изградба на 60 мали хидроцентрали ... Од сајтот на Владата на РМ - 14.2.2007
- Ќе се градат 60 централи на Вардар, Струмица и Црн Дрим ... Утрински - Брoj 2310 четврток, 15 февруари 2007
- Струјата од малите хидроцентрали ќе има стимулативна цена ... Утрински- Брoj 2289 понеделник, 22 јануари 2007
- МАЛИ, АМА ТЕХНИЧАРЧИЊА ... Форум Плус, број 61, 24.11.2006
- Водата може да заштеди 100 милиони евра за струја ... Дневник- среда, 04 октомври 2006
- Во Кичевско ќе се градат шест мали хидроцентрали ... Утрински-Број 1995 понеделник, 16 октомври 2006
- “Гранит” во конзорциум со енергетски фирма и банка од странство бара 200 локации за мали хидроцентрали ... Капитал, Број 327, 02.02.2006
- Малите хидроцентрали заглавија во бирократски лавиринти ... Дневник-Број 2970 сабота, 18 март 2006
- Владата ќе распише тендер за 406 мали хидроцентрали ... Дневник-Број 2964 сабота, 18 март 2006
- Во март ќе почне изградбата на хидросистемот „Бошков мост“ ... Утрински-Број 1953 понеделник, 16 октомври 2006
- Голем „Чебрен“ - голема дума ... Време, број 564, 04.12.2005
- Словенечки "Турбоинститут" ќе изгради 20 мали хидроцентрали ... Утрински- Број 1803 понеделник, 2005-06-15
- Риби, туризам, а сега и струја ... Вечер- 2005-05-07
- За изградба на електроцентрали ќе се бараат 350 милиони евра ... Дневник ... Број 2695 сабота, 18 март 2005
- Седум мини-хидроцентрали под наем 11 години ... Вест-Број:402 Четврток 11/8/2001
- ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ОБНОВЛИВИ ЕНЕРГЕТСКИ ИЗВОРИ НА БАЛКАНОТ ...

СИНДИКАТ во Македонија

Има ли синдикати во Македонија ... Има но прашањето е што работат синдикатите во Македонија и на кого му служат ...

Синдикат би требало да биде здружување на вработените - со цел да се преговара со работодавците - за да се избори подобар статутс и да ги штити правата на рабониците - да го унапредува животниот стандард на работниците ... Значи синдикатот треба:

- Да обезбедува разни погодности за членовите ...
- Колективно да преговара со работодавците ...
- Да штрајкува ... со цел на исполнување на барањата на синдикатот ..

Што се дешава со Македонските синдикати ... Тие се инертна маса која државата во танзицискиот период ја држеше под свое ... делејки ја и правејки си свои синдикални организации - со кои “преговараше“ ... Македонските синдикати ја преспаа транзицијата во Македонија и уште ја спијат ...

Во Република Македонија постојат три национални синдикати:

Најпросто кажано синдикализмот во Македонија е ДРНДУПКА ...

Написот е посветен на меѓународниот ден на трудот први Мај ...

Препорачани линкови:
- Меѓународен ден на трудот ... Мк Википедија
- May Day ... From Wikipedia
- Празник рада ... од Србската Википедија

Saturday, April 28, 2007

ГРУЕВСКИ - работи на својот рејтинг


Средба на премиерот Груевски со канцеларката Меркел
Претседателот на Владата, Никола Груевски во посета на Домот без родители 11 Октомври во Скопје

100 дена од Владата на РМ


Славковски ја одбра Македонија


Премиерот Никола Груевски во посета на детската клиника (2)

средба со рок ѕвездата Иги Поп


Иако млад ... Груевки сериозно работи на подигање на својот рејтинг ... Тоа е и причината за сегашниот висок рејтинг...

Груевски работеше на својот рејтинг уште во текот на изборниот процес ... Ги доби изборите како што ги доби ... но на својот рејтинг продолжи да работи ... Имиџот го гради на:

- Избор на кадри кои не се оптеретени со дамки во минатото ...
- Давање на личен пример на јако темпо на работа ...
- Барање и другите да го следат во темпото на работа ...
- Одлучна битка со курупцијата ... (за жал до сега само ситни риби во мрежата ...)
- Се на картата на економски реформи - кои треба да се засновуваат на странските инвестиции ... (ова ако не му успее ке биде најголем минус во следните избори ...)
- Одличен избор на соработници и советници ... со нагласеност на нивната младост и полетност ...
- Предвремено враќање на долговите ...
- Навремената смена на Министерот за култура ...
- Настојувањето да гласа и дијаспората ...
- Остварувањето на она што е ветено во предизборната програма ...
- Јавност и транспарентност (засега одлично се справа со ова ...)
- Работа со медиумите и јавноста ... Со огромни буџети за реклама на разни кампањи на владата е еден од најголемите бизнис партнери на медиумите ...
- Проект за отворена влада и ден за граѓаните да видат како и каде работи владата ...
- Стална стредба со дечиња во владата или на улица - со обавезно сликање за медиумите ...

