Мајката мачка во периодот додека ги одвикнуваше од млеко им носеше уловен глушец или друго животно и им го даваше да го јадат малите мачиња. На крај кога ги одвикна од млеко скоро да ги напушти сосема, ги остави на природата да преживејат со својот инстинкт за лов. Мачорот никаде не се појавуваше осем во феброар кога бараше некоја мачка која сака да се пари. Имав осеќај дека воопшто не ни знаеше дека мачињата се негови.
Оваа година едното маче за кое мислев/ме дека е машко во пролетот стомакот му беше зголемен и велев овој мачор ко да е труден, ко да изел некој голем глушец. Минатогодишното маче за кое мислев/ме дека е мачор го снема едно време. Го посматравме дека често свраќа во една просторија која беше запуштена. По одредено време се појавија четири нови мали мачиња. Почнаа срамежливо да излегуваат и претпазливо да се покажуваат. Поставив една корпа во која долу поставив стари работи од ткаенини. Мачката веднаш ја прифати корпата каде ги доеше своите мали четири мачиња. Мачката одвреме навреме ке ја снемаше одеше да лови. Мачињата се поделија во две групи и се играа посебно чекајки ја мајката. Прво снема едно. Велам сега мачката ке тажи по едното маче. Но не, таа се грижеше со сето внимание како млада мајка од една година и не приметив дека пати по она маче кое го снема. По одредено време мачката ги премести сите мачиња во нов простор. По дваесетина дена повторно ги донесе во дворот каде минатата година таа порасна со своите мали братчиња и сестричиња. Ја посматрав дека таа грижно демек незаинтересирано ги посматра мачињата и со мало мрчење одвреме навреме како да им укажуваше до каде може да се движат по дворот. Кога ке ги собереше во корпата да ги дои тогаш ке ги излижеше од глава до пета за да им направи хигиена.
Приметивме дека кога ке и дадеме некое подобро мевце на мачката таа почна да им го носи на мачињата. Мајка. Почна да ги брка минатогодишните сестрички и братчиња. Дури и својата мајка почна да ја брка од просторот каде ги растеше сега преостанатите само две мачиња. Мачињата комбинираа со хранеа малку млеко, малку друга храна. При крајот на денот ке ги повика обавезно за пред спиење да им направи хигиена иако сега веќе и самите мали мачиња почнаа да ја одржаваат хигиената. Особена активност мачката и мачињата ја имаат во периодот околу зајдисонцето и особено веднаш по зајдисонцето. Младата мајка оваа година почна да прави нешто што нејзината мајка никојпат не правеше. Почна да се игра со своите мачиња и во игра да им покажува трикчиња како да се качат на дрво, како да фатат поза во заседа пред да скокнат на “пленот“ всушност друго мало маче. Кога ке ги храниш сите мачиња има ред. Првин јаде најголемата мачка мајката во случај. Таа брзо ја одстапува храната на малите мачиња но јаде првин најакото малео маче. Природна селекција. На крај ке јаде најслабото и најмалото мало маче.
Посматрајки ја природата како прави ред и закон човекот треба да учи. Особено да учи како треба да се контролираат емоциите и редот на законот на природата ...
No comments:
Post a Comment