Во Македонија по традицијата опозицијата има навика да плаче ... да кодоши ... да кочи ...
Додека ВМРО беше опозиција подплачуваше - ги кочеше процесите ... Но сегашнава опозиција на чело со ДУИ и СДСМ се покажаа вистински плачковци ... и кодоши ... А нешто не им е по кејф плачат ... кодошат и тужакаат кај меѓународниот фактор ... по медиумите ... во стилот како кога некој на разгаленото дете ке му ја земе играчката на улица а тој одма оди кај таткому или сеедно чичкому ... вујкому ... и плачеки со слинав нос вика .... еееееееееее ми, ми, мимиииии ја зема играчката ...
А процесите стојат во место ... од вакви плачковски работи - губи Македонецот и Македонија ...
У мое мало никој не ги сакаше тужи-бабите и плачковците ... а кодошите беа доживотно жигосувани - како “тастери“ никој рецка не им удираше ... беа отфрлани од сите ...
Немам право да советувам две големи партии во Македонија - кои моментално највеќе плачат и тужакаат ... но ...
ДУИ ги разбирам и им се дивам ... добро инструирани ја тераат варијантата која ја играат упорно веќе 70 години ... Но СДСМ не ги разбирам ... премногу е мала Македонија за да трпи такви кочниони процеси ... тие кочејки го ВМРО - се кочат и себеси ... нека турат прст на чело - кој добива од ваква нивна политика ...
No comments:
Post a Comment