Search This Blog

Tuesday, June 30, 2009

СКОПЈЕ - панорами према Водно ... Skopje - panorami prema Vodno ...

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/8-3Large.jpg?t=1246387639
СКОПЈЕ - панорами према Водно ... клик на сликите за поголеми ...
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/8-5Large.jpg?t=1246388038

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/8-4copyLarge.jpg?t=1246388069

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/91copyLarge.jpg?t=1246394089

Monday, June 29, 2009

СКОПЈЕ - панорами ...

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/8-1Large.jpg?t=1246312359
Клик на сликата за поголема ...

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/8-2Large.jpg?t=1246315147


Милошоски стигна само до раката на Бакојани ... го прошета дипломатското МК одело и лирџетот на владата до Крф ...

http://dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/D789A9FE4D50804E8E95EF7E5FD83793.jpg http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/900E78811AD75448AC9847DA5345410C.jpg
Милошевски стигна само до раката на Бакојани ... го прошета дипломатското МК одело и лирџетот на владата до Крф ...
Министерот Милошоски со голема помпа пред нашата јавност го прошета дипломатското МК одело, сосе лирџетот на МК Влада до Крф - но стигна само до раката на Бакојани ... средба немало забранил Караанлис ... Голем дострел на МК дипломатија ... дипломатијата ни служи само за остварување на домашни цели ... Кејфлија од ова шетање на дипломатското одело на Милошевски е Груевски, кој сега може повторно да се качи во лирџетот на МК Влада кој нели претрпе ремонт по неколкуте последователни технички дефекти ... Ме чуди што Груевски не испланира досега ново авионче, којзнае може тоа е следното ...
Едно време беше голем дострел кога ке стасате до коленото на некоја девојка ... Ми(лошо)ски може да се фали дека стигна до раката на Бакојани, коленото на Бакојани му е сеуште само во неговите сништа ..

Самопрочистување на МК блогерски простор ...

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/Medium.jpg?t=1246265743
Голем пад на посетеност на МК блоговите - извор blog.digimak.net ...
Повеќе »
Следејки ја неколку години посетеноста на МК блогосфера можам да кажам дека има неколку процеса/тенденции:
  1. сезонски, зиме има поголема посетеност во однос на лето
  2. посетеносто особено паѓа кога средношколците и високото образование е на летен распуст
  3. посетеноста драстично паѓа во периодот на викендот и државните празници
  4. последната тенденција е дека во однос на другите години во последните неколку месеци значително паѓа посетеноста на МК блогови
Од сите овие приметени тенденции може да се проникне во структурата на читателите на МК блогосфера ...
  • од една страна се работи за претежно млади луѓе со возраст во периодот на траење на образовниот процес ...
  • од друга страна имаме последица на афтершок, кога за време на изборите се “затру“ блог просторот со продор на партијското влијание на блог просторот ...
  • е да, многумина блогираат од работа - особено во државната администрација ...
  • голем дел од блогерите се одлучија да го напуштат блог-просторот, особено оние на кои блогот им служи за забава и дружење ... таквите отидоа по неколкуте социјални мрежи особено Фејсбук ...
  • дел од блогерите отидоа на свој сајт или на Твитер ...
  • на блоговите останаа оние вистински почитувачи на својот блог и на блогот воопшто - кои го користат својот блог да искажат став или да подигнат содржина за нештата кои ги посматраат ...
Сето ова води кон чистење на блогосферата од многуте загадувачи по блогосферата кои внесоа премногу “шум“ ... и бегање на луѓето од блогосферата кои го користеа како место за забава и дружење ... Блогосферата ги следи природните законитости - се самопрочистува. Посетеноста на блоговите е константна кога содржината на блогот се пронаоѓа преку пребарувач. Во мојот случај (блогот “волан“) таа е константна - дури има тенденција на зголемување во однос на вкупната посета ... моментално две третини од моите читатели доаѓаат преку пребарувач.

Sunday, June 28, 2009

Св. Наум Охрдски (Чудотворец) - Радишани, Скопје ... Sv. Naum Ohridski (Čudotvorec) - Radišani, Skopje ...