Што е тоа што оди на негативната страна на рејтингот на Груевски ... Иако опозицијата вели дека негативностите ке се зголемуваат како ке се ближат изборите (можеби затоа се готват нови избори - додека е висок рејтингот...)

- Правење на спектакли со апсења - каде обвинетите се фатени инфлаграте со 5 до 300 евра во џебот ... фалат крупните риби ...
- Неказнување на членови на својата партија кои се огрешиле во кримнал и корупција ...
- Исклучување на дел од опозицијата - во политички процеси ... а кои штетат во ЕУ интегрирањето - популарно нареченото немање дијалог со опозицијата ... (тука подеднакво се криви и самите опозициони партиии - кои бараат и влакно на јазикот и глумат ...)
- Никако да тргне со странските инвестиции ... и вработувањата ...
- Немање начин како да се справи со стечајните работници ...
- Лутање во концепцијата на здравството ...
- Премала помош на социјалните случаи ...
- Не зголемување на платите на веќе вработените ... цените растат платите и пензиите стојат во место ...
- Воколку се утврди дека повторно се следат партии и партиски личности - ке биде лош сигнал ... Малку чудно прозвучи одговорот на Премиерот на последното прашање за 1500 лица кои биле следени ... Груевски иако беше присутна министреката за Полиција ... одговараше место неа ... дека тој не знае кои лица се слаедат и зошто .... дека е тоа работа на полицијата ... Не можам да поверувам дека Министерката не го брифира за ова ... ??!
- Спорото решавање на аферите со “тепачката во дискотека“ и случајот “шлепери со оружје“ ...
- Никако да му тргне соработката со Председателот ... Председателот осем што е индивидуа е и институција ...
- Преземање на врвни луѓе од граѓанскиот сектор за работа во Владата ...
- Заборавање на Презумцијата на невиност во случаевите на спектакуларните апсења ...

За Груевски пишував и порано:

- ВОНРЕДНИ ИЗБОРИ ... 25 Април, 2007
- И ЈАС БИ ИГРАЛ ТАКА ... 13 Април, 2007
- ЦЕНЗУРАНА „Во центар“ - „Досие премиер“ на Канал 5 ... 5 Април, 2007
- ПИСМОТО на ГРУЈО ... 2 Април, 2007
- И ЈАС БИ ИГРАЛ ТАКА ... Туристичка Влада ... не само оваа ... 12 Март, 2007
- ДИКТАТУРА НА ММФ ... 2 Февруари, 2007
- Блогот на Никола Груевски - втор дел ... 19 Јуни, 2006
- Блогот на Никола Груевски ... 15 Јуни, 2006
- Груевки Никола ... 13 Јуни, 2006

АГЕНЦИЈА - за бришење на невработените ... репринт

Деновиве се актуелизира темата за таканаречено бришење од евиденција на невработените од страна на старата влада т.е. од агенцијата по наредба на Владата - за да ги нашминкаат малку бројките ... за бројот на невработените лица ...

Уште тогаш реков дека не треба да се броји бројот на невработени лица туку бројот на вработени лица и бројот на ново вработени лица - прво вработување ... А флуктуацијата на работната сила да се пресметува во посебна табела ... А да се престане со задолжителното доаѓање за пријавување на невработените заради зелени картони ... т.е. да се овозможи бесплатен минимален пакет за лечење за сите државјани на Македонија ...

Што треба да работи “Агенцијата за вработување“ - предлоќив во постот ... ВРАБОТУВАЊЕ - Агенција за .....

- Во продолжение ви давам репринт на мој пост од - 18 Април, 2006 ... Агенција за бришење на невработените.

ЈАСМИНКА ДЕЛЧЕВА-ДИЗДАРЕВИЌ, ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ-Ќе избришеме 76.000 лажни невработени

Владата деновиве треба да донесе одлука со која од евиденцијата на невработени ќе бидат избришани над 76.000 лица, кои се изјасниле дека не бараат работа туку се пријавуваат во Агенцијата за вработување само заради здравствени картони.

Ќе се бришат и тие што се водат како невработени, а живеат и работат во странство.

Со оваа мерка бројот на невработените во земјава ќе се намали од 358.000 на 280.000.

