Search This Blog

Wednesday, September 26, 2007

Парламент - Собрание ... тепачка ... брука ...

Од вчера навака нашите професионални гледачи на парламентарниот театар - нема да имаат потреба да одат да гледаат бокс или некоја од борилачките вештини ... ова може од вчера да го гледаат на собранискиот канал ... веројатно ова беше само загревање пред рундите на тепачки кои следат ... на истиот или на некој друг сличен “ринг“

Нема потреба веќе да се учат вештини на водење војна по шумите - ке мора да се учат други тепачки со користење на раце, нозе, глава, лакт, колено ... Ке мора нашиве пратеници да ги научат осетливите точки каде лесно се нанесува бол ... стомак да речеме, врат, груди, око ... Оние што се бореа по шумите добро истренирани се покажуваат дека не заборавиле да се борат и тоа почнаа да го практикуваат и во законодавниот дом ... брука невидена ...

Власта и опзицијата наместо дијалог во собраниските клупи - фотељи де ... почнаа да разменуваат тупаници и вербални закани ... Се појавија дури и резервни групи за подршка и извлекување на пратениците ... наоружани до заби ... Ако некој се осмелува да носи калашњикови на паркингот на законодавниот дом - тогаш што останува за неговиот дом, неговата шума и таканаречаената од нив “нивна територија“ ...

Околу законодавниот дом синоќа вриеше од оружје и од сумњиви типови ... законодавниот дом беше обседнат од специјалните единици за брза интервенција ...

ЗАКОНОДАВНИОТ ДОМ БЕШЕ НАПАДНАТ ОДВНАТРЕ ... Исто како што беше нападната и Македонија ОДВНАТРЕ ... истите играчи ... истите фаци ...

Од собраниската амбуланта излегуваа луѓе со чалми на главите ... беа напаѓани дури и жени ... среќа немало деца во Собранието ... Нема да ме чуди следните сесии на собраниската дебата да почне да ги следи CNN ... Тикерите на странските агенции сигурно се полни со вести и убави слики од тепачката ... Ке им се посреќи на фоторепортерите ...

СРАМОТА ... БРУКА ...

- Тепачка у Парламент ... 29 Јули, 2006 ... Некако предосеќав дека ке имаме тепачка и во нашиот Парламент - пишувајки го постот Тепачка у Парламент ... мирисаше на тепачка ... се осеќаше во воздухот ... Буре барут сме бе вистина ...

Ова го тврди и опозиционата СДСМ која преку својот председател рече дека - “ова се очекуваше“ ... “за се се одеше на ѓон“ ... и се разбира ја обвини позицијата за случката ... без никаква самокритика ...

Првиот парламентарец во оваа ситуација не се снајде - даваше изјави како да е пред или после некоја важна театарска представа ... Скокаше и правеше гримаси - не му доликува ...

Од друга страна некако како ова сценарио да е крајна одбрана од нашиот скорешен прием во НАТО и релативно позитивниот извештај за ЕУ интеграциите ... оние кои несакаат да не видат интегрирани во НАТО и ЕУ ова им е аргумент и оружје ... тепачки и кавги ...

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/3C6E54C1A2E40942BAFB1E94630780C1.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Сликата “http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/522A81A20ADD1E4EA0A7BAB8612AFADC.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

1 comment:

Anonymous said...

Хаха, нека се испотепаат сите

Blog Archive

Site Meter