Се заоштрува внатрешната контрола во Полицијата на МК ... Не дека досега немало внатрешна контрола ама не биле транспарентни ...
Време од денеска во написот “Казнети 120 полицајци за шест месеци“ ... дава бројки од извешкај колку се казнувани полицајците од Внатрешната контрола и кои се причините:
Во првите шест месеци од годинава добиле вкупно 440 предмети во кои биле посочени неправилности извршени од страна на вработени во МВР и 35 поднесоци од граѓани што сметале дека кон нив била употребена прекумерна физичка сила.
- 258 случаи биле неосновани,
- 44 биле без исход, односно немало доволно докази за да се потврдат или отфрлат наводите во преставката,
- 14 биле делумно основани, додека шест предмети се уште се разгледуваат.
- Во другите 118 случаи каде што било утврдено дека поплаките и пријавите на граѓаните биле основани,
- против 104 полицајци било предложено поведување дисциплинска постапка,
- 82 службеника минале со намалување на личниот доход,
- 70 овластени службени лица биле предупредени,
- 24 биле прераспределени на друго работно место,
-а 72 припадника на МВР биле суспендирани од работното место.
Во врска со поднесоците за прекумерна употреба на сила само шест биле оценети како основани. Во три од случаите биле поднесени посебни извештаи до надлежните јавни обвинителства и против овластените службени лица било предложено поведување дисциплинска постапка, а во другите случаи било предложено да се поведат дисциплински постапки и да се намали личниот доход на службеникот.
Значи транспаретност и во полицијата ... веројатно е ова пријатно да се знае дека и полицајците кога ке погрешат се казнувани ...
No comments:
Post a Comment