Диздаревиќ тврди дека вистинската стапка на невработеност во земјава не е 37,3 отсто, туку се движи од 12 до 15 проценти.

- Неодамна суспендирав еден вработен бидејќи дојде човек, кој ми кажа дека го подмитил со 2.000 денари за да го пријави како вработен само за да зема сини картони.

- Имаме сознанија дека наши вработени за 200 до 2.000 евра, во зависност од странката, им прават услуги на невработените.

Но мора да се сфати дека Агенцијата не е задолжена да ги вработува луѓето. Треба да се исфрли од свеста на луѓето идејата дека колку подолго чекаат работа и се на списоците со невработени во Агенцијата, толку побрзо ќе се вработат. Тоа било порано, но сега не треба да чекаат државата да ги вработи. Агенцијата е должна да им даде совет и помош како полесно да се вработат.

--- За темата невработени и вработување пишував и во:
- НЕВРАБОТЕНИТЕ - никој не ги сака ...16 Април, 2007
- ВМРО-ДПМНЕ и вработувањето ... 22 Февруари, 2007
- ВРАБОТУВАЊЕ - Агенција за ..... - 18 Декември, 2006
- Државата ке ни лепи “Давидови звезди“ - 29 Мај, 2006
- Да даде Бог да имаш – па да однемаш - 14 Мај, 2006
- Само што го научив магарето да не јаде - тоа умре - 11 Мај, 2006
- Стапката на невработеност во РМ - 25 Април, 2006
- Почнува “Геноцидот“ врз невработените во РМ - 19 Април, 2006
- РАБОТА – Македонски синдром ... - 29 Март, 2007
- Агенција за бришење на невработените - 18 Април, 2006
- Бројот на вработени е ? - 12 Април, 2006

Friday, April 27, 2007

СЛУШАМ - како тревата расте

Искочив квечеринатва да купам еден весник и да си ја пролуфтирам главата ... а и ноги да протегнам ... На враќање дуфкаше пријатно ветерче и во носот ми дојде мирис на покосена трева - емен ден исушена ... Незнам зошто тој мирис на тазе искосена трева или сено ужасно ми прија ...

Се сетив на еден штос на еден пријател - кој кога ке го прашаше некој што правиш ... ќе одговореше: “Слушам као расте тревата ...“. :)

ГРАЃАНСКИ ОТПОР - кон УЈП во Струмица

Никојпат не би сакал да бидам инспектор на УЈП. Некако неблагодарна е таа професија. Се доближува до полициските функции. Задача им е да откријат - кој не плаќа данок ... Поради ваквата улога на УЈП тие се во стална придружба на редовната униформирана полиција ... Постојат луѓе кои се осветољубиви и на разни начини им се светат лично на инспекторите на УЈП ...

- Клетвите и плукањата се најчестите закани кои ги трпат инспекторите ...
- Најчесто тоа се отворени и притаени закани директно кон Инспекторите и нивните фамилии ...
- Телефонски закани ...
- Физички закани по безбедноста на нивниот живот и животот на нивните потесни фамилии ...
- Закани од партиски моќници и партиските спонзори ... во смисла ке видиш ти ке се врати нашата партија на власт ... и тогаш ...

- Често Инспекторите на УЈП се подложни и на мито ....
- Често УЈП инспекторите несвесно служат за меѓупартиски пресметки ... Се смени ли партија на власт - на едни фирми им олеснува а на други фирми им се тресат колениците ...

Во Струмица почна масовно да им ги дупчат гумите ... Вчера во Струмица рано наутро на 17 одбелеѓани возила на УЈП им се искасапени со нож сите гуми ... Штетата се проценува на околу 3.000 евра. (Извор денешен Дневник - ИЗДУПЧЕНИ 58 ГУМИ НА 17 ИНСПЕКЦИСКИ ВОЗИЛА ВО СТРУМИЦА - Инспекторите останаа на бандажи ..)

Најорганизирани во граѓанскиот отпор против Инспекторите на УЈП се граѓаните од Албанската националност - кои кога ке видат инспекција масовно придоаѓаат и ја попречуваат инспекцијата во вршењето на нивната функција (со разноразни методи и срества...) ... Затоа и се ретки инспекциите во вакви средини ... Ги има но се кратки и филмски ... за да се покаже на останатата јавност ... еве и тука не има и тука ја вршиме нашата функција ...

Во некои држави Инспекторите се наоружани со службени пиштоли - како впрочем што е и Финасиската полиција кај нас ...

Значи Инспекторите пред секоја Инспекција го прават веројатно следниот ритуал:

- Одат во црква да се молат да не ги фаќаат клетви ...
- Против плукање купуваат папирнати марамици ...
- Облекуваат заштитни одела ...
- Повикуваат Полиција ...
- Се напиваат некави седативи - за да ги смират живците ...

