Роден сум во село Старо Нагоричане далечната `55 година од минатиот век. Во Скопје сум донесен во стан близу Универзална во `57 мата година исто од минатиот век. Тогаш Универзална беше последна станца за двојка која стоеше кај слаткарницата Апче. Карпуш еден два и три, населбата Козле не постоеа, беа скопски бавчи. После Рузвелтова имаше само еден мал тесен пат (сегашна Партизанска) кој одеше до првите куќи на Ѓорче, кој тогаш беше приградска населба да не кажам село. Да се вратам на станот две соби, мал шпаез со лавабо, предсобје и купатило, се во 42 квадрата.
Револуцијата беше во купатилото. Замислите наместо да одиш на извор да донесеш вода за пиење ти само одиш во купатилото или шпаезот пушташ чешма, подставаш чаша и пиеш ладна изворска вода од Рашче (додуше Рашче е изградено по земјотресот `63 година, така да водата беше од некој извор од блиското Водно или од некој рени бунар. Какво богатство и привилегија е течната питка вода во секој дом знае само оној кој на село одел на чешма со стомни во рацете ако точи вода за пиење или пак полни вода во буриња за технолошка вода за чистење на домот. Услов да се изгради село или населено место е питка вода. Сите манастири се изградени покрај јак извор за питка вода ...
Какво е тоа (водата) богатство гледаме од жедните широм светот - во Африка на пример. Пред некој ден гледав емисија на телевизја како во подсахарсхите земји кои некојпат биле езера, луѓето одат и до 50 километри по вода за пиење и за напојување на добитокот. Велат за питките води ке се водат војни во овој век. Додека не падне дожд перење аш. Не е ни чудо што заштитени зони каде нема индустрија најкупувани места се изворите на питката вода. Ние тоа сеуште го имаме но многу малу го цениме, се однесуваме бахато према еко системите за питка вода. Сега изворите на питка вода ни ги купуваат странци. Замислите, дури имаше идеја на политичките партии питката вода од цевководите на Рашче да се продаде. Најзаинтересирани тогаш беа Французите. За среќа куртуливме тогаш. Колку значи питката вода во Гермнија на пример. Првпат појдов како студент на патување во Германија далечната 1975 година. Беше топло лето а јас одев со воз. Научен од кај нас во Минхен се симнав од возот и право на чешма. Над неа стои напис “не е за пииење“. Ми се пиеше вода и влегов во ресторант и велам ве молам чаша вода. Ми вели 10 фенинга Ве молам. Но велам јас сакам од водата која ви тече на чешма. Таа не е за пиење, таа е само техничка вода. Си велам кај дојдов, овие биле сиромаси - ни вода за пиење немаат.
Да се вратам на купатилото од станот кај Универзална и далечната 1957 година. Како што беше мал станот, купатилото беше големо. Во него имаше голема када над која имаше уште една чешма со два отвора за топла и за ладна вода. Топлата вода се грееше со бојлер на дрва. Е да, имаше и туш - метална цевка фиксирана некаде со позиција над главата со решетка на крајот од каде секој дома имаше природен водопад под кој беше удобно туширањето. Кое богатство чисти раце и чисто тело со водопад во секој дом. Ја паметам мајками колку се радуваше што не мора да оди со прљавиот веш на далечната чесма со пирајка во рацете и неколку кофи и да, корито. Тука наместо корито имаше голема метална плус и емајлирана када што не рѓосува. На кадата сите имаа даска за перење, топла вода од бојлерот на дрва и пак пирајка. Но се е тука дома на дофат. Радоста на жените била голема. Сигурно поголема станала кога во куќата влегоа првите машини за перење веш но тоа дојде помасовно дури во седумдесетите години од минатиот век. Е да, до кадата имавме најпрвин чучавец каде се празневме по голема и мала нужда. Чучавецот по доцните шеесети години беше заменет со ВЦ шоља кој од тогаш а и сеуште е стандард. Замисли си седиш и си се празниш. На крајот за да се забришеш ти треба тоалет хартија. Одма до ВЦ шољата имавме едно пластично кутивче во која стоеше тоалет хартијата. Таа беше од оние коцкастите кои наредени во правоаголната кутија излегуваа од кутивчето за тоалет хартија. Но хартијата беше ужасно скапа за обичните луѓе. Тогаш парола “снајди се“ беше да правиш ливчиња тоалет хартија од весници. Сечеш хартија по димензија, ја диплиш и наместо купечката ја ставаш во кутивчето оваа самоделската тоалет хартија која врши работа. Вистина газот го полниш со олово, но така беше тогаш и многу години потоа. Биде во тоа купатило немавме а немаше ниту пак по комшилукот. Биде стана мода во доцните седумдесети години од минатиот век. Да си го измиеш газот по извршената нужда е ногу здраво. Муслиманите тоа го прават како дел од ритуал. Јас тоа почнав да го правам кога првпат ја осетив благодета на бидето. Додуше сега повеќе сакам да влезам во када и убаво со топла вода и сапун да се измијам и газот да ми биде мек како на бебе. Се осеќам многу пљаво ако тоа не сум го направил по секое празнење. Но да се вратам на тоалетната хартија. Сега не постои жена а богами и маж кој во ташната или џепот нема палома марамици, за секој случај. Тоалет хартијата стана стандард без кој не се може.
Сакам да се сетам како се живеело/ше без тоалет хартија. Имам и такви искуства од мојот живот на село кај дедо и баба каде секое лето го поминував летниот распуст. Кога ке ти се приоди по нужда ако си дома трчаш позади куќа од северната страна каде никојпат во селските куќи нема прозор. Чучнуваш и се празниш. Но дете си, си заборавил да земеш “књишку“ викаше баба. Сега како, бараш наоколу соодветно камче за да го одстраниш колку можеш остатокот од изметот. Како последица на сето тоа детските гаќи од тоа време најдолу секојпат беа кафеави и со остатоци од изметот кој не си успеал да го избришеш. Ниту мајками, ниту бабами никојпат не се лутеа кога ги переа пожолетните гаки. Тоа некако тогаш беше нормално. Ако си по ниви е уште поголем проблем. На нива нема ниту камчиња. Затоа сите одевме по нужда во високите пченки. Ем ти обезбедуваат заклон кога ке чучнеш, ем го користиш листот од пченките да се забришеш. Голема среќа е ако во близината има лозје. Лозовиот лист беше идеална природна тоалетна хартија.
Го сакам моето родно село. Обожувам секојпат да одам таму, по нивите и ливадите, на река каде се капевме. Женами никојпат не сакаше да преспеме на село. Ми велеше направи прво тоалет со туш и една соба за спиење - после може да рачунаш и на мене. Тоалетот е сега стандард без кој ни на село не се живее ...
Луѓе мои од сегашната цивилизација, кога ке појдете во било кој тоалет - заблагодарете му се на бога и добрите луѓе кои Ви овозможиле да имаме насекаде околу нас тоалети со сите стандарди.
No comments:
Post a Comment