Утринава гледав еден стар филм од пред 40-тина години ... Учествуваа легендите на филмската ЈУ сцена ... Мија Алексиќ (Цуле ...) ... Миодраг Петровић - Чкаља ... Ѓуза Стоиљковиќ ... Павле Вуисиќ ... Повеќето од глумците се легенди кои не се веќе меѓу живите ...
Во филмот кој е снимен во далеките шеесети - се работи за една државна и една приватна фирма ... кафеана ... Се смени управителот и веднаш почна да прави “РЕОРГАНИЗАЦИЈА“ ... која се состоеше од вртење на истите маси во круг ... прераспоредување на оние кои му се умилкуваа на шефот ... од шофери во шефови за набавка ... од чистачки во секретарки ... од келнери во шефови на смени ...
Ме подсети филмот дека ние од педесетите навака сме стално во некоја “реорганизација“ ... само различно се вика тоа ... се менува дури и Уставот ... демек нечинел ... Една Америка има устов кој не е променет 200 години ... Сега дури и ЕУ прво сака да не реорганизира па да не прими во нивно друштво ...
Судбината ни се вика “реорганизација“ ... колку човечки судбини се упропастени во овие реорганизации ... колку системи кои работеа успешно се упропастени во таканаречени реорганизации ...
- Reorganizacija ...
No comments:
Post a Comment