Можеби грешам ... можеби не е така ... теба да се анкетираат самите инспектори ...

На темава пишував и порано:
- ИНСПЕКЦИЈА ... 16 Април, 2007
- УЈП ја мерка екстрадата ... 16 Март, 2007
- ПОПЕ - дај фискална! ... 6 Декември, 2006

Thursday, April 26, 2007

СКОПСКОТО КАЛЕ и евентуалните цркви во горен и долен град

Кибицерот ја начна темата за тоа дека на Скопското Кале во горниот град би требало да се пронајдат и три цркви ... Па така во постот на кибицер ... Епохално откритие на скопско Кале ... од 23 Април, 2007 - тој кажува:

Според средновековните извори, но и оние од подоцнежниот период, на скопското Кале се наоѓале три цркви:

  1. Св.Богородица Троручица каде што бил крунисан царот Душан и објавен душановиот законик;
  2. Св.Прокопиј - заштитникот од замјотреси; и
  3. Св.Јован Крстител - активна црква се до 17 век која важела за соборен храм во градот.

Досега ниту една од трите цркви не беше точно убицирана на теренот. Истите, најверојатно, датираат од крајот на 13 и почетокот на 14 век.

За точно да се каже за кој од трите споменати црковни храма станува збор ќе треба да се најде натпис. Според мене ова е најголемиот наод во последниве години. Можеби еднаков на златните маски најдени при ископувањата на Голема Порта во Охрид.

*** Други извори велат дека на потегот на горниот и долниот град постојат индиции за 5 цркви ... Секако на калето имало во турскиот период и многу Џамии ... Позната е во историјата еден објект кој треба да служи за верски потреби најпрвин да биде византиска базилика да речеме - потоа во средниот век да се преадаптира во црква ... а по доаѓањето на османлиите да се претвори во Џамија ... и пак по враќањето на православното население да се врати намената на објектот во црква ...

На истата тематика кибицер имаше уште еден пост: На скопското Кале пронајдени три* фрагменти од фрески ...

1.jpg
2.jpg

Мината седмица при археолошките ископувања на локалитетот на скопското Кале најдени се три*, мали по димензии, фрагментарни остатоци од ѕидни фрески. Артефактите се најдени заедно со друг археолошки материјал кој различно се датира. Сепак, според археолозите кои работат на локалитетот, со голема веројатност, може да се претпостави дека станува збор за делови од фрески датирани во 13 или 14 век.

Фрагментите се најдени во непосредна близина на претпоставената локација каде во османлискиот период се наоѓала џамија. Ако знаеме дека во Македонија, неретко, имало практика џамииите да се градат на темели на христијански храмови, можеби пронајдените фрагменти од фрески и близината на „претпоставената“ џамија упатуваат на заклучокот дека тука треба да се бараат темели на постар црковен објект. Сепак, на археолозите останува, да ја докажат оваа претпоставка.

На постот оставив свој коментар кој Кибицерот го вклучи како дел од постот:

*** „Моја предпоставка е дека османлиите кога ја рушеле црквата т.е. кога ја претварале во џамија ги копале фреските и ги фрлале на место каде собирале шут ... Е тоа место е местото каде сега се најдени трите фрагменти од фреската ...“ – вели Волан и претпоставува дека веројатно ќе се најдат уште фрагменти доколку се прошири сондата. Фрагментите се најдени во близина на еден зид кој е доста со лабилна градба и не верувам дека е од црквата ... која пак е веројатно тука во близина ... На местото блиску може да се убицира џамија према некои постари фотки кои ги поседувам ... а пак веројатноста џамијата да е направена над црквата е огромна ... Знаејки како османлиите светите места ги претвараат во џамии ... Света Софија на пример и многу други примери ...– заклучува Волан во својот коментар.

На крајот изнесува мошне интересна претпоставка која воопшто не треба да се отфрли, а тоа е дека нема да изненади доколку на Калето се најдат моштите на царот Душан, крунисан во Св.Богородица Троручица, црква која се наоѓала токму на тој простор.

Според средновековните извори од 13 и 14 век, на скопското Кале се наоѓале најмалку три црковни храмови. Тоа биле Св.Бодородица Троручица каде што бил крунисан царот Душан, потоа храмот посветен на Св.Прокопиј заштитникот од земјотреси и манастирскиот храм Св.Јован Крстител.

