Search This Blog

Saturday, December 19, 2015

Данок на живот ...

Се правиме дека ништо не ни е јасно иако всушност се е јасно - мислам на животната филозофија која ја живееме во моментот тука и сега во Македонија, на балканот, во светот, на планетата земја. Се е фејк. Нема за што здраво да се фатиш. Фејк ни е државата, политичките партии, политичарите, сосе странците кои се преправаат дека нешто прават а всушност се тече по однапред одредено сценарио на некој кој не го гледаме но знаеме дека постои. Се иде онака како сака големиот сценарист - ГОЛЕМИОТ БРАТ.

Еве да појаснам. Ние како единствени разуми битија на планетата земја успеавме да упропастиме се` што ни даде природата. Некогаш се беше достапно, бесплатно, спонтано - природно. Ако ти се јаде ке одиш во природа ке јадеш плод кој го дала природата, ке пиеш вода од изворот кој не е загаден никаде, ке дишеш воздух кој доаѓа од планините со мирисите на планиите, ке уживаш во сонцето во природата во животот. Доаѓаш од природата со своето раѓање и повторно и се враќаш со својата смрт (во материјална смисла).Тоа е се така до појавата на индустирските револуции, до појавата на парите како средство за размена. Се беше просто и убаво додека се одвиваше во проста размена. Или јадеш нешто и некого или те јадат. Земаш толку колку ти треба за да го живееш денот, толку колку ти треба да го наполниш стомакот. Се размножуваш - заради инстиктот на природата да ја наставиш врстата. Така е сеуште во обичната природа, така е секаде само не кај човечкиот род. Ние луѓето/хуманоидите ја расипавме рамнотежат на природата. Се размноживме толку многу - уништувајки се` што ни стои на патот на нашиот ЕГОИЗАМ. Поради нашиот разум измисливме правила/закони кои не се природни туку се направени да ја штитат нашата врста од другите природни суштества. Сите, целата преостаната природа и животните ги впрегнавме на нас да ни биде убаво.

А дали ни е убаво сега кога се впрегнавме во корист на хуманоидите. Толку многу се размноживме што и тежиме на планетата земја и се` правиме така што во одреден момент поради нашиот егоизам ја уништвме природата и планетата земја. Водата која некогаш беше бистра сега е загадена и за да пиеме здрава вода мораме да ја купуваме. Храната која ни беше потребна, која ја наѓавме во природата - сега е индустриска, затруена со разни хемии ГМО - се е извртено. Здрава храна скоро да нема. Воздухт кој сеупте не го плаќаме не е со квалитет за да можеме да шетаме слободно и да дишеме. Ни даваат совети не излегувајте од дома, воздухот е загаден.

Се прашувате ли чии слуги станавме кога за се мора да платиме данок и кој всушност е крајниот корисник на даноците што ги плаќаме. Имам осет дека се ни е оданочено само затоа што сме живи и данокот го плаќаме се додека сме живи. Глупаво е но данок мора да плаќаме и кога ке умреме - го плаќаат нашите деца кои ги презадолживме а уште не беа ни родени.

Од друга страна се прашувам што прават оние каде оди целиот данок. Што е тоа што нив ги прави среќни. Злоба и егоизам ... или ...

Има ли начин да се вратиме на природата и природните закони. Нема, бидејки нема скоро ништо што е природно - не остана ни мало парче, делче од нашата планета кое не е затруено од нашиот егоизам и законите кои ги донесовме ...

Thursday, October 29, 2015

Може ли добрата клима (економска) да убива ?

Македонија во неколку години наназад е врвот на листата на Duing biznis, со демек добра клима за бизнис. Ако се погледат реално параметрите дека и покрај добрата бизнис клима имаме убиство на економијата - гледано во параметрите на зголемување на сиромаштијата на населението, зголемувањето на иселеништвото особено на младите стручни кадри, зголемување на задолжувањата и буџетскиот дефицит, намалување  на куповната моќ на населението, најмалата просечна плата во регионот ... се прашувам зарем добрата клима (економска) има последица на убивање на економијата и економските параметри ? ...

Wednesday, October 28, 2015

Duing biznis - Отварање фирм за три сата, отварање државна институција 3 месеца ...

Duing biznis - Отвараме фирма за три сати се на еден шалтер. Отвараме државна институција за три месеци со сите можни сопки на останатите државни институции. Волку ке трае вкупното време на отварање на државната специјална обинителка. Таа потоа ке поднесе обвиненија во редовните судови - за на крај Предесателот на РМ сите да ги аболира ... видено сценарио. Одтаму е и мирот во очите на сегашната владеачка структура. Заштитени се како ретки зверки ...

Friday, October 16, 2015

Доказ/и ...

Го гледав сношти Јавниот обвинител на Македонија. Упорно велеше дека му недостигаат докази за да постапува по најосетливите предмети од организираниот криминал. Јавно објавените телефонски разговори по закон кој сами си го донеле биле незаконити докази и представувале индиции. Се работело на прибирање на докази и демек кога ке ги имале ке покренале кривични пријави. Го пршаа зошто не побара ПИМ мерки за татвите индиции дека масовно се кршат човековите права, правото на глас и корупција од огромни размери - одговори колку се сеќавам дека тоа не е негова надлежност туку надлежност на јавниот обвинител кој го води предметот. Тој бил само менаџер. Јавните обвинители по закон биле самостојни и независни, демек.

Значи криминал има, но нема доказ/и.

Monday, October 12, 2015

Наивно садење на тикви со ѓаволот ...

Ме чуди колку всушност нашите политички криминалци биле наивни/невнимателни. Толку многу невнимателно зборувале се` и сешто на телефон. Сигурни биле во институциите на системот кои биле поробени од нив. Забораваат дека над попот секојпат има поп. Читле нешто од Орвел - ама ништо не научиле до крај ... Такви грешки скапо се плаќаат ... Големиот брат/браќа де, секојпат ствараат криминал/криминалци од сите видови а највеќе во политиката. Ги контролираат со тоа што ги следат и документираат. Кога ке ги потрошат едноставно ги пуштаат низ вода ...

Народот одавна рекол - немој да садиш тикви со ѓаволот ...

Ми текна 2 - (предлог за Катица) ...

Фалсификат на пасоши и лични карти е сериозно кривично дело. Кај нас се појавија лажњаци во избори а во светот се тражат лажњаци за криминалци кои имаат потреба од криење на идентитет. Просто е добри лажњаци на пасоши и лични карти не се прават во домашна лабараторија. Тие се прават во оригиналното место за производство во државната лабараторија за печатење на пасоши и лични карти. Бидејки ние сме држава каде мафијата си има своја држава и институции, нема да ме зачуди дека познати криминалци за добри пари шетаат со наши пасоши.
Како да се фатат фалсификаторите. Просто е оригиналната хартија се произведува кај оригиналниот добавувач а тој сигурно не е фалсификатор - ке си го изгуби бизнисот. Нека прати Катица допис до фабриката подкрепен со државен потпис, подпомогнат со потписите на странските служби да и дадат број на формулари кои се пратени во МК надлежни институции. Потоа нека го спореди тој број со бројот на регистрираните формулари и бројот на издадените пасоши и лични карти. Нека ги одбие оние кои се згрешени. Кај згрешените нека внимава на количината, бидејки таму лесно може да се кријат фалсификатите. Значи просто е само треба добар попис на бројките и оп ете тука се криминалците. Лесно ке пропејат пониските службеници особено ако се вети скриен идентитет на заштитен сведок. Како дожд ке паднат сите. Проблем ке биде да се најде место во МК затворите. Но и тоа ке се реши ...
Само едно ме чуди колку всушност нашите политички криминалци биле наивни/невнимателни. Толку многу невнимателно зборувале се` и сешто на телефон. Сигурни биле во институциите на системот кои биле поробени од нив. Забораваат дека над попот секојпат има поп. Читле нешто од Орвел - ама ништо не научиле до крај ... Такви грешки скапо се плаќаат ... Големиот брат/браќа де, секојпат ствараат криминал/криминалци од сите видови а највеќе во политиката. Ги контролираат со тоа што ги следат и документираат. Кога ке ги потрошат едноставно ги пуштаат низ вода ...

Saturday, October 10, 2015

Ми текна ...

Се сеќавате ли на муабетот кога го затвараа А1. Бране јавно му порача на Грујо и му укажува дека се што треба да направи е да му се јави телефонски на правиот човек во правосудството за да тој го сопре затварањето на А1. Знаел човекот како треба има долгогодишно искуство од порано со судииите и истражителите ... Грујо како од топ одговори дека тоа време поминало дека судството, полицијата и истражните органи се независни институции по закон и устав, дека тој и да сака тоа не може да го спречи, ниту пак да наложи прекинување на постапка на независна државна институција ... Ах мори мајко ...

Wednesday, October 07, 2015

Дворски игри, луткарски представи, замена на тези ...

Во “слободна и независна“ Македонија имаме по две династии во двете поголеми етнички заедници кои додека се во власт си играат “дворски игри“ за народот, додека тие слободно и законски дозволено (пошто нели сами си ги носат и пишуваат законите) не пљачкосуваат а ние “задоволно“ демек го гледаме јадот на “поразената“ фамилија која го чека редот да се качи во дворот и заседне за престолот. Така Курто и Мурто не “ебаваат“ сите а себе си го товарат магарето. Некојпат наместо плата ни даваа бонови со кои само кај нив мажевме да пазариме. Ние нив работна снага за да им ги градиме дворците а тие нам бонови за цркавица за живот. Сега нема потреба од тоа, со цркавицата од плата/пензија што ти ја “даваат“ плаќаш се што е нивно, вода, струја, дрвото/парното, храната (сега сите продавници се нивни па не се потребни бонови) и забава ни прават (театрите кои се од нив режирани со лутките нивни кои се истренирани и платени “забавувајки“ не, да мислиме дека сме среќни и весели, терајки не да се множиме за да можат нашите деца да не одменат кога ние веќе не ке можеме да ги двориме)... Малку ни е сето тоа па сега ни даваат индициии кој кого ебавал и каде ... Зависно која фамилија е на власт само ги менуваат местата (Курто и Мурто) и ги вртат своите плочи со заменети тези ... Лудило.

