Антички кочии никнуваат низ нашава Македонија ... По одкопаната ритуална античка кочија на еден овоштарник во Делчево (пронајдена од диви копачи кои сакаа да ја истргуваат) ... за што досје направи Арвена-Милозвучна де ... во постот “Киксовите на медиумите видени низ призмата на Погребната кочија - Делчево“ ...
Цртеж на античка кочија
Детали од метални елементи на античка кочија
Украсен детал од кочија
Две години трае одисејата со оваа погребна ритуална кочија ... Одкако неуспешно се тргуваше со делови од оваа античка кочија - истите конечно завршија во надлежниот музеј одкако беа запленети ... Се чекаше на подетални ископувања две години за да се изврши експропријација ... Оваа година на дел од локалитетот имаше истражувања но бидејки не е експроприирана целата парцела т.е. целиот локалитет се се затрупа повторно до целосна експропријација ...
Деновиве се откри уште една античка кочија на териториата на археолошкот локалитет Градиште кај Неготино.
Пронајдените остатоци, кои се' уште се чуваат во тајност, се претпоставува дека потекнуваат од раниот антички период. Раководителот на Управата за заштита на културното наследство во Македонија, Паско Кузман, ни изјави дека работите во Градиште се уште се во фаза на истрага. Информации за јавноста ќе има кога со сигурност ќе се знае што точно е ископано.
Се продолжува со практиката да не се објавуваат навреме резултатите од археолошките ископувања и се некако се чува во тајност ... се прашувам од кого ... Ако евентуално се мисли на дивите копачи ... тие со сигурност тврдам дека се информирани од прва рака ... од нив тешко дека се сокрива ваков вреден наод ... а дури има и такви кои тврдат дека археолозите се во директна спрега со дивите копачи ...
Па ако е така од кого се кријат археолошки наоди ... од јавноста ... ??? Зошто веданш не се објавуваат резултати од истражувањата ... Се чини дека има некоја дупка во законот ...
No comments:
Post a Comment