Нашата сегашна политичка реалност на кратко кажано е бедна/болна.
На власт е демек десно орјентираната партија ВМРО-ДПМНЕ со своите сателити обединети околу една програма и платформа која веќе не донесува резултат ниту за ВМРО-ДПМНЕ ниту за државата. Се виде дека нивната реторика дека се тие народна партија падна во вода кога се откри дека е тоа само една добро осмислена мафијашка политичка банда (која си има своја држава), која преку партијата направила дефакто злосторничко здружување за подјармување на македонскиот народ. Демек се десна партија - но владеат со методи на левите партии. При избори се повикуваат на најсиромашните слоеви на работничката класа, социјалните структури и селанството - што е простор за левите програми и партии. Силно го трошат буџетот за стимулации во земјоделието и демек отварање на нови работни места. Се` со цел политички да ги поткупат гласачите и да им ветат она што реално неможат да им го испорачаат. Неможат бидејки тие реално повеќе трошат пари отколку што се резултатите од потрошениот заеднички буџет. Притоа ги кријат резултатите и манипулираат со сите бројки кои ги соопштуваат на МК и светската јавност. Носат закони за да нивната дефакто гола кражба за лични цели се покрие со слово на закон. Не го соопштуваат долгот, кој еден ден ке не поклопи сите и ке не кутне во дожнички амбис од кој нема повраток. Притоа најново видовме дека од себе и од своите фамилии ствараат најмоќни и најбогати сопственици на се` што МК поседува. На помош при своите злосторнички намери го користат национализмот од најтешкиот вид. Го поделија националното ткиво во сите правци и со методата “подели па владај“ владеат со методи на присила и заплашување. Измислуваат нова идеологија и продаваат бајки. Секојденевно не трујат преку партијските мегафони (платени од заедничките пари од буџетот) се` со цел да не се чуе некој друг кој има различно мислење од нивното.
Од друга страна на биполарната поделба на политичката МК голгота стои СДСМ. Партија која себе се прогласи дека е државотворна, партија која во новата МК историја спроведе неколку контраверзни политички проети од кои најлошиот секако беше пљачакашката приватизација за без пари, каде направија олигархија која понатаму секојпат е со победичката партија. СДСМ всушност е творецот на овој сегашниот бипатизам кој предизвикува политичка безизлена голгота. Тие преку тајната полиција се креатори на ВМРО-ДПМНЕ со цел да имаат кого политички да газат како “шлепер жаба“ (позната изрека од Бране) ... СДСМ демек лево орјентирана политичка партија владееше со ароганција дека се незаменливи. Во своите први редови створи политички фигури кои не приличат на левите политички партии. Створи арогантност и лично богатство на оние кои се доближија до политичките фигури кои ја предвоеда државата кога они беа на власт. Сега веќе девета година се во опозиција и ги бие клетвата дека кога ВМРО ке дојде на власт ке опстане 100 години. ВМРО-ДПМНЕ само ја усоврши ефикасноста на владеењето на СДСМ со мезтоди каде само оној кој ке го земе политичкото мнозинство (најчесто покриено само со 25 проценти од вкупното гласачко тело) - добива се, апсолутно се што поседува Македонија сесе судбините на секој МК граѓанин. Во ова деветгодишно владеење на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ изгуби скоро се. Најпрвин ги изгуби олигарсите кои ги створи, го изгуби гласачкото тело кое не е нивно членство, неопределените и голем дел од интелегенцијата. Во последните неколку години СДСМ се доближи до структура на граѓанските здрженија кои претежно беа финасирани од СОРОС. Во овие граѓански здруженија постојат индивидуалци кои имаат нови идеи кои СДСМ сега ги вградува како свои и имаме тенденција дека некој некого политички ке проголта. Или СДСМ ке ги проголта овие луѓе од граѓанските здруженија кои се способни да дадат нови идеи и нови лица - неопходни да се почене нов почеток на владение на СДСМ. Но граѓанските здруженија не се даваат така лесно. Тие му порачаа на СДСМ дека тие имаат многу повисоки цели од целите на СДСМ. Дали тие преку промената на целите на СДСМ ке го проголтаат СДСМ и ке го трансформираат во нешто што ке го видиме подоцна, ке видиме на следните избори.
На двата поитичка антипода од МК блок на политички партии се прилепуваат партиите на етничките албанци кои иако се демек различни имаат една цел а тоа е остварување на целите на албанците од Македонија. Да приграбат што поголема територија (секако додека се на власт преку тендерската поделба убаво лично да се офајдат) и во згоден момент да се обединат со матицата на Албанија во една сеалбанса држава. Во оваа цел албанските партии имаат силна подршка на политикат на американците. Американците воено имаат потреба да во некаква територија на Европаа имаат парче земја кеде ке прават тоа што сакаат. Од другите делови на Европа се територијално потиснати. Албанија е последно упориште и сега им треба проширување. Косово го освојија и прават држава од него, која во згоден момент ке се приклучи кон албанската матица. Другите територии кои се дел од замислената сеалбанска територија се освојуваат чекор по чекор, онака да се заврши работата а да не се сети никој зошто тоа така се прави ...
Која е нашата шанса ако сеуште ја имаме. Мора да се појави нова поитичка структура која досега не учествувала во власта. Стрктура која ке има политички капацитет да ја преземе одговорноста за иднината на Македонија и Македонците. За да се случи тоа веројатно ке мора да се смени и голем дел на политичкиот модел на МК држава каде политичкиот победник добива се а останатите ништо. Ако СДСМ сега тоа не го избоксува во политичкиот дил со ВМРО-ДПМНЕ - СДСМ полека ке изгуби се`, бидејки во своитге редови нема соодветни политички фигури во кои МК гласач ке препознае нови лидери. Проголтувањето меѓу СДСМ и граѓанското здружување (сосе пленумите) мора да се случи во корист на неопределените глсачи кои така ке препознаат нова надеж и ке го поразат биполарниот систем на политичката МК голгота на Курто и Мурто. Секако мора да се зададе смртоносен удар на цултанократијата во МК политичко здржување преку прост систем никој да не може повеќе од два пати да биде на чена позиција ниту во партијата ниту во државата. Надежта секојпат доаѓа со нови лица кои носат нови идеи.

No comments:
Post a Comment