Она што всушност е позадина на сето ова е тоа дека тие всушност не ни играат своја игра - некој друг им ги пишува сценаријата (големиот брат) и не дозволува ниедна фамилија предолго да биде во доминантна позиција ...

Thursday, September 24, 2015

Современ облик на атентати - убиј го неговиот автомобил ...

Македонија е позната во историјата по атентатите. Сетите се на солунските атентатори, на атентатите во нашава сегашна Македонија но во минатото, на атентатите на противниците на македонизмот на спскиот крал, на меѓусебните атентаторски процеси во низа по улиците на Софија. Ништо не научивме дека со атентаторски процеси нема да решиме ништо, осем да очекуваме одмазнички атентат кога за тоа ке се створат услови и време. Во поновата историја најприн се правеа атентати насловени кон економските интереси на противниците. Се рушеа фирми со посредство на институциите. Се затвараа бизнисите на политичките противници. На крај се крена кон личниот имот на политичките противници - имаме процес на палење на автомобили на политичките противници. Каде е крајот а ова лудило. Атентат и одмазнички атентат е средство само на мафијашки структури. 

Saturday, September 12, 2015

Како не владеат? ... Списоци ... Државен либерален социјализам ... Организиран криминал

Како не владеат? Зарем има некој на кој не му е јасно како не владејат оние кои ние демек “легално“ ги бираме на власт? Тоа веќе на секој и малку интелегентен човек му е јасно. Најтешко е прпат да добиеш власт со апсолутно мнозинство. Добивање мнозинство во парламентот е важна фаза. Тогаш системски ги менуваш законите за да го растуриш прво стариот систем и воспоставиш свој, што значи свои луѓе “пиуни/шпиуни“ ставаш на клучни места. Прво влегуваш во полицијата и секако во тајната полиција. Тогаш почнуваш да правиш списоци сосема “легално“ од позиција на полиција и особено тајна полиција. Сега барем е лесно за правење на списоци ти се на располагање сите компјутерски системи, на банките, на судовите, на здравството, пензионерите, на сите системи. Ги вадиш црните тевтери додека си бил опозиција и почнуваш да се окомуваш према важните полуги од противничкиот табор кој пред тоа бил на власт. Поединците лесно ги придобиваш, им велиш ако не соработуваш со нас ке те уништиме. Знаеме се` за тебе. Ке те бркаме од работа не само тебе туку и сите твои најмили по список. Велиш ке побегнеш. Нема каде сите во светот се поврзани. Ке те најдат ако те побараат лесно било каде да си во светот. По список, полуга по полуга ги ставаш сите во твојот систем. Важно е да ги освојиш сите полуги на власта. Го имаш законодавството под свои раце преку послушниците во парламентот. Ти фалат неколкумина таму, ги купуваш кај противникот. Пара и моќ врти где бургија неќе. Важно е да го освоиш и судството. Не е ни тоа проблем, само треба време. Судии се менуваат на избор а новите ги бираш ти од твоите пулени/пуленки. Кој ке го води кој предмет списокот е кај тебе. Па после благодарни ти се до гроб. Важно е секако да го ставиш и новинарството под свој капа. Просто е, пак со парите од сите ги плаќаш новинарите да ја говорат твојата вистина. И тука е крај на системската кражба на човековите права. Сите ти стануваат твои “робови“. На избори не е проблем системските списоци се кај тебе и полугата на власта ти е обезбедена. Како ја смируваш меѓународната заедница. Лесно. Се задолжуваш систематски кај нив. Робовите ке плаќаат не само овие живите, туку и оние идните неколку генерации.

Си ја освоил власта и институциите време е да поминеш во реалниот сектор во економијата. Како најлесно да го растуриш системот. Преку полугите на законодавната власт се ти е лесно и “легално“. Пак ги мешаш картите и ги местиш да добивааат сега твоите. Најлесно е ако централно управуваш со се во економијата. Правиш буџет кој е доминантен фактор за економијата. Сега се е и тука во твои раце. Буџетарите работат само со твоите фирми, оние на противникот ги гонат твоите институции на полицијата и инспециските служби. Газдите попуштаат ти велат се што треба ке ти дадеме само остви ни ги фирмите да работат. Се сеќава некој на оној кој му се тресаеа/течеа пантолоните - што ветуваше?

Организираниот криминал поклопен со твое законодавство, судство и новинарство е крајниот стадиум на “совршеното злосторство“ за легална пљачка на народот. За врв на шлагот во твоја служба ги ставаш и духовниците ...

Како се распаѓа ваквата организирана банда. Одвнатре со тек на време. Поделбата на пљачката никојпат не е правилна. Колкумина треба да пљачкаат? Неможе сите да се задоволни. Сите внатре во “бандата“ бараат свој дел. Тогаш пукаат полугите и власта во еден момент паѓа како кула од карти.

Friday, September 04, 2015

Платеници ... платени бегалци

Луѓе кои војуваат за пари се платеници. Платеници постојат од кога постои војувањето. Платениците се полуболни умови кои избрале како професија да убиваат и да бидат убивани. Платениците секојпат се употребуваат да извршат најквави дејствија за да се почне одреден војна во која се вовлекуваа “мирно“ домицилно население, најчесто поделено по верска илиетничка основа. Подсетите сена почетокот на военитедејствија во некогашна  Југославија. Сараево, Рача, Вуковар, Посавина ...   Во сите сегашни активни “војни“ главна улога имаат платениците. И оние кои напаѓаат и оние кои се бранат употребуваат платеници. Земите ги за пример војните во Украина и Сирија. Главните воени дејствија започнаа со платеници кои и денеска сеуште се активни. Ист е случајоти со сите војни од “арапските пролети“ ...

Интересен е новиот феномен на “платени бегалци“. Се приметува дека бегалците на новото време како да се од некого директно спонзорирани и финансирани.

Кој сево ова го спонзорира и организира? Тајните служби.

Sunday, August 16, 2015

Се тресат ли панталоните на Андреја Јосифовски ?


  • Се тресеа панталоните на Велија Рамковски падна Велија, му ја затворија А1;
  • Се тресеа панталоните на Фијат Цановски, падна (му го срушија) Космос;
  • Се тресеа пантолоните на Мукаетов, Алкалоид преживеа;
  • Се тресеа пантолоните на Јорго Ќука, Охис умре;
  • Се тресеа пантолоните на Штерио Наков, му ја лапнаа Алфа;
  • Се тресеа пантолните на Свето Јаневски, го пресели бизнисот од Скопје во Кавадарци, сега слушаме ке го сели бизнисот во Београд;
  • Се тресеа пантолоните на Трифун Костовски, го блокираа во Кермес и други бизниси;
  • Сега му ги тресат пантолоните на Андреја Јосифовски, ке чекаме ли на ред пак за бензин, ке опстане ли Телма ?

Thursday, August 13, 2015

Гипс картон демократски привид...

Утринава гледајки ја оваа инаку прекрасна фотографија на Emil Chuchkov објавена во Facebook групата за фотографија MACEDONIA - Foto Stories се инспирирав за овој напис. 

Скоро веќе десет години актуелнат власт ни прави привид дека нешто градат, пошто опонентите нели камен на камен немаат ставено. Колонадата од згради долж мајор коритото на Вардар каде никој, дури ни луд архитект не би градел се изградени со гипс картон архитектура која за која ни се смее светската јавност е преплатена повеќекратно. Се е легалистички “легално“. Добија власт на избори повеќекратно како што добија, “легално“ ги сменија законите и сега не само што ги трошат актуелните буџети додека се на власт туку без никаква контрола ја задолжуваат земјата се со цел да градат гипс картон архитектура придружена со налудничава количина на споменици на метар квадратен од секој вид. Замочаа секаде каде имаше слободна педа од некој квадрат. Се градат и гипс картон фасади од лице а позади зградата е грдотија каква си била. Тоа ти е исто како да гледаш преоблечен човек кој носи дотрајана облека но го преоблечеш само однапред, одпозади и одвнатре се е исто старо и вето. Постојат луѓе граѓани кои згадени од сето тоа не ни поминуваат од таму, го обиколуваат местото на зсторството бидејки сето тоа им смрди. Некој друг покасно ке докажува колку пари се прелејале во џеповите на власта за “уметноста“ со која не засипаа и ги трошеа актуелните буџети со додатно кредитно задолжување. Чинам дека колку години траеше груевизмот толку години ке треба да се разгради истиот гипскартон демократски привид на груевизмот ...

Tuesday, August 04, 2015

ДПМНЕ се самоукинува ...

Прштат закони со кои се повлекуваат сите глупи законски предлози донесени од ДПМНЕ во десетина годишното владеење.
  • Се повлекаоа пред студентите и средношколците, сите три пленума се морални победници над врхушката на ДПМНЕ;
  • Се повлекоа пред хонорарците, укинувајки го глупиот закон за придонеси за хонорарците каде им земаа скоро се` недавајки им ништо за возврат;
  • За десетпати ги намалија драконските казни за се и сешто, со кои кога сакаа, кого сакаа го множеја со економска нула. Веројатно се плашат ако ја изгубт власта дека некој ке ги мава со нивен камен (каменот нели од блиску доаѓа) ...
  • Попуштија пред бомбите на Заев и прифатија нови предвреени избри, нов обвинител независен од сегашната судска власт ...
  • Ги примораа најверните троица министри и шефот на тајната служба да абдицираат;
  • Го пепуштаат министерството за полиција на СДСМ;
  • Слушам ке го укинат и законот за демек безбедност на сообракајот на плус 40 степени да се вози со запалени светла. Законот е во процедура на укинување во собранието ...
  • Останува уште да се откажат од Груевски и груевизмот ... за на крај сами да се распуштати самоукинат ... уште да смислат во кој парк да ги паркираат сите глупи бронзани фигури и статуи на кои цел свет им се подсмева (Македонија има највеќе бронза по глава на жител) ...

