МНР реши да казнува и наградува МК Дипломати ... Одкако пред извесно време им зададе прецизни задачи на МК Дипломатите - дека треба месечно да остваруваат незнам колку средби ... и дека треба да носат инвеститори во МК ... МНР по извесен период пресви лист и ги казни оние Дипломати кои не си ја извршиле својата задача а ги пофали оние кои ја извршиле ...
Казнети се - Атанас Вангелов, амбасадор во Будимпешта, Виктор Габер во Канбера, Добринка Тасковска во Хаг се најдоа на списокот на амбасадори казнети со намалување 10 проценти од платата поради неиспраќање на тримесечниот извештај за тоа што сработиле на полето на економската дипломатија, додека исто намалување на платата доби и амбасадорот во Рим Љупчо Тозија поради испраќање нецелосен извештај за својот ангажман за привлекување инвеститори, стратегиски економски партнери и зголемување на извозот на Македонија. Вршителот на должноста амбасадор на Македонија во Шпанија Даница Ружин, поради својот нецелосен извештај, поминала со опомена иако таа е единствениот наш дипломат таму.
Наградени се - тројца македонски дипломати се наградени поради својот „економски ангажман“ и тоа генералниот конзул во Истанбул Игор Попов за „носење“ на „Шише Ѓам“ - произведувач на стаклена амбалажа од Турција да гради погон во Македонија, потоа амбасадорот Самуил Филиповски во Словенија поради големата економска активност и влез на компанијата „Петрол“ на македонскиот пазар, како и Илија Исаиловски од амбасадата во Москва за зголемениот извоз на македонските вина во Русија, постојан контакт со „Гаспром“ и „Лукоил“, како и за најавата за затворање на клириншкиот долг на Русија кон нашата земја.
Од една страна сум за казни и награди на сите што работат или не работат ... Би ме радувало да видам дека се казнети и некои што се со ВМРО провинциенција или наградени некои што се со сегашна опозициона провинциенција ...
1 comment:
Ovie cekori na Ministerstvoto za nadvore{ni raboti (MNR) se uste edna potvrda deka Makedonija nema jasna pretstava kako se dvizi i sto go motivira stranskiot kapital. MNR nema 'blaga vrska' so motivot na stranskite investitori. Edinstvena motivacija na stranskiot investitor e profitot. Mozhete da kaznuvate i nagraduvate kolku sakate. Mnogu se zalazhuvate dokolku mislite deka poedinci i izveshtai ke ni donesat stranski investicii. Za da se privlechat stranski investicii ne se potrebni izveshtai na ambasadi, potrebna e biznis klima, eliminacija na korupcijata, efikasno sudstvo, privle~na dano~na politika, zastitena i garantirana sopstvenost.
Jovica Gorgoski, Canberra, Australia
Magister po Informacioni Tehnologii
Post a Comment