Абортусот ке испадне виновен за намалување на наталитетот на Македонсецот ... Деновиве се излегува со податоци - дека бројот на новородени деца во Скопје и Македонија е близок до бројот на абортусите ...
Во 2005 година во земјава официјално се регистрирани 6.436 абортуси, а многу поголема е бројката на дивите абортуси. Тоа значи дека на секои 100 породувања имало по 28 абортуси. Бројката на абортусите што се прават диво е многу поголема.
Поради тоа не зачудуваат ни сознанијата дека бројот на раѓањата во земјата се доближува до бројот на абортусите. Во Скопје овие два параметра -раѓањата и абортусите - се речиси изедначени, потенцира д-р Мирослав Темелковски, претседател на приватните гинеколози, кој, сепак, немаше податок колку од абортусите се прават на црно во приватните ординации.
Имам само две примедби ... Сметам дека тука човекот непотребно се замешува во природните процеси ... Од друга страна незнам зошто е дозволен легален абортус без да се добие подпис од таткото на детето ... Ако стварањето на човечкиот живот е спој помеѓу маж и жена - зошто само на жените им е дадено право да одлучуваат за животот на нешто што е спој на љубовта на мажот и жената ...
Интерсно би било да се дознае распоредот на националната структура на аботусите ... Се чини дека Македонките повеќе се одлучуваат за абортус ... а ова директно го загрозува наталитетот на Македонецот ...
No comments:
Post a Comment