*** Во коментарите кај кибицер се вклучи kicevcanec ... “..Во напис на Фокус (бр 612, 23 март) посветен на Виргинскиот Манастир (изгорен 27 април 1428) кој се наоѓал отспроти калето, на местото на денешна Султан Мурат џамија, има слика од средновековно Скопје на која јасно се гледа дека на калето има црква, а црква постоела и во утврдената населба под кале (кај денешно лизгалиште покрај Вардар) која исто така се гледа од сликата. Немаше сомнение дека ќе биде пронајдена црквата (а сега слушам оти се 3 цркви)..“

Ни вети дека ке ни прати снимката од фотката - која подолу ви ја приложувам ... кога ке прати подобра фотка Кичевчанецот ке ја едитирам во постов.

Илустрација на цркви на калето.jpg

Во пропратниот допис Кичевчанецот вели: Дека прво ке прати нова подобра фотка и додава:

1) Crkvata na Kale (ne znam za koja se raboti)
2) Crkva vo utvrdenata naselba kraj Vardar (racunaj okolu denesnata sala Kale)
3) (mislam) Kulata koja ja obnovuvaa poslednive godini
4) Virginski Manastir (Sv. Gjorgi-Skoropodviznik) izgoren na 27 April 1428 godina- na istiot rid e denesnata Sultan Murat-ova dzamija podignata vo 1436.

Neznam od koja godina datira ilustracijata, no sigurno e postara od 500 godini.

За подетално да се разграниќи Долниот и Горниот град на Скопското кале ке ви едитирам подолу една карта на Проф. Иван Микулчиќ која е преземена од неговата книга “Скопје со околните тврдини“ ... Македонска книга -1982.

Мапата на Микулчиќ за скопското кале.jpg

Голема благодарност на Кибицерот што ми дозволи да преземам и цитирам дел од неговите постови и до Кичевчанецот кој еве се вклучи во своевидното блог истражувачко новинарство ...

линкови:

Волан: Скопско кале - конзервација и археолошки истражувања

Волан: Скопското Кале

Археолошки дневник: Почнаа ископувањата на Скопското кале (или турбо фолк национализам)

ВЛАДАТА - решила да се справи со своеволието на МТ

На Владата и пукна филм со нередот што го прави МТ со интерконекцијата ... и реши драконски да го смени Законот за Телекомуникации - во делот за казните, за непочитување на одлуките на АЕК за интерконекција ... Имено до сега казните беа преблаги за непочитување ... само прекршочни и парични ... а сега со измените се предвидени и затворски казни и кривични пријави ...

Владата решила да се справи со своеволието на МТ ...

**Затворска казна од една до пет години му се заканува на директорот на „Македонски телекомуникации“, Атила Сендреи, ако не ги намали цените за приклучување на мрежата на телекомот што ја плаќаат другите телефонски оператори.
** Овој потег на Владата - следува по одбивањето на „Македонски телекомуникации“ да го спроведат во пракса решението на Агенцијата за електронски комуникации со кој цените за интерконекција требаше да се намалат за 300 отсто.
** Дека телефонирањето во земјава е луксуз, покажуваат податоците оти плаќаме најскапи телефонски услуги во регионот ако се спореди односот помеѓу цената на разговорите и бруто-домашниот производ за жител.
** Конкурентните оператори на телекомот се најзасегнати од непочитувањето на решението на Агенцијата бидејќи телекомот за минута разговор им наплатува 1,7 денар, а не 0,55 денари.
** Агенцијата за електронски комуникации веќе покрена прекршочна постапка пред судот против телекомот зашто не го спроведуваат решението со кое му наложија да ја измени референтната понуда за интерконекција.
** Според важечкиот закон, компанијата и директорот Сендреи може да добијат забрана за работа од шест месеци до три години и парична казна од дваесетина милиони евра.

Wednesday, April 25, 2007

ВОНРЕДНИ ИЗБОРИ

Се погласни се шпекулациите дека идната година не очекуваат вонредни парламентарни избори ... Овие шпекулаци највеќе ги пласира СДСМ и извори блиски на нив - но и ВМРО-ДПМНЕ наговестува можност за вонредни парламентарни избори со оглед на високиот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ и особено на Премиерот ...

Ова во своевиден лапсуз го навести и самиот премиер во емисијата „Гласот на народот“... Премиерот Груевски, коментирајќи ја најавата на ЛДП дека во иднина ќе игра соло, а не со СДСМ, рече дека ја разбира како опозициска партија со рејтинг малку над нулата и сака да го зголеми. Притоа додаде: „Но, мислам дека тие повторно ќе настапат заедно на изборите следната година“, веднаш потоа самиот се поправи: „Односно тогаш кога ќе бидат“

Tuesday, April 24, 2007

ПАЗИ УБИВААТ - забрането мочање

Денеска прочитав напис во Дневник - Забрането мочање по автопати ...

