Уште од времето на далечната историја кога кримилналот се појавува во организирана форма имаме мртва трка помеѓу криминалот и полицијата ... Имам осеќај дека скоро секогаш криминалот е во предност ... незнам зошто е тоа така ...
Индивидуалните способности на поединецот (криминалец де ...) и неговата машта - здружена со користење на врвна технологија даваат предност на криминалецот.
Полициите по светот се спремаат за користење на врвна технолофија за откривање на криминалот .. таканаречени форензичари ... тоа се специјалисти кои се силно ценети ... кои со помош на хемиски и копјутерски методи и користење на утврдени постапки знаат секое влакно чие е ... гледаат она што не се гледа со голо око ... Лупата на инспектор Поаро е одамна заменета со современи справи ... Верувам дека по западните служби овие индивидуалци се високо платени луѓе ...
Во недостаток на вакви специјалци полицијата често ангажира докажани криминалци кои се “остручиле“ во своите области ... во областа на обивање на брави ... а во последно време - особено во областа на компјутерскиот криминал ... особено во кримналот со кредитни картички ... Големи банки ангажираат секаков вид на докажани копјутерски криминалци “хакери“ - кои имаат за задача да пробијат во системот ... Веројатно затоа толку млади се трудат да постигнат светска слава пробивајки заштитни зони и шифри на големи банки и моќни воени системи ...
Во нашата држава конечно стигна врвна суперновата опрема што ја доби Крим-техника во МВР, вредна четири милиони евра, форензичарите го подигнуваат водењето истраги за тешки грабежи, силувања, тероризам и други тешки дела ...
Но загрижува информацијата дека: Фалат информатичари во Крим
"Информатиката е нервниот систем на оваа служба. Но фалат информатичари, како со високо така и со средно образование", вели првиот човек на Крим-техника Мирослав Ушлинковски. Вртоглаво расте и компјутерскиот криминал, криминал преку Интернет, со кредитни картички, со фалсификување на жиро-сметки, банкарски суми, објаснува тој... "Иако Македонија врие од ваков кадар, сепак, заинтересираноста за работа во Крим-техника засега е мала оти, поради скромните плати, не сме конкурентни", вели Ушлинковски . ...
Верувам дека се во прашање платите на вакви стручњаци кои секаде во светот се на цена ... и со плата од 300 до 500 евра вакви стручњаци не можат да бидат задоволни ... Зголемете ги платите на ретките стручњаци ... за да ги имаме тука во Македонија ...
1 comment:
Za koi ajvani e taa oprema?
Vo MK nema strucen kadar od toj
profil. Site tie zapaleni majmuni
so se cudele na podarenata oprema
se samo prinauceni nadriforenzicari vlezeni vo film
a la Poaro. Samata pomisla deka
bas takvi kjutuci mozat da zaglavat X lugje so nivnite nepobitni fakti e za plasenje.
Megju drugoto, t.n. hakeri vo MK
nema, zosto nekoj sto kopiral broevi od kreditni karticki i probal da kupuva ili vadi pari so niv e mnogu poprikladno da go narecete totalno tehnicki neinformiran glupak otkolku haker.
Tesko na onie sto ke zavisat od
"naodite" na nasite forenzicari.
Post a Comment