Monday, August 03, 2015

Maчка/иња ... закон/и на природата


Имам прилика да посматрам полудиви мачки/иња во котинуитет од три години. Минатата година мајката мачка имаше пет мачиња. Ги криеше од погледот на луѓето додека тие самите не беа способни да трчкаат и во игра да учат за природата на нивниот живот. Од тие пет мачиња опстанаа само три мачиња. Од некаде во дворот дојде уште едно маче, кога оваа група од пет мали мачиња се сведе на три. Малите мачиња малку тешко го прифатија дојденото маче но по одредено време го толерираа, дури и почнаа да се играат.

Мајката мачка во периодот додека ги одвикнуваше од млеко им носеше уловен глушец или друго животно и им го даваше да го јадат малите мачиња. На крај кога ги одвикна од млеко скоро да ги напушти сосема, ги остави на природата да преживејат со својот инстинкт за лов. Мачорот никаде не се појавуваше осем во феброар кога бараше некоја мачка која сака да се пари. Имав осеќај дека воопшто не ни знаеше дека мачињата се негови.

Оваа година едното маче за кое мислев/ме дека е машко во пролетот стомакот му беше зголемен и велев овој мачор ко да е труден, ко да изел некој голем глушец. Минатогодишното маче за кое мислев/ме дека е мачор го снема едно време. Го посматравме дека често свраќа во една просторија која беше запуштена. По одредено време се појавија четири нови мали мачиња. Почнаа срамежливо да излегуваат и претпазливо да се покажуваат. Поставив една корпа во која долу поставив стари работи од ткаенини. Мачката веднаш ја прифати корпата каде ги доеше своите мали четири мачиња. Мачката одвреме навреме ке ја снемаше одеше да лови. Мачињата се поделија во две групи и се играа посебно чекајки ја мајката. Прво снема едно. Велам сега мачката ке тажи по едното маче. Но не, таа се грижеше со сето внимание како млада мајка од една година и не приметив дека пати по она маче кое го снема. По одредено време мачката ги премести сите мачиња во нов простор. По дваесетина дена повторно ги донесе во дворот каде минатата година таа порасна со своите мали братчиња и сестричиња. Ја посматрав дека таа грижно демек незаинтересирано ги посматра мачињата и со мало мрчење одвреме навреме како да им укажуваше до каде може да се движат по дворот. Кога ке ги собереше во корпата да ги дои тогаш ке ги излижеше од глава до пета за да им направи хигиена.

Приметивме дека кога ке и дадеме некое подобро мевце на мачката таа почна да им го носи на мачињата. Мајка. Почна да ги брка минатогодишните сестрички и братчиња. Дури и својата мајка почна да ја брка од просторот каде ги растеше сега преостанатите само две мачиња. Мачињата комбинираа со хранеа малку млеко, малку друга храна. При крајот на денот ке ги повика обавезно за пред спиење да им направи хигиена иако сега веќе и самите мали мачиња почнаа да ја одржаваат хигиената. Особена активност мачката и мачињата ја имаат во периодот околу зајдисонцето и особено веднаш по зајдисонцето. Младата мајка оваа година почна да прави нешто што нејзината мајка никојпат не правеше. Почна да се игра со своите мачиња и во игра да им покажува трикчиња како да се качат на дрво, како да фатат поза во заседа пред да скокнат на “пленот“ всушност друго мало маче. Кога ке ги храниш сите мачиња има ред. Првин јаде најголемата мачка мајката во случај. Таа брзо ја одстапува храната на малите мачиња но јаде првин најакото малео маче. Природна селекција. На крај ке јаде најслабото и најмалото мало маче.

Посматрајки ја природата како прави ред и закон човекот треба да учи. Особено да учи како треба да се контролираат емоциите и редот на законот на природата ...

Monday, July 27, 2015

Туширање и греење под палма...

Налудничавоста на трошење на јавни пари на оваа власт продолжува, по садењето на скапите палми кои неможат да ја издржат нашата клима ни лете ни зиме (изгор лето - кочан зима). Градските власти во Скопје и широм Македонија каде се засадија палмите (за да ги подсеќаат на Белизе ...) сега по неуспешниот проект во зима за загревање на палмите - се огласи дека бара чаре за најевтино туширање под палмите. На ова сиромашниот слој од Македонија (земја на зголемена сиромаштија) се огласи со радост дека тие ке имаат “бесплатно туширање“ во лето под палмите, како што во зима “поставуваа кампови под палминовото греење“ ... Луда држава, им се може бе - ги гласавме сега ке ги трпиме ...

Wednesday, July 15, 2015

Да виду па не верују ...

Заев објав дека е постигнат договор Груевски да си поднесе оставка пред нова година. Привремената (преодна) Влада ке ги организира предвремените парламентарни избори на 24.Април идната година. СДСМ го добива министерството за полиција и труд и социјала. Во финасии и други две министерства има заменик министер со право на вето. Се бира специјален истражен судија за доказите од аудио снимките. Опозиција се врќа во парламентот.

Да виду па не веруку ...

Thursday, July 09, 2015

Тоалет хартија ...


Често ги забораваме нештата какви биле изворно. Кога сега ке напишеш тоалет хартија, скоро на сите паметот ке ни отиде во политичките договори на нашите партии кои во договорите произведуваат само тоалет хартии. Мене тука мислата ми е на вистинската тоалет хартија онаа со која се забришуваме кога ке одиме по голема и мала нужда.

Роден сум во село Старо Нагоричане далечната `55 година од минатиот век. Во Скопје сум донесен во стан близу Универзална во `57 мата година исто од минатиот век. Тогаш Универзална беше последна станца за двојка која стоеше кај слаткарницата Апче. Карпуш еден два и три, населбата Козле не постоеа, беа скопски бавчи. После Рузвелтова имаше само еден мал тесен пат (сегашна Партизанска) кој одеше до првите куќи на Ѓорче, кој тогаш беше приградска населба да не кажам село. Да се вратам на станот две соби, мал шпаез со лавабо, предсобје и купатило, се во 42 квадрата.

Револуцијата беше во купатилото. Замислите наместо да одиш на извор да донесеш вода за пиење ти само одиш во купатилото или шпаезот пушташ чешма, подставаш чаша и пиеш ладна изворска вода од Рашче (додуше Рашче е изградено по земјотресот `63 година, така да водата беше од некој извор од блиското Водно или од некој рени бунар. Какво богатство и привилегија е течната питка вода во секој дом знае само оној кој на село одел на чешма со стомни во рацете ако точи вода за пиење или пак полни вода во буриња за технолошка вода за чистење на домот. Услов да се изгради село или населено место е питка вода. Сите манастири се изградени покрај јак извор за питка вода ...

Какво е тоа (водата) богатство гледаме од жедните широм светот - во Африка на пример. Пред некој ден гледав емисија на телевизја како во подсахарсхите земји кои некојпат биле езера, луѓето одат и до 50 километри по вода за пиење и за напојување на добитокот. Велат за питките води ке се водат војни во овој век. Додека не падне дожд перење аш. Не е ни чудо што заштитени зони каде нема индустрија најкупувани места се изворите на питката вода. Ние тоа сеуште го имаме но многу малу го цениме, се однесуваме бахато према еко системите за питка вода. Сега изворите на питка вода ни ги купуваат странци. Замислите, дури имаше идеја на политичките партии питката вода од цевководите на Рашче да се продаде. Најзаинтересирани тогаш беа Французите. За среќа куртуливме тогаш. Колку значи питката вода во Гермнија на пример. Првпат појдов како студент на патување во Германија далечната 1975 година. Беше топло лето а јас одев со воз. Научен од кај нас во Минхен се симнав од возот и право на чешма. Над неа стои напис “не е за пииење“. Ми се пиеше вода и влегов во ресторант и велам ве молам чаша вода. Ми вели 10 фенинга Ве молам. Но велам јас сакам од водата која ви тече на чешма. Таа не е за пиење, таа е само техничка вода. Си велам кај дојдов, овие биле сиромаси - ни вода за пиење немаат.

Да се вратам на купатилото од станот кај Универзална и далечната 1957 година. Како што беше мал станот, купатилото беше големо. Во него имаше голема када над која имаше уште една чешма со два отвора за топла и за ладна вода. Топлата вода се грееше со бојлер на дрва. Е да, имаше и туш - метална цевка фиксирана некаде со позиција над главата со решетка на крајот од каде секој дома имаше природен водопад под кој беше удобно туширањето. Кое богатство чисти раце и чисто тело со водопад во секој дом. Ја паметам мајками колку се радуваше што не мора да оди со прљавиот веш на далечната чесма со пирајка во рацете и неколку кофи и да, корито. Тука наместо корито имаше голема метална плус и емајлирана када што не рѓосува. На кадата сите имаа даска за перење, топла вода од бојлерот на дрва и пак пирајка. Но се е тука дома на дофат. Радоста на жените била голема. Сигурно поголема станала кога во куќата влегоа првите машини за перење веш но тоа дојде помасовно дури во седумдесетите години од минатиот век. Е да, до кадата имавме најпрвин чучавец каде се празневме по голема и мала нужда. Чучавецот по доцните шеесети години беше заменет со ВЦ шоља кој од тогаш а и сеуште е стандард. Замисли си седиш и си се празниш. На крајот за да се забришеш ти треба тоалет хартија. Одма до ВЦ шољата имавме едно пластично кутивче во која стоеше тоалет хартијата. Таа беше од оние коцкастите кои наредени во правоаголната кутија излегуваа од кутивчето за тоалет хартија. Но хартијата беше ужасно скапа за обичните луѓе. Тогаш парола “снајди се“ беше да правиш ливчиња тоалет хартија од весници. Сечеш хартија по димензија, ја диплиш и наместо купечката ја ставаш во кутивчето оваа самоделската тоалет хартија која врши работа. Вистина газот го полниш со олово, но така беше тогаш и многу години потоа. Биде во тоа купатило немавме а немаше ниту пак по комшилукот. Биде стана мода во доцните седумдесети години од минатиот век. Да си го измиеш газот по извршената нужда е ногу здраво. Муслиманите тоа го прават како дел од ритуал. Јас тоа почнав да го правам кога првпат ја осетив благодета на бидето. Додуше сега повеќе сакам да влезам во када и убаво со топла вода и сапун да се измијам и газот да ми биде мек како на бебе. Се осеќам многу пљаво ако тоа не сум го направил по секое празнење. Но да се вратам на тоалетната хартија. Сега не постои жена а богами и маж кој во ташната или џепот нема палома марамици, за секој случај. Тоалет хартијата стана стандард без кој не се може.