** На австриските власти им дошло преку глава од возачи што застануваат на автопатите за да мочаат, па решиле да постават знаци со предупредување дека во околината има змии, а со цел да ги преплашат и да ги спречат во намерата, бил поставен ваков знак ...
** Идејата е да се спречат луѓето да уринираат. Кога ќе го видат знакот, ќе се вратат назад во автомобилите наместо да одат во грмушките. Секако, овде нема змии, но тие тоа не го знаат. Трикот сепак успеа.
** Според властите, најчесто по автопатите мочаат источните Еевропејци. На знакот пишува „Внимание, смртоносна опасност. Змии“.

Е веднаш се сетив за една случка кај нас - по нашите патишта ке треба да постават друг знак ... ПАЗИ УБИВААТ ... За ова нели имав пост ... Мочање покрај пат ... 12 Јули, 2006.

Незнам како во Австралија го почитуваат знакот - но кај нас тврдам дека ако се постави ваков знак ПАЗИ УБИВААТ никој нема да застанува ... Сетите се само на безбројте дупки по знаците на патотиштата низ западна Македонија ... Што ке правиш кога се свадбари по патишта се движат ... а тие слават нели ...

СЛОВЕНЕЧКА - кратка историја за нејзината долга изградба

Словенечка е улица - булевар која е проектирана уште од Кензо Танге - пред 40 и кусур години ... Улицата / булевар е долга само 2 километра но нејзината изградна трае повеќе од 5 години и тоа од кога е решено дека му е неопходна на Скопје ...

Направив едно мало истражување со помош на пребарувачот Најди - кој ги индексира написите по временски редослед - од кога се говори и ветува изградба на бул. Словенечка ...

** Првпат Словенечка се спомнува во написот на Вест ... Година: 2 Број:460 Понеделник 1/21/2002 ... Улицата Словенечка - нова врска на Чаир со центарот ...
- Идејниот проект за пробивање на улицата Босна и Херцеговина, која преку просторот на стариот аквадукт ќе се поврзе со Јадранската магистрала кај хотелот "Александар палас" е готов.
- Продолжението на улицата Босна и Херцеговина ќе го скрати времето на патување и поврзување на Чаир со Карпош, а оттаму и со центарот. Новата улица ќе го носи името Словенечка и ќе минува покрај аквадуктот, ќе зафаќа дел од дворното место на касарната "Илинден" и ќе излегува на клучката кај Момин Поток.
- Проектот е усогласен со Министерството за транспорт и врски, со Заводот за просторно и урбанистичко планирање, а Општината има дозвола и од Министерството за одбрана за заземање на делот од дворот на касарната "Илинден".
- Реализирањето на овој проект, во голема мера ќе го растовари сообраќајниот метеж во Чаир. Сега Чаир со центарот соодветно е поврзан само преку улицата Цветан Димов, на која секојдневно има огромни застои.
- Новата улица се планира да минува покрај римскиот водовод, а до таму сега воопшто нема пристап, и нејзината изградба, одговорните од Општина Чаир очекуваат да придонесе за заживување на овој споменик и како туристичка атракција

** И вториот напис за Словенечка по шест месеци од првиот е од Вест ... Година: 2 Број:590 Четврток 6/27/2002. ... Со булеварот Словенија, од Чаир до Крапош ќе се стигнува за неколку минути ...
- На почетокот на следниот месец, Општина Чаир ќе почне со изградба на улицата Словенечка, што треба да го поврзува Чаир со Карпош, а оттаму и со центарот на градот.
- Словенечка која е само 2 км долга - ке се градела во етапи поради немање на пари ... ке се градела во почетокот само едната траса ...
- Само што не почнала да се гради Словенечка ... тендерите биле при крај ...

** Утрински - пишува првпат за Словенечка на ... 2002-07-05 ... Словенечка ке биде булевар ...
- Градежните работи е планирано да почнат овој месец. Околу два километра од оваа улица поминуваат покрај реката Серава, покрај пругата и кај Момин Поток, каде што се прави клучка со што оваа Општина ќе се поврзе со западниот дел од Скопје.
- Комплетното завршување на проектот, според направените процени, ќе чини 110 милиони денари.(цирка 1.8 милиони евра) Градежните работите ќе траат околу една година.

** Вест ... Година: 3 Број:652 Среда 9/11/2002 ... По Словенечка од Радишани до Карпош за пет минути ...
- Вест јавува дека почнала исградбата на Словенечка ... значи точно пред 5 години ...
- Улицата требало да ја гради Пенов ... но поради спороста на Пенов со проектот се зафатила општината Чаир ...
- Проектот го направил Бетон ... но ке ја гради Пелагонија и ке кшта 32 милиони денари (512.000 евра - драматично намалена вредност или грешка на Вест...) ... а Миленковски ветува дека едната траса ке биде готова до следната есен ...

