На темата Бугарски пасоши пишував повеќе пати но највеќе во постот “Бугарски пасоши“ ... 3250 пати е прочитан и има многу коментари ... сеуште се посетува и често се коментира ...
Како треба да се гради односот кон својот пасош ... пасошот на матичната држава - ни покажува бугарската политика во случајот на Кирил Пендев - кој своевремено имал извадено и МК пасош ... (како директор на Балканска банка во Скопје (сегашна УНИ банка). Пендев кој се кандидира за кмет во БГ го врати МК пасош - бидејки во БГ политичка сцена може да учествуваат само БГ граѓани кои имаат само еден, се разбира БГ пасош ...
Само во нашето Собрание имаме барем неколку парламентарци кои имаат осем македоски и бугарски пасоши ... веројатно некој има пасош и од друга држава ... Чинам дека и кај нас треба да се воведе практика дека не може да учествуваш во политичкиот живот на Македониаја воколку имаш и пасош од друга држава ... Се работи за можен конфликт на интереси ... Која држава застапуваш во парламентот ако имаш и бугарски пасош да речеме ...
No comments:
Post a Comment