Сакам да се сетам како се живеело/ше без тоалет хартија. Имам и такви искуства од мојот живот на село кај дедо и баба каде секое лето го поминував летниот распуст. Кога ке ти се приоди по нужда ако си дома трчаш позади куќа од северната страна каде никојпат во селските куќи нема прозор. Чучнуваш и се празниш. Но дете си, си заборавил да земеш “књишку“ викаше баба. Сега како, бараш наоколу соодветно камче за да го одстраниш колку можеш остатокот од изметот. Како последица на сето тоа детските гаќи од тоа време најдолу секојпат беа кафеави и со остатоци од изметот кој не си успеал да го избришеш. Ниту мајками, ниту бабами никојпат не се лутеа кога ги переа пожолетните гаки. Тоа некако тогаш беше нормално. Ако си по ниви е уште поголем проблем. На нива нема ниту камчиња. Затоа сите одевме по нужда во високите пченки. Ем ти обезбедуваат заклон кога ке чучнеш, ем го користиш листот од пченките да се забришеш. Голема среќа е ако во близината има лозје. Лозовиот лист беше идеална природна тоалетна хартија.

Го сакам моето родно село. Обожувам секојпат да одам таму, по нивите и ливадите, на река каде се капевме. Женами никојпат не сакаше да преспеме на село. Ми велеше направи прво тоалет со туш и една соба за спиење - после може да рачунаш и на мене. Тоалетот е сега стандард без кој ни на село не се живее ...

Луѓе мои од сегашната цивилизација, кога ке појдете во било кој тоалет - заблагодарете му се на бога и добрите луѓе кои Ви овозможиле да имаме насекаде околу нас тоалети со сите стандарди.

Wednesday, July 08, 2015

Варијанта “што ми можеш - ништо не ми можеш“ ...

Додека играф шах, еден од противниците кој наизглед послабо стои ке прогласеше пат позиција во смисла имам варијанта “што ми можеш - т.е. ништо не ми можеш“ ...

Груевски ја игра варијантата “што ми можеш - ништо не ми можеш“. Сите дознавме о слушнатие разговори- дека крадел на избори, а како што слушнавме крадел и за себе и фамилијата, крадел и за партијата. Но бидејки има 62 пратеника, значи законодавната власт е негова а овие (неговите пратеници) се осигурани со потписи за верност. Ја има полицијата јавната и тајната - што значи ја има принудата во свои раце. Ја има и правдата во свои раце во сите нивои на судството преку диригирано бирање на сите судии што се бирани последните десет години. Ги има главните медиуми во свои раце, преку нивното плаќање со сенародни пари. Го има бизнис секторот кој е зависен од владините проекти. Има се. И покрај тоа што е фатен со рацете во медот - тој ја игра варијантата “што ми можеш“ ... Веке шест месеци нема ниедна средба со меѓународен лидер, но странците не ни бираат лидери и не ни се судии.

Груевски порачува или ке морате насилно да ме урнете, притуоа да се судрите со мојата полиција и судство или чеајте ја изборната кланица после две ипол години на редовни избори кога јас пак ке победам бидејки и тогаш ке ги организирам изборите. Изборот е ваш голо и порачува на опозицијата.

Saturday, July 04, 2015

Кога Господ удира, удира јако ...

Судбина. Јас не сум верник. Но го споменувам Господ кога нештата се поврзуваат со судбина, со трагичното заминување на оној свет. Кога нештата се необјасниви.

Имено читам по медиуми дека 19 годишно девојче од Јапонија болно од неизлечива болест (некој вид леукемија) страсно навива за Ѓоковиќ. Во моментите кога ја чека средбата со бога и со своите родители кои погинале во цунамите страсно посакува да добие дрес и рекет од својот идол кој е користен во меч. Девојчето навивало за Ѓоковиќ, поради неговата упорност и воља. Додека било здраво штедело пари да оди да го гледа Ѓоковиќ во живо на Вимблдон или Ролан Гарос. Но наместо тоа сега се бори со неизлечивата болест и е врзано за болничка постела. Ѓоковиќ кога дознал од медиумите вчера по мечот со Бернард Томиќ го пратил својот дрес со својот потпис.

Целта на постот ми беше друга, да потенцирам дека кога Господ удира по некого - удира јако. Скоро сите тоа сме го осетиле и на себе. 

Sunday, June 28, 2015

Како не Ви е срам ? ...

Повторно сон. Сите сонуваме, така вели науката - но многу малку од соновите остануваат во меморија во моментот на будење. Јас лично ретко паметам сонови - но во последно време често се случува да се разбудам од кошмарен сон во неможни ситуацции.

Овојпат сум во сон во бараката во која се вратив да живеам. Сонувам дека по крововите на бараките има снајперисти кои пукаат на се живо што ке излезе во нивниот дурбин. Се почудив што меѓу снарперистите беа и некои комшии. Одеднаш сонувам врева напред пред влезот во бараката. Гледам врие од полицајци кои нешто ставаат/вадат од мојата кола. Ги гледам од втори спрат јас стојам на некаков симс (што не постои) и им велам од горе што правите бе луѓе? Едно ситно полицајче небаре дете ми вели: најдовме дрога во твојата кола. Каква дрога бе душо, јас не сум н видел како таа изгледа. Тој влезе во колата и почна да вади зарзават и лубеници и ме прашува твое ли е ова. Вади една мала лубеница од која тече некаква течност. Прашува: твоја ли е лубеницата? Сватив дека во лубеницата ставиле течна дрога (зарем постои и таква). Јас наместо одговор пуштив друга лубеница одозгора над малата и таа паѓајки одозгора ја смачка малата лубеница. Малото “невино“ полицајче извика: видите сака да ме убие. Наеднаш сето оружје од десетиците полицајци се впери во мене. Што велам: зарем ке пукате во мене? Јасно ми беше дека сум наместен. Некако се симнав од симсот и почнав да се качувам по скалите и на полицајците им велам да одам да си ги земам личните докумети и телефоните. Попат ги прашувам обичните полицајци: како не Ви е срам вака да местите обични луѓе? Тие сите молчат и слегаат со рамениците. ...

Кога се пробудив сватив дека колата стои на неможно место, на место каде сега има доградба. Си велам - не не оставаат ни мирно да спиеме со нивните филмови.

Thursday, June 25, 2015

Сон за религијата ...“црковна школа“

Во последно време сонувам некои чудни сни. Овој од сношти е еден од таквите. Сонувам дека сум во средиште на некаква “мала црква“ која сум ја основал за да се остварат некои планови на мојата фамилија. Во сонот сум час дете (мали “буда“) час возрасен со одредени верски стратегии и планови. Некој од некаде ми вели дека треба да оснивам “своја црква“ во која ке примам ученици кои ке ја учат “религијата“ за која јас проповедам, во која верувам. Одпочеток има многу мал интерес за ова црква и во неа на почетокот се праќаат деца од фамилијата. Секое од децата (нивните родители) ги плаќаат часовите а парите се користат да се створат услови за “црковната школа“. Постепено “црковната школа“ станува се популарна и доаѓаат нови членови со чии пари црковната школа и црквата во оснивање станува економски одржлива.

Се пробудив од сонот и ме зачуди религиозната содржина на мојот сон. Првпат сонувам таква содржина. По убедување сум атеиста, но верувам во некои надприродни закни и сили. Ги почитувам оние кои веруваат а самиот почитувам одредени традиционални верски празници и случувања со православната вероисповест. Можеби тука се замешани моите историски корени на фамилијата во која има долга лоза на црковни верослужители попови, кои служеле по наслена лоза во црквата во чија близина сум роден ...

Friday, June 19, 2015

Избеглици ... мигранти ...

Продаваш набрзина се што имаш, си го пакуваш животот во еден ранец и фаќаш џаде од неколку иљади километри во потрага за “иднина“. Секаде каде во минтатите неколку годин се случуваа таканаречен пролетни револуции сега има невиден бран на избеглици кои мигрираат кон ЕУ, поточно Германија. Патуваат било како ако треба и пешки - нелегално поминуваат граници и одат кон зацртаната цел како кога јагулите одат кон местото на мрестење - по секоја цена. Ние сме на рутата на избглици од Сирија, Сомалија, Авганистан, Ирак ...

Во исто време ние сме и самите избеглици. Колку Роми мигрираа/т кон Германија. Албанците овие нашите а особено оние од Косово на свој начин мигрираат кон западот. Останатите Македонци мигрираат преку бугарски пасоши, преку образование или конкурираат за било кое и какво работно место. На брод, на платформа, во Авганистан - пратат интернет огласи. Образованите особено инжењерските струки, информатичарите, лекарите и медицинските сестри се најбарана група на мади образовани луѓе кои мигрираат кон сите светски центри кои бараат такв кадри ...

Wednesday, June 17, 2015

Замочување ...

Кога куче, маче или било кое животно ке сака да  се пријави како владетел на одредена мини територија каде пребива - замочува. Со својот смрдеж ја бележи територијата, ја засмрдува за да на другите тука не им се примирисува.

Тоа го прави и грујо (намерно со мала буква) наш - голем “маж“. Го замоча центарот на Скопје со своите фантазерски илузии за истакнување на неговите големи замисли од малиот му мозок. Секоја празна површина низ центарот на Скопје (богми и низ другите поголеми градови) е замочана, дал со споменик од умислените му историски фаци, дал со гипсарскиот барок и неокласицизам. Фонтана која зборува и светуца, со коњаник на кој најасно му се гледаат ташаците, триумфална капија на глупоста, насадени споменици на сите мртви херои, нанижани зградурини наместо кеј и шеталите, жални врби, плажи низ канализацијата на Вардар украсени со палми, барокни фасади од гипс кој демек личи на мермер, мостови со наредени надгробни споменици и безброј други глупости кои не се добројуваат. Сето тоа со сенародни пари, а богами и кредити - бидејки му се може и се било законски.