** На 2002-09-13 - Слично пишува и Утрински ... Од Чаир до Карпош по покус пат ...
- Вкупната инвестиција на овој проект чини 110 милиони денари, од кои 32 милиони се обезбедени преку Фондот за патишта, а остатокот ќе го надомести Општина Чаир преку државниот буџет.

** Тука некаде се утврдува дека на трасата има многу дивоградби кои треба да се срушат ... а има и нерешени имотно правни односи ... Година: 3 Број:772 Вторник 2/4/2003 - Вест ... Словенечка заглави кај дивоградбите ... Улицата била пробиена до Серава ... Се спомнува и измена на трасата ...

** Вест на Година: 3 Број:823 Петок 4/4/2003 ... во написот - Од булеварот Словенечка останаа само купови земја ... јавува дека веќе се потрочени 30 милиони денари и дека работите запнале околу надлежностите ... дивоградбите и немање на пари ... не дала Владата пари ... Ветувањата за брза изградба на Словенечка биле само предизборни ветувања ...

** Вест на Година: 3 Број:847 Петок 5/7/2003 ... И Градот и Чаир ја баталија улицата Словенечка ...

** Вест на Година: 3 Број:964 Петок 9/23/2003 ... Градот ќе ја одземе дозволата на Чаир за Словенечка ... Пенов го критикува Миленковски кој како градоначелник на Чаир поставил само камел темелник за почеток на градба и тука застанала работата ...