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/4-11copySmall.jpg?t=1246196681

Св. Наум Охрдски (Чудотворец) - Радишани, Скопје ... Sv. Naum Ohridski (Čudotvorec) - Radišani, Skopje ...

Повеќе »

Св. Наум Охрдски (Чудотворец) - Радишани, Скопје ... е женски Манастир. До него се стига кога одите во правец на Радишани пред бензинската пумпа вртите по патчето десно (има знак) ... на некои 200 метри се врти десно ... одтаму уште стотина метри право се доаѓа до капијата на Манастирот. Тој е сеуште во изградба. Во него се погребани последните дваица упокоени Македонски Архиереи ...

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/4-21copyMedium.jpg?t=1246197503

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/63Small-6.jpg?t=1246213234

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/64Small-6.jpg?t=1246213364

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/65Medium.jpg?t=1246213395

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/66Small-5.jpg?t=1246213420

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/67Medium.jpg?t=1246213441

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/68Small-4.jpg?t=1246213462

Friday, June 26, 2009

Политичка и економска партизација на РМ ... тоа е клучот на економскиот распад на државата ...

Политичката партизација на државата е сценарио кое го гледаме по осамостојувањето на Македонија. Таа перманентно се спроведува во целиот транзиционен период со два процеси кои се обратни (но водат во иста насока - економски крах на државата) зависно која од досегашните две партии се на власт. Политикате е да се тргнат на страна тие што не се од владеачките партии а да се примат нови кои ке испливаат на површина. Не се дава отказ на кадрите во администрациата - тоа е преќутен договор на двете партии, да преживеат партијските кадри чекајки ги повторно своите минути. Така администрацијата за овие дваесетина години се триплицира. Никој неможе да ги изброи колку се. Некои податоци велат дека ги има дури 120.000 - но ако се додадат хонорарците за кои се двои бајаги голема сума од буџетот некои добри 25 проценти тогаш ке треба на горното конто да додадеме уште барем 30.000 прикриени административци.
Повеќе »
Десничарската Влада на ВмроДпмне веќе четврта година прави тивка национализација на оделни бизниси, особено во енергетиката - ова е во спротивност на економските политики на десничарските партии. Од друга страна кај профитабилните бизниси воведувајки политика на лиценцирање прави упад/прераспределба на бизнисите. Го одзема бизнисот од едни а со дискретно законско право го доделува на други. Така Владата на РМ ја спроведува политиката на ВмроДпмне која упростено се сведува ниеден покрупен бизнис да не може да се спроведе ако во него не се “омрси“ владеачката партија ... Отаму сега имаме ситуација не само на политичка туку и на економска партизација на државата. Сите нечленови на владеачката партија кога тогаш ке ја осетат “тупаницата“ на моќната политичка и економска партизација на државата. Политиките во школството и здравството се само матење вода. Целта е товарење на своето магаре.

Политичката и економската партизација на државата неминовно водат кон крах на економијата на државата - што индиректно е голема опасност за распад на РМ.

Wednesday, June 24, 2009

Св. Ѓорѓи, Радишани - скопско ... Sv. Đorđi, Radišani - skopsko ...

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/511copySmall.jpg?t=1246220486
Св. Ѓорѓи, Радишани - скопско ... Sv. Đorđi, Radišani - skopsko ...
Во Радишани има три цркви. Оваа е посветена на Св. Ѓорѓи. Од Пресвета Богородица за која имав пост пред некој ден е одалечена некои 200 метри. Црквата е сахрална - во околина се гробиштата на Радишани, околу која има постари гробни места. На maps.google.com можете да ја пронајдете ако кликнете тука. И оваа црква веројатно е некој 16 век. Била фрескоживописана, Остатоци од фрескописот има на повеќе фотки во постов.
Третата црква во Радишани е манастирска црква посветена на Св.Наум Чудотворец. Во неа се погребани поледните дваица упокоени Владици на МПЦ. И за неа ке има посебен пост.
2.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/52Small-3.jpg?t=1245876793