Искрено му успева. Мене ке ме видите покрај овие замочувања само кога морам да порминам од таму. Ке ме видите како со марамче на уста и нос се бранам од гадниот мирис на мочката на грујо, со темни наочри за да мислам дека не го гледам тоа што ме сопнува. Младите пак смрдеата ги тера да одат по светските дестинации за парче леб со желба ич да не се вратат за да не им смрди груевизмот. Сега ни фали гола скопјанка да се избања во јавниот бањарник заедно со група ромчиња кои итака немаат друга бања. Скопје веќе во месецот на липите не мириса на липите сега смрди од груевизмот ...

Friday, June 12, 2015

Кој кого политички ке проголта ... биполарна политичка голгота ...

Нашата сегашна политичка реалност на кратко кажано е бедна/болна.

На власт е демек десно орјентираната партија ВМРО-ДПМНЕ со своите сателити обединети околу една програма и платформа која веќе не донесува резултат ниту за ВМРО-ДПМНЕ ниту за државата. Се виде дека нивната реторика дека се тие народна партија падна во вода кога се откри дека е тоа само една добро осмислена мафијашка политичка банда (која си има своја држава), која преку партијата направила дефакто злосторничко здружување за подјармување на македонскиот народ. Демек се десна партија - но владеат со методи на левите партии. При избори се повикуваат на најсиромашните слоеви на работничката класа, социјалните структури и селанството - што е простор за левите програми и партии. Силно го трошат буџетот за стимулации во земјоделието и демек отварање на нови работни места. Се` со цел политички да ги поткупат гласачите и да им ветат она што реално неможат да им го испорачаат. Неможат бидејки тие реално повеќе трошат пари отколку што се резултатите од потрошениот заеднички буџет. Притоа ги кријат резултатите и манипулираат со сите бројки кои ги соопштуваат на МК и светската јавност. Носат закони за да нивната дефакто гола кражба за лични цели се покрие со слово на закон. Не го соопштуваат долгот, кој еден ден ке не поклопи сите и ке не кутне во дожнички амбис од кој нема повраток. Притоа најново видовме дека од себе и од своите фамилии ствараат најмоќни и најбогати сопственици на се` што МК поседува.  На помош при своите злосторнички намери го користат национализмот од најтешкиот вид. Го поделија националното ткиво во сите правци и со методата “подели па владај“ владеат со методи на присила и заплашување. Измислуваат нова идеологија и продаваат бајки. Секојденевно не трујат преку партијските мегафони (платени од заедничките пари од буџетот) се` со цел да не се чуе некој друг кој има различно мислење од нивното.

Од друга страна на биполарната поделба на политичката МК голгота стои СДСМ. Партија која себе се прогласи дека е државотворна, партија која во новата МК историја спроведе неколку контраверзни политички проети од кои најлошиот секако беше пљачакашката приватизација за без пари, каде направија олигархија која понатаму секојпат е со победичката партија. СДСМ всушност е творецот на овој сегашниот бипатизам кој предизвикува политичка безизлена голгота. Тие преку тајната полиција се креатори на ВМРО-ДПМНЕ со цел да имаат кого политички да газат како “шлепер жаба“ (позната изрека од Бране) ...  СДСМ демек лево орјентирана политичка партија владееше со ароганција дека се незаменливи. Во своите први редови створи политички фигури кои не приличат на левите политички партии. Створи арогантност и лично богатство на оние кои се доближија до политичките фигури кои ја предвоеда државата кога они беа на власт. Сега веќе девета година се во опозиција и ги бие клетвата дека кога ВМРО ке дојде на власт ке опстане 100 години. ВМРО-ДПМНЕ само ја усоврши ефикасноста на владеењето на СДСМ со мезтоди каде само оној кој ке го земе политичкото мнозинство (најчесто покриено само со 25 проценти од вкупното гласачко тело) - добива се, апсолутно се што поседува Македонија сесе судбините на секој МК граѓанин. Во ова деветгодишно владеење на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ изгуби скоро се. Најпрвин ги изгуби олигарсите кои ги створи, го изгуби гласачкото тело кое не е нивно членство, неопределените и голем дел од интелегенцијата. Во последните неколку години СДСМ се доближи до структура на граѓанските здрженија кои претежно беа финасирани од СОРОС. Во овие граѓански здруженија постојат индивидуалци кои имаат нови идеи кои СДСМ сега ги вградува како свои и имаме тенденција дека некој некого политички ке проголта. Или СДСМ ке ги проголта овие луѓе од граѓанските здруженија кои се способни да дадат нови идеи и нови лица - неопходни да се почене нов почеток на владение на СДСМ. Но граѓанските здруженија не се даваат така лесно. Тие му порачаа на СДСМ дека тие имаат многу повисоки цели од целите на СДСМ. Дали тие преку промената на целите на СДСМ ке го проголтаат СДСМ и ке го трансформираат во нешто што ке го видиме подоцна, ке видиме на следните избори.

На двата поитичка антипода од МК блок на политички партии се прилепуваат партиите на етничките албанци кои иако се демек различни имаат една цел а тоа е остварување на целите на албанците од Македонија. Да приграбат што поголема територија (секако додека се на власт преку тендерската поделба убаво лично да се офајдат) и во згоден момент да се обединат со матицата на Албанија во една сеалбанса држава. Во оваа цел албанските партии имаат силна подршка на политикат на американците. Американците воено имаат потреба да во некаква територија на Европаа имаат парче земја кеде ке прават тоа што сакаат. Од другите делови на Европа се територијално потиснати. Албанија е последно упориште и сега им треба проширување. Косово го освојија и прават држава од него, која во згоден момент ке се приклучи кон албанската матица. Другите територии кои се дел од замислената сеалбанска територија се освојуваат чекор по чекор, онака да се заврши работата а да не се сети никој зошто тоа така се прави ...

Која е нашата шанса ако сеуште ја имаме. Мора да се појави нова поитичка структура која досега не учествувала во власта. Стрктура која ке има политички капацитет да ја преземе одговорноста за иднината на Македонија и Македонците. За да се случи тоа веројатно ке мора да се смени и голем дел на политичкиот модел на МК држава каде политичкиот победник добива се а останатите ништо. Ако СДСМ сега тоа не го избоксува во политичкиот дил со ВМРО-ДПМНЕ - СДСМ полека ке изгуби се`, бидејки во своитге редови нема соодветни политички фигури во кои МК гласач ке препознае нови лидери. Проголтувањето меѓу СДСМ и граѓанското здружување (сосе пленумите) мора да се случи во корист на неопределените глсачи кои така ке препознаат нова надеж и ке го поразат биполарниот систем на политичката МК голгота на Курто и Мурто. Секако мора да се зададе смртоносен удар на цултанократијата во МК политичко здржување преку прост систем никој да не може повеќе од два пати да биде на чена позиција ниту во партијата ниту во државата. Надежта секојпат доаѓа со нови лица кои носат нови идеи.

Monday, June 08, 2015

Учење од порази ... успивање со фингирани победи ...

Животот учи дека учењето од порази/грешки е поголемо од учењето од победи. Новак Ѓоковиќ по третпат учи во финалето на Роланд Гарос на болен пораз. Поразот во Париз го прави појак за да победува поворно. Ние упорно ги сакаме само победите и победниците. Ни се слчува суровата реалност - не мошеме ништо да научиме од борбени порази туку не успиваат со фингирани победи ...

Tuesday, May 26, 2015

Камп и контракамп ... каков е крајот на таа “представа“

Се изнагледавме во МК нова историја  на разни кампови, од кои во поголем број случаеви кога се менуваше власта камперите влегуваа во вторите и третите ешалони на власта. Од еден од камповите имавме Министер за Надворешни работи, висок аташе во важна странска амбасада, многу директори по МК институции и т.н.

Сегашната атмосфера во двата кампа е релативно “мирна“, едните прават секојдневни представи со дневни дози на политика, музика и филм а кај другите важен е пинг понгот и порцијата чоколаден сладолед.

Сценаристите на овие два кампа немаат таква идеја со овие кампови. Некој посакува тука да имаме цврст судир на камперите со полицијата и на камперите со контра камперите. Да се исценира инцидент видовме дека е лесно. Ако се фрли искра на огин што тлее - огинот ке вивне. Нешто ке изгори во огинот додека да дојдат пожарникарите. Се плашам за нови жртви на глупите сценарија ... Ако  влезат “слоновите“ во нашата трева (камперските кампови), не само што тревата ке настрада, ке настрадаат и блиските куќи и живеалишта ...

Sunday, May 24, 2015

Кадија и Валија ...

Кој ни е крив што имаме такво судство каково што имаме, судство во кое не верува никој осем оние што се на власт т.е. оние кои ги бираат Кадиите (судиите де). Просто, пак ни се криви турците. Пет века е доволно многу за да тоа влезе во кодот на начинот на владеење. Бране ја знаеше тајната за односот на Кадијата и Валијата кога на Грујо по повод затварањето на А1 му велеше: доволно е само еден прав телефон да дигнеш па да се сопре затварањето на А1. Грујо тогаш му порача е ова не е време на Бране, сега судиите “се независни“. Колку се независни видовме од “Вистината за Македонија“ кога некои судии останаа должни доживотно “да плаќаат“ на оној кој “помогнал“ таа (судиката/ијата) да биде избрана/ан за судијка/а. Судиите биле пишувани по тевтерчиња и можеле да бидат бирани само ако се “од нашите“ ...

Толку ли е тешко да се направи независен систем на судство, копирајки ги усешните европски модели ...

Friday, May 22, 2015

Каде не води Груевски ...

Општ консензус на надворешната политика на МК до сега беа ЕУ и НАТО. Сите главни ЕУ амбасадори појачани со амбасадорот на САД упатуваат дневни демарши во поблага и потвреда форма дека Владата која ја предводи Груевски не е на патот кон ЕУ и НАТО. По којзнае колку години на некого му текна да игра на картата на Русија, веројатно мислејки дека таму се најсигурни ОфШорКомпаниите, каде веројатно веќе се паркирани неговите лични пари. Не дека не ја сакам Русија и рускиот народ (напротив, рускиот народ, руската душа и култура се дел од нашиот код), но да водиш про руска политика во време кога учествуваш во сите мисии на НАТО и си земја кандидат за прием во ЕУ - проруската политика е негирање на се што до сега си го правел.