** 2003-11-10 ... Utrinski ... Изградбата на „Словенечка“ „виси" меѓу Општината и Градот --
** 2003-11-13 ... Utrinski ... „Словенечка" ќе се гради откако ќе се добие финалниот проект --
** 2003-11-13 ... Vest ... Трасата на Словенечка од чекање стана депонија --
** 2003-11-19 ... Dnevnik ... Словенечка заглави во политичките пресметки ...
** 2003-11-20 ... Utrinski ... Општинарите од Чаир со документација го демантираат Пенов --
** 2003-11-20 ... Dnevnik ... Проектот за "Словенечка" е кај Ристо Пенов -- Сега вече надлежноста за градба е кај Пенов а препукувањето е кај е документацијата ...
** 2004-01-21 ... Vest ... За Словенечка 13 милиони денари -- Сега градот ја гради улицата ... демек еве и пари одвоил ...
** 2004-02-06 ... Utrinski ... Со улицата „Словенечка“ ќе се скуси патот до центар --
** 2004-03-22 ... Vest ... Се работи нов проект за Словенечка -- Ново е што сега проектот го прави градот ... а сеуште ја чека документацијата од Чаир ...
** 2004-04-27 ... Dnevnik ... За улица од два километри мечтаат 60.000 луѓе --
** 2004-05-04 ... Vest ... Словенечка ќе минува низ ниви --
** 2004-05-07 ... NMakedonija ... Словенечка ќе минува низ нивите покрај дивоградбите -- сега проектот го работи Пелагонија ...
** 2004-05-26 ... Dnevnik ... Заобиколницата неизвесна --
** 2004-06-01 ... Utrinski ... И покрај измените на проектот, изградбата на „Словенечка“ закочена --
** 2004-06-02 ... Vest ... Ништо од изградбата на Словенечка --
** 2004-09-14 ... Vreme ... Градот ќе склучува договори за експропријација на приватните имоти --
** 2004-09-16 ... Dnevnik ... Ако не може милум, Пенов силум ќе ја направи "Словенечка" --
** 2004-09-22 ... Dnevnik ... Уште зимава чаирчани ќе возат по "Словенечка" --
** 2004-09-22 ... Vest ... По пауза од две години, продолжува изградбата на Словенечка --
** 2004-11-02 ... Vest ... Чаирчани се задушуваат во сообраќаен метеж --
** 2004-11-16 ... NMakedonija ... Улица Словенечка повторно ќе ја чека пролетта --
** 2004-11-30 ... Vest ... Доградбата на Словенечка оставена за в година --
** 2004-12-16 ... Dnevnik ... Пролетна шанса за улицата Словенечка -- уште се преговара со сопствениците на земјиштето ...
** 2004-12-21 ... Dnevnik ... Два километра ни за два мандата --
** 2005-01-18 ... Dnevnik ... Годинава нема да се градат нови улици --
** 2005-02-23 ... Vest ... Словенечка мрдна од мртва точка -- Се ближат нови избори за градоначелник и ветувашата се зголемуваат ...
** 2005-02-28 ... Vecer ... "Словенечка" излегува од имотно-правниот лавиринт --
** 2005-06-01 ... Vest ... За Трифун најважно е да се изгради Јужниот булевар и Словенечка --
** 2005-06-09 ... Vecer ... Ќе се бараат и нови опции за "Словенечка"?! --
** 2005-06-09 ... Dnevnik ... Улицата Словенечка ќе се гради откако ќе се обесштети трасата --
** 2005-06-13 ... Vreme ... Словенечка заглави во имотно-правни проблеми -- Уште се ценкаат со сопствениците на земјата ... Градот дава 859 денари а сопствениците бараат 3000 денари по квадрат ...
** 2005-08-25 ... Vest ... Градот нема да ја чепне Словенечка и оваа година -- сеуште проблем се обештетувањата и се бараат уште неколку месеци...
**
2005-10-03 ... NMakedonija ... Улица Словенечка никако да мрдне од мртва точка --
**
2005-11-06 ... Vest ... Словенечка доби атмосферска канализација --
** 2005-12-24 ... Dnevnik ... Сите кренаа раце одпробивањето на "Словенечка" --
** 2005-12-24 ... Dnevnik ... "Словенечка" го чека Пенов --
** 2005-12-27 ... Utrinski ... Пазарни цени за земјиштето низ кое ќе минува „Словенечка“ --
** 2005-12-27 ... Vest ... Улицата Словенечка ќе добие нова траса --
** 2005-12-27 ... Dnevnik ... Градот пак ќе ја менува трасата на Словенечка --
** 2006-01-19 ... Vreme ... И Бутел ќе помогне за улицата Словенечка --
** 2006-03-16 ... Vest ... Водоводна цевка ја кочи Словенечка --
** 2006-04-05 ... Vest ... Улица Словенечка --
** 2006-04-15 ... Forum ... РИСТО ВРАТИ СЕ, СЕ ТИ Е ПРОСТЕНО! --
** 2006-05-22 ... Vreme ... Почнува пробивањето на Словенечка --
** 2006-05-23 ... Vecer ... Летово проширувања со булеварски решенија --
** 2006-05-23 ... Vreme ... Чаир и Карпош сообраќајно ќе се спојат во ноември --
** 2006-06-20 ... Vecer ... Градот одобри 3 500 евра за квадрат --
**
2006-06-26 ... Vest ... Ќе ја стопираме"Словенечка" ако Градот не не обесштети ...
** 2006-07-11 ... Vreme ... Земјата ќе се откупува за 1.500 денари за квадрат --
**
2006-07-20 ... Utrinski ... На „Словенечка" 87 сопственици чекаат експропријација --
**
2006-08-22 ... Spic ... Скопје ќе плати за пет парцели --
**
2006-08-23 ... Vreme ... Откупени првите парцели за Словенечка --
**
2006-08-23 ... dnevnik ... Почна откупот на имотите на кои ќе се гради Словенечка --
**
2006-08-29 ... dnevnik ... Градските власти промашија уште една градежна сезона --
**
2006-09-04 ... Vreme ... Бутел ќе го спасува аквадуктот --
**
2006-10-02 ... Telma ... НЕ СУМ ПОТПИШАЛ ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА ГРАДОТ --
**
2006-10-07 ... Utrinski ... Трасата на „Словенечка" целосно пробиена --
**
2006-10-09 ... Vest ... Почна тампонирањето на Словенечка --
**
2006-10-09 ... Vreme ... Недостигаат уште 300 метри за да се пробие Словенечка --
**
2006-10-09 ... dnevnik ... Словенечка се доближи до Момин Поток --
**
2006-10-13 ... Vecer ... "Словенечка" во полн ек, следува клучката кај "Континентал" --
**
2006-10-13 ... NMakedonija ... Трифун се прошета по раскопаната Словенечка --
**
2006-10-13 ... Utrinski ... „Словенечка" ќе биде готова во втората половина на 2007
** 2006-10-19 ... Utrinski ... Идната година нема да има нови инвестиции во Градот --
**
2006-11-06 ... dnevnik ... Словенечка граби напред --
**
2006-11-07 ... dnevnik ... Скопје ќе го види Аквадуктот --
**
2006-12-13 ... utrinski ... Започна асфалтирањето на Словенечка --
**
2007-01-31 ... Vecer ... Нова населба покрај Словенечка --
**
2007-02-23 ... Vest ... Место да се гради, Словенечка се уште се тендерира --
**
2007-04-24 ... utrinski ... Решени имотноправните проблеми на булеварот Словенечка --







Blog Archive

Site Meter