3.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/53Small-3.jpg?t=1245876825
4.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/54Small-1.jpg?t=1245876870
5.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/55Small-2.jpg?t=1245876908
6.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/56Small-2.jpg?t=1245876945
7.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/57Small-2.jpg?t=1245876978
8.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/58Small-2.jpg?t=1245877008
9.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/59Small-2.jpg?t=1245877038
10.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/510Small-2.jpg?t=1245877090
11.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/511Small-1.jpg?t=1245877123
12.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/512Small-1.jpg?t=1245877148
13.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/513Small-1.jpg?t=1245877183
14.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/514Small-1.jpg?t=1245877216
15.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/515Small-1.jpg?t=1245877254
16.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/516Small.jpg?t=1245877288
17.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/517Small-1.jpg?t=1245877324
18.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/518Small.jpg?t=1245877353
19.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/519Small.jpg?t=1245877389
20.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/520Small.jpg?t=1245877420
21.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/521Small.jpg?t=1245877445
22.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/522Small.jpg?t=1245877480
23.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/523Small.jpg?t=1245877511
24.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/524Small.jpg?t=1245877540
25.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/525Small.jpg?t=1245877567

Tuesday, June 23, 2009

Macedonian Blogs ...

http://farm4.static.flickr.com/3606/3384766080_7840c5052c.jpg?v=0

Вчера случајно преку горниот банер кој беше поставен на еден блог кој го читам, првпат стапнав на овој блог - кој всушност е агрегатор на приближно 120 блогови кои подигаат содржина на македонски јазик. Карактеристично е дека тука има блогери на различни платформи:
  • blogspot.com (платформа на која започна блогирањето на МК јазик),
  • blog.com.mk (платформа која доживеа најголема популарност меѓу МК блогери)
  • wordpress.com (платформа со одлични можности - во светот многу популарна но со многу малку МК блогери)
http://4.bp.blogspot.com/_Z8Ay6gxUZ3o/ScgnKHIp0sI/AAAAAAAABuY/BVatv1Flq3g/S220/g+avatar+kajgana.jpg
Бидејки ми се допаѓа идејата на таканаречени агрегатори каде може да се наоѓаат содржини на МК јазик на различни блогериод повеќе блог платформи, Ви го представувам Macedonian Blogs ... По мало истражување кој е творецот на овој блог-агрегатор пронајдов дека се работи за извесен Eddie Rebel ... Чудно име за човек кого го интересираат МК содржини. Човекот (веројатно младо момче дваесетина години) има вкупно осум блогови на blogspot.com, веројатно има и на други блог платформи:
  1. Macedonian Music
  2. I, Macedonian
  3. Stamps Macedonia
  4. Macedonian Links
  5. Macedonian Documents Македонија
  6. Video Macedonia Macedon Анајлиб macedonia4ever
  7. United Macedonians Анајлиб ELENASOLUN casper MacedonianGirl b_mile
  8. Macedonian Blogs
Очито е дека се работи за човек кој сеуште не се решил да се појави со вистинскиот лик и име, неоспорно владее со интернет технологииите и англискиот јазик.

Monday, June 22, 2009

Св. Богородица, Радишани - скопско ... Sv. Bogorodica, Radišani - skopsko ...

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/6111Small.jpg?t=1246221947
Св. Богородица, Радишани - скопско ... Sv. Bogorodica, Radišani - skopsko ...
Во Радишани има три цркви. Оваа која е посветена на Пресвета Богородица, околу која има постари гробни места. На maps.google.com можете да ја пронајдете ако кликнете тука. Малку погое од неа на стотина метри кај сегашните гробиштата на Радишани има уште една истотака стара црква посветена на Св.Ѓорѓи ... за неа ке има посебен пост. Оваа црква веројатно е некој доцен 15 или ран 16 век. Била фрескоживописана. До пред десетина години стоела без кровна конструција со само странични зидови. Реконструирана е во 1980/81 година. ... Бидејки е на неколку скали во земја веројатно дека е градена во турски период. Во тоа време црквите морале да бидат неколку скалила во земја, тоа е веројатно причината што нема голем габарит а прозорите се како пушкарници. Слично како што е Св.Спас кај Кале, која истотака е на неколку скали во земја.
Третата е манастирска црква посветена на Св.Наум Чудотворец. Во неа се погребани поледните дваица упокоени Владици на МПЦ. И за неа ке има посебен пост.

Blog Archive

Site Meter