А да си направиме една војна ние ...

А да си направиме една војна ние ... Кој е оригиналниот автор на оваа мудра мисла од малиот мозок на М.Протуѓер.

Wednesday, May 20, 2015

Лажен профил ...

Во социјалните мрежи се дуваат два меура. Секој во своето стадо. Последниве месеци секој ги блокираше лажните профили од противничкото стадо. Лажните профили сега џабе везат. Како политичка порака се слушна од устата од едниот пастир, кој всушност прв воведе центар за комуникации и разни кол центри, каде формирање на лажни профили е главна задача. Пастирот обвини дека противникот мисли дека ке победи преку неговите лажни профили. Кога политички противник ке обвини за нешто бидете сигурни дека тој самиот тоа го прави.

Tuesday, May 19, 2015

Камп Амди Бајрам ...

Сите отвораат кампови во Скопје. Решил и Амди Бајрам под Шутка да отвори авој автентичен камп. Па нели ние ромите сме најискусни во кампирањето, чергари сме од роѓење ... ги убедувал Амди. Наместо музика на Бах, Моцарт,Стравински и џез блуз - тука трешти турбо фолк. Ама Амди не е Амди/Кока кола - ако он има нема смислено план за изнајмување на своите чергари кои тајно вежбаат фрлање на далечина со патлиџани, компири и покварени јајца, но и со камења. Бекатон плочки се специјалност на албанците. Кој плати више од оние свилените кампери ке ги унајми овие тренирани борци за ефтини пари скоро џабе. Овие храбри војници со скапани, патлиџани, јаболки, круши и компири имаат и најтаен тренинг - кој плати дупло ке добије најтренираните војници кои фрлаат скапани патлиџани, компири и јајца со праќки ...

Протестен камп пред школка ...

Проблем. Каде сега секојдневно ке протестираат студентите и неопределените. Досега протестираа пред Влада и Собрание. Сега таму  партиите го окупираа просторот и подигнаа свои шатори. Остана незапоседнат едино просторот во Градски парк, пред школката ...

Камп и Контракамп ...

Во Скопје одамна нема ниеден Автокамп. Одавна оној последниот плац за автокамп кај Градски стадион е урнисан и сега е зградурина наречена Кинески зид. Повремено имаше кампови на оние кои протестираа пред собрание во паркот Жена борец. Прв камп на протестанти беше оној на оние кои се бореа против воведување на албански јазик во Педагошката академија. Некои од тие борци за демократија сега се во вторите и третите редови на ВМРО-ДПМНЕ. Последен камп пред собрание беше оној на стечајните работници. Кампот се затвори со прогласувањето на законот за стечајци.

Бев чул дека на протест авторитарни режими одговараат со контрапротест, но дека на протестент камп се одговара со протестен антикамп досега не слушнав. Каде ли мочаат/какаат овие камперите пред Влада и овие кои ноќва поставуваат шатори пред Собрание.

И двата кампа се всушност фејк, илимити по нашки мижи Асан да ти бајам. Сега треба Грујо да одговори на потегот на Заев тој да подигне свој шатор пред собрание и да спие со своите антикампери. Во ова време на кампови и антикампови во Скопје ке имаме бесплатни журки за двата табора на две различни места скоро на километар растојание. Ако продолжат да се шират на малкуте трева што остана во центар ке се спојат.

Monday, May 18, 2015

Трлото е спремно, се чекаат овците ... Аргач

Трлото е спремно, се чекаат овците ...

Дрворедите ги исекоа порано, сега им пречат и семафорите, Ке имало многу ОВЦИ.

Заедно


Одлична стрит фотографија на Mimoza Colak, каде две другарки покажуваат дека националноста не може да ги раздели туку некако да ги спои (бидејки веројатно се исти во душата), Ми ја стопли душата кога ја погледнав. Нивните светови, интереси и мисли се исти кога се заедно.

Saturday, May 16, 2015

Фер предлог, додека не почнала гладијаторската скопска Арена ...

Истовремено да дадат оставки Премиерот на РМ Никола Груевски со својата политичка дружина од најистакнатите членови кои учестваа на првите линии на власта и Зоран Заев со сите членови на СДСМ кои некогаш биле на истакната државна функција ... Предлогот ке упропасти нечии политички кариери, но ке се спасат животи на Македонци... Оставки да дадат и сите налепници од политичките партии во двата табора ...

Така ке се исчисти политичката магла и загаденост од двете криминални политички групи, кои како Курто или Мурто до сегаа го јаваа Македонскиот народ.

Скопска гладијаторска Арена ...

Влегуваме во клучната пресметка. Улогите на сите се одредени. Арената е микро исцртана, подиумот пред Владата на Република Македонија. Гладијаторите се долго тренирани. Оние кои ке даваат сигнали со палецот кој да умре а кој да преживее ке го прават тоа од безбедни локации со кока кола во раката и опклада за својот гладијаторски фаворит. Целта на гладијаторската борба е победа/смрт за противникот на некој од гладијаторите во сурови услови каде се уфрлааат и сурови зверови кој ја зголемуваат возбудата на “меѓународната“.

Нека господ ги чува животите на сите Македонци од двата гладијаторски табори. Би сакал да имаме мирно море, но бурата во Македонското море се зголеми ... 

Немирно море во/над Македонија ... дали е од Харп системите?

Македонија заплови во немирно море. Во морето пловиме со три брода гиганти придружувани со свои флотили. Едниот од бродовите сосе флотилите сигурно ке потене.

Во едниот брод плови актуелната власт. Во овој брод (украсен со гипсани антички фигури ...оние бронзените се оставени на копно бидејки тежат... од славното античко минато и комитскиот период, обоен со жолта боја) немирното море се осети со тоа што три крупни пацови се фрлени во немирното море. Едно зелено глувче веќе преку свој резервиран чамец го напушти бродот кој е оштетен од многуте “бомби“ прикажани во таканаречената “Вистина за Македонија“, нагло свтувајки влево... Останатите пацови од капетанот се цврсто врзани за палубата, ако потоне бродот ке потонат и они. А се знае капетанот последен потонува со бродот. Ке се спасат само некои околни бродови кои по хаваријата ке им треба бајаги боја да се пефарбаат во победничките бои. Од глвниот брод трештат патриотски песни/измешани со рафали од калашникови. Сето ова е комбинирано со поучни филмови од античкото и комитското минато на Македонија. Капетанот е сместен на најсигурното место, удобно завален во фотоеља на која има и масажери. Тој е во својот сон да биде впишан/обележан во митското минато на Македонија. Си нарачал скришом току воштани фигури и дал налог ако го снема (кога ке го снема, пошто нели сите сме гости на овој свет) да се истакнат сите воштани фигури во главните институции на Македонија. Ако потоне главниот брод ке потонат и голем број од малите бродчиња кои прилепено пловат десно со главниот брод. И да не потонат поради оштетување, морето ке ги повлече во моментот кога ке тоне големиот брод, бидејки пловат опасно блиско до главниот брод.

Другиот голем брод наречен “Вистината за Македонија“ со кој плови опозицијата, орјентиран со лев курс на компасот, чиниш (умислени се) дека со помош на пријателите ке го пронајде патот во густата магла и немирното море. Магла сејат сите. Се испушта и од двата главни брода, но и од некој друг (најгуст сејач на магла) кој не го гледаме, но знаеме дека сее многу густа магла од која некој со сигурност ке потоне. Бродот (кој плови со куп плави рози и на крмата има огромна стилизирана роза чиниш тупаница е) удира во високите бранови, удира и во сантите мраз, но сеуште е на површина. На овој брод наместо музика се слушаат “бомби“ со “Вистината за Македонија“, сечена лепена ... На бродот пловат многу прегладнети луѓе за власт. Постат веќе скоро десет години. Ако потоне овој опозициски главен брод со него ке потонат и бродовите од флотилата кои се преблиску до главниот бород (морето ке ги повлече на дното).

Единствен од најсигурните бродови е бродот на Али Ахмети. Тој ги има сите информации од своите менторни пријатели, кои му даваат сигнали сеуште да врти десно заедно со бродот и флотилата на позицијата. Он прв ке дознае дали и кога, во кој момент да заврти лево кон бродот на опозицијата. Он би сакал да плови лево бидејки е задоен со таа идеја од своето политичко детство (ленинисти). Блиску до него е и помалиот брод на Тачи звани “Војвода“ (верниот до гроб). Овој брод е толку оштетен што повеќето пацови од неговото бротче го напуштија а тој заедно со позицијата ке ја дели судбината. Ако она потоне и тој ке потоне како верно куче со својот патрон. Останатата флотила полна со албанско население лесно ке се приклучи на победниците. Тие знаат дека се мезимци на “меѓународната“. На време ке добијат сигнали дали да вртат лево заедно со Али или да си останат на десниот курс.

Оние кои не се определиле ни десно ни лево се чини дел ке потонат сигурно а дел ке се спасат со навремено напуштање на бродот Македонија.

“Меѓународната“ не плови во ова немирно море. Тие шпиунски гледаат/слушаат од високо и завалени во фотељи се обложуваат кој брод прв ке потене заедно со флотилите. Они свршуваат кога гледаат вакви филмови. Најскапо платени луѓе во нивните редови осем газдите се режисерите и сценаристите на вакви филмови во кои некој мора да потоне. Се е по узор на античките Арени и борбите до смрт со штитот или на него. Оној кој е побник во арената чека сигнал од палецот (нагоре или надолу) на патроните, дали поразениот да го погуби или да го остави жив да служи како гладијатор во наредната борба. Харпот е само измислица да им го мути мозокот на сите.

