Во светот на корупцијата и криминалот каде имаат удел и МК политичка елита - има многу случаи кога “службите“ и полицијата имаат собирано доказни материјали за коруптивни и криминални дејанија ... За вакви видео касети зборува Александар Дамовски во својот денешен напис во време “Ќе им здосади ли?“ ...
Во ера кога главна пречка и кочница за нашето ЕУ интегрирање е корупцијата и криминалот во нашата држава и администрацијата ни - оваа Влада и Груевски се обидува на повеќе начини да се справи со корупцијата и криминалот ...
- Ја ангажираше Моника Маковеј за советник во областа во која таа има постигната светска слава ...
- Почна да лови криминалци и корумпирани административци ... навистина со ситни риби во мрежата ... навистина со непотребен организиран публицитет и присуство на јавност во истрагите каде се кршат одредени граѓански слободи и права ...
- Се обидува сама да прибира докази за коруптивни дејанија преку современи техники и технологии ... случајот со цариниците, полицијата, лекарите, професорите и судиите ...
- Открива матни зделки со државни фондови ... тутун ... нелегални и матни приватизацции ...
Но, се ми се чини дека некои крупни риби - кои ги имаат замешано прстите во крупни коруптивни скандали ... ке останат повторно недопрени ... Зошто ?? ... Веројатно е тоа преќутен или директен договор на досегашните партии кои се менуваа на власта - главните актери се оставаат на мира ... Не е во прашање џентелменство ... во прашање е тоа што Спартак го спомна во еден пост ... каде во коментрар рече “.. А да не ги има во скутче останатите?..“
Во тој пост не продолжив со коментари ... но сега јавно се прашувам - со што се се имаат обезбедено поранешните носители на врвовите на власта за да остануваат негибнати и јавно да прашуваат А зошто не ме уапсивте? ...
Не сум стучњак во областа на правото а не особено во областа на правосудната постапка ... Дали се видекасетите доказ во судска постапка ... и дали има процедура на легално прибирање на доказен материјал ... Или сите овие таканаречени докази во форма на видеокасети и аудио записи се нелегални бидејки се стекнати во вонправна постапка ??
Имам осеќај дека круциалните докази против крупните играчи во МК корупција и криминал во кој се умешани и поличарите се чуваат за да се стават во фиока и бидат средство за одбрана - кога сегашната власт ке биде во опозиција и ке послужат како орадие да не се изнесува нивниот прљав веш ... во стилот ... ако кажеш ти за ова ... јас ке кажам за она ...
- Бивш Премиер на РМ прашува - А зошто не ме уапсивте? ... 15 Септември, 2007
- МОНИКА МАКОВЕЈ - стручњак за крупни риби ... 28 Јуни, 2007
- ЦРНА ЛИСТА ... 13 Јуни, 2007
- Спектакуларно апсење .... мито 200 евра ... 31 Мај, 2007
- РЕФОРМИРАНО ЗДРАВСТВО - без пари ... 6 Април, 2007
- КОРУПЦИЈА во ПОЛИЦИЈА и ЦАРИНА ... 24 Февруари, 2007
- “КУРТО и МУРТО“ ... 9 Декември, 2006
- Невинашце - О.К. ... 25 Јуни, 2006
- Катастар ... 24 Јуни, 2006
- Корупција во судствто ... 12 Април, 2006
No comments:
Post a Comment