Friday, May 15, 2015

АВРМ вработува пензионери ... Македонија вработува

Агенцијата за вработување на Република Македонија е во акција да ги вработи сите со програмата Македонија Вработува. Изгледадека АВРМ ги вработи сите невработени па сега почна да бара работна сила и меѓу пензионери. Имено јас сум пензионер веќе пета година а АВРМ ми прати СМС порака да се јавам во АВРМ. Имено ме обавестуваат дека за да вработам само треба да се јавам во најблискиот центар на АВРМ ... Бре мајката колку лесно се вработувало ... Сега се думам, мала ми е пензијата може ке ми дадат поголема плата - или пак ке плаќаат со “ДОКУМЕНТИ“ ... ?

Thursday, May 14, 2015

Мајдан, Скопје понеделник 18 ? ...

МК мајдан не заврши во Куманово. Понеделнички како да се сели во Скопје. Одговорноста за ова ке биде на организаторите на протестите и контра протестите.

Денеска го слшав интервјуто на Али Ахмети на Алсат. Али не излегув уште од владата на Груевски. Се` си мислам дека уште не му се дадени сигнали дека треба да ја напушти владата (мислам на оне кои ги држат сите наши политичари на луткени конци, сеедно дали се албанци или македонци). Дали сценаристите процениле дека се премалку кумановските жртви па се бараат уште?

Марике


Утринава ми се јави постарата сестра да праша како сум и дали може да дојде да ме види. Иако имав температура и посоперативни болки сепак се согласив да дојде. Зазвони на врата, се симнав да и отворам. Марике (мајкам ми) повторно влегува во својата куќа, со две полни торби на рацете и ранец на грбот (сега во ликот на својата керка). Колку генот е непобедлив ...

Небезбедност ... Најбезбедност

Слушаме дека на нашите врвни политички авторитети им била загрозена безбедноста. Си велам сиромаси тие колку патат. Колку се под стрес па мора во блиндирани коли да се возат, во блиндирани кабинети да работат, во блиндирани куќи да живеат. Каде би можеле да ги пратиме да се осеќаат безбедни и заштитени? Одговорот е прост ЗАТВОР. Таму решетките ке ги штитат од нас, од народот а ке се дружат со талентирани типови, по нивен избор.

Колку документи ти е платата?

Колку документи ти е платата?

Сменливост ...

Од самостојноста на Македонија навака имаме криза во политичкиот и во економскиот систем. Многу пати сум се обдувал да си појаснам себе зашто е тоа така. Можеби главната причина за криза во политичкиот систем е НЕСМЕНЛИВОСТА. Последица на ова е можеби турското многувековно владеење и титовиот период. Имаме политички партии со султани - со тенденција на доживотен избор. Демократија во такви партии со султан на чело нема, ниту ке има. Во оваа сегашна криза кога се разговара како да ја победиме политичката криза се мислам дека моделот на сменливоста е идеален. Два мандата од четири или пет години се сосема доволни. Се понатака се претворува во приватен бизнис на фукцијата која ја вршиш, која ти е доверена. Во спротивно се` понаткака се ствара модел на мито и корупција заедно со непотизам.

Лекот е во сменливоста и ограничувањето на број на мандати.

  • Предсдател на држава
  • Премиер
  • Председател на собрание
  • Председател на партија
  • Директор на јавно претпријатие
  • Било која јавна функција, каде си на чело на неа
Сето горе треба да се воврсти во листата на ограничени мандати ако сакаме да ни тргне ...

Што е најскапо на светот... највнослив бизнис

Ако се запрашаме што е најскапо на светот за самите нас, лесно и брзо ке дојдеме до одговорот дека тоа е здравјето наше и на нашата фамилија. Кога го имаш здрвјето тогаш лошо недомаќински се однесуваш кон него. Еврејсата клетва е да даде господ да имаш па да однемаш. Кога ке го изгбиш ја сваќаш гешката, но тогаш е или касно да го повратш здравјето или патот до доброто здравје е прескап. Цехот на грешата со здравјето е често фатален.

Приватните болници во Македонија станаа можеби највнослив бизнис. Се започна пред 23 години со првата приватна бонца Невромедика. Сега се намножени приватните болници но најпознати се неколку:

Најчести привати болници се поврзани со областите на хирургија и породувањето. Што е тоа што ги влече луѓето да отвараат приватни болници а народот да оди во приватни болници се разбира ако има пари. Фондот за здравство најчесто не партиципира во приватните болници или ако партиципира тогаш партиципира само делумно. Во приватна болница одиш затоа што таму е вработен највалитетниот медицински кадар, таму сместувањето е како во хотел, таму јадењето го нарачуваш со мени. ...

Wednesday, May 13, 2015

Авганистан ... Крузер

Чиниш неможе да има допирна точка меѓу Авганистан и Крузер - се вплетено во приказна на љубов на двоица млади Македонци.

Додека бев тој ден лежев во Ремедика опеораввувајки се по операцијата, на “соборецот“ карши мене кој оперираше колено (инаку активен фудбалер во Вардар) му дојде пријател во посета. Млад човек во полна снага со мека душа и срце. На години колку едно од моите деца. На кратко ми ја раскажа својата семејна приказна.

Пред четири години тој работи во Близу. И тогашната негова девојка работела во Близу. Се вљубиле и се одлучиле да го трошат медот сами во изнајмен стан со кредити за намештај. Љубовта им успевала но не и двете плати за да преживеат во наша Македонија. Се одлучуваат на кратко да се разделат со две одделни кариери. Женаму се вработува на крузер во екипата која чува мали дечиња додека родителите уживаат во романтика во кабините. Тој заминува за Катар како обезбедување во некој хотел. Со жената се гледале за време на одморите. Живот ли е тоа кога треба да го лижеш медот. Пријателчето не било задоволно со платата во Катар и се одлучува да заминае како обезбедувач во Авганистан. Трета година им течат одвоените кариери.

Пуст да е пуст да би останал животот во Авганистан и животот на брод па макар тој да е и крузер. Авганистан е преполн со небезбедни моменти а ти е обезбедувач. Животот е на коцка. Работа на крузер не е лесна во време кога како жена треба да родиш дете и да тераш живот со мажот кој си го сакаш и си го избрала ...

Тажна приказна за една романтична љубов на двоица млади, кои заради егзистенција жртвуваат најубавите брачни години кога вљубениот пар навеќе си треба меѓусобно. Ова е едната од многуте приказни на младите Македонци кои ја сакаат Македонја, тука се родени тука им се фамилиите,пријателите - но заради егзистенција ја трошат младоста на одвоени кариери.

Tuesday, May 12, 2015

Хернија ...

Ја заработив зараади мојот карактер дека се` можам сам да направам. Заглавив со една термо печка. Пред четири години пребацувајки ја од подрум во соба се распука левата страна. Осетив бол до коска, вриштев. Мислев ке ми помине како на кутре но не, таа не поминувало така, мора да се оперира. Чекав скоро четри години да завршам со ова, да завршам со она. Константно трпев неподнослива болка. На почетокот можев и да се движам. Полседната година повеќе ја прележав во кревет чекајки органите да се вратат на место.

Завчера се одлучв дека е доста веќе, дека дојде време да се оперирам. Појдов во Ремедика на преглед. ОК е вика ке те сошиеме и ке бидеш како нов. Докторот прашува за кога сакаш? Велам ако има место и денеска. Ок вика дојди утре а денеска ке ти направиме потребни прегледи. Еве ме денеска сошиен, чекам да помине еден ден за да си појдам дома. А по десетина дена ке бидам како нов.

Она што најмногу ми сметаше додека имав неподносливи болки беше фотографијата ... ми недостасува ...

Владата го процени живтот на полицаец и секој тип на повреда кога животот е даден во борба која тие ја наредиле ...

Владата одмери дека погибја на полицаец во борба е сразмерно на 70.000 евра. Најтешка повреда (што вероватно значи доживотен инвалидет) 40.000/35.000 евра. 25.000/15.000 евра за полицајците кои загубиле дел од телото. Сите специјалци и хелихоптерските управувачи кои учествуваа во битката во Кумново добија од владата по 10.000 евра. Останатите ангажирани полицајци добиваат по 5000 евра. Медицинското особје е наградено со по една плата. Оштетените граѓани на кои им е разрушен имотот ке се обештетат во 100 посто од проценетата штета. Смештај до обнова на домовите и ...

Колку за споредба кога бараат одштета (владините представници) за претрпена душевен бол по македонските судови бараат оштетни побарувања од 50 до 100.000 евра. Одштета на душевната бол за кумановци нема.

Споредете колку вреди нивната душевна бол со оние на погинатите и ранетите полицајци ...

Sunday, May 10, 2015

Држава под стрес ... црна сабота ...

Вчерашниот кумановски мајдан одзеде десетици животи и педесетина прострелно повредени. Црна се сабота зададе таму во Куманово.

Кој ни го тоа направи? би се прашал Ѕинго а се прашуваме и сите ние во неверица. Денеска и утре е ден на жалост. Во Куманово не е се` завршено. Од утринава повторно се слушаат стрелби ...

Каде е следниот сличен инцидент? Кога ке се случи? Доволно ли беше ова до сега или креаторите на контролирани кризи не се задоволни со бројот на жртвите? Нашите авторитети одговорни за нашата слобода и мир ја примија ли пораката? Кој ке стои на столбот на срамот за овие жртви и пролеана крв?

Saturday, May 09, 2015

Мајдан во Куманово ... паднаа првите три “глинени голуби“ ...

Куманово е МК мајдан. Паднаа првите три “глинени голуби“ (веројатноста дека се повеќе е голема) ... Се слуша дека троица МК полицајци подлегнале на раните од снајперите денешниот кумановскиот мајдан. Веројатно има пднати “глинени голуби“ и меѓу кумановските граѓани цивили сеедно од која националност ..

Можно е многу бргу како по Арачиново да дојде до сценарио кога специјалците ке се појават со протест пред институциите. Никојне сака да биде “глинен голуб“ ...

Не е логично (блесаво е) ама функционира ... убивање на вистината ...

Во било која војна прво што се убива се убива вистината.

Ја слушаме вистината на Заев веќе трет месец. Куртоните на Груевски успешно до сега ја убиваат вистината или барем се обидуваат да релативизираат. Во овие моменти ни се случува Куманово. Кој пука и која му е целта? Македонските албанци не се заинтересирани повторно да губат синови, преблиску е 2001-вата. Но некој замислил дека мора да се пука и да се убие вистината. Слушаме за ранети во Куманово. Кај има пукање со тешко оружје и бомби, веројатноста дека ке имаме смртни последици е голема. Вистината за Куманово никој сеуште не ни ја кажува. Засега само граѓанското новинарство (Кумановски муабети) ни дава дел од она што реално се случува во Куманово. Одговорните авторитети чекаат да видат како денот ке помине па да почнат со штелувањето на својата вистина ...

По Скопје а и по другите МК градови ни се случуваат демострации. Сеуште не е откриено кој ги радикализира првите протести пред владата во Скопје. Наместо да добиеме брзи информации, слушаме дека се апсат студентите пленумци за кои видовме дека делеа цвеќе и рози. Притисокот на студентите пленумци е голем и ке расте. Тие ја понизија оваа власт - поразувајки ја во своите поранешни неизвалкани протести. Сега некој наоѓа начин како да им се одмазди. Ги приведуваат и ги тераат да посведочат кој ги организирал. Во главите на власта неможе да се прифати дека некој може да протестира а да не биде организиран од опозицијата, која нели мора да е крива за се што ни се случува ...

Власта сече повторно ленти на селски чешми, се глорифицира по куртон вестите ... опозицијата се товари за предавство, насилство и безредие ... тие се криви што еве само што ни тргна ни пречат да “ОСТВАРУВАМЕ“ ... Вистината е дека се меѓународно изолирани.

Додека ги пишувам овие редови, ги слушам хелихоптерите како доаѓаат од правец на Куманово, веројатно повредените се ност по скопските клиники. Очекувам во пладневните часови сите “загрижени“ авторитети на власта да ги видиме како ги посетуваат ранетите и држат говори ... Од пријатели дознав дека хермелините и другите борбени возила кои сега ги гледаме во Кумаово вчера поручек заминале во колона за Куманово. Мизансценот на војната за да се постави треба време. Заробен од оние кои пукаат нема ни да имаме. Научени сме одавно дека за нив се прават коридори за да се повлечат ... За жал ке имаме и колатерална штета ...

Се присетувам на борбите во Арачиново 2001-ва. Додека гледав од прозорот на мојата зграда како горат куќите низ Арачиново, дома моравме да правиме ручек. Се беше онака ненормална нормалност. Тоа сценарио некој сега се обидува да го заживее.

Нема да ме чуди утре да се припука и над Тетово, над Скопје, во околината на Зајас, можеби Кондово ...

Thursday, May 07, 2015

Ненормална нормалност ...

Само на балкан изгледа може да се живее во ненормална нормалност. Сите нешто глумиме.

Што е ненормална нормалност:

  • кога некој се прави на блесав, сите гледаат само тој не гледа и уште не убедува дека тоа што го слушаме не го слушаме, дека всушност не постои;
  • кога некој кој краде, лаже и вошки има и притоа е фатен со рацете во медот, не убедува со запенета уста дека тоа не е вистина, туку дека сето тоа некој него го мести;
  • кога на мирен протест некој се уфрла и прави провокација за да предизвика агресивна реакција кон оние кои мирно и достојанствено протестираат, притоа на полицијата во полна робусна опрема им се делат цвеќе, бакнежи и убави зборови;
  • кога полицијата плаче (рони солзи) но и насилнички тепа;
  • кога некој планира на мирни протести да спротивстави антипротестанти кои се платени за да антипротестираат (клиенти);
  • кога некој вели дека сето ова е “мајдан“, а мајданот сам го планира;
  • кога си приморан да живееш во таква ненормална нормалност - бидејки тоа ти се случува во твојата матична држава, а друга немаш ...
  • кога те тепаат а не ти даваат ни да плачеш;
  • кога на ненормална власт меѓународниот фактор кој ги става во изолација, обилно им дава пари за кредити - кои тие ги трошат на нешто што не прави нови пари, туку прави само нови гласачи (клиенти);
  • кога Премиерот твој ти се обраќа од премиерска говорница и ти соопштува дека неговите од партијата му се лутат бидејки тој благо постапувал со протестантите ...
Што е нормално при целата ненормална нормалност која без твоја воља ти/ни се случува:
  • нормална е природата со природните законитости;
  • нормални се птичките кои те будат со нивниот цвркут, гугутките кога гугутаат, пчелите кога летаат да соберат мед додека штурците само свиркаат па после се чудат како да се прехранат во зимата, кога ке здогледаш распукан цвет, кога се мириса на пролетна енергија;
  • кога сонцето изгрева секое утро и те грее, создавајки ти услови за живот;
  • кога дува ветре и ти носи пролетна свежина, 
  • кога паѓа дожд носејки ти живот ....

Wednesday, May 06, 2015

Ѓурѓовденско ослободително востание ...


По многуте ослободителни востанија случени во историјата на Македонија - вчера започна ново Ѓурѓовденско ослободително востание. Заради мојата спреченост со болест неможев да присуствувам на ова востание. Споделувам фотографии кои ги пронајдов на интернет. Најенергични од сите беа македонските девојки ...








Tuesday, May 05, 2015

Успение Прес.Богородица-Матка

Успение Прес.Богородица-Матка

Манастирот Успение Прес.Богородица-Матка е првиот Манастир од повеќемината Манастири и Цркви во кањонот на Матка. Иако е со мал габарит и градба за луѓето од Скопје е од огромна важност и значение како за црковната историографија така и за сите посетители кои го имаат осетено сјајот на енергијата кој извира од местово каде е лоциран Манастирот изграден во 14 век на темели од постари градби. Имено во дел од надворешноста на манастирот се вградени парчиња мермер со убава камена пластика која датира се до почетокот на втори до шести век.

Со слична ваква градба се и блиските манастири Свети Никола Шишевски и попознатиот Манастир Свети Андреја. Сите три се со мал габарит но со огромен сјај кој не бледее до денешни дни. Кога ке се приближите во просторот ја осеќате енергоијата на вековите и молитвите на сите кои низ вековите го посетиле ова свето место. Секоја од молитвите ја зголемувала енергетската вредност на овој Манастир. Убаво е да се посети во сите годишни времиња но некако е најубав во зрелата есен кога е обасјан со златножолтите лисја од дрвјата во дворот на манастирот. Кога ке ги допреш сите тие камени пластики вградени во зидовите на манастирот можеш да направиш контакт со далечното минато.

Општонародна прослава во манастирскиот двор и конаци се случува секоја година за Голема Богородица, се одржува на 28 август, при што манастирот секогаш е посетен од илјадници скопјани кои учествуваат на големата општонародна веселба проследена со манастирска трпеза (гравче) и музика.

Манастирот е одалечен од центарот на Скопје само 17 километри.









Многу повеќе фотографии и податоци за манастирот видите на мојот ФБ профил во албумот Успение Прес.Богородица-Матка.

Sunday, May 03, 2015

Светски сили ... нациоанализам

Некои порано мислеа дека лесно ке се расправат со светските сили ако го расплантат национализмот дома. И тие и тие народи лошо поминаа. Некој кај нас сега мисли дека лесно ке се расправи со светските сили ако го распламса национализмот. 

Saturday, May 02, 2015

Пет години ...

Поминаа пет години, чиниш како да се пет дена. Си отиде во ден кога никојпат не бевме дома, бевме секојпат во природа со друштво и мирис на природата која се буди и цвета. Создателот те одзема од нас и те прибра кај себе. Овие денови неколку пати те сонувам. Незнам дали има линк меѓу нашите светови, но повремо те чувствувам како лебдиш во близина ...
Нашите птици самостојно летаат. Едната помалата птица одлета далеку, далеку дури до Сингапур. Вели, дека таму не само што е природен рај, туку дека и општеството е средено во хармонија со убавата природа. Од работа може да се живее, да платиш на другите, да живееш и нешто да ти остане ... Другата птица се врати од Америка. Сега лета кај нас и се труди да застане на свои нозе. Работи во својта струка, собира практика. Лета, но како да се спрема пак да одлета во некја поблиска или подалечна дестинација.
Така, птиците ни летаат а јас тагувам. Не за мене, тагувам што нашите птици не можат да ти се радуваат на тебе. Ти толку многу ги сакаше и им вдахнуваше љубов, им зрачеше со твојата среќна звезда. Им недостасуваш.

Saturday, April 25, 2015

Клиенти ... Борба на слонови ...

На политичката сцена се одвива војна меѓу клиентите на политичките партии од позицијата и опозицијата. По глобалното сценарио од светскиот сценарист на контролирани кризи - дојде време да имаме дестабилизација на безбедносната ситуација за да може во матното да се исчистат одредени политички фигури (од двете страни) кои се потрошија ... Сценаристот гледа дека дестабилизација само на МК ткиво нема да му успее поради синдромот на Македонецот на Мирче, Трајче и Трпче и историската поука дека наведната глава никој не ја сече - реши да ги вклучи “послушните“ албанци. Се разбира увезени од некаде - бидејки и оној нормалниот автохтон Албанец не сака веќе да дава деца така лесно да одат курбан.

Престанав да ги читам новинарските пера и сите “аналитичари“ од двата табора. Немаат веќе што ново да кажат. Сега ке гледаме војна на клиентите на двата табора. Се плашам дека во војната на слоновите на нашава територија ке страда тревата - а тоа сме ние народот.

Thursday, April 16, 2015

Од џемперчиња до џипови/хациенди и дебели акаунти ... Oд партија до АД ...

Сите се сеќаваме на првиот парламентарен состав на РМ. Повеќемината пратеници беа анонимни луѓе кои во салата се појавуваа облечени онака како се носеле до тогаш, со џемперчиња кои дома некој им ги плетел. Ако погледне што носат/возат сега пратениците, ке видиме брендирани парчиња ...

Како партиите станаа АД. Ако добро се сеќавам/е зградите на партиите беа некои мали простории во зафрлени места. Првите канцеларии на партиите беа по бараките на локалните самоуправи со канцелариски мебел кој беше расходуван од администрацијата. Сега видовме дека партиите се вистински АД. Згради повеќекатници со партерно уредување и споменици пред нивните влезови. Канцелариите им се како да се врна светска банка ...

Blog Archive

Site Meter